|
Најубави хотели |
Внеси реплика | страница <1 89101112 13> |
Автор | ||||
BellaGrandma
Сениор Game over Регистриран: 10.Јуни.2010 Статус: Офлајн Поени: 20029 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
King George Palace - Атина
|
||||
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
|
||||
Schatzii
Сениор Регистриран: 04.Мај.2010 Локација: Germany Статус: Офлајн Поени: 10600 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Апартман за агенти, тајни агенти. Во парискиот хотел Seven има луксузно опремени апартмани наречени 007, кои имаат сè што му е потребно на еден таен агент. Опремата и уредувањето на апартманот се насочени кон удобноста која ја заслужува вистинскиот таен агент. Во тоалетот се наоѓа турска парна бања, светилките се во форма на пиштол, во собите се наоѓаат големи плазма телевизори на кои ќе можете да ги гледате сите филмови за агентот, додека големата библиотека е опремена со сите книги за James Bond. Цената во овој апартман за една ноќ изнесува 635 долари, вистинска ситница за оние со подлабок џеб или за вистинските обожаватели на агентот 007. Останатите можат да уживаат во прекрасните фотографии.
|
||||
Dream what you want to dream;
Go where you want to go; Be what you want to be, because you have only one life and one chance to do all the things you want to do. |
||||
zamislena
Сениор Регистриран: 03.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 14566 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Освен во Централ Парк, во Њујорк навистина е тешко да се најде зеленило и тревници каде би можеле да се релаксирате од сивилото на градот. Овој тревник е сместен......на кровот на еден од рестораните во Center’s north plaza. Кровот е направен за сите оние кои сакаат да уживаат барем за момент во зеленилото.
|
||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Изменето од емил - 14.Декември.2010 во 05:53 |
||||
zamislena
Сениор Регистриран: 03.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 14566 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Хотел целосно направен од мразДоколку некој ви понуди да поминете една ноќ во луксузен хотел каде собната температура е -5 степени, сигурно би ја одбиле понудата. Сепак, постои хотел со невообичаена ниска температура кој е многу популарен помеѓу туристите од сите страни на светот. Тоа е хотелот, Icehotel кој се наоѓа во шветското село Jukkasjärvi со само 1.000 жители, сместено на 200km северно од арктичкиот круг...... Првата верзија на хотелот е изградена во 1989 година и интересно е што секоја година се гради нова верзија на хотелот. Изградбата започнува по паѓањето на првиот снег и се одвива во неколку фази, а кога изградбата ќе заврши се отвара за посетителите. За сезоната 2010/2011 се планира изградбата да биде готова до 30. декември и хотелот да има 60 соби. |
||||
Schatzii
Сениор Регистриран: 04.Мај.2010 Локација: Germany Статус: Офлајн Поени: 10600 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Пловечка палата
Луксузен хотел на вода. Taj Lake Palace е извонреден објект во средината на езерото Pichola во Udaipur, Индија. Oвој хотел е изграден како палата од бел мермер, а има 83 луксузно уредени соби. Ќе имате чувство како навистина да се наоѓате во некоја палата, а сигурно ќе ве потсети и на туристичката атракција Taj Mahal. Палатата е изградена во 1746 година од страна на Maharana Jagat Singh II, наследник на династијата Mewar. Денес на оригиналната палата и ја дале современата удобност. Во палатата можете да се опуштите покрај отворениот базен и во спа центар. |
||||
Dream what you want to dream;
Go where you want to go; Be what you want to be, because you have only one life and one chance to do all the things you want to do. |
||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Каста Дива Резорт
Езерото Комо во Италија долго време беше прибежиште на славните како Џорџ Клуни, Мадона, Ричард Брансон…. Ова длабоко и старо европско езеро има неспоредлива убавина, ограничено со прекрасната природа на Италија и планините во Швајцарија. Околу езерото Комо ридиштата се издигнуваат од водата, допрени од светлината на старите луксузни домови, рестораните и резиденцијата CastaDiva. CastaDiva е неодамна направен модерен хотел сместен во стара италијанска вила во која порано престојувала италијанската елита. Градбата е преобразена во модерен и луксузен хотел кој може да биде прибежиште за сите оние кои посакуваат да избегаат од бурното и напорно секојдневие. Во хотелот има спа центар, отворени и затворени базени, ресторани, приватни вили, голф терени… |
||||
BellaGrandma
Сениор Game over Регистриран: 10.Јуни.2010 Статус: Офлајн Поени: 20029 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
"Mandarin Oriental", Њујорк“Mandarin Oriental” во Њујорк е место каде што може да се вкуси најотмената раскошност на Големото јаболко, која ја нудат локацијата, луксузните соби и кујната со награда за една од најдобрите во светот. Во Њујорк има многу работи кои треба да се видат, а доколку отседнете во “Mandarin Oriental” некои од нив ќе ви бидат на дланка, бидејќи веќе една ви се остварува со тоа што погледот од вашата соба е токму над “Central Park” и облакодерот “Manhattan”. |
||||
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
|
||||
Schatzii
Сениор Регистриран: 04.Мај.2010 Локација: Germany Статус: Офлајн Поени: 10600 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Погледнете ги најновите трендовски хотели
Луксуз, комфор, релаксација... Овие модерни, штотуку отворени хотели ширум светот ги освоија срцата на светските туристи, кои за своите задоволства си дозволуваат да издвојат малку поголем буџет.
Во луксузниот хотел Edition Istanbul поставен е аквариум во лобито во должина на целиот ѕид, но тоа е само едно од неколкуте генијални дизајнерски решенија во овој објект кој има 78 соби и еден „Златен бар“, во кој вреди да се напиете некој скап пијалок. Цената за двокреветна соба по ноќевање изнесува 344 долари.
Цената за двокреветна соба по ноќевање изнесува 170 долари.
Последното изградено творештво во центарот на Големото јаболко е штотуку отворениот хотел Mondrian Soho, чиј дизајнер, Бенџамин Нориеж Ортиз, бил инспириран од цртаниот филм на Дизни, „Убавицата и ѕверот“. Цената за двокреветна соба по ноќевање изнесува 389 долари.
Минатата година во Израел постојано се зборуваше за хотелот Mamilla. Оваа година, пак, резервирана е за телавивскиот Brown Hotel, чија внатрешност ја краси црн мермер, кој библиотека со кожни каучи и неверојатен поглед на Средоземното море. Како што гласи самото име, во хотелот доминира кафената боја, созавајќи комфорна и интимна атмосфера. За сите „ловци“ на хотелски крпи - само два збора: египетски памук. Цената за двокреветна соба по ноќевање изнесува 158 долари.
Во дипломатскиот дел на градот изграден е модерен хотел со 260 соби. Од кога е отворен, во октомври минатата година, се вели дека станал број 1 во Индија, така што тука престојуваат индиски и светски политичари, најпознатите светски ѕвезди... Всушност, овој објект повеќе прилега на кралска палата, отколку на хотел. Цената за двокреветна соба по ноќевање изнесува 550 долари. |
||||
Dream what you want to dream;
Go where you want to go; Be what you want to be, because you have only one life and one chance to do all the things you want to do. |
||||
BellaGrandma
Сениор Game over Регистриран: 10.Јуни.2010 Статус: Офлајн Поени: 20029 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
“The Emirates Palace” - Абу Даби
Се наоѓа во главниот град на Обединетите Арапски Емирати ... величествената Емирати Палас е национален белег и еден од најимпресивните хотели ... Емирати Палас, кој се простира на 1,3 км приватна бела песочна плажа е опкружен со 85 хектари убаво уредени градини ... се наоѓа на само 30 мин возење од аеродромот во Абу Даби... 1,5 часа возење од аеродромот во Дубаи. |
||||
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
|
||||
BellaGrandma
Сениор Game over Регистриран: 10.Јуни.2010 Статус: Офлајн Поени: 20029 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
W South Beach Мајами

Hotel Plaza Athenee - Париз
цените за едно ноќевање се од 550 евра па нагоре |
||||
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
|
||||
BellaGrandma
Сениор Game over Регистриран: 10.Јуни.2010 Статус: Офлајн Поени: 20029 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
La Posta Vecchia
Хотелот има само 19 соби, секоја со оригинален декор. А погледот на Тиренското море и фактот што хотелот е на неверојатна близина до Рим го прават навистина уникатен. Уживајте во традиционална италијанска кујна во ресторанот “Cesar”, каде оброците ќе ви бидат спремени од зеленчуци, овошје или тревки од приватната градина на хотелот. Искусете неверојатен третман во спа центарот на хотелот, по прошетка по медитераснкиот брег или многуте блиски историски места. |
||||
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
|
||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Во Хонгконг отворен највисокиот хотел на светот
Највисокиот хотел на светот е отворен во Хонгконг, а се наоѓа на највисокиот небодер на планетава, на височина од околу 490 метри. Хотелот „Ритз-Карлтон“ се наоѓа на 118-ти кат во Меѓународниот трговски центар во Хонгконг. Овој хотел е отворен вчера и ќе биде еден од најскапите во Хонгконг, каде веќе има огромен број на луксузни хотели, а ноќевање во него ќе чини 770 долари. - За изградба на хотелот беа потребни 10 години, изјави управникот на објектот Ерве Хумлер. Кинезите сега сочинуваат околу 35 отсто од гостите на синџирот хотели „Ритз-Карлтон“, додека овој процент пред 14 години изнесуваше само три до четири отсто. Хумлер истакна дека очекува овој процент да се зголеми, бидејќи Азија е еден од клучните пазари. |
||||
Внеси реплика | страница <1 89101112 13> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |