IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Храната како лек!
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Храната како лек!

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 45678 12>
Автор
Порака
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Декември.2010 во 14:30

Пашканатот добар за срце и за диета

Пашканатот е диуретик, го регулира и крвниот притисок, но и ја забрзува борбата против целулитот. Според своите прехранбени и лековити својства, тој спаѓа во редот на највредните зеленчукови култури. Но, за жал, во многу наши краишта тој е речиси непознат, а и таму каде што е познат, се користи, главно само како додаток во супите. Енергетската вредност во 100 грама пашканат одговара речиси на енергетската вредност на 100 мл млеко - 75 калории.
Од другите видови коренест зеленчук, пашканатот се разликува по високата содржина на минерални состојки. Речиси половина од нив отпаѓа на калиумот што е од посебно физиолошко значење. Калциум и фосфор има подеднакво, а покрај тоа е богат и со магнезиум, сулфур, железо и бакар. Натриум има релативно малку, што го вбројува во редот на важните диетални продукти. Од витамините најмногу има витамин Ц и бета каротин.
Коренот и семето од пашканатот се извонреден диуретик, го поттикнуваат излачувањето на мочта, во елиминирањето на гасовите од желудникот и цревата, го регулираат крвниот притисок, а се користи и за поттикнување на апетитот. Ако густа супа од пашканат и праз се јаде подолго време, нејзиното диуретично дејство значително ќе влијае врз намалувањето на телесната тежина и ќе ја забрза борбата против целулитот.

Кон врв
sneska_v Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Јуни.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3455
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sneska_v Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Декември.2010 во 22:08
Пуканките се супер храна

Секако дека секоја храна може да се уништи со претерано додавање на сол или маснотии, но ако не се претрува со додатоците пуканките се одлични за крвните садови, органите за варење, а превенираат и од рак.

04-05-10hrana1.jpg

„Повеќето луѓе не знаат дека пуканките се житарици со полно зрно кои го намалуваат ризикот од срцев удар или рак, а само 30 грама пуканки се подеднкво добри како и порција кафев ориз или интегрални тестенини“, вели Catherine Collins, главниот нутриционист во лондонската болница St George.

Пуканките содржат три пати повеќе хранливи влакна отколку истата количина на сончогледово семе заради што многу подолго време ќе се чувствувате сити. Освен тоа пуканките го регулираат и нивото на шеќер во крвта, го намалуваат штетниот холестерол, а содржат и витамин Б.

Истражувањето објавено во научното списание „American Chemical Society“ сугерира дека вистинската вредност на пуканките се крие во изненадувачки големата количина на полифеноли кои ги уништуваат слободните радикали кои предизвикуваат сериозни заболувања како рак и срцеви проблеми.

Секако сета позитивно влијание може лесно да се уништи со премногу сол, шеќер или масти. Затоа внимателно со додатоците.

Кон врв
brbrbr Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 21.Септември.2010
Статус: Офлајн
Поени: 38
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brbrbr Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Декември.2010 во 22:09
decki pozdrav do site imam mnogu visok bilirubin dokolkunekoj znae da mi preporaca nekoj caj nekoja posebna hrana ili nekoj zrnesti plodovi neka mi pise licna poraka
blagodaram
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Декември.2010 во 05:24

Јачменот - совршен појадок

Јачменот е најделотворниот продукт за намалување на холестеролот, а може да се додаде во супите или да се јаде како каша за појадок. Добро е житните снегулки да се зачинат со цимет, кој го намалува шеќерот во крвта, а од млечните напивки најдобар е кефирот. Одличен додаток на житните снегулки се јаткастите плодови, кои помагаат во спречувањето на разните болести, од рак до мозочен удар, а извонредно дејствуваат и врз здравјето на бабулето.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Декември.2010 во 12:52

Печената риба го чува срцето

Редовното земање на туна или на други печени риби може да биде едноставна, но значајна бариера за стеснувањето на крвните садови и на срцевиот мускул кај постарите лица. Рибата подготвена на скара или печена во рерна го намалува ризикот од смртоносната срцева аритмија. Меѓутоа, ова не важи ако рибата е пржена во масло.
Предноста на печената риба се крие во масната киселина омега-3, која на овој начин не се губи како што исчезнува ако се пржи во масло, сметаат истражувачите.
Киселините омега-3 се значајни, зашто го намалуваат широкиот спектар на срцеви проблеми, а исклучително се важни за развојот и функцијата на мозокот.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Февруари.2011 во 14:43
Брокули против херпес

Еден елемент кој го содржат брокулите и зелката може да биде исклучително ефикасно средство против вирусот на херпесот.
Според истражувањето на Медицинскиот факултет во Рутстаун, Охајо, споменатиот зеленчук содржи индол-3-карбинол, елемент што целосно го спречува развојот на вирусот на херпес симплекс.
Индол -3-карбинолот дејствува така што го спречува репродуцирањето на вирусот, а бидејќи е природна состојка на споменатите растенија, тој е безбеден за користење и не остава несакани последици.

Изменето од емил - 24.Февруари.2011 во 14:43
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Февруари.2011 во 12:53
 

ТОП 10 ПРОДУКТИ – НАЈДОБРИ ПРИЈАТЕЛИ НА ВАШЕТО СРЦЕ

  1. ОВЕСНИ СНЕГУЛКИ: Започнете го денот со чинија овесни снегулки полиени со врела вода, млеко или јогурт. Овесните снегулки се полни со омега 3 маснотии и калиум. Овесната каша е полна со витамин Б и растителни влакна.  Го намалува „лошиот холестерол“, богати се со цинк, селен, витамин Е, железо, бакар и магнезиум.
  2. ЛОСОС: Супер богат со омега 3 масни киселини, лососот многу успешно го намалува високиот крвен притисок и го спречува згрутчувањето на крвта. Лососот содржи „carotenoid astaxanthin“ што е многу моќен антиоксиданс. Ако лососот не Ви се допаѓа толку многу, можете да одберете други риби како што се туната(секако, не таа во конзерва), сардина или харинга кои се исто така полни со омега 3 масни киселини.
  3. АВОКАДО: Додадете малку авокадо во салата или сендвич и ете ви незаситени масти кои ги има авокадото. Помага при намалување на „лошиот холестерол“ а во исто време го подигнува нивото на добриот холестерол.
  4. МАСЛИНОВО МАСЛО: Најдобар пријател на Вашето срце. Голем другар на секој дел од Вашето тело. Полно со незаситени масти, маслиновото масло го намалува „лошиот холесерол“ и го штити Вашето срце од секакви болести. Многу студии покажале дека мажите на Крит имаат многу добра крвна слика, речиси и да немаат случај на заболен од срцева болест и добар процент на „добар холестерол„ во крвта што е резултат на честата употреба на маслиновото масло во секојдневната исхрана. Секогаш одберете го ладно цеденото маслиново масло (EVOO) кое е најмалку преработено и употребувајте го како ефикасна замена за сончогледовото масло и путерот.
  5. ЈАТКАСТИ ПЛОДОВИ: Оревите се полни со омега 3 масни киселини и заедно со бадемите и макадемија се богати со незаситени масти. Тие ги зголемуваат растителните влакна во вашата исхрана. И како маслиновото масло, јаткастите плодови се одличен извор на здрави масти.
  6. ШУМСКО ОВОШЈЕ: Боровинки, капини, малини, јагоди… што и да изберете нема да погрешите. Сите овие овошја се полни со антиоксиданси кои го намалуваат ризикот за појава на рак и срцеви заболувања. Одлични се за кардио-васкуларниот систем.
  7. МЕШУНКИ: „Набилдајте„ се со растителни влакна преку конзумирање на леќа, грав, наут… Богати се со омега 3 масни киселини и калциум.
  8. СПАНАЌ: Конзумирањето спанаќ го изедначива и урамнотежува отчукувањето на срцето. Полн со калиум, растителни влакна и железо, спанаќот е одличен зеленчук кој ќе го зајакне вашето срце. Две до три порции зеленчук на дек ја намалува можноста за заболувања на срцето за 25% во однос на оние кои не конзумираат толку.
  9. ЛЕНЕНО СЕМЕ: Ленот е полн со омега3 масни киселини и растителни влакна. Само неколку семиња од лен во вашата салата, супа или врз вашата овесна каша за појадок, можат да направат толку многу за вашето срце.
  10. СОЈА: Сојата го намалува холесеролот и е одлична замена за месо, бидејќи е многу богата со протеини. При купување на соја внимаавјте на солта која ја содржат. Колку помалку сол , толку подобро за вашето срце.
 
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Март.2011 во 00:50

Бананата ги јакне мускулите

Иако ја има во текот на целата година, бананата особено е популарна во зима кога понудата на овошје е намалена. Лесна е за варење, а им годи и на бебињата и на постарите лица. Содржи многу хранливи состојки, како што се овошниот шеќер, скроб, витамините Ц, Б1 и Б6 кои се добри за виталноста и нервната урамнотеженост. Потоа, тука се и калиумот и магнезиумот, неопходни за метаболизмот на клетките и за јакнење на мускулите. Поради тие квалитети ова овошје посебно е ценето кај спортистите. Излупена, бананата е тешка околу 100 грама и содржи исто толку калории.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Март.2011 во 15:49

Моркови и сливи за совршен тен

Луѓето кои јадат овошје и зеленчук со јаки бои, како што се морковите и сливите, се попривлечни, укажува истражувањето на британските и на белгиските научници. Тие ја истражувале врската помеѓу бојата на тенот и привлечноста и откриле дека останатите ги доживуваат луѓето со жолтеникав тен како поздрави и, со самото тоа, попривлечни. За таа жолтеникава нијанса на кожата се виновни жолтите пигменти или каротеноидите кои се наоѓаат во одреден вид овошје и зеленчук. Доктор Иан Стефен, еден од научниците кои работеле на проектот, се надева дека резултатите од истражувањето би можеле да ги поттикнат младите да јадат повеќе овошје и зеленчук, особено кога се знае дека за видливите резултати се доволни два месеца јадење, на пример, моркови. Доктор Иан Стефен вели дека е доволно само да им кажеме на младите:
"Ќе изгледате многу попривлечно за само два месеца ако јадете повеќе овошје и зеленчук

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Март.2011 во 05:36
Грашок - за одморни очи

Поради студот, се почесто остануваме закопани пред телевизорот, компјутерот. Тоа ги заморува очите, па така треба да се обрне што повеќе внимание на исхраната, која го штити видот. Затоа, на трпезата треба да се најдат продукти кои изобилуваат со витамин А, а меѓу нив се грашокот, зелката...

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Март.2011 во 06:46
Фефероните помагаат против настинка

Познато е дека пиперките се вистински рудник на витамините А и Ц, без оглед дали станува збор за оние црвените, жолтите, големите или малите. Лутината помага при настинка, зашто го стимулира исфрлувањето на секретот со кивањето и кашлањето. А сега е докажано дека содржи и супстанција која ги намалува болките.
Станува збор за капсаицин, хемикалија која ги парализира нервните завршетоци и така спречува болните сигнали да стигнат до мозокот. Испитувањата покажаа дека кремовите изработени врз база на оваа супстанција ја ублажуваат мигрената на неколку дена, па дури и недели

Кон врв
HerbaLife_yes Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 07.Март.2010
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај HerbaLife_yes Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Март.2011 во 23:22
Со учество во анкетата за здрави животни навики, имате можност да освоите награда во вредност од 1.500 денари, Повелете. Kликнете на линкот и уживајте.

http://FreeOnlineSurveys.com/rendersurvey.asp?sid=bgsglale41ocqyu881622
HerbaLife
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Март.2011 во 05:45
Лимонот ја лечи главоболката

Главоболката често може да е предизвикана од одредена храна или алергиската реакција на некои од продуктите кои што сме ги консумирале.

Научниците по последните спроведени истражувања објавија дека за разлика од некои продукти кои можат да предизвикаат главоболка, лимонот ја ублажува болката.

Во овој случај наместо апче против главоболка, земете лимон. Потребно е да исцедите лимон во чајот што го пиете и тој веднаш ќе ја ублажи болката во главата.

Исто така, кората од лимонот, изрендана во фина смеса може да се користи како облога за глава, а најефикасно делува како ублажувач на главоболката предизвикана од температура.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Март.2011 во 00:34

Чистете ги вените со семки

Семките од тиква и од сончоглед се многу поздрави од другите индустриски грицки. Тие изобилуваат со полинезаситени масни киселини кои го намалуваат нивото на холестеролот, го намалуваат високиот крвен притисок и спречуваат тромбоцитите да се таложат на местото на оштетениот крвен сад, па со самото тоа спречуваат и да се создаде тромб.

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 45678 12>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,156 секунди.