|
ЈАС ЗНАМ , НАУЧИ И ТИ..... |
Внеси реплика | страница <1 6789> |
Автор | |
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Витамини од природата Кога сме во мешаница и под стрес, често не стигнуваме ни да јадеме. Како последица на тоа, се поголем број луѓе се фаќаат за таканаречените средства за замена на храната. И тоа според мотото: една пилула на ден и снабдена сум со сите оние материи што се неопходни за мојот организам. Истражувачите на храна предупредуваат на предозирање со витамини или со минерални материи, зашто тие може да доведат до оштетувања како што се грчеви во стомакот или до дијареја. Исклучок се бремените жени и постарите луѓе. Во сите останати случаи важи: во меѓувреме изедете овошје - за тоа секогаш најдете време. Вкусно е, а има и доволно витамини. |
|
*moon*
Сениор Регистриран: 27.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7657 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ahaa, da...............seir........................y=3x-4
|
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ананас - од конзерва или свеж?
Дали знаете дека за подготовка на торта подобро е да не користите свеж ананас, зашто го содржи ензимот бромелин од кој слатката павлака станува горчлива, а желатинот не се стврднува. Бидејќи ананасот од конзерва претходно се загрева, со таа постапка се уништува споменатиот ензим, па затоа компотот е многу подобар избор. Ако сакате свеж ананас и сепак би го искористиле за торта, тогаш кратко проварете го во шеќерен сируп, добро исцедете го и исушете го со кујнска хартиена салвета. |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Јадете лисичарки во зима зашто содржат витамин Д Предноста на лисичарката е што содржи малку калории, поточно само 12 во 100 грама. Овие жолти шумски плодови содржат калиум, кој е важен за срцето, варењето, мускулите и нервите и калциум кој е потребен за коските. Освен тоа, лисичарката содржи и магнезиум, важен за срцето и крвотокот, фосфор за мозокот и витамин Д, исто така, важен за коските. Познато е дека организмот сам произведува витамин Д кога кожата е изложена на сонце. Но, во текот на зимските ладни денови, кога нема сонце, се советува витаминот Д да се обезбеди со јадење лисичарки. Меѓутоа, нутриционистите советуваат да не се јадат повеќе од две јадења со лисичарки неделно, зашто овој вид печурки тешко се вари. Таа мора добро да се џвака, зашто цели парчиња минуваат низ желудникот и цревата, а во најлош случај, таа се таложи во дебелото црево на едно место. При купување треба да обрнете внимание лисичарката да не биде сува и обесена и воопшто не смее да има кафени дамки. |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Црната трупка ги полни резервоарите
Сокот од црна трупка ќе ги дополни резервоарите на организмот со калиум, калциум, фосфор, железо и со витамини, а и полесно ќе се свари отколку овој зеленчук да го јадете свеж. За да добиете сок од трупка, треба да ја измиете, излупите, ситно изрендате и прецедите низ газа. Може и да ја прелиете со вода со малку мед, да ја оставите да отстои пет-шест часа, зашто така самата пушта сок. |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Кој е најчесто употребуван зеленчук во светотЗеленчуци кои ги има во најголема количини во светот се доаматите и компирите. Но најмногу користен зеленчук во светот е кромидот! Кромидот се користи во најголем број на јадења во многу земји за разлика од дригите зеленчуци. Во некои земји кромидот се корист за да го збогати вкусот на готвените јадења, а во некои земји се јаде само кромид како зеленчук. Античките Еѓипќани го јаделе кромидот и на двата начини, пред се затоа што кромидот пред 5000 години во Египет бил најкористен и најчесто употребуван зеленчук. Во средниот век, кромидот и сродните зеленчуци како празот биле најчесто користени во исхраната во Европа. Денеска се произведува повеќе од 9 милијарди килограми кромид низ целиот свет годишно! Императорот Неро од Рим јадел многу праз бидејќи мислел дека на тој начин ќе пее подобро |
|
bijonse1
Сениор bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Научи да направиш уметнички сендвичи ... Sandwich art !!!
доколку во вашето семејство имате некој што ете со сила јаде …едноставно на ваква уметност од храна нема да одолее или едноставно си го правите јадењето забавно … лапни голтни на уметнички дела… инаку знаете како е правило?? која храна е здрава ?? или ај вака поинаку….која храна треба да ја внесуваме почесто како здрава??паааа, за сите различно е таа добрата храна… и верувајте сите имаат некое објаснување и верувајте баш сите се во право…оти све треба да се јаде во умерени колични…но сепак има едно правило…на вашата маса без разлика дали е доручек , ручек значи било кој оброк… правилна да не речам здрава храна имате колку се боите на храната поотворени и разноврсни…колку имате присуство на темни бои да не речам кафеаво , бордо тогаш имате опасност од тешка непожелна како секојдневна храна…значи колку повеќе жолта , зелена , црвена боја, портокалева, бела …толку поздраво… и за крај на ова сендвич уметност… еден вљубеник на сендвичи кој својата спална ја има баш во тој стил… и да !!! да се доискажам … на ѕид имаме женска страна …тоа е кечапот и машка страна тоа е мајонезот, а додека на средина е менито… овај…имаме секој ден …нели….што ќе имаме како специјалитет на спалната… или жената ќе го напише демек тоа се нуди…или пак мажот ќе напише демек што се нарачува…..ха ха ха …тоа демек во bijonse1 стил!! Изменето од bijonse1 - 28.Февруари.2011 во 19:29 |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Оцетот ги елиминира отровите од овошјето Најновото истражување од Универзитетот во Манчестер покажа дека жените повеќе внимаваат на козметиката што ја ставаат на лицето и телото отколку на храната што ја купуваат за себе и за своето семејство. Важно е да се проучат продуктите кои секојдневно се користат и да се открие начинот на кој храната може да биде не само задоволство туку и лек. Истражувањата покажуваат дека годишно се внесуваат околу пет килограми адитиви во организмот и дека во производството на храна се вклучени околу 3.500 видови различни хемикалии што се задржуваат во организмот. Бидете внимателни со овошјето и со зеленчукот што ги купувате на пазарите и во супермаркетите. Бидејќи никогаш не сме сигурни дали храната што ја јадеме е прскана со хемикалии, треба секој продукт пред употреба да го потопиме во вода во која сме ставиле една лажичка оцет. Така најлесно се елиминираат тешките метали од овошјето и од зеленчукот. |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Џвакајте по 100 грама црвен кромид дневно Црвениот кромид е силен природен антибиотик. |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Сокот од вишни е магичен пијалакЗа се е залужен мелатонинот, антиоксиданс кој го има во големи концентрации во вишните, а кој е неопходен за добар сон.
Милиони луѓе во светот имаат проблеми со спиењето. Некои тешко заспиваат, а други, пак, често пати се будат во текот на ноќта. Тоа резултира со хроничен замор, депресија, безволност но и со сериозни здравствни проблеми. Резултатите од истражувањето покажале дека киселкастиот сок од вишни им помогнал на испитаниците полесно да заспијат и помалку да се будат во текот на ноќта. Научниците се уверени дека за ова е заслужна високата концентрација на мелатонин која ја содржат вишните. Мелатонинот е природен антиоксиданс кој го поттикнува сонот навечер и будноста во текот на денот. Изменето од емил - 25.Октомври.2011 во 08:15 |
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
12 трикови и совети за здравјето кои треба да ги знаете
Консумирањето на топла вода со лимон помага при подуеност на стомакот и проблеми со варењето на храната
|
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Невообичаени ефективни домашни лековиНе можете да престанете да икате? Стапалата ве убиваат од болка? Ве нервира ‘рчењето на сопругот? Ве измачува главоболка? Еве неколку невообичаени домашни лекови кои медицинските експерти ги оценуваат како ефективни и полезни: Проблем: тврдоглаво икање Проблем: миризливи нозе Проблем: главоболка Проблем: уморни стапала Проблем: ‘рчење Проблем: плускавици Проблем: исеченица Проблем: мачнина при патување |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
10 кујнски трикови што мора да ги знаете1. Како да изберете сочен лимон и да го исцедите максимално?Кога ќе го земете лимонот во раката, тој треба да е цврст и тежок за својата големина. Кората треба да му е светложолта, без зелени дамки. Најсочни се лимоните кои имаат тенка кора. Како по правило, лимоните со дебела кора имаат помалку сок. Лимоните со мазна површина обично имаат тенка кора и се сочни. Прескокнете ги лимоните со изразито релјефна површина. Лимоните со мазна површина имаат потенка кора и се посочниЗа максимално да го исцедите сокот од еден лимон, најпрво поставете го лимонот на рамна површина, ставете ја дланката над него и создавајќи мал притисок, потркалајте го напред-назад неколку пати. Потоа ставете го лимонот во микробранова печка 15-20 секунди. На крајот, исцедете го. 2. Како да не ви потонат парчињата овошје на дното на тортата или кексот?Кога ќе направите сè како што треба според рецептот, воопшто не е забавно на крајот да добиете торта или колач во којшто сите вишни, цреши или јагоди се на дното. За да не потонат парчињата овошни плодови, пред да ги ставите во тестото, испрпелкајте ги во малку брашно. Кога нивната површина ќе биде прекриена со тенок слој брашно, ставете ги во тестото. 3. Како полесно да го исчистите загореното тавче или тенџере?Загореното тавче или тенџере предизвикува нервоза кај секоја домаќинка. Но, постои трик кој може значително да ви го олесни досадното напорно триење. Посипете сода бикарбона по целото дно на садот и налејте малку вода, колку да се покрие дното. Оставете го да стои така неколку часа. Чистењето ќе ви биде многу полесно. 4. Како поточно да го измерите медот?Многу е тешко да се измери точното количество мед кое го бара одреден рецепт, затоа што медот се лепи на површината на лажицата или шолјата. За да го решите овој проблем, премачкајте ја лажицата или шолјата со малку маслиново масло. Така, медот ќе се лизга и ќе можете да го употребите целото количество што ќе го измерите. Исто така, можете прво да ја потопите лажицата во жешка вода, а потоа да нацрпите мед. 5. Како полесно да напишете порака на тортата?Декорирањето на тортата може да биде многу напорно, особено ако треба да напишете порака како „Среќен роденден“ со интересни букви или пак ако сакате да нацртате некоја форма. Не се затрчувајте веднаш да испишувате со шприцот. Земете чепкалка за заби и напишете ги зборовите без многу да притискате. На тој начин лесно ќе можете да ги распределите буквите така што да има исто растојание меѓу нив, а потоа и да коригирате таму каде што е потребно. На крајот многу полесно е со шприцот само да ги пратите линиите. 6. Кој е најдобриот начин да скршите јајце?Кога кршат јајце, најголем дел од луѓето го потчукнуваат на работ на чинијата. Но, во таков случај лушпата се раздробува на ситни парчиња и често некое парче завршува во јајцето (а не е баш лесно да се улови малата лушпа во белката). За да го избегнете тоа, кога кршите јајце, внимателно потчукнете го на рамна површина. 7. Како да го спречите потемнувањето на излупените и исечените компири?Ако спремате голем ручек или вечера и немате време да ги лупите и сечкате компирите непосредно пред да ги готвите, може да го направите тоа многу порано, а сепак тие да ја зачуваат својата светложолта боја. За да не потемнат компирите, потопете ги во сад со ладна вода и ставете го садот во фрижидер. Доколку компирите се целосно потопени, нема потреба да се грижите дека ќе потемнат. 8. Како полесно да излупите чешне лук?Со помош на нож отсечете го долниот крај на чешнето. Поставете го рамниот дел од голем нож врз чешнето и притиснете одгоре. Лушпите веднаш ќе се одделат и ќе можете без проблем да го излупите. 9. Како штицата за сечкање да не ви мириса на лук?Не, не треба да ја фрлите штицата за сечкање ако се замириса од лук. Посолете ја со ситна сол, пресечете еден лимон на 4 полумесечини и со парчињата започнете да ја триете солта по површината на кујнската штица. Од време на време исцедувајте по малку сок од лимонот. Оставете ја штицата да стои неколку часа прекриена со сок од лимон и сол, а потоа избришете ја. 10. Како е најдобро да замрзнете свеж магдонос или нане?Исечкајте го магдоносот (онака како што сакате да го употребувате) и распоредете го во пластичен додаток за правење коцки мраз. Потоа потурете го со малку течност со коцка за супа и ставете го во замрзнувачот. Кога ќе се замрзнат коцките, соберете ги во кеса која добро се затвора за да не примат миризба. Вака замрзнатите коцки ќе ви послужат за зачинување на супа, манџа или сосови. Нането, наместо со течност со коцка за супа, потурете го со вода и замрзнете го. Замрзнатите коцки со нане можат да ви послужат за коктели или за ладен чај. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Внеси реплика | страница <1 6789> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |