|
Ваша песна,состав или што било напишано |
Внеси реплика | страница <1 124125126127128 138> |
Автор | |
bijonse1
Сениор bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Изменето од bijonse1 - 08.Јули.2018 во 19:37 |
|
butterflyM55
Сениор ***PEPE*** Регистриран: 17.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 3399 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ДО СЛЕДНОТО ВИДУВАЊЕ Ме опиваш полека како вино црвено кога потекува низ вените. Сладок вкус на горчина измешано со арома на љубов која те обзема ненадејно. По некоја си шема,редовно, се давам себе си,како милостина што се подава на сиромашни. Редовно сум сестра натагата, дежурна лудача, која само чека да и ги одврзеш рацете кои и се на грбот стегнати. И пак чувството на опојност кога тие насмеани очиња ќе ме погалат нежно со поглед како мајка своето бебе. А рацете како канџи се зариваат во твојата мека кожа, небаре последен сплав си на отворено море. Се качувам панично на него и како брод кој се губи под последните зраци на сонцето, тонам во твојата прегратка. Се топам како сладолед на жештина оставајќи трага своја на твоето голо тело, прекривајќи ја твојата кожа со слатка смесакоја ќе ти остане како спомен. Изменето од butterflyM55 - 05.Февруари.2011 во 18:53 |
|
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
|
|
DragancoLeskoec
Сениор Регистриран: 01.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 984 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Диво Племе
Селани прости и овчари диви Слегоја од планина, скокнаја од ниви Расипан мозок и испечен сурат Се наместија меѓу нас, цел да ни го т***т Се собраја цел чопор, дива орда На Белград мизерна и гнила творба Со сила и оружје застанаја на чело И рак станаја во општеството цело Почнаја да пљачкат, да урлат Да дивеат низ градови и села Дека е нивно се, добија некаква идеа Зедоја се без милост и срам, а Во срцето нивно чоечност ни грам Кој ве клал вас овде копиљаци едни Убијци и крадци, гнаси бедни Вашата дружба од злоба рика Начинот на контрола УДБА се вика Цркнати сте вие, гниете в гроб Но на вашиот начин уште сме роб Децата ваши царови се сега Ама и нив вашата судба не им бега Изменето од DragancoLeskoec - 06.Февруари.2011 во 22:59 |
|
kejt-d-grejt
Сениор Регистриран: 05.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 6228 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
definicijata za Patriotizam zapocnuva so zborot Ljubov patriotizam ne se pokazuva so
duvanje,
puvanje,
grakanje,
shtrakanje,
zdriganje
od prejaduvanje...
...
go**a
Изменето од Andjelina - 06.Февруари.2011 во 23:20 |
|
се' што е убаво во животот е поезија. сето друго е проза
|
|
Andjelina
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Miss High Hill’s Регистриран: 07.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 14129 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Драганче мило...ем од Лескоец де...мнооооогу убава...„содржајна песна“
а да ти префрлам ја ова бе батка кај политичарине,а? или кај југоносталгичарине....мммммммм шо убо ќе ја личи таму вие двајца револвераши после Драганче...разлаз не му расипујте уметнички дојам на малиот |
|
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува
|
|
majstorce62
Сениор ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
СПОКОЈ
Се преполнило срцето со радост, песните вo спокој чмаат - тишино прекрасна, за каква ли бура се токмиш... |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
bijonse1
Сениор bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Жаба или принцеза Те чекам, не да ги тргнеш испреплтените крошни и лијани, не да ги собереш лотосите и комарците, не да ги смириш птиците , не да ги… не да… Неееееее!!! Те чекам, не да ми ја искрекаш песната со сто штурци, не да ми го осветлиш небото со безброј светулки, не да ми го направиш водоскокот со иљада рипчиња, не да ми… не да… Неееееее!!! Те чекам, не дека се надевам во некое чудо или магија, не дека си ти волшебник или некој принц, не дека немам црвени усни и круна на глава, не дека немам… не дека … Неееееее!!! Те чекам, трпелива и љубопитна како ќе се одлучиш, замислена и уплашена како ќе го изведеш, дали со бакнеж принцеза ќе ме направиш, дали со бакнеж… дали со … Дали… Во жаба ти ќе се претвориш ??? Изменето од bijonse1 - 09.Февруари.2011 во 18:45 |
|
zbunet
Сениор Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ризик
Не е тоа комета на ноќното небо меѓу ѕвездите ти личи како да потскокнува не ти треба желба да смислуваш исполнета ти е ако е таа која мислам дека е ако се насмееш додека кон тебе паѓам значи таа е а и ти си таа. Ветерот до тебе ливче донесува на него нешто пишува. “Ако се насмееш, нешто скокотливо ќе ти се случи од мене“ Не се кикоти копче не откопчувај демек жешко ти е здолниште над колено не подигај ризично е оти во шума сме оти сами сме. |
|
majstorce62
Сениор ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
rizik stvara kapital...
|
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
zbunet
Сениор Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Слаткотија
И медот ти ја препушти победата и тој знае што е послатко, чоколадите ти ракоплескаат среќни бар слуги да ти бидат, сладоледот за прошка те моли што воопшто и помисли со тебе да се натпреварува, и торти како светилници нанижани патот кон престолот ти го осветлуваат, е таму стојам и те чекам лиги со ракав забришувам. На престол седнуваш светкавици наоколу, за рачка се фаќам престол во кревет се претвора со насмевка спремно легнуваш, како бомбона ме одвиткуваш очи широко отвараш. усни твои се црвенат да ме ишмукаш се спремаш. |
|
anakin
Сениор Unidentified Flying Object Регистриран: 08.Август.2005 Локација: Machku Pichku Статус: Офлајн Поени: 18535 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
. - еј, што направи? што убав беше песочниот замок - па, готов беше, немаше што да се додаде повеќе - ама, два часа го градеше, со толку љубов - за тебе, го виде не? - ама што не го остави - од песок беше мило, за тебе изграден да го видиш и така да го запамтиш - ама можеа другите да го гледаат цел ден - од песок беше, ветерот и плимата ќе го рушеа, немаше да биде толку убав, а јас сакав ти да го запамтиш каков што беше а не каков ќе биде . тој знаел , кога се гради замок од песок, трае многу кратко, треба набргу да се сруши, неговата убавина да остане а не замокот |
|
SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.
|
|
zbunet
Сениор Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Здивени бакнежи
Јато здивени бакнежи ти праќам помалку и грицкаат прерамки буткаат копчиња откопчуваат внатре се устремуваат не се сопираат, такви се бргу огладнуваат, ама што да им правам какви се, такви се, мои се. Жртва нивна си само за тебе ми зборуваат, се облизнувааат, на твојот мирис ме потсетуваат, знам, претеруваат, а не можам да ти помогнам и со мене владеат. |
|
zbunet
Сениор Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ден за одмор
Денес е од оние денови килави, сонце грее мене ми е како ситна ѕвезда моето село напуштено стои залудно довикувам, само трња во тесни простори ми возвратија. Врата затварам двете брави ги заклучувам ролетни навлекувам ден за одмор е, кога ќе се стемни ќе излезам. Нешто на врата гребе мислам таа е, отварам, мачка била. |
|
kejt-d-grejt
Сениор Регистриран: 05.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 6228 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
се' што е убаво во животот е поезија. сето друго е проза
|
|
Внеси реплика | страница <1 124125126127128 138> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |