IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Историја
  Активни теми Активни теми RSS - Македонскиот јазик и македонската азбука
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Македонскиот јазик и македонската азбука

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 132133134135136 146>
Автор
Порака
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Февруари.2011 во 16:01
Има и други гледишта, освен грчкото.
Ете што пишуваат од с. Палеор




Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Февруари.2011 во 16:17


„тин македоникин ДИАЛЕКТОН“



Изменето од Каснакоски - 06.Февруари.2011 во 17:04
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Февруари.2011 во 17:59
Во неколкуте зборови пред тоа лежи зајакот.
Кон врв
diyna Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 28.Февруари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 25
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај diyna Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Февруари.2011 во 20:47
За Македонски jазик, така како што гледам, сериозни докази не видов, а за азбуката - ни збор...
Нема ли коj да jа заштити Македонската азбука?

@Платеник
Diyna и Дивна не е едно и исто. Да кажеме, дека е недогледано, да не е другото.
Но што да мислам на тоа "од времето на Преслав"? Преслав не е некоj хан или цар, та да има нешто од неговото време. Преслав е бил столица на Бугариjа при цар Симеон Велики и истиот град сеуште си е на истото место, сега се зове Велики Преслав. Токму там е создадена кирилицата, а Македонската азбука сите знаем каде и как е создадена пред 56 години. Грешка, пред 55, годинава ке се исполнат 56.
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Февруари.2011 во 21:20
Originally posted by diyna diyna напиша:

За Македонски jазик, така како што гледам, сериозни докази не видов, а за азбуката - ни збор...
Нема ли коj да jа заштити Македонската азбука?


Ако ти не ги гледаш нештата кои пред очи ти се, не очекувај дека некој ќе ти помогне околу тоа. Поставив три документи за тоа како си го нарекувале јазикот Македонците од Егејска Македонија. Истотака и depo постираше докази. Еве, повели уште една книга.

Кога во Преслав се создавала килирицата, во Македонија веќе долго имало писменост. Се употребувала глаголицата. Затоа без многу фалби.
Кон врв
diyna Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 28.Февруари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 25
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај diyna Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Февруари.2011 во 22:21
Зошто сега фалби, тоа се факти!?
Не гледам тука ни еден збор на глаголица напишан, сите се на кирилица.
А книгава е полна со грешки, има цели делови на српски и дури турските зборови се напишани на некоj српски начин и изгледат смешно. За албанските немам поjма, инаку можеби и таму ке видев истото.
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Февруари.2011 во 22:34
Originally posted by diyna diyna напиша:

Зошто сега фалби, тоа се факти!?


Почитуван/а, па факт е и дека додека во Македонија се творело на глаголица, во Бугарија се пишувало на грчки. Факт е и дека додека св. Рамноапостолни Кирил и Методиј твореле во Македонија, Бугарите пишувале на јазик кој ни најмалку не е поврзан со словенските јазици. Факт е и дека, кога се создала глаголицата, кирилицата воопшто не постоела.

Originally posted by diyna diyna напиша:


Не гледам тука ни еден збор на глаголица напишан, сите се на кирилица.



Ако чекаш тука, во презентирани документи, кои датираат од од XIX и XX век да има зборови напишани на глаголица, јасно ми е зошто ги имаш и тие убедувања за историскиот развој на македонски јазик.

Originally posted by diyna diyna напиша:


А книгава е полна со грешки, има цели делови на српски и дури турските зборови се напишани на некоj српски начин и изгледат смешно. За албанските немам поjма, инаку можеби и таму ке видев истото.


Книгата е пишувана на наречје, не на стандарден македонски јазик. Предговорот е на српски, барем јас колку што разбирам српски, а може и да грешам. Човекот кој ја пишувал книгата бил самоук ѕидар, па затоа не треба да те чудат грешките.

Тоа што според тебе зборовите се напишани на српски начин, не значи и дека е така. Точно е дека е употребена српската азбука, но истиот, оној кој ја пишувал, ако знаеше кој е, ќе знаеше дека ја употребувал дури и бугарската азбука. Сепак, тоа не менува ништо. Јазикот насекаде го нарекувал македонски.
Кон врв
diyna Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 28.Февруари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 25
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај diyna Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Февруари.2011 во 22:18
Не чекам да видам тука документи на глаголица. Сакав да кажам, дека на форумов се користи кирилица. И не само на форумов, но и стандардно во Македониjа. Исто како и во Русиjа, Србиjа и, нормално, Бугариjа.
Та прашането беше за Македонската азбука - jас гледам кирилица, создадена во Преслав.
Дали Александар Велики би разбрал нещо од таа азбука?
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Февруари.2011 во 22:24
Originally posted by diyna diyna напиша:

Не чекам да видам тука документи на глаголица. Сакав да кажам, дека на форумов се користи кирилица. И не само на форумов, но и стандардно во Македониjа. Исто како и во Русиjа, Србиjа и, нормално, Бугариjа.
Та прашането беше за Македонската азбука - jас гледам кирилица, создадена во Преслав.
Дали Александар Велики би разбрал нешто од таа азбука?


На тоа ќе ти одговорам со прашање. Дали Аспарух би ја разбрал кирилицата? Дали св. Рамноапостолен Цар Борис би ја разбрал, ако знаеме дека говорел и пишувал на грчки? И дали тоа ќе значи дека не постои бугарска кирилица?
Кон врв
diyna Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 28.Февруари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 25
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај diyna Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Февруари.2011 во 22:59
Аспарух нема как да jа разбере...
Св. цар Борис - исто.
Историjата вели така - кирилицата е создадена во столицата на Бугариjа пред 12 века. Од тогаш се користи како стандардна во Бугариjа.
Историjата вели исто така - Македонската азбука е создадена од нарочна комисиjа пред 55 години, исфрлаjки неколко типично бугарски букви и вовеждаjки соодветно српски. Нормално, и едните, и другите си се кирилица.
По истото време е создаден и стандардниот Македонски jазик. Собрани се неколку Македонски наречиjа, предимно пооддалечени од стандартниот Бугарски, воведен е стандардно троесложен акцент и со користенье на голем дел српски поими во администрациjа, наука и слично, ете ви го Македонски jазик.
Можеби елементарно го опишав, не е толку просто, но во општи линии...
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Февруари.2011 во 23:14
Originally posted by diyna diyna напиша:

Аспарух нема как да jа разбере...
Св. цар Борис - исто.
Историjата вели така - кирилицата е создадена во столицата на Бугариjа пред 12 века. Од тогаш се користи како стандардна во Бугариjа.


Зарем ова некој го оспорува? Секако дека не. Но, тоа не значи пак и дека Бугарија е единствената заслужна за словенската писменост и култура. Тоа што кирилицата се наметнала, не значи дека е благодарение само на Бугарија.

Originally posted by diyna diyna напиша:


Историjата вели исто така - Македонската азбука е создадена од нарочна комисиjа пред 55 години, исфрлаjки неколко типично бугарски букви и вовеждаjки соодветно српски. Нормално, и едните, и другите си се кирилица.
По истото време е создаден и стандардниот Македонски jазик.


Никој не спори дека во 1945 година е стандардизиран македонскиот јазик. Но, тоа не значи дека не постоел македонски народен говор пред тоа. Токму тој народен говор е основата на стандардниот македонски јазик. А како што можеше да се види во документите кои јас и depo ги поставивме, македонскиот народ го нарекувал својот јазик македонски јазик и пред тоа. Да, тој не бил стандардизиран, но бил македонски јазик.

А тоа дека е стандардизиран намерно е нешто сосема нормално. Немој само да ми кажеш дека бугарскиот јазик е стандардизиран ненамерно? Зарем им се сонило на сите дека треба да го стандардизираат, па сосема случајно се сретнале и сосема случајно го стандардизирале?
Originally posted by diyna diyna напиша:



Собрани се неколку Македонски наречиjа, предимно пооддалечени од стандартниот Бугарски, воведен е стандардно троесложен акцент и со користенье на голем дел српски поими во администрациjа, наука и слично, ете ви го Македонски jазик.
Можеби елементарно го опишав, не е толку просто, но во општи линии...


Македонскиот стандарден јазик е стандардизиран не со цел да биде подалеку од бугарските говори, или поблиску до српските, туку за да може со истиот да се служи сета етничка Македонија, сиот македонски народ, како оној во тогашна НР Македонија, така и оној во Егејска Македонија, па и насекаде во светот. А како што може да видиме, постојат документи, конкретно од Егејска Македонија, дека стандардниот македонски јазик бил срдечно прифатен и употребуван, а и денес може да видиме дека е така. Таа е идеја на Мисирков, да се земат централните наречја при стандардизацијата, која подоцна се исполнила. Српските поими во администрацијата навлегуваат по ослободувањето, а не пред тоа. И не мешај го правото со тие нешта, тоа е сосема друго прашање. Влијанието на еден правен систем врз друг, не секогаш е поврзан со политиката. Тоа е опширно прашање, на кое местото не му е тука.

Изменето од Македон - 07.Февруари.2011 во 23:15
Кон врв
DragancoLeskoec Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 01.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 984
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DragancoLeskoec Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Февруари.2011 во 00:17
Тросложното aкцентирaње не е воведено, не е изваено од газ, туку земено и искористено.Какви се тие наречија предимно оддалечени од бугарскиот јазик ?Нормално дека ќе бидат одбрани такви, кога јас БИТОЛЧАНЕЦ можам да си пишам(и си пишам) на локалниот дијалект на форум и на каква било интернет форма за социјална интеракција и без мака да ме разберат соговорниците од Тетово, Струмица, Берово, Куманово.

Нормално дека ќе ги земиме за стандардни битолскиот или охридскиот дијалект не некој од пи*ке си материн да ми треба речник да го разберам.А за србизацијата, да, многу научни, стручни(србизам)термини беа воведени од српскиот јазик.

Доста со таја неписмена теза дека бил одбран дијалект, колку да биди различен од бугарскиот стандарден.Кој друг говор би го одбрале ?Југоисточните говори ?Со софијанец можам побрзо да се разберам одколку со струмичанец.За кумановчани муабет да не прајме.

Централните говори се мама на каква и да било форма на македонски литературен јазик.Најдобар показател е изговорот на големиот јус - ѫ, како а.





Нешто кaко тукa aмa зaедно со Охрид.

Изменето од DragancoLeskoec - 08.Февруари.2011 во 00:39
Кон врв
Platenik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Platenik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Февруари.2011 во 09:42
Умрело некое магаре или пак не сум достоен да ти го разберам сарказамот?!

Немој да не браниш, те молам!
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“

Кон врв
Pat Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 1334
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pat Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Февруари.2011 во 12:38
Кај Бугарите имам забележано еден интересен...како да го наречам тоа, синдром, или психолошки феномен можеби...Всушност централно-западното македонско наречје е поблиско до трновското, отколку да кажеме рупските говори. Меѓутоа поради тоа што македонскиот литературен јазик функционира како засебен јазик, Бугарите го доживуваат како нешто туѓо, наметнато, полно со србизми - ти реков ми рече, нешто што треба да го нема. Па дури велат дека Македонците не го зборуваат македонскиот литературен јазик, туку дека по дома зборуваат сосема поинаку, што е доста смешен заклучок, бидејќи како се зборувало во Прилеп пред стотина години, горе долу се зборува исто и сега, освен што во говорниот прилепски, па дури и битолски веќе навистина има навлезено србизми, додека во македонскиот литературен има извесна тенденција за пуризам. А да кажеме северозападните бугарски говори имаат двојно повеќе србизми, дури имаат зачувано и некои падежни форми, меѓутоа македонскиот јазик е србизиран, а северозападното бугарско наречје е нели, дијалект....

Изменето од Pat - 08.Февруари.2011 во 12:42
Zero Tolerance For Silence
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 132133134135136 146>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,313 секунди.