|
ПОПИС 2011-та во Македонија... |
Внеси реплика | страница 123> |
Автор | |
novace
Сениор Регистриран: 06.Август.2007 Статус: Офлајн Поени: 3067 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 21.Февруари.2011 во 22:38 |
Се очекува ...во почетокот на Април месец годинава да започне најголемата статистичка операција во државата Македонија..
Се околу ПОПИСОТ 2011 година и настаните поврзани со него...
Еве ги и првите..или можеби само дел од настаните , а кои (ќе) го следат:
ЕТНИЧКИТЕ ЗАЕДНИЦИ САКААТ ДА УЧЕСТВУВААТ ВО ПОПИСНИТЕ КОМИСИИ
Сите бараат сами да се пребројуваат
Изменето од novace - 21.Февруари.2011 во 22:40 |
|
Не сум доктор , ама стално сум опкружен со пациенти
|
|
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Не викајте ме Торбеш
Прекрасно интервју, околу кое, ние Македонците, мора особено да се замислиме и да не дозволиме со нашиот однос да го сториме она што не им успеа на сите окупатори на македонскиот народ, а тоа е да го разпарчиме сопствениот народ. |
|
Diogen
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2009 Статус: Офлајн Поени: 355 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Темата е за статистичка операција, би рекол рутинска процедура во секоја држава. Пописот се врши со цел да се види со што располага земјата, со какви човечки и материјални ресурси располага, за да може да креира здрав економски план за развој.
Е, ама ова е Македонија, и нормално е да ништо не е нормално. Од ова правиме висока политика, пребројување на етнички заедници и лицитирање со бројки, бојкоти и.т.н. Доказ дека навистина не сме нормални..... Очигледно е дека нокого не го интересира како понатаму, туку си тера дневнополитичка агенда. Секој сака да си го попишува својот етнос, доказ дека не функционираме како држава , туку како творба на племиња, кои сами си се пробројуваат и се пазарат како ќе владеат, секако со „пропорционален“ удел, класично ценкање како на пазар. Не гледам потреба од бадијала трошење на пари за пописот, зашто што и да се попише, бројките се веќе договорени и све е само обична лакрдија... Затоа, баталете го пописот, никаков ќар од тоа во оваа Македонија.... |
|
novace
Сениор Регистриран: 06.Август.2007 Статус: Офлајн Поени: 3067 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Па ако сме некаква си држава..баш затоа и (не смееме и) не треба да го „баталиме„ ПОПИСОТ.
Тој е:
Нашето ОГЛЕДАЛО..во даден временски оквир
|
|
Не сум доктор , ама стално сум опкружен со пациенти
|
|
Diogen
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2009 Статус: Офлајн Поени: 355 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ако мислиш на сликата што сакаме да ја видиме во огледалото, попис ќе има, ама ако ја погледнеме вистинската слика во огледалото, отиде огледалото.... Затоа батали попис, да не кршиме бадијала огледала, поубаво да заштедиме пари, резултатите од пописот веќе се знаат... |
|
novace
Сениор Регистриран: 06.Август.2007 Статус: Офлајн Поени: 3067 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ова е највеќе за ПП „дискусија„..
НО ...овојпат правам ИСКЛУЧОК
|
|
Не сум доктор , ама стално сум опкружен со пациенти
|
|
DameMak
Сениор Регистриран: 24.Јуни.2009 Статус: Офлајн Поени: 617 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
На секои 10 години Европа прави попис.
1991 - Цела Европа се попишува, а во Македонија имаше самостојност, превривања, албанците бојкотираа попис, па мораше во 1993 или 1994 уште еднаш да се попушуваме. 2001 - Цела Европа се попишува, а во Македонија имаше превирања, војна, албанците бојкотираа попис, па мораше во 2003 уште еднаш да се попушуваме. 2011 - Цела Европа ќе се попишува, Османи и Тачи побараа кај нас да не важеле европските правила и да сме се попишувале кога никој друг тоа не го прави. Не им помина тоа, ама сега излегува дека може во Македонија ќе имаме избори за време на попушување. Хмм - да не е ова некако дежа ву на секои 10 години? Да не крие некој нешто? |
|
Diogen
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2009 Статус: Офлајн Поени: 355 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Само уште еден пример за црно сценарио во однос на етничката нота на Македонскиот попис годинава:
Замисли, голем дел од Македонците да се изјаснат како Бугари (нивно лично право, а со оглед на еуфоријата за БГ пасоши, веројатно)...Замисли да излезат над 20% Бугари во Македонија-дали им следува официјален јазик, правична застапеност во администрација и секаде, и тоа со најмалку 20% застапеност? Проблем, економските ефекти од рамковната политика, благодарејќи на „пописот“ веќе се гледаат, а тек ќе биде интересно.... Тоа нашата перцепција за статистичкатаоперација наречена попис- како најлесно до државна работа и секави привилегии, на корист на оние другите, кои „погрешно“ се изјасниле.... И на минатиот попис, меѓунардни набљудуваши укажаа на сосема други бројки на етничките групи, ама сликата не одговараше, па огледалото го скршивме, и си направивме резултат по волјата наша, според потребите за да се добие промена на уставот.... |
|
Diogen
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2009 Статус: Офлајн Поени: 355 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Сепак, и покрај она погоре, јас сум за да се одржи попис, но само ако е ослободен од политичка стега и контрола, затоа што е корисна статистичка операција , за заеднички интерс на сите во Македонија..
Но, дали таков попис е можен? Мое мислење е дека во овој момент не, затоа мислам дека во овој момент е промашена работа, ќе се потрошат парите наменети за тоа, и пак ќе имаме крива слика за нашата состојба... |
|
novace
Сениор Регистриран: 06.Август.2007 Статус: Офлајн Поени: 3067 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Се надевам..дека зборуваш за МИНАТО СВРШЕНО ВРЕМЕ..
повторувам СЕ НАДЕВАМ..
пс
За „фабричките„ (сите) грешки кај нас..се надевам дека ќе си одговараат соодветно , тие кои ги сториле..да си имаме вакво КЛИМАВО ДРЖАВИЧЕ..а едно време (ни) беа преставувани како:
СЕРИозни луѓе за СЕРИозни времиња...
|
|
Не сум доктор , ама стално сум опкружен со пациенти
|
|
Diogen
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2009 Статус: Офлајн Поени: 355 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
СЕ НАДЕВАМ дека сите случувања од претходни пописи ќе бидат МИНАТО СВРШЕНО ВРЕМЕ, и дека конечно Македонија ќе организира попис по сите стандарди и прописи.
Како граѓанин на оваа земја, без разлика на моето нацинално чувство, најбитно ми е да ја видам реалната слика на мојата земја. Но, со самото тоа што темата за пописот е ставена во делот на политика, јасно е чувството дека сепак се работи за политичка тема (и тоа млку вжештена деновиве), а не за економска тема, каде што сметам дека и е реално местото... Но пак ќе повторам, не сум убеден дека во моментов сме вољни да спроведеме реален попис.... Ќе бидам пресреќен ако успее некој да ме разубеди... |
|
Andjelina
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Miss High Hill’s Регистриран: 07.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 14129 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
да,пописот е нашето огледало...во даден временски оквир
но штетата е што нашето огледало има искривена слика |
|
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува
|
|
*moon*
Сениор Регистриран: 27.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7657 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ништо ново.........
|
|
Diogen
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2009 Статус: Офлајн Поени: 355 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Некои цитати за годинашниов попис:
" - Сите пописи досега биле и ќе бидат и политичка операција с` додека бројките го определуваат политичкиот статус на заедниците. Зошто по секоја цена, условно кажано, македонската заедница инсистира задолжително, над речиси секој попишувач да има свој тутор? Ризикот од тоа туторство е еден од попишувачите да не го потпишува пописниот лист, со што тој ќе стане невалиден. Сета контрола е во рацете на мнозинската заедница - потенцира Беџети." “Владејачката ДУИ завчера соопшти дека земајќи ја предвид етничката структура во земјава, овој процес треба да биде базиран врз политички и меѓуетнички консензус.“ “- На сите четири нивоа на спроведување на пописот ќе има застапеност на соодветни етнички заедници. Ако некој од попишувачите не го потпише пописниот лист на некој граѓанин, тоа ќе се провери. Доколку се утврди дека тоа е направено неосновано и тенденциозно, на тој попишувач му се заканува и затворска казна од пет години - објасни Јаневска. “ Извор - http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=8F17F2893C0E2144962F5EF393A1E49E Ова ако е статистика.... И некој овде во оваа држава збори за ЕУ интеграција... Вакво пазарење нема никаде во свет.... Резултат од претходниот циркус наречен попис: http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=E954DEF56CD2434890B3ABBF37025B9B А овие глупости ги плаќаме сите ние, не знам дали да ја оценам работава како трагедија или комедија...... Македонија - и све е можно..... |
|
Внеси реплика | страница 123> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |