|
Либерал-демократите: сателити или трета опција |
Внеси реплика | страница 12> |
Автор | |
Liberation
Нов член Регистриран: 21.Февруари.2011 Локација: Libya Статус: Офлајн Поени: 30 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 27.Февруари.2011 во 11:16 |
Либерал-демократите во Македонија, очигледно се и против власта, и против опозицијата. Со плукање и по едните и по другите, се обидуваат да покажат дека “20 години Македонија и нејзините граѓани се заложници на двете најголеми партии кои си играат со народот“.
Кога СДСМ ја напушти работата на Собранието и повика на бојкот, либерал-демократите изјавија дека нив местото им е во Собранието, за каде ги бирал народот. По бегањето на нивниот поранешен сопартиец, Стевче Јакимовски, се во ептен лоши односи со СДСМ. Обвинуваа тогаш за заговор против нив и обид за уништување на нивната партија. Иако во Собранието настапуваат со речник достоен за либерал-демократијата, од нивните постапки се гледа дека во реалноста применуваат неконвенционални за нив, мерки и средства. Ги сметате за сателити, или навистина можат да бидат трета опција на македонската политичка сцена? Изменето од Liberation - 27.Февруари.2011 во 11:17 |
|
Gorazd777
Сениор Регистриран: 22.Октомври.2008 Локација: Евразија Статус: Офлајн Поени: 1584 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Тие во овој случај како што се кајн нас работите и како што владее едно правило двајца се караат третиот користи,можат само така да си повлечат пратеници.
Инаку свеста е комплетно иста после ќе има пазари за делење на власта, значи најпаметен или скок во големина вреден за паметна власт би бил само оној кој ќе смени во моделот на парламентот,едното бече од ЛДП9намалување на бропј на пратеници),а другото за поголема одговорност ,работа и експресно отповикување,само ИМПЕРАТИВЕН мандат,тогаш можеме да зборуваме за принципиелност и трета опција. |
|
ВОЈНАТА Е МИР
СЛОБОДАТА Е РОПСТВО НЕЗНАЕЊЕТО Е СИЛА ОД ЗЕЛКА ТОРТА И ОД СЕЉАК ГРАЃАНИН НЕ БИДУВА |
|
marsovec
Сениор Регистриран: 18.Април.2010 Статус: Офлајн Поени: 3378 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Самобендисана структура која народот не може да ја разбере...Јас ја разбирам Роза Топузовска Каревска и ја почитувам...но лигавите не...
|
|
СЕ Е КОНЕЧНО САМО ГЛУПОСТА Е БЕСКОНЕЧНА - САМО КАЈ НАС
|
|
DameMak
Сениор Регистриран: 24.Јуни.2009 Статус: Офлајн Поени: 617 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Еве читам на 24Вести дека Жерновски се спукал со некој директор на ВМРО-ДПМНЕ.
Можда треба да се прикаже ЛДП дека се жестоки и достојни опозиционери. А СДСх? --- Ееее тие се веќе вонпраламентарна опозиција во распаѓање. Изменето од DameMak - 27.Февруари.2011 во 15:17 |
|
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Не поддржувам бојкот, како опција за решавање на политички проблеми или недоразбирања, па ми се допадна изјавата на Манасиевски или Жерновски (не знам кој беше), како негативна реакција на безобразниот ултиматум од Гроздан Георгиев од СДСМ: либерал-демократите да одлучеле која страна ќе ја фатат, оти не можело да бидат ниту-риба-ниту-девојка!... Со вакви изјави, политичарите од двете најголеми партии ја минираат опцијата “центар“ кога таа не е ставена во нивна функција т.е. одбива да биде нивни сателит. Тешко во нашето длабоко биполарно лево-десно општество да заживее и зајакне трета, централна опција, и покрај сето незадоволство на народот од претходните две. Некако полесно му е народот да се приклони кон некоја од крајностите, како екстрем, отколку кон умерен центар. За тоа се виновни и самите партии и партиички кои се декларираат како политички центар, а за возврат не нудат ништо како програма. Изменето од Анастеа - 03.Март.2011 во 04:07 |
|
Andjelina
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Miss High Hill’s Регистриран: 07.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 14129 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Би сакала да се трета опција,но воедно и подобра опција од досегашниве
за жал,досега покажале дека се само сателити на поголемите партии... |
|
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува
|
|
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ама која трета опција- па тие беа коалиционери во владата на Црвенковски и дури имаа двајца или тројца министри. Мене некако ми се многу слични на Ѕинговистите-малку членство а многу силни места добиваат (иако на либералите не може да им се негира стручноста-нивна Роза ми е една од малкумината конструктивните пратеници).
Еден мој пријател е многу во право кој вели дека ние нема да видиме аир додека на прво место се ставаат партиските интереси (и лидерите) а после на државата. Чим народен пратеник ( и министер) слуша лидер на партија и му одговара само нему, а не на премиерот и се додека и да згреши министер (пратеник) партијата застанува во одбрана-нема одење напред. Тоа е пракса на сите партии, ама најголема вина секогаш за мене ја има партијата која е на власт (тоа важи и за тие што досега биле и за сегашниве). Чим тие не пресечат во корен кон свој “грешник“ , немаат лице да бараат и од другите. Затоа и не гледам некоја надеж во либерал-демократите. И тие ми се некако -вода на свој млин- праат се да си се задржат на власт- а не се власт- секогаш се со некој друг на кој можат да ја префрлат вината. Изменето од mamamd - 13.Март.2011 во 10:21 |
|
Kali
Сениор Storyteller Регистриран: 30.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4947 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ако ништо друго, имаат страва реклама
|
|
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Многу ветувања имало денеска од либерал-демократите на партискиот конгрес? Намалување на бројот на министерствата и бројот на пратениците според мене е сосема ОК и нешто на што треба да се размисли. Но онаа небулоза за укинување на данокот на добивка... се прашувам како го замислуваат тоа или е само едно популистичко ветување во обид за прибирање гласачи? И бисерот со музеите за Бранко и Грујо: во едниот кустоси ќе биле Ефтов и Геровски, во другиот Миленко и Латас... |
|
novace
Сениор Регистриран: 06.Август.2007 Статус: Офлајн Поени: 3067 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Не се тревожи толку де....за (о)вија „продавачи на ветер & магла
Тие...сите ..до еден си се такви и се готовани....кои сиот свој живот го „поминале„ на туѓ грб и живееле од туѓ пот..како крлежи
И ден денес..на лебот (му) викаат ПАПО
|
|
Не сум доктор , ама стално сум опкружен со пациенти
|
|
Klucarot
Група Регистриран: 12.Април.2011 Статус: Офлајн Поени: 47 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ЛДП се таква партија која што никогаш не ги бирала средствата за да стигне до власта поради личните интереси. Некогаш блиски до ВМРО некогаш до СДСМ .. зарем тоа не наликува на партија сончоглед ?!? Сите оние кои не се согласуваа со тој начин на работа преминаа во СДСМ како единствена опција според нивните убедувања. Таква партија неможе ниту да наликува на сателит партија а камоли партија која ке биде способна самостојно да излезе на избори !! Незнам како планираат да ја добијат довербата на народот
|
|
којсумјас
Сениор Регистриран: 22.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4543 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Нема да го тупам...
за овие џабе ќе си збориме... изборите ќе кажат колку тежат... лично мислам дека они се уствари жив доказ... за бестежинска состојба... |
|
Gorazd777
Сениор Регистриран: 22.Октомври.2008 Локација: Евразија Статус: Офлајн Поени: 1584 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Абе ако видиме една работа досега ако ништо друго ,предложија некои работи ,а тие кој сакаше да ги слушне ,се протнаа во етерот со исказите,
зошто ни се 120 пратеници,со ова парче земја, многу се и 90,значи помалку лапачи,потоа зошто има толку министерства, овде се доволни и 15,а последното им беше најјако ,а тоа е со освојување на власт,секој полнолетен граѓанин би добил во акции од преостанатиот државен капитал,нешто како во Словенија. Тие работи никој не ги гледа,демек само лажната идеологија на дпмне и квази економијата на црвенковци,па удри,е тука е бескрајот... П.С. Јас би им предложил да стават уште императивен мандат за пратеник,па кој неработи ќе биде отповикан по кратка постапка. |
|
ВОЈНАТА Е МИР
СЛОБОДАТА Е РОПСТВО НЕЗНАЕЊЕТО Е СИЛА ОД ЗЕЛКА ТОРТА И ОД СЕЉАК ГРАЃАНИН НЕ БИДУВА |
|
којсумјас
Сениор Регистриран: 22.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4543 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
Внеси реплика | страница 12> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |