IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Уметност , култура и традиција
  Активни теми Активни теми RSS - Извадоци,исечоци,цитати
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Извадоци,исечоци,цитати

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 3233343536 46>
Автор
Порака
sneska_v Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Јуни.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3455
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sneska_v Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Февруари.2011 во 21:46
Тоа е порнографија, младичу. Албина дојде да стане манекенка, но всушност сакаше да биде гола. Уште една балканска слабост: би се сликале и на рентген за да бидете поголи, би го исплазиле јазикот, би си ја превртеле утробата надвор,само да ве видат однатре. На човек да му се згади од тоа ваше словенско соголување, покажување на утробите, на најинтимните делови од телото и душата. Лирска поезија, романтика, порнографија, чувства до коска. Примитивни форми на допаѓање: ласкање, додворување, снисходливост. Доаѓате овде и се натпреварувате кој полошо ќе каже за Истокот, мислејќи дека така ќе станете Запад. Праќате по пошта, драми, поезија, слики, велите дека тоа кај вас никој не го разбира оти вашите татковци се заостанати; мислите дека светот ќе падне на газот ако се критикувате себеси. Се борите против класика, а се уште ја немате. Да можете би се посрале и на дедовиот гроб само ако запад каже дека тоа е уметност. А всушност правите западен кич. Наместо да сликате фрески. Знаете ли што би сторил Запад да ги има вашите фрески: Би плукнал врз своите скапани авангарди,трансавангарди и постмодерни!
Но ако Запад каже дека лајното е симит, вие ќе верувате.

Словенскиот ковчег - Венко Андоновски


Кон врв
kejt-d-grejt Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 6228
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kejt-d-grejt Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Февруари.2011 во 21:51
Originally posted by sneska_v sneska_v напиша:

Тоа е порнографија, младичу. Албина дојде да стане манекенка, но всушност сакаше да биде гола. Уште една балканска слабост: би се сликале и на рентген за да бидете поголи, би го исплазиле јазикот, би си ја превртеле утробата надвор,само да ве видат однатре. На човек да му се згади од тоа ваше словенско соголување, покажување на утробите, на најинтимните делови од телото и душата. Лирска поезија, романтика, порнографија, чувства до коска. Примитивни форми на допаѓање: ласкање, додворување, снисходливост. Доаѓате овде и се натпреварувате кој полошо ќе каже за Истокот, мислејќи дека така ќе станете Запад. Праќате по пошта, драми, поезија, слики, велите дека тоа кај вас никој не го разбира оти вашите татковци се заостанати; мислите дека светот ќе падне на газот ако се критикувате себеси. Се борите против класика, а се уште ја немате. Да можете би се посрале и на дедовиот гроб само ако запад каже дека тоа е уметност. А всушност правите западен кич. Наместо да сликате фрески. Знаете ли што би сторил Запад да ги има вашите фрески: Би плукнал врз своите скапани авангарди,трансавангарди и постмодерни!
Но ако Запад каже дека лајното е симит, вие ќе верувате.

Словенскиот ковчег - Венко Андоновски


super e ova Sneska
се' што е убаво во животот е поезија. сето друго е проза
Кон врв
Andjelina Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Miss High Hill’s

Регистриран: 07.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 14129
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Andjelina Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Февруари.2011 во 23:23
„Зависта е религија на медиокритетите.Таа им ја враќа силата,таа е одговор на немирите што ги јадат и,на крајот на краиштата,им ја растура душата и им дозволува да ги оправдуваат својата беда и својата алчност се’ додека не поверуваат дека тоа се доблести и дека вратата на рајот ќе се отвори само за несреќниците како нив,што поминуваат низ животот не оставаќи никаква друга трага освен намерата да ги омаловажуваат другитеи да ги исклучат,а ако е можно и да ги уништат оние што,со самиот факт дека постојат и дека се такви какви што се,укажуваат на нивната беда на духот,умот и силата.Среќен е оној по кого лаат кретените,зашто неговата душа никогаш нема да им припаѓа“
                           Играта на ангелот
                           Карлос Руиз Зафон
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува

Кон врв
mrzla Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
натурална девојка

Регистриран: 14.Мај.2008
Статус: Офлајн
Поени: 13330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mrzla Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Февруари.2011 во 02:57
Za poslednava recenica
И бричот падна на колена пред зборот:

Те преколкувам кажи како да се наострам како тебе,сакам да колам без да пуштам крв
Кон врв
sneska_v Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Јуни.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3455
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sneska_v Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Февруари.2011 во 18:57
Само време има. Моето време стои, ако тебе те нема. Давам цел век, за само еден момент. Не е доцна. Немој никаде да одиш. Немој никаде да стигнеш. Остани со мене. Дај ми рака. Слушни како ми чука срцево. Погледни ме. Кажи нешто смешно. Ајде да се смееме. Како будали. Ако било лошо, ќе биде подобро. Ќе си кажеме нешто. Ајде да имаме тајна. Кажи ми тајна.



Добро. Ми требаш. Ми требаш како добра вест. Како од сабајле цигара. Како ти од сабајле... Како на куче коска. Како на џанки дилер. Како на гробар смрт. Како на свиња леш. Како на војник оружје. Како на дилер со оружје војна.


Јас би рекол. Никогаш не знаеш. Ако си глупав, не си паметен, да знаеш дека си глупав. Месечината е патетична. Тажно умира, како човекот. Сонцето е зелено. Мерк*р е невин. Венера е заљубена. Марс е бесен. Ти си глупав.


Сакам обични работи. Да се разбудам покрај тебе. Да го убијам лошиот здив со првата цигара покрај тебе. Да ти направам кафе. Да те испратам на работа. Да те чекам за вечера. Да те прашам, како си. Никогаш не сум те прашала, како си. Сакав многу. Сакав само многу обични работи. Да ме носиш од овде.


ММЕ кој прв почна - Дуковски
Кон врв
sneska_v Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Јуни.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3455
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sneska_v Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Февруари.2011 во 18:58
звадок од книгата " Парадоксот на Диоген" - Томе Арсовски


Драшко: Каков е тој куп месо што се вика “ Јас “ ? Кој сум јас? Што си ти?
Борика: Јас сум жена. Ти - мое око , мој плен, мој Бог.
Драшко: Мојава рака, мојава дланка, моиве прсти - тоа се грбави кокалести зглобовии јазли од вени, нерви, небо и глад.
Борика: Јас сум клучот на смртта. Твоја и моја.
Драшко: Се плашам! Не ми зборувај за неа! Се плашам како децата што се плашат од мракот, зошто не знаат што има таму. Раскажи ми нешто убаво.....
Борика: Ќе бидам мајка на твоите деца. На трепките од смртта ќе те задржам.... Ќе бидеш река, ќе бидам мост што ќе те држи в преград, и со вкочанет поглед, во недогледната вечност.....
Драшко: Стородице! Цвету што ме мамиш! Стосмртнице! Пчело што ме облетуваш! Јас сум ....Земја!
Борика: Не .....Јас сум земја! Ти сонце што ме облева со живот.
Кон врв
Schatzii Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Мај.2010
Локација: Germany
Статус: Офлајн
Поени: 10600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Февруари.2011 во 17:43

Повеќето се сосема неспособни да извршат вистинско самоубиство, зашто длабоко спознаа колкав грев е тоа. За нас тие се сепак самоубијци зашто живеат во смртта, а не во животот што носи спас, зашто се готови да се отфрлат самите себеси, да се предадат, да згаснат и да му се вратат на почетокот.

Поблагородно и поубаво е човек да дозволи да го победи и собори самиот живот одошто спствената рака.

Ниту едно Јас па ни најнаивното не е целина, туку многукратен свет, мало ѕвездено небо, хаос од форми, степени и состојби, хаос од наследеното и од разни можности.

Човекот е лукавица составена од стотина лушпи, ткаенина од многу нишки.

Очајничката сврзаност на сопственото Јас и очајничкиот страв од смртта се најсигурните патишта до вечната смрт, додека оној кој е во состојба да умре, да го отфрли своето тело, своето Јас засекогаш да го предаде на непостојаноста, тој станува бесмртен.

Ни самоубиството, кутри Степски Волку, нема вистински да ти помогне, ќе мораш да тргнеш по подолгиот, по помачниот и потешкиот пат за да станеш човек, својата многукратност мора да ја удвоиш, својата сложеност да ја направиш уште посложена. Наместо да го стесниш својот свет, да ја упростиш својата душа, за можеби, еднаш на крајот да го најдеш својот мир.

Но, ако за секое задоволство бараш дозвола од луѓето, е тогаш си навистина за жалење.

Хермина беше како животот: секогаш само мигови, никогаш ништо однапред да се предвиди.

Оној кој умееше да живее во мигот, кој живееше во сегашноста и со таква радост и грижа му се восхитуваше и на најмалиот цвет на патот, умееше да го цени и најмалиот разигран миг на животот, нему животот не можеше ништо лошо да му стори.

Животните – тие се најчесто страшни, но многу поискрени од луѓето. Тие не сакаат да ти се умилкуваат, не сакаат да ти импонираат. Нема глума. Тие се онакви какви што се, како камењата и цвеќињата или ѕвездите на небото.

Животните се најчесто тажни, а кога еден човек е тажен, не затоа што го боли заб или ги изгубил парите, туку затоа што за миг ќе почувствува каква е стварноста, каков е животот, тогаш е вистински тажен и потсеќа по малку на животно – тажен е, но затоа поискрен и поубав. Така е тоа, а така изгледаше и ти, степски волку, кога те видов прв пат.

Ќе те научам да танцуваш, да се забавуваш и смееш, а сепак да не бидеш задоволен. А јас од тебе ќе научам да размислувам, да знам, а сепак да не бидам задоволна. Знаеш, обајцата сме деца на ѓаволот!

Наводно, секој човек се состои од десет, сто или илјада души.

Мислителот Хари е стогодишен, а танчерот Хари едвам да има половина ден. Него и сите негови мали братчиња, кои се исто така ситни, глупави и недораснати ќе ги развиваме.

-А зар мора да се умре, Степски Волку?
- Мислам да. Јас сум мошне задоволен со мојата среќа, и ќе можам да ја истрпам уште извесно време. Но, ако таа ми остави време да се разбудам и да го почувствувам копнежот , тогаш сиот мој копнеж нема да се стреми кон тоа да ја задржам таа среќа туку повторно да патам, само поубаво и не така бедно како порано. Копнеам по оние страдања, поради кои ќе сум готов да тргнам и во смртта.

Бев среќен и радосен што во моето изгорено срце се` уште можев да најдам нешто што заличува на чувство.

Збогувањето е убаво, создава пријатно расположение.

Во мене тлееше минатото, и слабо зрачеше едно во меѓувреме изгубено соѕвездие.

Јас не бев повеќе јас, мојата личност се стопи во занесот на свеченоста како сол во вода.

…го почувствувавме блискиот крај на задоволството…

Пред нејзиниот поглед, од кој како да ме гледаше сопствената душа, потона стварноста, дури и стварноста на мојата страсна потреба од неа. Како маѓепсани гледавме еден во друг, како маѓепсана гледаше во мене мојата ситна душа.

Степски волк - Херман Хесе
Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.
Кон врв
bluebell Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
the craziest

Регистриран: 14.Септември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 8041
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bluebell Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Февруари.2011 во 15:48


Ја држам за рацете и ја стискам врз моите гради. Пробувам својата прегратка да ја исполнам со нејзиниот шарм, со бакнежите да и украдам слатка насмевка, со своите очи да го испијам нејзиниот темен поглед.

Но каде е сето тоа? Кој може небото да го остави без неговото синило?
Пробувам да ја сфатам убавината, но таа ми бега и во рацете ми останува само телото.

Измамен и уморен се враќам.

Како може телото да го допре цветот, кој смее да го допре единствено душата?

Градинар- Тагоре

always look on the bright side of the life!
Кон врв
sneska_v Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Јуни.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3455
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sneska_v Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Февруари.2011 во 22:22
,, .. Постои една глетка што е поголема од морето, тоа е небото;
Постои една глетка што е поголема од небото, тоа е внатрешноста на душата.. ‘‘

( Клетници - Виктор Иго )
Кон врв
sneska_v Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Јуни.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3455
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sneska_v Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Февруари.2011 во 22:26
За предавство потребен е страв, за одмазда љубов, за умирање живот, а за копнеење - отсуство поприсутно од присуството треба да се има. Се копнее по нешто што нетука е, а секој миг пред очите ти е; нетука а тука - тоа ти бил копнежот.

пламенот кога се дели, се умножува како и љубовта, мил мој; оган е љубовта, оти колку повеќе го даваш, толку повеќе го имаш.

Внатре се наоѓа најкршливото нешто на светот; но иако кршливо, може да ја сломи секоја душа која не е подготвена за средба со него. Ќе дојде време, тајната сама ќе се отвори, кога страста ќе стане неподнослива; убавината е во одлагањето на задоволството.





Немаше никогаш да си простам ако те напуштев, ако се удавев, будалче мое, ќе умрев пред да се удавам, ќе умрев од скрб да не останеш сам, јас ќе умрев за тебе пред да умрам за мене.
ВЕШТИЦА - Венко А.
Кон врв
bluebell Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
the craziest

Регистриран: 14.Септември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 8041
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bluebell Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Март.2011 во 23:36
...имам четириесет години, лоша возраст, човек е сеуште млад за да има желби а веќе стар да ги остварува..... Зашто триесет години се младост, тоа сега го мислам кога неповратно се одалечив од неа, младост која од ништо не се плаши, па ни од себе. - "Дервиш и смрт" - Меша Селимовиќ
always look on the bright side of the life!
Кон врв
bluebell Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
the craziest

Регистриран: 14.Септември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 8041
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bluebell Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Март.2011 во 19:17
Ја оставаше без здив. Во него беше складирана сета романтика од џезерските песно во зачадените клубови, розите во цут, пролетното ветре. Романтиката на широките фустани, црвеното вино, бледите сеќавања, копнежите што те тераат да зарунениш и оние страстни бакнежи........
always look on the bright side of the life!
Кон врв
vanesa Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 19.Јуни.2007
Статус: Офлајн
Поени: 1588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај vanesa Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Март.2011 во 20:21
Милиони луѓе се слепи, односно психолошки и духовно слепи затоа што не знаат да станат она за што по цел ден размислуваат.Човекот е духовно слеп
кога мрази, кога е во лошо расположение или пак кога им завидува на другите.Тој всушност не знае дека лачи ментален отров кој може да го уништи.
Човекот почнува ментално и духовно да гледа кога ќе стекне нова перцепција на умот и кога ќе сфати дека во него постои Бескрајна интелигенција која реагира на неговата мисла и која може да ги разреши сите негови проблеми.
Светот крикнува:„Сакам да видам.„
                                                        Џозеф Марфи-Моќта на исцелувањето
Кон врв
sneska_v Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Јуни.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3455
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sneska_v Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Март.2011 во 22:56
Zazvoni telefonot.Dolgo zvonese.Konecno se javi.
On:Alo!
Ona: Zdravo,jas sum. Dolgo ne sme se slusnale,mnogu dolgo.
On: Ne mozam da veruvam deka toa si ti,no ti go prpoznav glasot,da.
Ona: Da, predolgo.Predolgo se dvoumev da go svrtam tvojot broj.Ni samata ne znam kako se naterav na toa sega.
Onсреќаa.
Ona: Go najdov tvojot nov broj na informacii.Cela sreka sto nema mnogu mazi so tvoeto ime.
On: (Tisina) Kako toa da me pobaras?
Ona: (Tišina) Pa, sakav da te cujam i da vidam kako si.
On: Posle tolku vreme da me prasas kako sum.Dobro sum,ide nekako.se zivee den po den.A ti?
Ona: Dobro sum.
On: Lazes,te osekam po glasot.Nikogas ne znaese da lazes.
Ona: Tebe ne.
On: Da, toa sekogas cinese kaj nas.Barem nikogas ne se lazevme.
Ona: Znaes… (Tišina) …nemam pravo toa da te prasam,no...dali nekogas se sekavas na mene?
On: (Tisina)
Ona: Ne moras da mi odgovoris ,postavuvam prasanja bez vrska.Premnogu vreme pomina.Si imas svoj zivot.
On: Se razbira deka se sekavam i ponekogas posakuvam da ne e taka.No,sekogas e isto. Ona: Se prasuvam zasto toa go napraviv.Zasto te izbrkav od sebe?Nikogas toa ne mi bese jasno.Mozebi previse se plasev deka ke bides kako i site drugi,deka na krajot ke otides i ti,pa te isterav.Te isterav,a edinstveno sakav da ostanes.
On: I jas go sakav samo toa-da ostanam.
Ona: Ja sum kriva za se.
On: Ne, nesi ti kriva. I jas mnogu brzo krenav race od tebe.Si otidov ponosno maski,i sega sedam sam i razmisluvam za toa kako mozese da bide da ostanev.
Ona: (Tišina) I, kako si ti, dali si zenet?Imas li familija?
On: Nemam. Se ozeniv,no posle dve godini se razvedov.Bese dobra,mila.Site zelbi mi gi ispolnuvase,no ne ja sakav.Se trudev da ja zasakam,no posle nekoe vreme sfativ deka toa e nevozmozno,pa ja pustiv da si odi.Sega e mazena,ima dve deca i srekna e.
Ona: A, ti zivees sam?
On: Da. Ziveam sam.Se nauciv na toa.Se naviknuva covek koga mora.
Ona: Da, se naviknuva covek.
On: A, sto e so tebe?
Ona: Ja sum sama. Uživam kako i sekogas. Dobro e.
On: Nikogas nema da se smenis.No,ne si srekna.
Ona: (Tisina)
On: Ne moraš toa da mi go kazes,te znam tolku.Pomirna si odkolku sto bese porano. Ona: Pa, bese vreme i jas malku da porasnam.
On: Da, koj bi rekol deka i ti nekogas ke porasnes i ke bides seriozna zena.
Ona: Da, morav i jas malku da porasnam.
On: Znaes,cesto razmisluvav za ova.Sonuvav deka ke zazvonis,deka ke se pojavis odnekade,onaka iznenadno.Zamisluvav kako ke bidam sreken ako povtorno te vidam ili slusnam(Tisina) i sum sreken.no istovremeno sum i potisten.
Ona: Zasto?
On: Zatoa sto sega mi e jasno deka nekoj raboti ne mozat da se vratat po staro.Se smenivme,ne sme veke deca.Ne sme veke taka mladi i polni so polet,vo sostojba da smenime se.
Ona: Znam, znam deka veke ne e isto,no...
On: Nema tuka veke "no",go znaes toa i samata.Ne moram toa jas da ti go kazuvam,porasnavme.
Ona: (Tišina) Znači… znači, koga ke ja spustam slusalicava....
On: Nema poveke da se slusame.Nema da te baram,a nema ni ti mene.Samo bi se povredile uste poveke.
Ona: Znači nema ni da se vidime?
On: Nema,taka e podobro za dvajcata.Podobro e da ne te vidam.
Ona: Bi sakala da te vidam.
On: Ne e rabotata vo toa deka ne sakam da te vidam.Go sakam toa poveke od se ,no znam deka ne smeam.Taka samo bi se povredil sebe,a i tebe.
Ona: Znam. (Tisina)
On: Ne sum te zaboravil,niti ke te zaboravam.Go znaes toa.Nikogas nema da te isteram od svoeto srce,nitu od svoite misli.Tamu ke te cuvam dodeka sum ziv.
Ona: (Tišina) No...
On: I nemoj sega da se prasuvas zasto.Nemoj edinstvena moja!Taka trebalo da bide.Sega najgolema greska bi bila da veruvame deka mozeme da prodolzime tamu kade sto zastanavme pred 12 godini.
Ona: Ne mozam ponatamu od togas.Od toj den.
On: Znam.
Ona: Ne sakav da bides nesreken.Prosti mi.
On: Ne si ti kriva.Ne mozes da se obvinuvas sto te zasakav,premnogu te zasakav.Ne si ti kriva sto ne mozam da zasakam druga.Ednostavno e taka.
Ona: (Tivko lipta)
On: Draga, vreme e da se pozdravime i da zavrsime so ovaa maka.Te molam,napravi go toa poradi sebe i poradi mene.Nema veke da se kaznuvame.Ok?
Ona: (Tivko lipta) Nemoj, nemoj da ja spustas slusalkata,te molam.
On: (Tisina) Nemoj da places.
Ona: (Tivko lipta) Te sakam!
On: I jas tebe, no ne mozeme vaka.Ne mozeme povtorno da gi otvarame starite rani. Nemoj… nemoj poveke da mislis na toa. Zivej go zivotot!Zivej i seti se na mene koga ke spies,tamu mozeme da bideme zaedno.Tamu te cuvam sekoja nok.Tamu imame po 22 godini i nisto ne moze da ni se sluci.
Ona: Ne go sakam ova,ne sakam da te snema.
On: Znam. Ni jas toa ne go sakam ,no znam deka toa e najpametno.A, go znaes i ti toa,samo sto sega ne sakas toa da go priznaes.
Ona: Ne mozam da ja spustam slusalkava
On: Togas ke ti pomognam uste ovoj pat,sakana moja.Ke te pozdravam i ke ti kazam deka sekogas ke mi bides vo mislite i vo srceto.Zivej ,sreko moja.zivej!Te sakam!(Spustena slusalka)
Ona: (Lipta) I jas tebe te sakam. (Lipta)
Pominaa 40 godini.Nikogas poveke ne razgovaraa nitu se vidoa.Togas on umre.Na negoviot spomenikvo dolniot desen agol.imase malo izgravirano srce,a pored nego zborovite:Ova srce i pripagase samo na nea.Pokraj toa stoese i datumot na nivniot telefonski razgovor.Toa ladno zimsko utro na grobot liptase pobelena starica i tivko placese. Solzite i tecea niz nejzinoto zbrckano lice.a nejziniot zdiv bese edinstveno nesto sto bese toplo.Vo koscestite race drzese edinstveno crvena ruza.Dolgo taka nepodvizno klecese.Potoa se navedna,ja bakna ruzata i ja stavi na grobot.Si otide poleka vo dalecinata. Poleka...Poleka.kako da ne saka da si odi.Sekoja godina dovagase na toj den i nosese ruza.Sekogas se zadrzuvase edno petnaesetina minuti i povtorno isceznuvase. Edna godina staricata ne dojde.Ja nemase staricata. Ja nemase ni ruzata. Samo prazen grob i sneg na nego. No, taa nok zvezdite neobicno silno svetea.Svetea zasto poveke nemase taga,zatoa sto najposle bea zaedno tamu kade sto edinstveno mozea da bidat srekni zaedno-vo vecnosta.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 3233343536 46>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 1,000 секунди.