Либерал-демократите: сателити или трета опција
Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Македонија и Свет
Име на форумот: Политика и вести
Опис на форумот: Вести од МК, партии, скандали, протести...
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=24080
Датум на принтање: 28.Ноември.2024 во 23:41 Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com
Тема: Либерал-демократите: сателити или трета опција
Постирано од: Liberation
Наслов: Либерал-демократите: сателити или трета опција
Датум на внесување: 27.Февруари.2011 во 11:16
Либерал-демократите во Македонија, очигледно се и против власта, и против опозицијата. Со плукање и по едните и по другите, се обидуваат да покажат дека “20 години Македонија и нејзините граѓани се заложници на двете најголеми партии кои си играат со народот“.
Кога СДСМ ја напушти работата на Собранието и повика на бојкот, либерал-демократите изјавија дека нив местото им е во Собранието, за каде ги бирал народот.
По бегањето на нивниот поранешен сопартиец, Стевче Јакимовски, се во ептен лоши односи со СДСМ. Обвинуваа тогаш за заговор против нив и обид за уништување на нивната партија.
Иако во Собранието настапуваат со речник достоен за либерал-демократијата, од нивните постапки се гледа дека во реалноста http://vesti.alfa.mk/default.aspx?mId=36&eventId=34310 - применуваат неконвенционални за нив, мерки и средства.
Ги сметате за сателити, или навистина можат да бидат трета опција на македонската политичка сцена?
|
Коментари:
Постирано од: Gorazd777
Датум на внесување: 27.Февруари.2011 во 11:20
Тие во овој случај како што се кајн нас работите и како што владее едно правило двајца се караат третиот користи,можат само така да си повлечат пратеници.
Инаку свеста е комплетно иста после ќе има пазари за делење на власта, значи најпаметен или скок во големина вреден за паметна власт би бил само оној кој ќе смени во моделот на парламентот,едното бече од ЛДП9намалување на бропј на пратеници),а другото за поголема одговорност ,работа и експресно отповикување,само ИМПЕРАТИВЕН мандат,тогаш можеме да зборуваме за принципиелност и трета опција.
------------- ВОЈНАТА Е МИР СЛОБОДАТА Е РОПСТВО НЕЗНАЕЊЕТО Е СИЛА ОД ЗЕЛКА ТОРТА И ОД СЕЉАК ГРАЃАНИН НЕ БИДУВА
|
Постирано од: marsovec
Датум на внесување: 27.Февруари.2011 во 15:08
Самобендисана структура која народот не може да ја разбере...Јас ја разбирам Роза Топузовска Каревска и ја почитувам...но лигавите не...
------------- СЕ Е КОНЕЧНО САМО ГЛУПОСТА Е БЕСКОНЕЧНА - САМО КАЈ НАС
|
Постирано од: DameMak
Датум на внесување: 27.Февруари.2011 во 15:16
Еве читам на 24Вести дека Жерновски се спукал со некој директор на ВМРО-ДПМНЕ.
Можда треба да се прикаже ЛДП дека се жестоки и достојни опозиционери.
А СДСх? --- Ееее тие се веќе вонпраламентарна опозиција во распаѓање.
|
Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 03.Март.2011 во 04:06
Liberation напиша:
Кога СДСМ ја напушти работата на Собранието и повика на бојкот, либерал-демократите изјавија дека нив местото им е во Собранието, за каде ги бирал народот.
Ги сметате за сателити, или навистина можат да бидат трета опција на македонската политичка сцена? |
Не поддржувам бојкот, како опција за решавање на политички проблеми или недоразбирања, па ми се допадна изјавата на Манасиевски или Жерновски (не знам кој беше), како негативна реакција на безобразниот ултиматум од Гроздан Георгиев од СДСМ: либерал-демократите да одлучеле која страна ќе ја фатат, оти не можело да бидат ниту-риба-ниту-девојка!... Со вакви изјави, политичарите од двете најголеми партии ја минираат опцијата “центар“ кога таа не е ставена во нивна функција т.е. одбива да биде нивни сателит.
Тешко во нашето длабоко биполарно лево-десно општество да заживее и зајакне трета, централна опција, и покрај сето незадоволство на народот од претходните две. Некако полесно му е народот да се приклони кон некоја од крајностите, како екстрем, отколку кон умерен центар. За тоа се виновни и самите партии и партиички кои се декларираат како политички центар, а за возврат не нудат ништо како програма.
------------- http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме. Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја, само земја ќе бидеме и можеби неколку жолти цветови.
|
Постирано од: Andjelina
Датум на внесување: 13.Март.2011 во 00:50
Би сакала да се трета опција,но воедно и подобра опција од досегашниве
за жал,досега покажале дека се само сателити на поголемите партии...
------------- Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува
|
Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 13.Март.2011 во 10:21
Ама која трета опција- па тие беа коалиционери во владата на Црвенковски и дури имаа двајца или тројца министри. Мене некако ми се многу слични на Ѕинговистите-малку членство а многу силни места добиваат (иако на либералите не може да им се негира стручноста-нивна Роза ми е една од малкумината конструктивните пратеници). Еден мој пријател е многу во право кој вели дека ние нема да видиме аир додека на прво место се ставаат партиските интереси (и лидерите) а после на државата. Чим народен пратеник ( и министер) слуша лидер на партија и му одговара само нему, а не на премиерот и се додека и да згреши министер (пратеник) партијата застанува во одбрана-нема одење напред. Тоа е пракса на сите партии, ама најголема вина секогаш за мене ја има партијата која е на власт (тоа важи и за тие што досега биле и за сегашниве). Чим тие не пресечат во корен кон свој “грешник“ , немаат лице да бараат и од другите. Затоа и не гледам некоја надеж во либерал-демократите. И тие ми се некако -вода на свој млин- праат се да си се задржат на власт- а не се власт- секогаш се со некој друг на кој можат да ја префрлат вината.
-------------
|
Постирано од: Kali
Датум на внесување: 13.Март.2011 во 19:59
Ако ништо друго, имаат страва реклама
|
Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 14.Март.2011 во 02:24
Многу ветувања имало денеска од либерал-демократите на партискиот конгрес?
Намалување на бројот на министерствата и бројот на пратениците според мене е сосема ОК и нешто на што треба да се размисли. Но онаа небулоза за укинување на данокот на добивка... се прашувам како го замислуваат тоа или е само едно популистичко ветување во обид за прибирање гласачи?
И бисерот со музеите за Бранко и Грујо: во едниот кустоси ќе биле Ефтов и Геровски, во другиот Миленко и Латас...
------------- http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме. Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја, само земја ќе бидеме и можеби неколку жолти цветови.
|
Постирано од: novace
Датум на внесување: 19.Март.2011 во 16:47
Анастеа напиша:
Многу ветувања имало денеска од либерал-демократите на партискиот конгрес?
Намалување на бројот на министерствата и бројот на пратениците според мене е сосема ОК и нешто на што треба да се размисли. Но онаа небулоза за укинување на данокот на добивка... се прашувам како го замислуваат тоа или е само едно популистичко ветување во обид за прибирање гласачи?
И бисерот со музеите за Бранко и Грујо: во едниот кустоси ќе биле Ефтов и Геровски, во другиот Миленко и Латас...
|
Не се тревожи толку де....за (о)вија „продавачи на ветер & магла
Тие...сите ..до еден си се такви и се готовани....кои сиот свој живот го „поминале„ на туѓ грб и живееле од туѓ пот..како крлежи
И ден денес..на лебот (му) викаат ПАПО
------------- Не сум доктор , ама стално сум опкружен со пациенти
|
Постирано од: Klucarot
Датум на внесување: 15.Април.2011 во 19:07
ЛДП се таква партија која што никогаш не ги бирала средствата за да стигне до власта поради личните интереси. Некогаш блиски до ВМРО некогаш до СДСМ .. зарем тоа не наликува на партија сончоглед ?!? Сите оние кои не се согласуваа со тој начин на работа преминаа во СДСМ како единствена опција според нивните убедувања. Таква партија неможе ниту да наликува на сателит партија а камоли партија која ке биде способна самостојно да излезе на избори !! Незнам како планираат да ја добијат довербата на народот
|
Постирано од: којсумјас
Датум на внесување: 15.Април.2011 во 19:12
Нема да го тупам... за овие џабе ќе си збориме... изборите ќе кажат колку тежат... лично мислам дека они се уствари жив доказ... за бестежинска состојба...
|
Постирано од: Gorazd777
Датум на внесување: 16.Април.2011 во 00:51
Абе ако видиме една работа досега ако ништо друго ,предложија некои работи ,а тие кој сакаше да ги слушне ,се протнаа во етерот со исказите,
зошто ни се 120 пратеници,со ова парче земја, многу се и 90,значи помалку лапачи,потоа зошто има толку министерства, овде се доволни и 15,а последното им беше најјако ,а тоа е со освојување на власт,секој полнолетен граѓанин би добил во акции од преостанатиот државен капитал,нешто како во Словенија.
Тие работи никој не ги гледа,демек само лажната идеологија на дпмне и квази економијата на црвенковци,па удри,е тука е бескрајот...
П.С. Јас би им предложил да стават уште императивен мандат за пратеник,па кој неработи ќе биде отповикан по кратка постапка.
------------- ВОЈНАТА Е МИР СЛОБОДАТА Е РОПСТВО НЕЗНАЕЊЕТО Е СИЛА ОД ЗЕЛКА ТОРТА И ОД СЕЉАК ГРАЃАНИН НЕ БИДУВА
|
Постирано од: којсумјас
Датум на внесување: 16.Април.2011 во 09:28
Gorazd777 напиша:
зошто ни се 120 пратеници,со ова парче земја, многу се и 90, Ако тоа ни ги реши проблемите, веднаш да се направи... ама ќе да е до квалитетот а не до квантитетот... значи помалку лапачи,потоа зошто има толку министерства, овде се доволни и 15,а последното им беше најјако ,а тоа е со освојување на власт,секој полнолетен граѓанин би добил во акции од преостанатиот државен капитал,нешто како во Словенија.
Не е ова најјако, тоа е смешно... Кој државен капитал човече... Па сите што останаа во соптвеност на државаѕа се загубари бре.. Што ќе делат, акции кои не само не вредат ништо... да не треба акционерите после да им ги враќаат дологовите...? П.С. Јас би им предложил да стават уште императивен мандат за пратеник,па кој неработи ќе биде отповикан по кратка постапка. Мислиш дека со тоа што нема да примаат пратениците плата ако го бојкотираат собранието... нешто важно ќе се спречи...? ај да ги прашаме бојкотирачите дали... ги бојкотираат и управните одбори каде членуваат... а бе гротескно е некој да мисли дека пратениците живеат од нивната плата од илјада евра...
|
|
Постирано од: Gorazd777
Датум на внесување: 16.Април.2011 во 11:48
И до квалитетот е ама и до квантитетот,помалку пари за 30 лапачи и не се само плати,тука има голем број бенефиции(корупција,повластени работи на грбот на народот и друго,да не редам).
Државен капитал ти е и самиот објект,кога секој би станал акционер од она што го имала државата,ќе функционира по логика на западниот систем каде поединецот ќе одлучува со акциите и ќе видевме кој како ќе функционира(за Словенија од почеток и горење,крка,па и други фирми не беа сјајни но после сето тоа се среди,но домаќински).
Императивниотѕ модел не е за земањето плата, тука го отповикуваме пратеникот од изборната единица каде сме го одбрале,ако не си ја работи работата,нема да чекаме да му помине мандатот и да не масира.
------------- ВОЈНАТА Е МИР СЛОБОДАТА Е РОПСТВО НЕЗНАЕЊЕТО Е СИЛА ОД ЗЕЛКА ТОРТА И ОД СЕЉАК ГРАЃАНИН НЕ БИДУВА
|
Постирано од: Kali
Датум на внесување: 16.Април.2011 во 12:34
Сончоглед или како сакате наречете ја, оваа партија мора да најде ресурси во себе за да се докаже како сериозна и да собере повеќе гласови на овие избори.
Само поради тоа што другите две големи партии ( кон кои оваа се припојувала) повеќе немаат ништо ...големо...во себе. Зошто би сметале сеуште и во овој момент на СДС и ВМРО, што имаат тие сеуште да понудат???? Единствено поради тоа, другиве партии, првенствено Либераливе, мораат да најдат што да понудат. Што ако досега не се покажале....сега ќе им дадеме шанса
|
Постирано од: DameMak
Датум на внесување: 17.Април.2011 во 11:55
Gorazd777 напиша:
...
Императивниотѕ модел не е за земањето плата, тука го отповикуваме пратеникот од изборната единица каде сме го одбрале,ако не си ја работи работата,нема да чекаме да му помине мандатот и да не масира. |
Ovaa ideja mi lichi na originalnata ideja za "samoupravuvanjeto" koja shto neslavno propadna. Neznam dali LDP ja predlagaat ili poteknuva od maliot mozok na nekoi forumdzhii.
Otpovikuvanje mozhe samo dokolku pratenikot go prekrshi zakonot i mu se simne imunitetot. Drugoto e populistichko glupiranje i kje se pretvori vo praksata na Stalin ili Hitler da otpovikuvaat pratenici zatoa shto ne si ja rabotele rabotata.
Vprochem, da bilo otpovikuvanjeto na pratenicite pametna rabota, postarite demokratii od nashata so po 200-300 godini praksa kje go vovedele toa.
|
Постирано од: којсумјас
Датум на внесување: 17.Април.2011 во 17:52
Gorazd777 напиша:
Државен капитал ти е и самиот објект |
Ти збориш за ОХИС и ЕМО Охрид...? А бе возот помина... 92-3-та и некоја... останаа два-три стари, празни и руинирани вагони... не се ни за отпад... повеќе трошок е самото постоење... не па друго...
|
Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 11.Мај.2011 во 22:52
Комшиката не напраи ручек за утре и не ги испружи алиштата оти гледаше Али Риза Што ја оговарам? А што да не? Кога можат партиите да се оговараат, што не би и јас комшиката
http://www.time.mk/read/59bb4500e5/03aeecab67/index.html - ЛДП: Доцни програмата на ВМРО-ДПМНЕ
-------------
|
Постирано од: Persej7
Датум на внесување: 16.Мај.2011 во 10:35
ЛДП = невешто прикриен сателит.
Со таа забелешка што Манасиевски е многу подол за да му го р'гне ножот на СДСМ во секоја прилика кога има корист и впрочем тоа го прави.
Но суштински, нема разлика. Каква трета опција, какви бакрачи, несериозно е прашањево. Човек што живее во Македонија и ги знае приликите нема таква дилема.
|
Постирано од: NRGMKD
Датум на внесување: 16.Мај.2011 во 16:13
Искрено и донекаде ги гледам како трета опција, со самото тоа што излегоа од сенката на СДСМ, го направија вистинскиот потег... Кога би биле на запад, со нивната програма дефинитивно би биле сериозен противник на секои избори, но за жал кај нас народот гледа црно или бело, и се водат од 2 лидери, па така не останува многу простор за останатите помали партии како што се ЛДП... Доказ повеќе е дека има квалитетни кадри, кои и кога имале можност се покажале како успешни во областите во кои работеле.... Јас искрено ќе го дадам гласот за нив, од проста причина што ми е смачено и од сините и од портокаловите....
------------- The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
|
Постирано од: NRGMKD
Датум на внесување: 20.Мај.2011 во 17:56
http://www.youtube.com/watch?v=-wxjcoVpSMc&feature=related">Interesen spot..... Vredi da se pogledne...
Секоја чест.... Нудат 3-та опција, само што неможат да излезат од сивилото... Народот кај нас гледа само црно или бело....
http://www.youtube.com/watch?v=-wxjcoVpSMc&feature=related -
------------- The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
|
Постирано од: zamislena
Датум на внесување: 21.Мај.2011 во 19:19
http://www.youtube.com/watch?v=UqtOWJuZgYg&NR=1 - Jovan Manasijevski: Jas mozam da se izboram za Makedonija!
Ниту може ниту умее... туку сега по изборите
веднаш ќе се залепи за победничката партија .......
-------------
|
|