IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Вегетаријанска храна
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Вегетаријанска храна

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 5>
Прашање: сакате ли да јадете вегетаријанска храна
Одговор Гласови Статистика
3 [42,86%]
3 [42,86%]
1 [14,29%]
Не може да гласате на оваа анкета

Автор
Порака
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Вегетаријанска храна
    Испратена: 26.Февруари.2011 во 11:31
Си дозволуваам да ја отворам оваа тема за сите љубители на вегетаријанската храна. Ви ветуваам дека ќе ја наполнам со прекрасни и вкусни рецепти и се надевам да задоволам вашите вкусови претензии.
 
Па ако сакате постирајте и вие некоја рецепта
 
Пријатен апетит и уживајте во добрата храна.големо%20гушкање
-----------------------------------------------------------------------------------------

Мусака со леб и модар патлиџан

Мусака со леб и модар патлиџан

Потребно за 4 лица:

  • еден голем модар патлиџан
  • пола векна леб
  • две главици кромид
  • едно/две чешниња лук
  • 500 мл. сос од домати
  • соја трошки
  • сол, бибер
  • пола лажиче цимет
  • кашкавал (млечен или растителен)
  • маслиново масло
  • китка магдонос

Подготовка:

Модриот патлиџан исечете го на подебели кришки. Намачкајте ги кришките патлиџан со масло од двете страни и печете ги на грил тава малку од двете страни или ставете ги во рерна на 150Ц, 30 минути. Лебот исечете го исто така на кришки и со четка намачкајте ги со маслиново масло. Соја трошките потопете ги во врела вода и оставете ги да набабрат неколку минути. Исцедете ги. Кромидот и лукот исецкајте ги ситно и пржете додека не омекнат. Додадете сол, бибер, ситно сецкан магдонос, цимет па додајте го сосот од домати заедно со соја трошките. Тавчето за печење намачкајте го со масло. Почнете да редите: прво парчињата леб, па смесата со соја трошки, па модрите патлиџани па пак смесата и се така за да заврши со смесата. Од озгора изрендајте кашкавал и печете 45 минути на 250Ц.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Февруари.2011 во 11:34
 

Паста со свежи шампињони

Паста%20со%20печурки

Потребно е:

  • 350 грама свежи шампињони
  • едно чешне лук
  • една чаша вотка
  • сол, бибер
  • маслиново масло
  • 250 мл. павлака
  • едно пакетче паста (шпагети, макарони по желба)
  • ситно сецкан магдонос
  • 100 гр. рендан кашкавал

Подготовка: Печурките исчистете ги го сува кујнска крпа (никако не ги чистете под млаз вода). На масло пржете го ситно сецканиот лук и зачинете го со сол и бибер. Додадете ја вотката и гответе додека не испари алкохолот. Печурките исечете ги на листови и пржете ги. Во меѓувреме сварете ги тестенините. Кога ќе биде сварена пастата, исцедете ја и додадете ја во тавчето со лукот и печурките. Додадете ја павлаката. Ставете го ренданиот кажкавал и зачинете. Декорирајте со магдонос

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Февруари.2011 во 11:38

Пита од тиквички и фета сирење

 

Ова предјадење е толку богато, што може да се искористи и како главно јадење. Се подготвува околу 90 минути, а води потекло од нашиот јужен сосед. Со оглед на состојките и начинот на подготовка, овој специјалитет може да го вброиме и во здрав начин на исхрана.

СОСТОЈКИ
• 750 гр тиквички
• 250 гр фета сирење
• 4 јајца, изматени
• 30 гр пржени, исечкани ореви
• 30 гр свеж копар, ситно исечкан
• 30 гр магданос, ситно исечкан
• 50 гр пармезан + 1 голема лажица за посипување
• бибер

ПОДГОТОВКА
Излупете и измијте ги тиквичките. Варете ги на пареа 12-15 минути. Потоа, ситно исечкајте ги и ставете ги во длабок сад.

Загрејте ја рерната на температура од 180℃. Намастете го садот за печење со путер.

Ставете го фета сирењето 10-тина минути во вода. Потоа, исцедете и издробете го. Додадете го на тиквичките. Потоа, додадете ги и преостанатите состојки кон смесата со сирење и тиквички.

Нанесете ја смесата во тавата за печење, посипете со пармезан и печете околу 45 минути. Се сервира топло.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Февруари.2011 во 11:42

5 супер совети како вегетаријанците да заштедат пари

Еве пет совети како да живеете подобро и да не го оптоварите домашниот буџет многу, а сепак да се храните здраво.

  1. ОДГЛЕДУВАЈТЕ ГРАДИНА – Можеби звучи старомодно и кич, но одледувањето градина ќе ви заштеди многу пари. Органските производи не се евтини и лесно достапни во нашите супермаркети, но затоа се супер лесни  за одгледување. Ако не се подготвени за одгледување на цела градина, важно е да почнете од некаде. Па така, како за почеток, можете да засадите домати, пиперки, краставици, морков. Ако пак сакате да ја збогатите градината, засадете грав, грашок, боранија, марула и некои тревки.
  2. КУПУВАЈТЕ ВО ПРОДАВНИЦИ ЗА ЗДРАВА ХРАНА – Во Македонија има неколку вакви продавници кои нудат изобилство од хранливи и здрави продукти. Такви се: Виталија , која има свои производи во големите супермаркети (Веро, Тинекс, Рамстор) и свои два дисконта во Скопје и Биона, која има две продавници во Скопје (ТЦ Беверли Хилс, приземје и бул.Кочо Рацин бр.14).
  3. КУПУВАЈТЕ ВО ПОГОЛЕМИ КОЛИЧИНИ – Јасно е дека здравата а особено органската храна е недостапна да се купува во поголеми количини. Купувањето во поголеми количини се однесува на разни интегрални семиња, најразлични видови брашно, суплементи во исхраната, сушени овошја,  жита, природни засладувачи, флаширана вода и слично. Откако ќе обезбедите поголеми количини од овие производи, потоа вашето купување ќе се состои од набавка на свежи овошја и зеленчуци.
  4. ЈАДЕТЕ ВО СЕНДВИЧАРИ И РЕСТОРАНИ СО ЗДРАВА ХРАНА - Тоа е вкусно и се повеќе достапно. Ресторанот Хармонија е единствениот во Скопје кој го негува здравјето на луѓето и нуди одлична храна за сите. Сендвичарата Нино, која се наоѓа во центарот на градот е позната по макробиотичките сендвичи, кои се исклучително вкусни, со достапни цени, здрави и лесно сварливи.
  5. БИДЕТЕ РЕДОВНИ НА ПАЗАР – На сите скопски пазари, тие што се поредовни, знаат дека се издвојуваат оние тезги каде секогаш има свежа храна. Колку повеќе купувате кај нив, толку повеќе ќе ве запомнат и ќе ви ги даваат секогаш најсвежите продукти, по пониска цена од другите
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Февруари.2011 во 11:45
Колку за потсетување, калциумот е добар за цврстина на коските, здрави мускули, јаки и бели заби, здраво срце, нормален проток на крвта низ телото, нормално дејство на мозочниот систем, помага при регулирање на многу функции на телото, а некои велат дека овој минерал е добар и за намалување на телесната тежина. Еве ја листа на извори на калциум, малку модифицирана и прилагодена на наши услови.
Препорачано ниво на калциум за возрасни од 19 до 50 години е 1000 мг. на ден.

Калциум

  1. Бел грав ( 1 шоља има 263 мг калциум)
  2. Црн грав ( 1шоља има 239 мг.)
  3. Тофу (1/2 шоља има 125 мг.)
  4. Бадеми ( 30 гр. има 81.5 мг.)
  5. Бразилски ореви ( 30гр. има 44.8 мг.)
  6. Спанаќ (30 гр. има 42.8 мг.)
  7. Кинеска зелка (30 гр. има 26.0 мг.)
  8. Соја зрна, варени (1 шоља има 175 мг.)
  9. Брокула, варена (1 шоља има 94 мг.)
  10. Соја млеко (300 гр. има 80 мг.)
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Февруари.2011 во 11:49
 

Ќофтиња од леќа

Полна со железо и белковини, леќата е мешунка со која може многу да се експериментира во кујната. Ја има таа способност да прима разни зачини, а сепак да го задржи својот вкус кој ќе доминира. Инспирирана од нејзините бои во кои ја има, ќофтињата од леќа нека бидат дел од вашето денешно празнично мени, збогатено со ваши прилози од јадења.

Ќофтиња од леќа

Потребно за 4 лица:

  • пола шоља леќа (црвена или кафена, по ваш избор)
  • 2 главици кромид
  • 2 чешниња лук
  • 1 лажиче копар
  • 1 големо јајце
  • 2 полни лажички црвен пипер
  • пола китка магдонос
  • сол, бибер
  • брашно и презла, по потреба

Подготовка: Леќата исчистете ја и варете ја додека не омекне. Кромидот и лукот, ситно исецкани, пропржете ги. Додајте црвен пипер. Така испржени, извадете ги од тавчето и одделете ги на старана во посебен длабок сад. Сварената леќа, измиксајте ја со рачен миксер или испасирајте ја. Смесата додајте ја во испржениот зеленчук и зачинете со копа, бибер и сол, по вкус. Додајте го јајцето. Додајте 5 големи лажици презла, за да се спои смесата. Додајте го магдоносот. Потоа, додајте 1-2 мали лажички брашно. Така измешаната смеса, ставете ја во фрижидер да отстои 30 минути. Потоа, формирајте ќофтиња. Извалкате ги ќофтињата во презла и пржете ги на врел зејтин додека не поруменат од двете страни. Послужете со свежа салата или до компир-салата.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Февруари.2011 во 12:23

Совршена пица

Нема кој не сака пица! Јас-обожавам!!!

Супер лесна, здрава и едноставна за подготовка, Ви ја претставувам СОВРШЕНАТА ПИЦА, за вегетаријанци, секако и за оние кои ќе сакаат да паузираат со еден оброк од месо и сувомеснати производи.

за 1 пица:

  • тесто за пица
  • доматно пире(кечап)
  • еден голем домат
  • една мала главица лилаков кромид
  • 4 големи печурки шампињони
  • 1 грепфрут
  • кашкавал
  • неколку сецкани маслинки
  • 1 жолта бабура
  • оригано
  • сусам
  • многу бибер и сол, по вкус

Подготовка (лесна): Тестото за премачкајте го со доматното пире. Посипете со рендан кашкавал и почнете да ги редите останатите состојки по следниов редослед: сецканите шампињони, кромидот сецкан на месечинки, сецканиот домат, парчиња грејпфрут, сецканата бабура на ленти и сецкани маслинки. Посипете со многу бибер и сол (по вкус), свежо сецкано оригано и нане (по вкус). На краевите на пицата посипајте со сусам. Печете на 250Ц, додека не биде убаво испечено тестото.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Февруари.2011 во 12:24

Млади моркови во сос со копар

Младите моркови сосем се разликуваат од т.н „стари моркови“ што ги јадеме во супа, како прилог и слично. Тие имаат сладок, мек вкус кој во комбинација со супер сос имаат прекрасен освежувачки вкус. Дефинитивно овој рецепт ќе ги скрши сите лоши јазици за морковот како зеленчук. Со големо задоволство Ви го претставувам овој рецепт. Лесен, здрав  и неверојатно вкусен.

Потребно:

  • неколку млади моркови, со листови
  • 250 гр. павлака со 20% масленост
  • копар
  • 50 гр. рендани ореви
  • сол, бибер
  • масло

Подготовка: Младите моркови намачкајте ги со масло. Ставете ги на скара или на грил тава да се запечат. Попрскајте ги со морска сол и бибер од горе. Во павлаката ставете една мала лажичка копар, ренданите ореви и зачинете со сол и бел бибер, по вкус.

Ете, толку лесно :%29

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Февруари.2011 во 12:24
 

Ѓувеч со модар патлиџан


Потребно:

  • еден голем модар патлиџан
  • два големи главици кромид
  • две чешниња лук
  • една зелена пиперка
  • два големи домати (може и од конзерва)
  • едно пакување свежи печурки шампињони
  • една чаша бело вино
  • сол, бибер
  • соја сос
  • масло

Подготовка: Исечети ги модриот патлиџан, доматите и пиперката на поголеми коцки. Во тавче на оган, пропржете ги лукот и кромидот, претходно исечени на покрупни парчиња. Откако ќе омекнат, додајте ги остананите зеленчуци и пржете додека не омекнат. Додајте го белото вино и оставете да испари. Зачинете со сол, бибер и соја сос. Смесата префрлете ја во тава за печење намачкана со путер, изрендајте кашкавал  и пречете на 250Ц додека не се запече целата смеса.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Февруари.2011 во 12:35

Вафли со салца

Ем брзо, ем вкусно, ем здраво. Додајте мексикански шмек во Вашата кујна.

Потребно за 4 лица:

  • едно пакетче вафли (пакување со вафли има во Кам-маркет)
  • 3 зрели домати
  • 2 зелени пиперки
  • еден кромид
  • два млади моркови
  • црвен пипер, бибер, сол
  • магдонос
  • масло за јадење

Подготовка: Во загреана тава, на масло пржете го ситно исецканиот кромид додека да омекне. Потоа додадете ги исецканите морков, домат и пиперка на поситни парчиња. Додадете една лажица брашно колку да ја спои целата смеса. Зачинете со сол и бибер, по вкус. Додајте црвен пипер. На крај, додајте го ситно исецканиот магдонос. Смесата истурете ја врз вафлите кои сте ги стоплиле во рерна или на тава.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Февруари.2011 во 12:38

Потребно:

  • 1/2 кг. несолени и непечени кикирики
  • 1/2 парче зелка
  • неколку чери домати (може и еден-два големи домати)
  • тортиљи (печени во рерна па кршени, како чипс)
  • магдонос
  • 1/4 сок од исцедени лимони
  • маслиново масло
  • морска сол

Подготовка: Во тефлонска тава, ставете ги кикириките и тостирајте ги додека не добијат златна боја. Зелката исечете ја на четвртинки и нив ситно исецкајте ги на резанки. Зелката помешајте ја со магдоносот и доматите. Претходно помешајте ги лимоновиот сок, маслиновото масло и солта. Оваа смеса полијте ја врз зелката и доматите. На крај, ставете ги тостираните кикирики. Послужете со печени тортиљи

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Февруари.2011 во 12:40
 

Полнети лигњи со моцарела

Да нурнеме во морскиот свет со овој медитерански рецепт кој ќе го засакате “од прва„. Ако се прашувате како да ја изненадите саканата личност, вашите блиски, па и да си дозволите Вие малку одмор и уживање, нема да погрешите ако го изберете овој рецепт.

Потребно за 4 лица:

  • 1кг. исчистени, свежи лигњи (совет: прво, побарајте во рибаница, па ако немаат таму свежи купете од маркет)
  • 100 гр. моцарела
  • 2-3 млади лукчиња
  • 3 лажици лебни трошки
  • 3 лажици рендан кашкавал, по желба
  • магдонос
  • една чаша бело, суво вино
  • масло за јадење
  • маслиново масло
  • сол, бибер

За сос:

  • една конзерва пелати
  • 5-6 млади кромидчиња
  • босилек
  • една мала лажичка кафеав шеќер
  • пола чаша бело, суво вино

Подготовка:

Лигњите исчистете ги. Краците, завршните делови од лигљите ставете ги длабок сад и во садот ставете ги лебните трошки, маслиновото масло, виното, ситно сецканиот магдонос, сецканата моцарела на коцки и ситно исецканиот млад лук. Зачинете со сол и бибер, по вкус. Лигњите претходно бланширајте ги во врела вода за да не бидат тврди и тешки за џвакање. Бланшираните лигњи полнете ги со претходната смеса и затворет ги со поголеми чепкалки за дане излезе смесата при пржење. Така приготвените лигњи пржете ги на врело масло. Во тава, на оган, ставете малку маслиново масло и на него пржете го младиот кромид. Додадете ги пелатите. Зачинете со сол и повеќе бибер. Ставете ги пржените лигњи во сосот, додадете го виното и оставете да испари. Сосема на крајот, додадете ситно сецкан босилек.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Февруари.2011 во 12:43
 

Фалафел сендвич со сос од павлака и краставица

Фалафел сендвичот е многу познат во Средниот Исток. Се продава како „улична храна“ на секое ќоше во Каиро. Освен како сендвич, фалафел се служи како главно јадење со разни додатоци и преубаво освежителни сосови. Погоден е за подготвување дома, но ако сте излезени и сакате да јадете здрава и вкусна храна, Ви го препорачувам фалафел сендвичот во сендвичарата „Нино“ во Скопје.  А ако пак сте на пат за во Египет, наминете во Мекдоналд и нарачајте си, секако, МекФалафел(ако баш Ве мрзи да си подготвите дома).

Инаку, фалафел се прави од наут (го има во Виталија и Биона) и помешан со источни зачини и лесни сосови дава прекрасен вкус и супер здрав ручек или пак лесна вечера.

Многу омилен меѓу оние кои јадат месо а ОСОБЕНО меѓу вегетаријанците, Ви претставувам рецепт за

ФАЛАФЕЛ СЕНДВИЧ СО СОС ОД ПАВЛАКА И КРАСТАВИЦА


Потребно за 4 сендвичи:

  • 4 тортиљи
  • 1 чаша наут
  • 2 големи главици кромид
  • 3 чешниња лук
  • една китка магдонос
  • 1 лажичка свеж коријандер (го има во Рамстор)
  • 1 лажичка ким
  • брашно
  • 1 јајце
  • 4 големи кисели краставички
  • 1 домат, исечен на кругови
  • сол, бибер
  • масло за јадење
  • ХУМУС (во процесор за храна ставете: една чаша наут, 2 лаж.маслиново масло, 3-4 ситно исецкани чешниња лук, една лаж.црвен пипер, 2 лаж. пире од домати, сок од еден лимон, сол и бибер по вкус. Мешајте се со процесорот додека не добиете хомогена смеса. Ако е многу густо, додајте маслиново масло, ако е многу ретко додајте наут.)

Подготовка: Во сад ставете го наутот и полијте го со ладна вода. Оставете го да отстои преку ноќ.  Откако ќе отстои, исцедете го и во врела вода ставете го за да се свари.  Варете додека не биде мек наутот. Сварениот наут, исцедете го и помешајте го со ситно исецканите лук и кромид, коријандер, ким, сол и бибер.  Мешајте во процесор за храна додека не добиете хомогена смеса. Ако немате процесор за храна, можете да ја измешате смесата со алатка за пире. Додадете едно јајце и малку брашно, колку да се спои смесата. Од готовата смеса формирајте мали ќофтиња и притиснете ги со двете раце, откако ќе ги обликувате. Пржете ги во врело масло додека не добијат златна боја од двете страни.

Тортиљите ставете го во врела рерна и потпечете ги 3-5 минути. Топлите тортиљи намачкајте ги со хумусот, ставете неколку парчиња кисели краставички, неколку парчиња домат, ставете по две ќофтиња фалафел и завиткајте ја тортиљата.

Во посебен сад ставете павлака и ситно исецкана свежа краставица. Зачинете со малку бел или црн бибер. Промешајте.  Сосот послужете го со фалафел сендвичот.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Февруари.2011 во 13:30

Аранчини, италијански топчиња од ориз

Интересни информации за рецептот: Arancini или аранчини се пржени топчиња од ориз, извалкани во презла. Оригинално, потекнуваат од Италија уште во десеттиот век. Вообичаено, се сервираат со доматен сос или рагу сос. Првата порција аранчини е продадена во сицилија со рагу сос и топчиња од моцарела, месо, ориз и грашок. Многу ресторани, овој Италијански рецепт го прават со печурки, путер или со модар патлиџан. Овој рецепт го добил името аранчини по изггледот на топчињата, кои кога ќе се испржат личат на мали портокал, што на сицилијански  е … погодувате-arancini.

Супер се за забави, родендени, одлични се за пред тв … Овој рецепт ќе Ве воодушеви со неговата едноставност во подготвување и брзина на конзумирање. Еве една супер вегетаријанска варијанта на тема: аранчини.

Потребно за 4 лица:

  • 1 јајце
  • 1 шоља сварен ориз
  • 1 главица кромид
  • 1 чешне лук
  • 200 грама моцарела, сецкана на коцки
  • пола чаша бело, суво, вино
  • презла
  • 200 грама сварен грашок
  • 200 грама рендан кашкавал
  • маслиново масло
  • сол, бибер

Подготовка: На маслиново масло пржете ги лукот и кромидот, претходно многу ситно исецкани. Кога ќе се испржат, ставете го сварениот ориз и додадете пола чаша бело, суво вино. Додадете го грашокот. Зачинете со бибер и сол, по вкус. На крај, додадете го кашкавалот.  Изматете го јајцето со вилушка. Додадете го јајцето во изладеното рижото. Измешајте ја смесата. Со мала лажичка, земете две лажички од смесата и ставете ја на рака. Во средина, ставете една коцка моцарела и формирајте топче. Извалкајте го во презла и пржете во врело масло. Така испржени, ставете ги на кујнска хартија да го впијат остатокот од маслото.

сос: 1/2 кг. домати излупете ги и исечете ги на мали коцки. На маслиново масло, пржете ги доматите додека не го пуштат целиот сок. Додајте малку вода и една лажица брашно за да се згусне сосот.

јуни 3rd, 2010
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 5>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,141 секунди.