IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Политика и вести
  Активни теми Активни теми RSS - Универзитетските професори против новиот закон...
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Универзитетските професори против новиот закон...

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234 5>
Прашање: Дали ги поддржувате универзитетските професори во нивните барања?
Одговор Гласови Статистика
8 [30,77%]
17 [65,38%]
1 [3,85%]
Не може да гласате на оваа анкета

Автор
Порака
Kali Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Storyteller

Регистриран: 30.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4947
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Kali Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Јануари.2011 во 11:48
Дефинитивно високото образование заслужува реформи!
 
Законов, како што го читав има некои чудни точки...
- на пример, ректорот не мора да е професор??
- точка за спречување на непотизам-во склоп на Закон за високо образование?? Па син, или некоја блиска рода на професор не смее да работи на истиот факултет....?
Не сум правник, Македон ако може нека го објасни ова, мене ми е чудно.

Се плашам дека Законов може само да го засили своето влијание на Универзитетот и онака слабата интелектуална сила ( слаба по моќ, не по квалитет!) дополнително да ја контаминира со политички притисоци и влијанија.

Кај нас се случува да целиот образовен систем се разводнува- се изнародија милион приватни универзитети кај што квалитетот на образование е - нула. Инстант дипломи за неколку илјади евра. Практично, државниот Универзитет беше финансиски пенализиран за сметка на другиве Универзитети.
На пример- Универзитетот кубури со наставнички кадар- се случува да постдипломци студенти држат цели предмети, и тоа круцијални предмети.
Се случува да не се одобруваат средства за пишување книги (сеуште на нашиот Унив. се служат со српска литература од 50тите !!!) , а студенти лингвисти се зафатија со преводи на стручна литература, како проект финансиран од Владата??
...И еден куп други проблеми, со кои сум случајно добро запозната.

Како тоа го подобрува образованието?


Изменето од Kali - 30.Јануари.2011 во 12:01
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Јануари.2011 во 13:52
За другите факултети   не би зборувала затоа што сепак не сум многу добро запознаена со нивното функционирање 9повеќе од рекла казаланамигнување), но за наставничките да.
Мој став е дека неминовна е промена во ингеренциите на самите образовни институции а со тоа и на самите сродни факултети бидејки мислам дека бирото за развој на образованието во многу што има преземено работи кои треба да ги работат наставничките факултети
пр. Обуките за иновации во наставата- МОРА тоа да го преземат наставничките факултети кои ЗНААТ за што се обучени нивните бивши студенти и што може да се третира како новина. Вака БРО па и УСАИД со нив и другите странски фондации ги прерипуваат и ангажираат несоодветни обучувачи (она што неколку пати го имам кажано-со математика се занимаваат психолози, педагози, со наука-македонисти, со македонски-танчери, тишлеритага) Не може бре некој со исто образование со 10 дневна обука да обучува и сертифицира колега. Тука потфрлија професорите-молчеа а само тие знаат зошто?!
-Не може завршен студент приправнички стаж да полага пред професорот кој му потпишал оцена (кога го пуштил на испит) туку - ма и нема логика воопшто да полага бидејки тој не е ставен во улога да учи пракса туку веднаш си влегува во училница и си е сам свој ментор - значи факултетите и тука потфрлија со своето молчење или интерес.
Ни збор не кажаа за законот за оценување на наставниците- како можат да премолчат токму методичарите кога психолозите кои немаат полагано ни една методика да ги оценуваат оние кои основна дејност им е реализацијата на наставата?! Зошто молчат- не сакаат да се замерат или не се информирани (што е страшно и непростливо бидејки тоа е нивни домен-нивни минус)
- Зошто студентите не ги праќаат на пракса (сметам дека она што го имаат пракса е многу малку) и секој одреден ментор-наставник практичар да го обучува во пракса. Не им се одвоуваат средства за да ја платат праксата-од парите кои студентите ги уплаќаат? збунетост



Кон врв
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Јануари.2011 во 16:08
Originally posted by Kali Kali напиша:

Дефинитивно високото образование заслужува реформи! Законов, како што го читав има некои чудни точки...- на пример, ректорот не мора да е професор??- точка за спречување на непотизам-во склоп на Закон за високо образование?? Па син, или некоја блиска рода на професор не смее да работи на истиот факултет....? Не сум правник, Македон ако може нека го објасни ова, мене ми е чудно.
Ова и мене не ми е јасно... зошто јас да неможам да станам универзитетски професор иако ги имам соодветните дипломи и титули д-р. м-р. па и да е татко ми професор? Па токму бидејќи е татко ми професор јас можеби сум поупатен во соодветната наука(при рака ми е целата литература и совети на пр.) отколку некој друг. Не велам дека тоа е правило, но има и такви позитивни примери.

А за ректорот според мене мора да бил барем неколку години професор за да знае со какви проблеми се соочуваат професорите на терен.
Originally posted by Kali Kali напиша:

Се плашам дека Законов може само да го засили своето влијание на Универзитетот и онака слабата интелектуална сила ( слаба по моќ, не по квалитет!) дополнително да ја контаминира со политички притисоци и влијанија.
Веројатно дека цвелта е таа - поголема отвореност за манипулации токму од власта. Но доколку благовремено универзитетските професори и управи обрнеа внимание на пропустите(на пр. транспарентност во финансиите) власта ќе немаше аргументи за заведување на јавноста.

Изменето од Majkl - 30.Јануари.2011 во 16:09
Кон врв
Gorazd777 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Октомври.2008
Локација: Евразија
Статус: Офлајн
Поени: 1584
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Gorazd777 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Февруари.2011 во 01:06
Министерчено со неколку ку.рсеи,кажа денес дека го мењал законот за високо об.,заш една причина била дека че страдала неговата генерација од професорите,абе реков ја тој има фрустрации од учењето ,па сега се свети.
Абре министерче ,ние кај да се ставиме, нашата генерација,и многу други,што вие ги уништувате,што да речат тие,копук низаеден.
ВОЈНАТА Е МИР
СЛОБОДАТА Е РОПСТВО
НЕЗНАЕЊЕТО Е СИЛА
ОД ЗЕЛКА ТОРТА И ОД СЕЉАК ГРАЃАНИН НЕ БИДУВА
Кон врв
*moon* Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7657
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај *moon* Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Февруари.2011 во 01:14
AKO NEKA GI PROGRMA MALKU KAKO DZEKOVI SE..............да
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Февруари.2011 во 02:58


И сега министерот одби да седне со универзитетскиот сенат да го разгледаат заедно законот.
Законот експресно поминал во Влада и веќе е во собраниска процедура.
И ете уште еден закон пред Уставен суд!...вртење%20со%20очи


Кон врв
aLkINOr Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)

Регистриран: 16.Јануари.2011
Статус: Офлајн
Поени: 76
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај aLkINOr Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Февруари.2011 во 10:19
minsterot odbivse da sorabotuva ot tija profesori ne se rabotnivci kako sto treba samo gi padaat studenite
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Февруари.2011 во 15:05
Сатирата е сатира, ама кај нас е жива реалност. Јако нема што-ја отсликува факултетската, па дури и целата образовна фела. Истово важи и за директорите во основните и средните училишта- мешетарат и чим ги сменат си се враќаат на своите работни места од кај што заминале. изненадување
Професор без ресор
Кон врв
Buggyman Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 26.Јуни.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1308
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Buggyman Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Февруари.2011 во 18:13
Член 46

На универзитетот му се гарантира автономија.


Условите за основање, вршење и престанок на дејноста на универзитетот, се уредуваат
со закон.

Член 47

Се гарантира слободата на научното, уметничкото и на другите видови творештво.

Се гарантираат правата што произлегуваат од научното уметничкото или друг вид
интелектуално творештво.

Републиката го поттикнува, помага и штити развојот на науката, уметноста и културата.

Републиката го поттикнува и помага научниот и технолошкиот развој.

Републиката ги поттикнува и помага техничката култура и спортот.

Устав на Р. Македонија
Homo homini lupus est...
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Февруари.2011 во 19:09
Originally posted by Kali Kali напиша:




Дефинитивно високото образование заслужува реформи! Законов, како што го читав има некои чудни точки...- на пример, ректорот не мора да е професор??


Да бидам искрен, не сум го анализирал детално текстот од предлог- измените на Законот за измена и дополнување на Законот за високо образование, само сум ги прочитал оние спорни членови.
Според тоа што го видов, во законот стои дека оние професори кои ќе бидат членови на Одборот за акредитација и евалуација на високото образование, не можат да бидат избрани за ректор, проректор и декан, поради тоа што би постоел судир на интереси.

Originally posted by Kali Kali напиша:


- точка за спречување на непотизам-во склоп на Закон за високо образование?? Па син, или некоја блиска рода на професор не смее да работи на истиот факултет....? Не сум правник, Македон ако може нека го објасни ова, мене ми е чудно.


Според ова што го прочитав, измените на Законот ќе го донесат токму тоа, забрана за именување, цитирам:
Во наставно-научното звање на иста единица на високообразовна установа не може да биде избрано лице кое има одбрането докторски труд на факултет каде има
засновано работен однос во наставно-научно, наставно, односно соработничко звање лице со кое е роднина по крв во права линија до кој и да е степен, а во странична линија до четврти степен, или му е брачен другар, лице со кое живее во вонбрачна заедниа или роднина по сватовство до втори степен, без оглед дали бракот престанал или не.

Според ова, лицето кое има одбрането докторски труд на факултет каде што работен однос има засновано лице со кое е "роднина по крв" (терминот е многу непрецизен, доволно е да кажел крвно сродство, или пак во сродство, затоа што веднаш се поставува прашањето за потполното посвојување, кое е изедначено со крвното сродство, но, сепак ваква непрецизност не смее да се дозволи, иако за жал, во нашите закони не е единствена), не може да биде избрано во научно-наставно звање.

Originally posted by Kali Kali напиша:


Се плашам дека Законов може само да го засили своето влијание на Универзитетот и онака слабата интелектуална сила ( слаба по моќ, не по квалитет!) дополнително да ја контаминира со политички притисоци и влијанија.


Законот несомнено има свои предности, но мислам дека некои решенија уште еднаш треба да се обмислат, особено оној дел за сродството и избирањето во научно звање на лица кои докторските студии ги завршиле на факултетот каде роднината е во работен однос со научно-наставно звање. Во овој случај, доволно е докторските студии да се завршат на друг факултет и повторно да се конк*рира на факултетот каде што роднината е во работен однос со научно- наставно звање и да се биде избран, што несомено ќе го намали квалитетот на кадри на некои факултети.


Од друга страна пак, на некои факултети може да се забележат повеќе предмети, каде што професор е родител, а асистент детето и таму сеуште се избираат асистенти според волјата на професорот, преточена во облик каков што "бара" законот, од формален аспект, секако.

Originally posted by Kali Kali напиша:


Кај нас се случува да целиот образовен систем се разводнува- се изнародија милион приватни универзитети кај што квалитетот на образование е - нула.


Токму поради ова ме загрижува и оваа одредба. Некој кој го стекнал образованието на такво факултет, согласно оваа одредба, може да ја "заобиколи" истата, со тоа што докторските студии ќе ги заврши на таков факултет и подоцна ќе аплицира на факултетот каде што е и неговиот роднина.

Нашиот законодавец најверојатно појде од идејата дека со Одборот за акредитација сите овие појави ќе ги стави под контрола, па со тоа и законот ќе се имплементира мошне ефикасно.

Originally posted by Kali Kali напиша:


Инстант дипломи за неколку илјади евра. Практично, државниот Универзитет беше финансиски пенализиран за сметка на другиве Универзитети. На пример- Универзитетот кубури со наставнички кадар- се случува да постдипломци студенти држат цели предмети, и тоа круцијални предмети.


Ова пред се мислам дека е последица на тоа што на повеќе факултети нема студенти и со тоа тие стануваат неисплатливи, па затоа и не може да се создаде квалитетен наставен кадар. Тоа е резултат од незаинтересираноста на студентите да се запишат на неколку факултети и покрај големиот број поволности.

Originally posted by Kali Kali напиша:


Се случува да не се одобруваат средства за пишување книги (сеуште на нашиот Унив. се служат со српска литература од 50тите !!!) , а студенти лингвисти се зафатија со преводи на стручна литература, како проект финансиран од Владата??...И еден куп други проблеми, со кои сум случајно добро запозната. Како тоа го подобрува образованието?


За жал и ова е точно. На некои факултети, учебните помагала се на странски јазик, потекнуваат од минатиот систем, изобилуваат со стари термини и идеолошки напласток, а и веќе се неподобни за современиот начин на студирање и изучување на предметите. А за преводите на делата, подобро и да не говориме, затоа што не се само тие. Кај нас има и преводи на закони од други држави, со кои дури и некои сметаат дека извршиле добра регулација на правните односи...
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Февруари.2011 во 19:21
Originally posted by mamamd mamamd напиша:

Зошто студентите не ги праќаат на пракса (сметам дека она што го имаат пракса е многу малку) и секој одреден ментор-наставник практичар да го обучува во пракса. Не им се одвоуваат средства за да ја платат праксата-од парите кои студентите ги уплаќаат? збунетост


Полн погодок mamamd.

Кај нас праксата е сведена на минимум, односно воопшто и ја нема. Наместо тоа, се практикува теоретско образование, изучување на сите можни теории за некои прашања, но студентот не се сретнува со практично знаење, кое се бара од него да го примени во работењето. Затоа пак се бара, не од сите професори, туку од некои, студентот наизуст да знае што е напишано во учебникот. Тоа не би било лошо, но, кога тоа би било и преточено во практична настава.
Кон врв
marsovec Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Април.2010
Статус: Офлајн
Поени: 3378
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај marsovec Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Февруари.2011 во 19:23
Да се знаело што се сака со реформи во школството, немаше во 2008 да се донесе закон па сега повторно...утре пак повторно???До кога и кој ова го работи???Срамно е постојано правење закони и исправки и правење повторни истите закони и се така...Има ли крај на недоветни закони и повторнба изработка???И кој колку од тоа се опарува како ЕКСПЕРТ????да
СЕ Е КОНЕЧНО САМО ГЛУПОСТА Е БЕСКОНЕЧНА - САМО КАЈ НАС
Кон врв
Pat Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 1334
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pat Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Февруари.2011 во 19:34
Originally posted by Buggyman Buggyman напиша:

Член 46

На универзитетот му се гарантира автономија.


Условите за основање, вршење и престанок на дејноста на универзитетот, се уредуваат
со закон.

Член 47

Се гарантира слободата на научното, уметничкото и на другите видови творештво.

Се гарантираат правата што произлегуваат од научното уметничкото или друг вид
интелектуално творештво.

Републиката го поттикнува, помага и штити развојот на науката, уметноста и културата.

Републиката го поттикнува и помага научниот и технолошкиот развој.

Републиката ги поттикнува и помага техничката култура и спортот.

Устав на Р. Македонија


Абе тоа тука убаво си пишува, ама кај нас секој си ги толкува нештата како што сака. Така што единственото што професорите го бранат во случајот е автономијата на нивниот џеб. Со чест на исклучоците, многу од нив се медиокритетски мешетари и полтрони кои што воопшто и не знаат, и што е уште полошо, не ни сакаат да знаат што значи тоа „слободата на научното, уметничкото и на другите видови творештво.“ Едноставно не ги интересира, и затоа македонската наука речиси е еднаква на помија.

Исто така важи и тоа што го кажаа и другите членови во дискусијава; како може некој себеси да се нарекува универзитетски професор, кое што по автоматизам значи авторитет во науката, ако не објавува свои сопствени трудови пред меѓународната научна јавност? Така се потврдува научничкиот авторитет, а не преку печатење на некакви книжулиња за кои што потоа взаемно си се фалат на нивните вампирски балови.

Јас мислам дека министерот за образование е еден од ретките кој што се труди да си ја врши работата како што треба, и да размрда некои работи од корен.
Zero Tolerance For Silence
Кон врв
zagor Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Уникатен песимист

Регистриран: 27.Септември.2007
Локација: Congo
Статус: Офлајн
Поени: 12850
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zagor Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Февруари.2011 во 10:25
- За мене не е битно дали поединци, па можеби и групи, одбиваат да прифатат дека професорите треба да предаваат, да се занимаваат со наука, што е еден од основните услови за подигнување на квалитетот, и да даваат отчет за тоа како се трошат парите од студентите. За мене е битно каква Македонија ќе имаме за 10 години и дали и мојата генерација ќе остане дел од таканаречената загубена генерација на транзицијата или ќе успееме да поставиме нови вредности и Македонија ќе стане развиена држава во која ќе има брз економски и општествен развој - рече Тодоров.

....браво бе..министре,само да не чекаме за вашите закони да дојде 2014г.Од каде сте сигурни дека ВИЕ ќе бидете на власт тогаш?Што ако другите ја укинат оваа одредба или цел закон..ќе водиме инает и тогаш?
...zagor e ziv,se drugo e laga.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234 5>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,219 секунди.