IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Уметност , култура и традиција
  Активни теми Активни теми RSS - Ваша песна,состав или што било напишано
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Ваша песна,состав или што било напишано

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 125126127128129 138>
Автор
Порака
bluebell Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
the craziest

Регистриран: 14.Септември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 8041
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bluebell Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Февруари.2011 во 21:21
taa se baknuva, jas pak mislev napishala neshto!
always look on the bright side of the life!
Кон врв
zbunet Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Претседник Зеленковски

Регистриран: 24.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 15549
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zbunet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Февруари.2011 во 15:45
Не сум таков јас

Ме прашуваш
зошто ми е дрво
зошто ми е камен
секогаш кога ќе те видам.
Дрво во двор да ти насадам
на него да се потпишеш
на него да се задржиш
кога е стрмно и лизга
и твое е засекогаш.
Со каменот
куќичката да ти ја доградам
а и дрвото кога ќе се запали
каменот ќе се стопли
топло и внатре да ти биде.
Се смешкаш
велиш дека многу со симболика се служам
дека нешто друго кажувам
те гледам чудно
ама се смешкам
не сум таков
ти велам јас.
Кон врв
Kali Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Storyteller

Регистриран: 30.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4947
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Kali Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Февруари.2011 во 15:52
Originally posted by zbunet zbunet напиша:

Здивени бакнежи

Јато здивени бакнежи ти праќам
помалку и грицкаат
прерамки буткаат
копчиња откопчуваат
внатре се устремуваат
не се сопираат,
такви се
бргу огладнуваат,
ама што да им правам
какви се, такви се,
мои се.
Жртва нивна си
само за тебе ми зборуваат,
се облизнувааат,
на твојот мирис ме потсетуваат,
знам,
претеруваат,
а не можам да ти помогнам
и со мене владеат.



бакнеж   бакнеж    бакнеж
Кон врв
N.Nikolina Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 14.Февруари.2011
Статус: Офлајн
Поени: 118
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај N.Nikolina Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Февруари.2011 во 00:42

"Страста е душа на секое создавање.

Со неа како занес се обликува садот,
со неа како вознес се исполнува неговата содржина.
Ноќта е време на очајници,богови,месечари,ангели и демони,
време на творците од различен калибар.
Во ноќта јас сум Алиса во паркот
на ангелите и демоните на творечкиот чин..."
 
Лудилото може да се нарече сон на оној што е буден.
Кон врв
zbunet Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Претседник Зеленковски

Регистриран: 24.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 15549
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zbunet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Февруари.2011 во 10:15
Изгрејсонце

Пружаш алишта
одзади те гледам
изгрејсонце меѓу нозе твои се појавува
додека пружаш
пупка расцутува
насмевка ми се разбудува,
шумно дишам
се вртиш
ме погледнуваш
со раката ко вртелешка вртиш
заканувачки со главата климаш
постар чичко со бел мантил ми спомнуваш.
Со веѓа мрдам и намигнувам
со глава кон кревет покажувам
со рака - вртелешка ми возвраќаш
за алишта недопружани ми спомнуваш,
ама ќе се подадеш
предчувствувам.
Кон врв
zbunet Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Претседник Зеленковски

Регистриран: 24.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 15549
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zbunet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Февруари.2011 во 16:26
Не оди си (Краток нихилистички осврт)

Не оди си,
тука никому не му е гајле за тебе,
таму секако ќе успееш
можеби и среќа од срце ќе ти сакаат
тука само ќе ти завидуваат
ќе глумат,
а ќе те мразат,
зарем не е вака повозбудливо?
Не оди си,
можеби таму не ќе има кој да те повреди или излаже,
насмеана по цел ден
до остареност на столица ќе се лулаш
со тивок залез на сонцето
до тебе некој со љубов ќе те погледне
за рака ќе те стисне
ќе ти шепне дека те сака,
а потоа чопор твои успешни деца
стотиот роденден ќе ти го честитаат.
Не оди си,
тука секогаш можеш да бидеш ограбена или осиромашена
тука со циганите исти сме,
купи ден, продај,
а таму ни тие не се цигани
каков ли живот е тоа?
Не оди си,
нема да знаеш што си пропуштила,
а нема ни да сакаш да знаеш,
само понекогаш престрашена од сон ќе се разбудиш,
нашиот живот траги остава
кај тебе недовршени ќе останат,
ќе раскажуваш,
како од Титаник да си се спасила.
Не оди си,
дури и јас ти личев на посебно нешто
сега знаеш дека не е така,
а таму можеби сите се посебни
и секогаш ќе знаеш дека е така
не оди си,
тука никогаш на подобро нема да се промени
од никој од нас, човек нема да биде.
Кон врв
zbunet Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Претседник Зеленковски

Регистриран: 24.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 15549
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zbunet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Февруари.2011 во 11:05
Млитав и мек

Сега можам
само млитаво да те сакам
таму каде бев
ме исцицаа,
гушни ме,
дај ми да цицам од тебе
насмевка да ми се врати,
тврдо да те зграбам,
во неочекуван момент
додека мислиш дека дремам
додека очекуваш да клапнам на страна
како лигав и мек.
Приближи се поблиску
дај ми енергија
да цицнам уште малку
нешто во мене почнува да ржи
се чувствува.
Кон врв
N.Nikolina Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 14.Февруари.2011
Статус: Офлајн
Поени: 118
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај N.Nikolina Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Февруари.2011 во 15:31
Originally posted by zbunet zbunet напиша:

Не оди си (Краток нихилистички осврт)

Не оди си,
тука никому не му е гајле за тебе,
таму секако ќе успееш
можеби и среќа од срце ќе ти сакаат
тука само ќе ти завидуваат
ќе глумат,
а ќе те мразат,
зарем не е вака повозбудливо?
Не оди си,
можеби таму не ќе има кој да те повреди или излаже,
насмеана по цел ден
до остареност на столица ќе се лулаш
со тивок залез на сонцето
до тебе некој со љубов ќе те погледне
за рака ќе те стисне
ќе ти шепне дека те сака,
а потоа чопор твои успешни деца
стотиот роденден ќе ти го честитаат.
Не оди си,
тука секогаш можеш да бидеш ограбена или осиромашена
тука со циганите исти сме,
купи ден, продај,
а таму ни тие не се цигани
каков ли живот е тоа?
Не оди си,
нема да знаеш што си пропуштила,
а нема ни да сакаш да знаеш,
само понекогаш престрашена од сон ќе се разбудиш,
нашиот живот траги остава
кај тебе недовршени ќе останат,
ќе раскажуваш,
како од Титаник да си се спасила.
Не оди си,
дури и јас ти личев на посебно нешто
сега знаеш дека не е така,
а таму можеби сите се посебни
и секогаш ќе знаеш дека е така
не оди си,
тука никогаш на подобро нема да се промени
од никој од нас, човек нема да биде.
 
големо%20гушкање
Лудилото може да се нарече сон на оној што е буден.
Кон врв
bel lav Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 06.Јуни.2009
Статус: Офлајн
Поени: 1
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bel lav Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Февруари.2011 во 11:03

hi hi

Кон врв
zbunet Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Претседник Зеленковски

Регистриран: 24.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 15549
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zbunet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Февруари.2011 во 12:44
Бакнеж кој врие

Гледам дим
оган нема
тоа од ушиња пареа ти излегува,
дај да те гушнам
ушиња да ти бацам,
а ти се тргаш
да бегам ми викаш.
Ама ти си мојот образ,
зар ти личам на таков
кој сака шамари да си мава?
Ти си мојата душа,
зар ти личам на некој,
кој сака вампир без душа да биде?
Не ме разбирај погрешно
тогаш ни сам нема да можам да се разберам,
само гушни ме
тоа го барам цело време.
Ќе кенкаш малку
ама ќе ти се излигавам
да ми простиш мораш,
иако не знам за што.
не е важно,
крив сум,
само исправи се,
знам дека и погача сакам
се гледа дека сакам и да ме бакнеш
со спремни усни те чекам.
Кон врв
Andjelina Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Miss High Hill’s

Регистриран: 07.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 14129
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Andjelina Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Февруари.2011 во 20:30
Originally posted by bel lav bel lav напиша:


hi hi


hi и на тебе
и ајде,повели распишувај се
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува

Кон врв
zbunet Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Претседник Зеленковски

Регистриран: 24.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 15549
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zbunet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Февруари.2011 во 11:14
Шизик
 
Ти седиш
јас те гледам
врапче сум
гледам трошки во твоето крило.
Сакам да слетам
често прекрстуваш нозе
се плашам да не ме натиснеш.
Цел ден би те колвал
не би застанал
низ тебе би потскокнувал
на увце би ти запеал
од тебе би се трлал
среќен во твоето крило би заспал
дур пердуви ми чешкаш.
Отвори ми прозор
ќе ризикувам
што и’ да ми правиш
ќе издржам
шизик сум.
Кон врв
zbunet Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Претседник Зеленковски

Регистриран: 24.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 15549
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zbunet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Февруари.2011 во 17:29
Чукање

Отвори ги очите
или затвори ги
секако ќе ме видиш.
Побарај некоја слика друга
ниедна нема така да те привлече,
мислите секогаш ќе ти лутаат немирно
што и да правиш,
додека ме има
мир нема да имаш.
Премногу работи заедно направивме
премногу работи се врежаа,
со мене премногу работи имаш
со мене полна си.
И ако ти е,
нека ти е,
мислиш поарно ми е?
Се збудалев по тебе,
може и повеќе
низ мојот крвоток се возиш,
го зовриваш,
од срцето мое тапан правиш,
кога ли последен пат
мирно чукаше?
Да се сетам невозможно е,
насетувам само,
ако те снема,
најмирно ќе застане
како никогаш да не чукало.
Кон врв
kejt-d-grejt Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 6228
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kejt-d-grejt Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Февруари.2011 во 17:42
се' што е убаво во животот е поезија. сето друго е проза
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 125126127128129 138>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,223 секунди.