![]() |
|
Ваша песна,состав или што било напишано |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 125126127128129 138> |
Автор | |
bluebell ![]() Сениор ![]() ![]() the craziest Регистриран: 14.Септември.2007 Статус: Офлајн Поени: 8041 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
taa se baknuva, jas pak mislev napishala neshto!
![]() ![]() |
|
always look on the bright side of the life!
|
|
![]() |
|
zbunet ![]() Сениор ![]() ![]() Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Не сум таков јас
Ме прашуваш зошто ми е дрво зошто ми е камен секогаш кога ќе те видам. Дрво во двор да ти насадам на него да се потпишеш на него да се задржиш кога е стрмно и лизга и твое е засекогаш. Со каменот куќичката да ти ја доградам а и дрвото кога ќе се запали каменот ќе се стопли топло и внатре да ти биде. Се смешкаш велиш дека многу со симболика се служам дека нешто друго кажувам те гледам чудно ама се смешкам не сум таков ти велам јас. |
|
![]() |
|
Kali ![]() Сениор ![]() ![]() Storyteller Регистриран: 30.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4947 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
![]() ![]() ![]() |
|
![]() |
|
N.Nikolina ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 14.Февруари.2011 Статус: Офлајн Поени: 118 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
"Страста е душа на секое создавање. Со неа како занес се обликува садот,
со неа како вознес се исполнува неговата содржина.
Ноќта е време на очајници,богови,месечари,ангели и демони,
време на творците од различен калибар.
Во ноќта јас сум Алиса во паркот
на ангелите и демоните на творечкиот чин..."
|
|
Лудилото може да се нарече сон на оној што е буден.
|
|
![]() |
|
zbunet ![]() Сениор ![]() ![]() Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Изгрејсонце
Пружаш алишта одзади те гледам изгрејсонце меѓу нозе твои се појавува додека пружаш пупка расцутува насмевка ми се разбудува, шумно дишам се вртиш ме погледнуваш со раката ко вртелешка вртиш заканувачки со главата климаш постар чичко со бел мантил ми спомнуваш. Со веѓа мрдам и намигнувам со глава кон кревет покажувам со рака - вртелешка ми возвраќаш за алишта недопружани ми спомнуваш, ама ќе се подадеш предчувствувам. |
|
![]() |
|
zbunet ![]() Сениор ![]() ![]() Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Не оди си (Краток нихилистички осврт)
Не оди си, тука никому не му е гајле за тебе, таму секако ќе успееш можеби и среќа од срце ќе ти сакаат тука само ќе ти завидуваат ќе глумат, а ќе те мразат, зарем не е вака повозбудливо? Не оди си, можеби таму не ќе има кој да те повреди или излаже, насмеана по цел ден до остареност на столица ќе се лулаш со тивок залез на сонцето до тебе некој со љубов ќе те погледне за рака ќе те стисне ќе ти шепне дека те сака, а потоа чопор твои успешни деца стотиот роденден ќе ти го честитаат. Не оди си, тука секогаш можеш да бидеш ограбена или осиромашена тука со циганите исти сме, купи ден, продај, а таму ни тие не се цигани каков ли живот е тоа? Не оди си, нема да знаеш што си пропуштила, а нема ни да сакаш да знаеш, само понекогаш престрашена од сон ќе се разбудиш, нашиот живот траги остава кај тебе недовршени ќе останат, ќе раскажуваш, како од Титаник да си се спасила. Не оди си, дури и јас ти личев на посебно нешто сега знаеш дека не е така, а таму можеби сите се посебни и секогаш ќе знаеш дека е така не оди си, тука никогаш на подобро нема да се промени од никој од нас, човек нема да биде. |
|
![]() |
|
zbunet ![]() Сениор ![]() ![]() Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Млитав и мек
Сега можам само млитаво да те сакам таму каде бев ме исцицаа, гушни ме, дај ми да цицам од тебе насмевка да ми се врати, тврдо да те зграбам, во неочекуван момент додека мислиш дека дремам додека очекуваш да клапнам на страна како лигав и мек. Приближи се поблиску дај ми енергија да цицнам уште малку нешто во мене почнува да ржи се чувствува. |
|
![]() |
|
N.Nikolina ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 14.Февруари.2011 Статус: Офлајн Поени: 118 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
![]() |
|
Лудилото може да се нарече сон на оној што е буден.
|
|
![]() |
|
bel lav ![]() Нов член ![]() Регистриран: 06.Јуни.2009 Статус: Офлајн Поени: 1 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
![]() hi hi |
|
![]() |
|
zbunet ![]() Сениор ![]() ![]() Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Бакнеж кој врие
Гледам дим оган нема тоа од ушиња пареа ти излегува, дај да те гушнам ушиња да ти бацам, а ти се тргаш да бегам ми викаш. Ама ти си мојот образ, зар ти личам на таков кој сака шамари да си мава? Ти си мојата душа, зар ти личам на некој, кој сака вампир без душа да биде? Не ме разбирај погрешно тогаш ни сам нема да можам да се разберам, само гушни ме тоа го барам цело време. Ќе кенкаш малку ама ќе ти се излигавам да ми простиш мораш, иако не знам за што. не е важно, крив сум, само исправи се, знам дека и погача сакам се гледа дека сакам и да ме бакнеш со спремни усни те чекам. |
|
![]() |
|
Andjelina ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Miss High Hill’s Регистриран: 07.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 14129 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
hi и на тебе и ајде,повели распишувај се ![]() |
|
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува
|
|
![]() |
|
zbunet ![]() Сениор ![]() ![]() Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Шизик
Ти седиш
јас те гледам врапче сум гледам трошки во твоето крило. Сакам да слетам често прекрстуваш нозе се плашам да не ме натиснеш. Цел ден би те колвал не би застанал низ тебе би потскокнувал на увце би ти запеал од тебе би се трлал среќен во твоето крило би заспал дур пердуви ми чешкаш. Отвори ми прозор ќе ризикувам што и’ да ми правиш ќе издржам шизик сум. |
|
![]() |
|
zbunet ![]() Сениор ![]() ![]() Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Чукање
Отвори ги очите или затвори ги секако ќе ме видиш. Побарај некоја слика друга ниедна нема така да те привлече, мислите секогаш ќе ти лутаат немирно што и да правиш, додека ме има мир нема да имаш. Премногу работи заедно направивме премногу работи се врежаа, со мене премногу работи имаш со мене полна си. И ако ти е, нека ти е, мислиш поарно ми е? Се збудалев по тебе, може и повеќе низ мојот крвоток се возиш, го зовриваш, од срцето мое тапан правиш, кога ли последен пат мирно чукаше? Да се сетам невозможно е, насетувам само, ако те снема, најмирно ќе застане како никогаш да не чукало. |
|
![]() |
|
kejt-d-grejt ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 05.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 6228 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
![]() |
|
се' што е убаво во животот е поезија. сето друго е проза
|
|
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 125126127128129 138> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |