|
Чедо БОЖЈЕ и оружје ? |
Внеси реплика | страница <1234 8> |
Автор | ||||||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Никој не оспорува дека во Царството Божјо нема да има војна, тага, плач, несреќи. Но, сеуште на земјата не настапило Царството Божјо, напротив, самиот Христос говореше дека ќе има војни. Затоа и велам дека нема никаква потреба од некаква философија, особено во случај во кој нештата се мошне јасни. |
||||||
Majkl
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3019 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Царството Божјо нема само туку така да падне од небото. Потребни се и жители кои ќе ја спроведуваат волјата Божја, како на Небото така и на Земјата. Потребни се луѓе кои ќе бидат волни мечовите ќе ги прековаат во плугови како што предвидува пророкот Исаија. Додека таа промена не се случи во срцата на луѓето, додека луѓето веруваат дека со пиштол под перница се посигурни, до тогаш ништо од тоа царство. Но Исус не се излажал, туку се лажат луѓето кои веруваат дека ќе можат уште неограничено долго да опстојуваат на Земјата а при тоа да не ги уважуваат Христовите мирољубиви поуки. Изменето од Majkl - 20.Февруари.2011 во 00:21 |
||||||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Ако мислиш дека начинот е само сите да прекрстат раце и да го уништат оружјето, тогаш, најмалку очекувај да настапи Царството Божјо. Тогаш само може да настапи анархија, разбојништво, насилство до бескрај, терор и слични нешта. Тоа е така затоа што секогаш ќе има некој кој ќе прави казнени дела, независно од верското убедување. Токму затоа и во Светото Писмо е наведено се што треба околу војската и власта, нивниот однос и односот на другите кон нив. |
||||||
Majkl
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3019 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Очигледно затоа што ниту властодршците од овој свет не го живеат своето верско убедување. Една неправда неретко повлекува друга. Но кога христијаните масовно би се држеле до високите етички принципи во секојдневието тогаш останатите не би ни можеле да прават злосторства бидејќи нема да имаат енергија за тоа. Тогаш или и тие ќе бидат инспирирани да се променат или ќе бидат оддалечени преку законот на причина и последица: преку болести, предвремена смрт низ природни катастрофи и тн. - што и навистина ќе се случи. Тогаш преостануваат само оние кои ја вршат волјаат Божја - а тоа е мир и праведност меѓу сите. Автоматски Царството Божјо добива простор да ја опфати Земјата и добива свои жители.
Но Бог не ги премолчува тие недоречености и неправедности ниту ги остава сами своите човечки деца во светскиот хаос. Затоа Бог денес повторно говори низ пророчка уста, но дали ќе се прифати Неговата рака за спас тоа се препушта на нашата слободна волја. Изменето од Majkl - 22.Февруари.2011 во 14:10 |
||||||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Тука ќе се сложам со тебе, само ќе те потсетам што му кажа Христос на Пилат за потеклото на власта. Компарирај го ова што го кажа со тоа и ќе добиеш целосна слика на нештата. Токму за тоа и говорам цело време.
Тие кои вршат казнени дела секогаш може да најдат причини поради кои ги вршат. Некои ги вршат и од мрзеливост, желба да се биде дунтовник против системот, одмазда, психички проблеми, желба за докажување и многу други случаи. Доволно е да се земе еден предмет од било кој суд и да прочиташ разни опрадвувања. Има и такви од досада кои вршат такви нешта, па дури пред судот ниту знаци на каење не покажуваат. Има и случаи каде навистина станувало збор за неможност некои нешта да се постигнат по друг пат. Точно е дека доколку се живее навистина Христовата порака и учење, нема да има такви нешта, но, се поставува прашање, што доколку не се живее? Зарем тогаш не треба власта да има меч, како што вели св.Апостол Павле, за да казнува? За жал, системот на награди и казни е основниот систем кој го прифаќа секое човечко битие. Оние кои ја живеат Христовата порака, нема потреба да се дисциплинираат на таков начин, но оние кои не ја живеат, мора да бидат санкционирани.
Во однос на тоа што е менувано и каде е менувано, не би навлегувал толку детално, но би споменал само дека доколку ги тргнеш писанијата на св.Апостол Павле настрана, сепак, остануваат зборовите на Христос кон стотникот, како и оние на св.Јован Крстител. Тие на ниту еден начин не можеш да докажеш дека се вметнати. Изменето од Македон - 23.Февруари.2011 во 14:52 |
||||||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Na onie koi zhiveat so Hristova svest ne im treba nitu zakon, nitu kazni.
Toa e poentata so razreshuvanjeto na starozavetniot Zakon od strana na Isus i potoa podrzhano i od Pavle. Inaku, vo vrska so onoj tolku chesto posochuvan citat... Го прашаа и војниците: „Што да правиме ние?” И им рече: „Не измачувајте никого и не клеветете, и бидете задоволни со своите плати!” Luka 3:14 ... ne se govori za davanje podrshka i odobruvanje za postenje na vojskata/policija, tuku toj citat e integralen del od edna celina vo koja Jovan Krstitel praktichno gi sovetuva i prigotvuva pridojdenite lugje na onoa shto pretstavuva Hristova svest: da se spodeluva seto onoa shto se ima otpovekje so onie shto nemaat , da ne se zema povekje od potrebnoto ili toa shto e odnapred odredeno i dogovoreno, da ne se primenuva nasilie, raketiranje, klevetenje i lugjeto da se zadovolni so toa shto go dobivaat bez obzir shto mozhebi doagjaat od pozicija na sila i avtoritet koi lesno se zloupotrebuvaat i opravduvaat. Inaku, treba da se razbere koi bile tie vojnici za da se ima potochna slika za sluchajot. Toa ne bile rimski vojnici koi izlegle od svojot garnizon da sobiraat cvekjinja pokraj rekaat Jordan, nitu pak od ljubopitlivost poshle da baraat nekoj evrejki asket, tuku bile evrejski vojnici na koi denes povekje bi im prilegal nazivot "narodna policija". Imeno, evreite se izborija za svoja avtonomija i rimjanite im dozvolija da imaat samoupravuvanje i odzhuvanje na red i mir vo nivnata zemja. Koga Jovan Krstitel im se obrakja nim, razbirajkji deka tie se zashtitnici na evrejskiot narod za razlika od rimskite vojnici, im veli da ne ja zloupotrebuvaat svojata pozicija na vlast i sila, da ne gi obzeme alchnost i nasilie i da ne postanat bezumni marioneti na nivniot rabotodavach. Изменето од Messenger - 23.Февруари.2011 во 15:41 |
||||||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||||||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Токму така, тие биле Евреи, еврејска војска, односно денес позната како полиција, чија цел била да го имплементира Законот и да ја спроведува волјата на првосвештениците и Ирод. Односно таа војска била под команда на Ирод и првосвештениците и се занимавала со внатрешните работи, но, својата команда ја добивала од Ирод и првосвештениците. Ирод мошне добро знаеме дека бил римска марионетка. A еврејските војници биле познати по тоа што заедно со митниците, кои од Римјание добивале право да наплаќаат даноци на свеовиден тогашен "тендер". Тоа не биле било какви војници, тоа биле доверливи војници на власта, која била контролирана од Римјаните. И во ниту еден случај таквите војници не смееле да прекршат наредба од Царот Ирод, која пак секако била во согласност со римските интереси. А св.Јован Крстител, никаде не забранил постоење војска и полиција. Тоа е јасно како ден, колку и да се обидуваме ние да философираме. Впрочем, ниту Христос на стотникот не му кажа да ја напушти војската. Инаку се сложувам дека на луѓето кои ја живеат Христовата порака, не им е потребна војска. Изменето од Македон - 24.Февруари.2011 во 14:47 |
||||||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Sega vaka...
Ne mozheme so 100% sigurnost da tvrdime deka znaeme tugj odgovor na prahanje koe ne e postaveno. No zatoa mozheme da pretpostavime kakov bi bil odgovorot spored neshtata shto vekje se izgovoreni od onoj za koj se obiduvame da ja napravime taa pretpostavka. Ajde, shtom imame obichaj vo Hristijanskata religija da gi stavame zaedno mislenjata i ideite na mnogumina, a ne samo na Isus, da go zememe vo obzir i Sv.Jovan Krstitel. Od onoa shto imame za nego, nikade ne postoi prashanje postaveno od lugje ili od vojnici dali treba da postoi vojska ili ne? Prashanjeto na vojnicite e shto da pravime nie koga vekje postoime vo ovaa zemja kako vojnici? Sv. Jovan Krstitel im go dava odgovorot koj, vo integralna smisla so onie soveti koi toj gi dava pred niv, znachi objasnuvanje kako bi trebalo da se odnesuva chovek na taa pozicija dokolku ima Hristova svest. Da se upotrebi toj odgovor vo bilo kakva druga smisla i da mu se dodavaat znachenja koi gi nema e krajno rastegnuvanje na neshtata. Ako go zememe pak Isus, koj barem za mene e edinstveno merodaven za negovoto propovedanje, mozheme da zakluchime deka nemu vojnicite ne mu postavile direktno prashanje dali treba da postoi vojska, no isto taka gi znaeme maksimite koi postojani gi kazhuval i na sekakov drug nachin gi potvrduval so svoeto uchnje, a toa e deka na blizhniot svoj treba da mu pravish toa sakash i toj tebe da ti pravi, deka treba da go ljubish kako shto se ljubish sebe si, deka treba da go vrtish drugiot obraz, da prostuvash sedum pati sedumdeset i sedum pati i t.n i t.n. So drugi zborovi, Isus postojano propoveda prostuvanje i nenasilie, a bidejki policijata i vojskata ne se nishto drugo tuku institucijalizirano neprostuvanje i nasilie, mnogu ochebijno e deka Isus ne podrzhuval neshto takvo bidejki e potpolno kontradiktorno na seto onoa shto go propovedal. Dokolku postoi citat kade shto Isus veli sprotivno, povelete postirajte, pa da razgovarame za toa. Изменето од Messenger - 25.Февруари.2011 во 16:32 |
||||||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||||||
spiros
Сениор Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4490 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Факт е дека Исус е роден од мајка Еврејка и дека сите Негови Апостоли Очевидци беа Евреи и дека ниеден од ними - после примањето на Светиот Дух - нити на крај памет не им падна некого да убијат, нити да му робуваат на оружјето, ... туку само на Единствениот БОГ во Името и Срцето Исусово, Кој што е Вистинскиот Цар на Мирот! Изменето од spiros - 24.Февруари.2011 во 23:48 |
||||||
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
||||||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Токму така. Тоа е и поентата на тоа што го пишувам. Ако војниците се однесувале според тие инструкции кои им биле дадени од страна на св.Јован Крстител, тогаш, лесно се добива одговор на прашањето какви треба да бидат војниците, за да навистина бидат доблесни Христијани. И во таа реченица е синтетизирано она што треба. Секако, говориме за мислењето на св.Јован Крстител. И колку и да се философира, нема начин да се заобиколи она што јасно им било кажано.
Исус Христос не му кажа да ја напушти војската, ниту пак дека тоа што е дел од војската е грешно.
Христос проповеда мир, но никаде не проповеда безвластие и анархија. Христос многупати говори за казни, крцкање со заби, пекол, господарот кој ги казнува своите слуги и слични нешта. А како заклучок на сето тоа е она што Христос го кажа за власта. Не случајно подоцна и св. Петар не му кажа на стотникот да се откаже од војската, ниту пак св.Павле тоа го бараше. Ништо од тоа не е случајно. Изменето од Македон - 26.Февруари.2011 во 00:53 |
||||||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
rastegash prijatele, rastegaaaaaaaash... pretpostavuvash, go zemash neprashanoto i neodgovorenoto za kazhano i dogovoreno i t.n., a onoa shto go znaeme so sigurnost ednostavno zaboravash da go stavish vo ravenkata. I ne naveduvash nikakvi citati koi bi go podrzhale tvrdenjeto deka Isus sovetuval da ima vojska.
Vo sekoj sluchaj, da sme zhivi i zdravi! |
||||||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||||||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Пријателе, јас не тврдам дека Христос советувал да има војска, јас само правам заклучоци од сите тие нешта кои ги наведов. Во ред, ќе ги тргнеме настрана кажувањата на св.Петар, св.Павле, па дури и на св.Јован Крстител. Да погледнеме што му кажа Христос на стотникот е најдоброто нешто кое би ни ја доловило сликата. Има ли потреба точно да се наведуваат цитатите? Да сме живи и здрави сите! Изменето од Македон - 26.Февруари.2011 во 02:14 |
||||||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Ne mora ako ne sakash.
Kako shto vekje rekovme, vazhno e da sme zhivi i zdravi! Ljubi go blizhniot kako shto se ljubish sebe si, a pak ako toj te udri po edniot obraz togash ti ne mu vrakjaj tuku zavrti mu go i drugiot... ...Pravi im na drugite onoa shto sakash i tie tebe da ti pravat ... i ako ti zgreshat ne im vozvrakjaj tuku da im prostuvash sedum po sedumdeset i sedum pati. Изменето од Messenger - 26.Февруари.2011 во 07:31 |
||||||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||||||
rabani
Сениор Регистриран: 02.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 490 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
messinger smrtno me interesira za jovan 17:9 go proveriv citatot vo biblijata duri smetash deka isus se molel za odredena grupa na luge? inaku spored biblijata isus bil od rodot na isak , a od redot na melhisedek? dali odbranite vo tvojot komentar na koi se molel isus bile od redot na melhisedek? zasto crkvata oficijalno nikogash ama bash nikogash ne go koristi bibliskiot citat kako fakt, sum prashal i popovi ama kazuvaat deka ne e vazno, i zaboshotuvaat tema vprochem za toa i nikoj i javno ne razgovara? ima li vo biblijata mesta kade shto se navedeni nekoi drugi imijna na lichnosti od redot na melhisedek, a ako ima te molam napishi mi kade bilo koj drug mozi da napishi, ili literatura ili drugo, mozi da mi pishi na l.p. ako ne mu e teshko |
||||||
DOAGA ISUS SO 200000 SVETII
ZA DA IM STAVI KRAJ NA SITE PROKLETII |
||||||
Внеси реплика | страница <1234 8> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |