IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Фудбал
  Активни теми Активни теми RSS - Македонската репрезентација
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Македонската репрезентација

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2526272829 35>
Автор
Порака
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јануари.2011 во 15:41
Македонија со најсилниот состав против Камерун
 
Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Мирсад Јонуз денеска го соопшти списокот на фудбалери на кои смета за настап на пријателскиот натпревар со Камерун, кој ќе се одигра на националната арена „Филип Втори“ на 9 февруари со почеток во 17.30ч.
 

 
 
На списокот доминираат стандардните репрезентативци, кои играат и во претходните мечеви, па се потврдија очекувањата дека Македонија и Камерун ќе настапат во најсилните состави во Скопје, а јавноста ќе може да ги види Пандев, неговиот соиграч Ето, потоа Тричковски, Екото....

Селекторот Јонуз очекува дуелот со Камерун да биде одлична проверка на формата на репрезентативците пред продолжението на квалификациите за Евро 2012 и гостувањето кон крајот на март во Даблин против Република Ирска.

- Ова е биде прв натпревар на репрезентацијата во 2011 година со противник, кој што со својот играчки квалитет ќе биде навистина сериозна проверка на нашите можности пред продолжувањето на квалификациите во март. Можам да констатирам дека повиканите играчи во овој период се наоѓаат во различни фази од формата. Играчите кои играат во Италија, Германија и Кипар се во натпреварувачка форма додека останатите се на подготовки и одигруваат пријателски натпревари со своите клубови. Во овој момент ги одбрав најдобрите играчи кои што планирам да ми бидат на располагање и во март за дуелот од квалификациите – вели Јонуз.

- Овој натпревар нормално ќе биде интересен и по дуелите што ќе ги имаат играчите на двете репрезентации, особено на двата капитена Пандев и Ето, како и начинот на игра на Камерун кој е многу сличен со нашиот стил. Очекувам времето да не послужи, амбиентот на теренот ќе го креираат играчите додека за амбиентот на трибините очекувам да го направат 20.000 навивачи. Ние треба да одиграме дисциплиниран, одговорен, едноставен натпревар и да очекуваме добар резултат. Во случај на повреда или откажување на некој репрезентативец, дополнително ќе биде повикан друг – изјави селекторот Мирсад Јонуз .

Речиси сигурно играчите кои ги повика Јонуз, ќе бидат дел од селекцијата и во Даблин.

СОСТАВ НА А-РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА ЗА МЕЧОТ СО КАМЕРУН
голмани
1. Нурединоски Един - Етникос Aхнас / Кипар
2. Богатинов Мартин - Карпати / Украина
одбрана
3. Митрески Игор - Нефчи / Азербејџан
4. Новевски Николче - Мајнц 05 / Германија
5. Шиков Ванче - Етникос Ахнас / Кипар
6. Мојсов Даниел - Војводина / Србија
7. Тодоровски Александар - Рад / Србија
8. Попов Горан - Динамо Киев / Украина
9. Лазевски Александар - Партизан / Србија
10. Лазаревски Владе - Тобол - Костањи / Казакстан
среден ред
11. Демири Мухамед - Тун / Швајцарија
12. Шумуликоски Величе - Новосибирск / Русија
13. Деспотовски Филип - Интер Баку / Азербејџан
14. Тасевски Дарко - Левски Софија / Бугарија
напад
15. Пандев Горан - Интер / Италија
16. Наумоски Илчо - Матерсбург / Австрија
17. Ристиќ Стевица - Амкар Перм / Русија
18. Тричковски Иван - АПОЕЛ / Кипар

 

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Февруари.2011 во 08:22

Македонија - 79. фудбалска сила

    Фудбалската селекција на Македонија на најновата ФИФА ранкинг листа забележа скок од две позиции за разлика од минатиот месец и сега се наоѓа на 79. позиција.

    Покрај фактот што во текот на минатиот месец нашите момци не одиграа ниту еден официјален или пријателски натпревар, сепак го подобривме и онака разочарувачкиот пласман.

    Нашиот следен противник, селекцијата на Камерун во Скопје ќе допатува со своите најголеми ѕвезди и со 43. место на светската фудбалска ранг листа со што може да се смета како апсолутен фаворит во дуелот со нашите момци.

    Од нашата квалификациска група за пласман на Европското првенство најдобро котира селекцијата на Русија, која има скок од една позиција и сега е 12-та. Словачка се наоѓа на 20-та позиција а Република Ирска е на 35. место. Пред нас уште е и Ерменија - 62. а место после нас на листата има само Андора која е на опашката како 202. светска сила
    Кон врв
    емил Кликни и види ги опциите
    Сениор
    Сениор
    Лик (аватар)
    зависник идивидовски

    Регистриран: 11.Август.2009
    Статус: Офлајн
    Поени: 85186
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Февруари.2011 во 15:01

    Васоски ќе се прости од националниот тим

    Дефанзивецот на Ајнтрахт Франкфурт Александар Васоски ќе добие плакета и дрес со бројот 33 на простувањето од македонската фудбалска репрезентација, што ќе се случи пред почетокот на пријателскиот натпревар со Камерун на 9 февруари (17.30ч.) на стадионот "Филип 2" во Скопје.
    Триесет и едногодишниот Васоски дебитираше за "црвено-жолтите" во 2002 година, но застана на 33 настапи (два гола), најмногу поради многубројните повреди, кои ја нарушија и неговата клупска кариера. Пред три недели, на контролен натпревар со Келн скина бутен мускул, по што и ја донесе одлуката за повлекување од националниот тим.
    Васоски му се приклучи на Ајнтрахт во 2005 година, а претходно во домашното првенство настапуваше за Вардар и Цементарница.

    Кон врв
    Santijago Кликни и види ги опциите
    Сениор
    Сениор
    Лик (аватар)
    PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

    Регистриран: 17.Јануари.2008
    Локација: Tuka be ...
    Статус: Офлајн
    Поени: 21002
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Февруари.2011 во 20:43

    Неуспешна контрола со Камерун


    Македонската фудбалска репрезентација претрпе минималне пораз од Камерун од 1:0 во пријателскиот дуел реализиран вечерва на Националната Арена Филип Втори во Скопје.

     

    Избраниците на Мирсад Јонуз во првото полувреме беа рамноправен противник и не искористија неколку опасни контра напади. Африканците повеќе ја држеа топката но, немаа можност да обезбедат предност. Во вториот дел откако беа направени голем број замени, а играта ја напуштија најголемите ѕвезди во двата состава инаку соиграчи од Интер, Горан Пандев и Самуел Ето. Гостите во 75. минута по одличната комбинација преку Мбута успеаа да обезбедат предност од 1:0 и да ја задржат до крајот.

     
    Нашите најдобри фудбалери сега ги чека продoлжението на квалификациите за Европскотo првенство во 2012. година додека Камерун ќе се насочи кон дуелите во Купот на Африка.


    I'm out bcz of pathetic around here
    Кон врв
    емил Кликни и види ги опциите
    Сениор
    Сениор
    Лик (аватар)
    зависник идивидовски

    Регистриран: 11.Август.2009
    Статус: Офлајн
    Поени: 85186
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Февруари.2011 во 07:22
    Македонија од март на 82. место на ФИФА листата

    Нашиот национален тим го очекува ново назадување на мартовската ФИФА ранг-листа која треба да биде објавена на 9 март. Според интернет порталите кои ги следат рејтинг пресметките, согласно утврдениот ФИФА ранкинг систем, македонската репрезентација во март ќе назадува три позиции, со 400 бодови сместувајќи се на 82. место, кој е еден од убедливо најлошите наши ранкинзи во последните десет години.

    Од март пред нас на ФИФА ранкинг листата ќе бидат и репрезентации од типот на Бенин, Јордан, Боцвана, Габон... Од репрезентациите кои се во нашата квалификациска група за пласман на Европското првенство 2012 во Полска и во Украина, Русија треба да биде на 13. место, Словачка на 22. позиција, Република Ирска на 34. место, Ерменија на 65. место и Андора стандардно на 202. позиција на ФИФА листата.

    Водечка и натаму, согласно пресметките, ќе биде Шпанија, пред Холандија, Германија, Аргентина и Бразил. Меѓу ТОП 10 светските репрезентации се уште и Англија, Уругвај, Хрватска, Португалија и Грција
    Кон врв
    емил Кликни и види ги опциите
    Сениор
    Сениор
    Лик (аватар)
    зависник идивидовски

    Регистриран: 11.Август.2009
    Статус: Офлајн
    Поени: 85186
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Март.2011 во 04:44
    Само чудо ќе го спаси Јонуз
     
    Дуелот со Република Ирска е последна шанса, но, најверојатно, и последниот меч за нашиот актуелен селектор

    Мирсад Јонуз со помош на Хаџи-Ристески успеа да исплива во деновите на криза. На тој начин успеа да "купи" селекторски мандат уште неколку месеци, но сега бегање нема. Сега добива уште една, и тоа последна шанса, и тоа на 26 март, во Даблин и гостувањето на силната Република Ирска. Затоа само чудо може да го спаси актуелниот селектор на Македонија за кој и членовите на УО побараа отчет на следната седница која ќе се одржи по гостувањето кај "зелените". А Јонуз и во септември вети 6 бода со Андора и Русија, а освои само 3 и затоа сега не смее да загуби доколку сака да ја задржи функцијата барем уште неколку недели.

    Повеќе трпение кон лошата игра, нарушената атмосфера и слабите резултати немаат ниту најблиските соработници на првиот човек на ФФМ па и самиот Хаџи-Ристески кај кого Јонуз ги има потрошено сите кредити. Резултатите се мерило за квалитетот и способноста и затоа Јонуз е ставен во мат позиција од која нема бегање. Ќе ја победи Република Ирска или ќе си ги пакува куферите и ќе го отстапи местото на некој друг...

    Дека чашата е прелиена говори и саботниот состанок на УО во Прилеп каде е разговарано за слабите резултати на сите национални селекции. Загрижува и слободата, но и односот на селекторите кои до ова тело се уште немаат дадено отчет за работата. Така Јонуз стана селектор, а така и Бабунски се надеваше на нов мандат. Без програма - без цел. Дека ситуацијата е алармантна говори и податокот дека единствен селектор кој во ФФМ дава "рапорт" е Мите Митев, кој ги предводи аматерите. Останатите како Јонуз и Бабунски кои се "вечни" селектори во овој наш фудбал си земале толку голема слобода како да тие го измислиле фудбалот и како без нив да не се може. Но на се има граници, трпение и рок на употреба. Токму таквиот ноншалантен однос им се враќа по резултатите на споменатите селектори кои губат каде ќе стигнат и не се конк*рентни во квалификациите. Надежите со Бабунски го имаа еден од најслабите циклус зад себе и со кое право Бабунски бара нов мандат. Сениорите се посебна приказна која е позната на сите. Подобри сме само од Андора! Тоа е успехот на Јонуз кој со својата работа не врати многу години наназад. Оправдание нема затоа што тој 10 години е селектор и сето ова што се случува е само поради неговиот губитнички начин на работа. Никој досега не добил толку шанси како што Јонуз и Бабунски ги имаат во времето на Хаџи-Ристески.
    Кон врв
    емил Кликни и види ги опциите
    Сениор
    Сениор
    Лик (аватар)
    зависник идивидовски

    Регистриран: 11.Август.2009
    Статус: Офлајн
    Поени: 85186
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Март.2011 во 15:09

    Јонуз ги враќа Георгиевски и Грнчаров

    Откако ги изостави од последните пријателски натпревари со Албанија, Кина и Камерун, селекторот на македонската фудбалска репрезентација Мирсад Јонуз за претстојниот квалификациски меч со Ирска повторно ги повика Славчо Георгиевски и Бобан Грнчаров. Од стандардните ги нема Лазаревски, кој нема клуб и Тодоровски, кој тренира со вториот тим на српскиот прволигаш Рад.
    Во списокот на селекторот Јонуз се најдоа:
    ГОЛМАНИ: Един Нурединоски (Етникос, Кипар), Мартин Богатинов (Карпати, Украина), Кристијан Наумовски (Динамо Бук*решт); ОДБРАНА: Бобан Грнчаров (АПОЕЛ, Кипар), Игор Митрески (Нефчи, Азербејџан), Николче Новески (Мајнц, Германија), Ванче Шиков (Етникос, Кипар); СРЕДЕН РЕД: Горан Попов (Динамо Киев, Украина), Александар Лазевски (Партизан, Србија), Арменд Алими (Истра, Хрватска), Славчо Георгиевски (Нефчи, Азербејџан), Величе Шумуликоски (Новосибирск, Русија), Марио Ѓуровски (Металург Доњецк, Украина), Филип Деспотовски (Интер Баку, Азербејџан), Дарко Тасевски (Левски, Бугарија), Мухамед Демири (Тун, Швајцарија); НАПАД: Горан Пандев (Интер, Италија), Илчо Наумоски (Матерзбург, Австрија), Стевица Ристиќ (Амкар, Русија), Иван Тричковски (АПОЕЛ, Кипар).
    - Повикани се играчи кои се меѓу најстандардните во последните квалификациски дуели. Средбата со Ирска е значајна, но не е пресудна. Играме во група во која сите резултати се можни и до крајот ќе има многу изненадувања. Го знаеме начинот на игра на противникот, но факт е дека нивниот селектор Трапатони во последно време прави трансформација на составот на Ирците, за што говори фактот дека повика 29 играчи. Натпреварот е извонредно важен за обете селекции, но не и клучен бидејќи до крајот на квалификацискиот циклус во оваа група ќе има многу изненадувања. Ние се фокусираме на нашата игра и во Даблин ќе настапиме во формација со тројца напаѓачи, но и со одбрана која ќе одговори на дефанзивните задачи и затоа се тука високите и цврсти халфови, кои треба да го понесат товарот - изјави Јонуз.
    Репрезентацијата од понеделник до четврток ќе се подготвува во Охрид. Квалификацискиот меч со Ирска се игра на 26 март во Даблин, со почеток во 20.45 часот. 

    ***

    Јонуз ќе се легализира

    Мирсад Јонуз на крајот на вчерашниот прес се пошегува на своја сметка околу написите дека е див селектор.
    - По одлуката на Владата за легализација на дивоградбите за едно евро за метар квадратен, објавувам дека јас како див селектор ќе се легализирам - рече Јонуз.

    Кон врв
    емил Кликни и види ги опциите
    Сениор
    Сениор
    Лик (аватар)
    зависник идивидовски

    Регистриран: 11.Август.2009
    Статус: Офлајн
    Поени: 85186
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Март.2011 во 23:06

    Пандев:Во Даблин нема да биде лесно но одиме на победа!

    Македонската фудбалска репрезентација подготвена за изненадување ќе отпатува за Даблин на саботниот квалификациски натпревар со фаворизираната Ирска .

    Селекторот Мирсад Јонуз познавајќи ги квалитетите на противникот ,денеска на прес конференција во Охрид порача - со малку среќа ќе се радуваме во Даблин .

    Ден пред заминувањето за Ирска нашиот капитен Горан Пандев од името на своите репрезентативни другари изјави - нема што да загубиме во Ирска , во Даблин одиме на победа ! Во видеото погледнете ги Пандев и Јонуз со прогнозите за натпреварот во Ирска
    Кон врв
    емил Кликни и види ги опциите
    Сениор
    Сениор
    Лик (аватар)
    зависник идивидовски

    Регистриран: 11.Август.2009
    Статус: Офлајн
    Поени: 85186
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Март.2011 во 05:45

    Македонија верува во чудо

    Победа е единствената опција за македонската фудбалска репрезентација на утрешниот квалификациски меч во Даблин, доколку тимот предводен од селекторот Мирсад Јонуз сака да продолжи да се надева дека ќе остане во борба за место што води на завршницата на ЕП 2012, во Полска и Украина. Освојување на три бода ќе биде речиси невозможна мисија за Македонија, ако се знае колку често репрезентацијата победува на гости во европски или светски квалификациски циклус. Македонската фудбалска експедиција вчера третпат допатува во Даблин, каде што утревечер (20.45 ч.) ќе се обиде да го поправи впечатокот од претходните две средби кога загуби со 0-3 и 0-1.

    - Ни треба победа во Даблин ако сакаме да се приклучиме за врвот. Се надевам дека ќе дадеме максимум и дека ќе ја играме нашата игра. Треба сите да се бориме еден за друг и да ги исполниме задачите. Доколку го исполниме договореното, верувам во триумф и затоа одиме на победа - оптимистички најавува искусниот Величе Шумуликоски.

    Во досегашните 9 квалификациски циклуси за настап на еден голем фудбалски собир, Македонија гостувала вкупно 41 пат и досега победила само 6 пати. Првпат на гости Македонија се радуваше во далечната 1996 година и тоа кај Лихтенштајн со 11-1, што претставува и рекорден триумф на „црвено-жолтите“. По таа победа, Македонија со полн плен од гости се вратила само уште кога гостувала кај Ерменија, Естонија, Малта и два пати кај Андора. Досега никогаш не победила на гости кај подоброрангирана селекција, но оптимизмот не ги напушта репрезентативците.

    - Дојдовме да победиме. Ќе биде тежок меч, но верувам дека имаме сили и шанса да стигнеме до трите бода. Најдобро ќе биде ако први дадеме гол, а потоа ќе биде полесно. Не се плашиме, а верувам дека конечно и среќата ќе биде на наша страна. На претходните мечеви игравме добро, но немавме среќа и губевме од Словачка и Русија. Овој пат посакувам конечно на крајот ние да се радуваме на победа - рече Славчо Георгиевски, пред можеби клучниот меч за Македонија во овие квалификации.

    Кон врв
    the Carpenter Кликни и види ги опциите
    Нов член
    Нов член
    Лик (аватар)

    Регистриран: 26.Март.2011
    Локација: Macedonia
    Статус: Офлајн
    Поени: 12
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај the Carpenter Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Март.2011 во 19:17
    Не знам што ќе биде, ама што и да биде нема да биде чудо. Со ваквите „изјави“ македонците си го тргаат притисокот од себе си, што е доста паметно, оти во Даблин не е срамота да се загуби, ама и победата или ремито не се толку „чудни“. И Ирска не е тоа што беше. А кога беше, пак имаше проблеми на „Градски“. Така да... :)
    Кон врв
    kultuzin Кликни и види ги опциите
    Сениор
    Сениор


    Регистриран: 03.Декември.2007
    Статус: Офлајн
    Поени: 4903
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kultuzin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Март.2011 во 21:37
    Одлично играт одамна не сум ги видел нашите момци со толкав посед на топка и тоа сред Даблин , респект...има потенцијал да одиме на победа во второто.
    Кон врв
    емил Кликни и види ги опциите
    Сениор
    Сениор
    Лик (аватар)
    зависник идивидовски

    Регистриран: 11.Август.2009
    Статус: Офлајн
    Поени: 85186
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Март.2011 во 05:46
    МАКЕДОНИЈА ГО ДОЖИВЕА И ТРЕТИОТ ПОРАЗ, НИШТО ОД ПРИКЛУЧОКОТ КОН ВРВОТ
     

    Македонската фудбалска репрезентација го доживеа третиот пораз во квалфикациите за Европското првенство во 2012, што ќе се одржи во Полска и Украина, завршувајќи ги надежите со евентулен триумф, на половина од средбите во групата Б, да фати прикјлучок кон врвот.

    Во Даблин на „Авива“ стадионот Р. Ирска го обезбеди триумфот од 2:1, благодарение на двете грешки што ги направи голманот Един Нурединовски, при постигнувањето на двата гола на Ајден Мекгиди (2минута) и Роби Кин (21). По асистенцијата на Горан Пандев, Иван Тричковски (45) во самиот финиш на првото полувреме погоди за 2:1 и ја врати неизвесноста на средбата. 

    Сепак до тоа не дојде, иако во второто полувреме, најпрвин Пандев (48) можеше да израмни, а потоа и Тричковски (75) не го погоди пенал-зицерот, кога излезе сам пред голманот Кирен Вествуд.

    Резултати 5. коло, „Б“ група:

    Ирска - Македонија 2:1

    Ерменија - Русија 0:0

    Андора - Словачка 0:1

    Табела:

    1. Словачка 10 бодови

    2. Русија 10

    3. Р.Ирска 10

    4. Ерменија 8

    5. Македонија 4

    6. Андора 0

    Кон врв
    Santijago Кликни и види ги опциите
    Сениор
    Сениор
    Лик (аватар)
    PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

    Регистриран: 17.Јануари.2008
    Локација: Tuka be ...
    Статус: Офлајн
    Поени: 21002
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Март.2011 во 17:08
    Коментаторот кажува "И со овој порак пак ќе сме зад водечката четворка" смеење
    Џоа ова некоја национална лига е со 20 тимови па зад првите 4 сме плазење плазење
    I'm out bcz of pathetic around here
    Кон врв
    емил Кликни и види ги опциите
    Сениор
    Сениор
    Лик (аватар)
    зависник идивидовски

    Регистриран: 11.Август.2009
    Статус: Офлајн
    Поени: 85186
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Март.2011 во 06:34

    Толку ни е силата

    Јонуз заборави дека пред квалификациите тој најмногу ја подгреваше атмосферата и ветуваше дека ќе бидеме подобро пласирани од за нас веќе судбинското четврто место.

    Специјално од Даблин: Тони Зографски
    По поразот од Република Ирска од 2:1 (2:1), македонската фудбалска репрезентација треба да направи вистински подвиг, а притоа да ја има како соузник и среќата, која селекторот Мирсад Јонуз постојано ја споменува на прес-конференциите, за да го освоиме четвртото место во нашатата квалификикациска група. Со само едно добро одиграно полувреме, без концепција, потпирајќи се само на индивидуалните акции на Пандев и на Тричковски докажавме дека полека тонеме во фудбалска Европи и дека не треба да се занесуваме дека имаме квалитет да се бориме со посилните европски репрезентации. На моменти ќе блесневме со добра игра, или пак со позитивен резултат против посилните репрезентации, но според квалитетот на македонскиот фудбал треба да ни е јасно дека толку ни е силата и местото ни е при дното на европскиот фудбал,
    Нормално, и овој пат како и на претходните пресови селекторот Мирсад Јонуз беше задоволен од прикажаната игра и како главен фактор за поразот ги сметаше рано примените голови и немањето на среќа.
    - Поради двете грешки на нашиот голман сме поразени од Ирска. По раното водство се обидовме да се вратиме. На полувремето ги советував моите фудбалери да ја пренесат играта на половината на Ирска. Тричковски имаше шанса да биде јунак на мечот, но промаши зицер. Во финишот Ирска умешно ја држеше топка и не ни даде шанса да направиме нешто повеќе. Со малку среќа можевме да стигнеме до бод - рече Јонуз кој на прашањето околу преземање на одговорност околу слабите квалификациски настапи на репрезентацијата, тој наполно се изгуби. Повторно почна да прави анализа на играта, по потоа одговорноста ја подели со репрезентативците и на крајот рече дека тој ја сноси одговорноста.
    - За поразот, мојата одговорност и онаа на играчите е заедничка. Да можев да влезам јас да бранам и да давам голови тоа ќе го направам. Јас сторив се што е во моја можност околу системот на игра, и околу мотивацијата на фудбалерите. Затоа јас ја сносам одговорноста за резултатот. Ако има подобро решение кажете - одговори нервозно Јонуз кој заборави дека пред квалификациите тој најмногу ја подгреваше атмосферата и ветуваше дека ќе бидеме подобро пласирани од за нас судбинското четврто место. Што е најинтересно тој сеуште верува дека квалификациите не се загубени за нас.
    - Ако во јуни ја совладаме Ирска во Скопје понатамо се е можност!?
    Иван Тричковски во саботата вечер можеше да се прослави. Во 75. минута тој излезе сам пре домашниот голман Вествуд.
    - Бев во одлична позиција, на голманот излезе многу блиску до мене, добро затвори и не успеав да шутирам под него. Малку ме попречи и песокливиот терен. Штета што изгубивме. - рече Тричковски.
    Николче Новески натпреварот го заврши со отечено око.
    Во средината на второто полувреме, во еден воздушен дуел еден од домашните фудбалери ме удри со глава. Верувам дека ќе бидам добар до сабота на мечот на Мајнц - кажа Новески кој држеше мраз на повреденото око.
    Следниот меч македонската репрезентација го игра на 4 јуни во Скопје.

    ***

    200 Македонци не бодреа на "Авива" арената

    Околу 200 Македонци дојдени од Англија, Швајцарија и од скандинавските земји беа на трибините на "Авива" арената. Тие уште пред почетокот на мечот ја подгреваа атмосферата во еден од пабовите во близина на стадионот, кој беше украсен со македонски знамиња.

    ***

    Нурединоски: Жал ми е за момците

    Трагичарот на мечот, голманот Един Нурединовски емотивно ги доживеа двата примени гола.
    - Жал ми е за момците кои добро играа. Едноставно немав свој ден. Кога голман рано ќе прими гол потоа тешко се брани. При двата гола малку ме изненади и влажниот терен. Не знам што друго да кажам многу ми е тешко - со солзи во очите изјави Нурединовски.

    ***

    Грнчаров го одмаздуваше Попов

    Во средината на второто полувреме, нашиот Грнчаров стартуваше со крампони во лицето на нововлезениот Лонг.
    - Бев нервозен, бидејќи претходно тој крвнички стартуваше на Попов, фаул што не беше санкциониран. Кога видов дека судијата држи жолт картон ми олесни. Инаку, стартот беше за чист црвен.

    Кон врв
     Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2526272829 35>
      Сподели тема   

    Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

    Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
    Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

    Страницата е генерирана за 0,172 секунди.