IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Уметност , култура и традиција
  Активни теми Активни теми RSS - Ваша песна,состав или што било напишано
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Ваша песна,состав или што било напишано

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 124125126127128 138>
Автор
Порака
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Јануари.2011 во 20:26

[&amp;#8203;IMG]

Доверба


Што би било тоа?
допир од галено најгаленото,
допир од нежно најнежното,
допир од топло најтоплото.

Како би било тоа?
чувство на припадност,
чувство на сигурност,
чувство на бескрајност.

Кое прашање би било тоа?
одговор на присутност,
одговор на чуствителност,
одговор на трпеливост.

Што би било тоа?
зарем ништо од тоа?
ја отворив дланката,
ги затворив очите се замислив.

Тоа би било навика,
тоа би било блискост,
Да, тоа би било љубов!
ги отворив очите и тогаш се сетив ,

тоа е ДОВЕРБА !



Изменето од bijonse1 - 08.Јули.2018 во 19:37
Кон врв
butterflyM55 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
***PEPE***

Регистриран: 17.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3399
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај butterflyM55 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Февруари.2011 во 18:51


          ДО СЛЕДНОТО ВИДУВАЊЕ

Ме опиваш полека
како вино црвено
кога потекува низ вените.


Сладок вкус на горчина
измешано со арома на љубов
која те обзема ненадејно.


По некоја си шема,редовно,
се давам себе си,како милостина
што се подава на сиромашни.


Редовно сум сестра натагата,
дежурна лудача,
која само чека да и ги одврзеш рацете
кои и се на грбот стегнати.


И пак чувството на опојност
кога тие насмеани очиња
ќе ме погалат нежно со поглед
како мајка своето бебе.


А рацете како канџи се зариваат
во твојата мека кожа,
небаре последен сплав си
на отворено море.


Се качувам панично на него
и како брод кој се губи
под последните зраци на сонцето,
тонам во твојата прегратка.


Се топам како сладолед на жештина
оставајќи трага своја
на твоето голо тело,
прекривајќи ја твојата кожа
со слатка смесакоја ќе ти остане
како спомен.




Изменето од butterflyM55 - 05.Февруари.2011 во 18:53
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
Кон врв
DragancoLeskoec Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 01.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 984
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DragancoLeskoec Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Февруари.2011 во 20:59
Диво Племе

Селани прости и овчари диви
Слегоја од планина, скокнаја од ниви
Расипан мозок и испечен сурат
Се наместија меѓу нас, цел да ни го т***т

Се собраја цел чопор, дива орда
На Белград мизерна и гнила творба
Со сила и оружје застанаја на чело
И рак станаја во општеството цело

Почнаја да пљачкат, да урлат
Да дивеат низ градови и села
Дека е нивно се, добија некаква идеа
Зедоја се без милост и срам, а
Во срцето нивно чоечност ни грам

Кој ве клал вас овде копиљаци едни
Убијци и крадци, гнаси бедни
Вашата дружба од злоба рика
Начинот на контрола УДБА се вика

Цркнати сте вие, гниете в гроб
Но на вашиот начин уште сме роб
Децата ваши царови се сега
Ама и нив вашата судба не им бега




Изменето од DragancoLeskoec - 06.Февруари.2011 во 22:59
Кон врв
kejt-d-grejt Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 6228
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kejt-d-grejt Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Февруари.2011 во 21:58

 

definicijata za Patriotizam zapocnuva so zborot Ljubov

 

patriotizam ne se pokazuva so

duvanje,

puvanje,

grakanje,

shtrakanje,

zdriganje

od prejaduvanje...

...

go**a

 

 

 

 

 


Изменето од Andjelina - 06.Февруари.2011 во 23:20
се' што е убаво во животот е поезија. сето друго е проза
Кон врв
Andjelina Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Miss High Hill’s

Регистриран: 07.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 14129
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Andjelina Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Февруари.2011 во 22:26
Драганче мило...ем од Лескоец де...мнооооогу убава...„содржајна песна“
а да ти префрлам ја ова бе батка кај политичарине,а?
или кај југоносталгичарине....мммммммм шо убо ќе ја личи таму

вие двајца револвераши после Драганче...разлаз
не му расипујте уметнички дојам на малиот
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува

Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Февруари.2011 во 08:53
СПОКОЈ

Се преполнило срцето со радост,
песните вo спокој чмаат -
тишино прекрасна,
за каква ли бура се токмиш...

БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Февруари.2011 во 18:45


Жаба или принцеза 


Те чекам,

не да ги тргнеш испреплтените  крошни и лијани,

не да ги собереш  лотосите и комарците,

не да ги  смириш птиците ,

не да ги…

не да…

Неееееее!!!


Те чекам,

не да ми ја искрекаш песната со сто штурци,

не да  ми го осветлиш небото со безброј светулки,

не да ми го направиш водоскокот  со иљада рипчиња,

не да ми…

не да…

Неееееее!!!


Те чекам,

не дека се надевам во некое чудо или магија,

не дека си ти волшебник или некој принц,

не дека немам  црвени усни и круна на глава,

не дека немам…

не дека …

Неееееее!!!


Те чекам,

трпелива и љубопитна како ќе се одлучиш,

замислена и  уплашена како ќе го изведеш,

дали со бакнеж принцеза ќе ме направиш,

дали со бакнеж…

дали со …

Дали…

Во жаба  ти ќе се претвориш ???

http://stonetown.ca/forum/uploads/the.frog.prince.jpg



Изменето од bijonse1 - 09.Февруари.2011 во 18:45
Кон врв
zbunet Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Претседник Зеленковски

Регистриран: 24.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 15549
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zbunet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Февруари.2011 во 08:45
Ризик

Не е тоа комета на ноќното небо
меѓу ѕвездите ти личи како да потскокнува
не ти треба желба да смислуваш
исполнета ти е
ако е таа која мислам дека е
ако се насмееш додека кон тебе паѓам
значи таа е
а и ти си таа.
Ветерот до тебе ливче донесува
на него нешто пишува.
“Ако се насмееш,
нешто скокотливо ќе ти се случи од мене“
Не се кикоти
копче не откопчувај
демек жешко ти е
здолниште над колено не подигај
ризично е
оти во шума сме
оти сами сме.
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Февруари.2011 во 08:15
rizik stvara kapital...
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
zbunet Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Претседник Зеленковски

Регистриран: 24.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 15549
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zbunet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Февруари.2011 во 09:14
Слаткотија

И медот ти ја препушти победата
и тој знае што е послатко,
чоколадите ти ракоплескаат
среќни бар слуги да ти бидат,
сладоледот за прошка те моли
што воопшто и помисли
со тебе да се натпреварува,
и торти како светилници нанижани
патот кон престолот ти го осветлуваат,
е таму стојам и те чекам
лиги со ракав забришувам.
На престол седнуваш
светкавици наоколу,
за рачка се фаќам
престол во кревет се претвора
со насмевка спремно легнуваш,
како бомбона ме одвиткуваш
очи широко отвараш.
усни твои се црвенат
да ме ишмукаш се спремаш.
Кон врв
anakin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unidentified Flying Object

Регистриран: 08.Август.2005
Локација: Machku Pichku
Статус: Офлајн
Поени: 18535
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај anakin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Февруари.2011 во 21:00

sand-castle

.

- еј, што направи? што убав беше песочниот замок

- па, готов беше, немаше што да се додаде повеќе

- ама, два часа го градеше, со толку љубов

- за тебе, го виде не?

- ама што не го остави

- од песок беше мило, за тебе изграден да го видиш и така да го запамтиш

- ама можеа другите да го гледаат цел ден

- од песок беше, ветерот и плимата ќе го рушеа, немаше да биде толку убав, а јас сакав ти да го запамтиш каков што беше а не каков ќе биде

.

тој знаел , кога се гради замок од песок, трае многу кратко, треба набргу да се сруши, неговата убавина да остане а не замокот

SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.

Кон врв
zbunet Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Претседник Зеленковски

Регистриран: 24.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 15549
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zbunet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Февруари.2011 во 10:52
Здивени бакнежи

Јато здивени бакнежи ти праќам
помалку и грицкаат
прерамки буткаат
копчиња откопчуваат
внатре се устремуваат
не се сопираат,
такви се
бргу огладнуваат,
ама што да им правам
какви се, такви се,
мои се.
Жртва нивна си
само за тебе ми зборуваат,
се облизнувааат,
на твојот мирис ме потсетуваат,
знам,
претеруваат,
а не можам да ти помогнам
и со мене владеат.
Кон врв
zbunet Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Претседник Зеленковски

Регистриран: 24.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 15549
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zbunet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Февруари.2011 во 12:34
Ден за одмор

Денес е од оние денови
килави,
сонце грее
мене ми е како ситна ѕвезда
моето село напуштено стои
залудно довикувам,
само трња во тесни простори ми возвратија.
Врата затварам
двете брави ги заклучувам
ролетни навлекувам
ден за одмор е,
кога ќе се стемни ќе излезам.
Нешто на врата гребе
мислам таа е,
отварам,
мачка била.
Кон врв
kejt-d-grejt Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 6228
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kejt-d-grejt Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Февруари.2011 во 19:28
бакнеж
се' што е убаво во животот е поезија. сето друго е проза
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 124125126127128 138>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,718 секунди.