IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Интима > Секс
  Активни теми Активни теми RSS - Секс занимливости
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Секс занимливости

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 3738394041 49>
Автор
Порака
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Декември.2010 во 07:04

Сексот ги лечи несреќните бракови

 
Квалитетниот сексуален живот може да спаси многу бракови во кои партнерите лесно се нервираат, менуваат расположение или се незадоволни, покажува американското истражување.

Научниците го следеле однесувањето на 144 брачни двојки во текот на првите 4 години од бракот. Тие одговарале на прашања колку се среќни и колку често водат љубов. Резултатите покажале дека просечна двојка има секс еднаш неделно во текот на првите 6 месеци од бракот,а до четвртата годишните просекот паѓа на три пати месечно.

„Истражувањето покажа дека на нервозните личности најмногу им помага честиот секс“, велат Џејмс Мек Нулти и Мишел Расел,научници од Универзитетот во Тенеси кои раководеле со проектот.

Но, кога не се работи за брак во криза и тензии,честите сексуални односи не се неопходни за брачна среќа, велат научниците.
Кон врв
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2010 во 18:29

СЕКС ЗАНИМЛИВОСТИ...медицински...среќа

Има едно правило … да све што е случајно и спонтано испаѓа стварно нешто добро …по тоа правило  новоткриениот антидепресив ,,Flibanserin,, не покажа некои добри да не речам изванредни резултати како лек против депресија не делувајќи баш на подобрување на расположението на депримираниот пациент…НО… пазите ваму !!! забележано е да буди еротски желби кај пациентите од женски пол…и направените клинички испитувања покажале значајно подобрување кај жените кои изгубиле интерес за секс со тоа е родена ,,вијаграта  за жени,, опааааа на здравје нека е!!! …и ,,вијаграта за мажи,, првобитно била наменета за лечење на ангина па после научниците го  откриле ефектот врз машка импотенцијата...

http://media.tumblr.com/tumblr_kvtfk830ot1qawkce.jpg      http://wwwdelivery.superstock.com/WI/223/1732/PreviewComp/SuperStock_1732R-6649.jpg     http://wwwdelivery.superstock.com/WI/223/1732/PreviewComp/SuperStock_1732R-6629.jpg

Во Мексико некои клинички лаборатории покрај класичните услуги да не речам биохемсиски испитувања нудела можност за откривање на неверство со научен доказ на ДНК на туѓата личност…доволно е да се достави дел од облека каде се сомнева изневерената особа дека имало сперма , влакна или пљунка …самата услуга е вреднувана од 130-330 евра и се изработувала  за една недела…
http://shelleytherepublican.com/wp-content/uploads/2009/05/female-masurbatio-1.jpg     http://www.nytimearticle.com/wp-content/uploads/2010/10/masturbation-cuts-cancer-risk.jpg http://cassandrascollection.com.au/images/Blogandarticleimages/masturbation_month_3.jpg      http://www.examiner.com/images/blog/wysiwyg/image/man_masturbating.jpg
Дваесетгодишните мажи кои ејакулираат повеќе од пет пати во неделата имаат многу помали шанси да заболат од рак на простата, се вели во една студија спроведена во Австралија…студијата се фокусирала само на ејакулација со мастурбација, бидејќи при сексуалните односи, мажите можат да добијат различни инфекции кои што го зголемуваат ризикот за рак на простата…заклучиле  дека колку почесто луѓето помеѓу 20 и 50 години ејакулираат, толку се помали шансите да заболат од рак на простата…потенцирајќи  дека заштитниот ефект е најголем кај оние кои често мастурбираат помеѓу својата 20-та и 30-та година од животот…еректилна дисфункција ЕД кај мажите по потенцирана е кај страсните велосипедисти кои почесто страдаат од ЕД во однос на другите спортисти да не речам атлети..проблемот лежи во формата на велосипедиските седишта кои вршат притисок на перинеумот што преставува област која се наоѓа помеѓу анусот и скротумот при што нели содржи артерии и нерви кои се витални за сексуална возбуда …велосипедистите кои неделно поминуваат многу часови на својот омилен велосипед треба да обезбедат посебно дизајнирани седишта кои ќе го штити перинеумот…

http://www.newshelton.com/wet/dry/images/2010/05/45618.jpg    http://3.bp.blogspot.com/_D-dHcicG0Xk/TNOL2s-MX1I/AAAAAAAACHo/-f_cl-cI7k4/s1600/masturbation-feminine.jpg     

Мастурбацијата кај жените може позитивно да влијае и на здравјето … повеќето жени како и мажите, мастурбирале барем еднаш во својот живот…можеби се чувствувале виновни посебно ако се во сериозна врска… понекогаш партнерот може да е уморен, на пат или пак поради нешто друго да е недостапен…но тоа не значи дека жената треба да ги потиснува своите желби…нема само еден начин на мастурбација кај жените што се смета за нормален, многу начини се “нормални”… прстите и вибраторите се вообичаени методи што жените ги употребуваат…на возраст од 18 до 60 год.користат вибратор за време на мастурбација или за време на однос…некои жени пак велат дека го користат задниот дел од четкичката за заби што работи на вибрации, рачката на чешелот или пак млазови вода од тушот…според други експерти, прекумерната употреба на вибратор може да доведе до нечувствителност при однос со партнерот… тие веруваат дека претераната употреба на вибратор може да го навикне телото на такви стимулации што човек не би можел да ги направи…како и да се одлучи една жена да мастурбира, тоа ќе и го подобри расположението…

http://www.davidwygant.com/blog/wp-content/uploads//mmx-logo-sexy-Hot-Girl-panties-my-faves-pics-2-pics-lingerie-sensuales-angie56-sensual-Hot-pics-dpics-pic-free-honey-woman-beautiful-sex-front-side-sweet-arena-Brunettes-My-Fav-Hot-Girls-sexy-girl-frauen-Kobiety-kad%C4%B1nl.jpg    http://cassandrascollection.com.au/images/Blogandarticleimages/JBS_Masturbation.preview.jpg 

жените што редовно мастурбираат дознаваат што им причинува задоволство…со тоа се добива повеќе самодоверба и помага при водењето на партнерот низ сексуалниот однос… можете да му кажете “стави ја тука раката” без да се засрамите…се препорачуваат мастурбација за оние жени кои потешко постигнуваат оргазам… тоа може да им помогне да си го запознаат елото и да се чувствуваат помалку нервозни… знаеме дека на жените им е потешко да дојдат до оргазам отколку на мажите…мастурбацијата може да помогне, а мастурбацијата со вибратор може да помогне уште повеќе…дури и цела година по неговата последна употреба имаат подобар секс во поглед на влажнење, сексуална желба, возбуденост и оргазам и имаат помала болка за време на односот… жените што мастурбираат велат дека тоа им ги олеснува менструалните болки и ги подобрува симптомите на предменструалниот синдром како што е нервозата и раздразливоста…мастурбацијата со оргазам може да ве ослободи и од мигрена… научниците велат дека некој фактор кој е поврзан со оргазмот може да ја потисне болката или пак целосно да го потисне процесот на мигрена…
http://www.bela.bg/images/penis-01-L.jpg     http://www.upmonitor.ru/imgnews/n809605.PNG     http://www.ayurveda-herbal-remedy.com/gifs/penis-enlargement.jpg   http://www.vadimax.com/media//penis-enlargement-pills-2.jpg
За секој просечен маж, неговиот пенис е свесно или несвесно една од најважните работи на светот… често се пишува дека големината на пенисот не е важна и дека жените не се привлечени од мажите само од големината на пенисот, просечниот маж продолжува да мисли за својот “недостаток“… постојат и мажи кои започнале да имаат проблеми – импотенција (еректилна дисфункција) откако некој направил ненамерна забелешка за нивните димензии… некои жени навистина не сакаат големи пениси и може да бидат исплашени од некој што е премногу долг…некои жени се повеќе импресионирани од дебелината на пенисот отколку од неговата должина…тоа е така поради тоа што некои жени го сакаат чувството на раширеност околу влезот на вагината, па така ако пенисот е доволно широк на основата, тоа може да им биде многу возбудувачки и да предизвика задоволство кај жените…еден од проблемите е тоа што секој маж го гледа својот пенис под скратен агол со тоа, пенисот изгледа пократок отколку што навистина е…кога се гледаат пенисите на другите мажи, таков ефект не постои и секогаш изгледа дека тие се малку повеќе надарени…должината на пенисот во нееректирана состојба се движи помеѓу 8.5 см и 10.5 см, мерено од врвот до основата… средната должина изнесува 9.5 см…

http://www.vigrxplus-review.com/wp-content/uploads/2008/03/penis-enlargement.jpg     http://vecer.com.mk/WBStorage/Articles/932D9F429BCB764ABFE69893D5AF93F4.jpg    http://i.i.ua/photo/images/pic/7/0/2427907_abacc87d.jpg

многу фактори можат да влијаат на привремено намалување на големината за неколку сантиметри како на пример ладно време или пливање во ладна вода и во тој случај не треба воопшто да се загрижувате ако паднете под средната вредност…сега навистина е дека некои мажи имаат големи пениси а некои мали, исто како што некои имаат големи стопала а некои мали, но треба да запомните дека “мерењето“ не е индекс за машките карактеристики…повеќето луѓе мислат дека високиот човек има подолг пенис, но тоа не е целосно точно…на пример должината на најдолгиот орган изнесувала 14 см во нееректирана состојба…неговиот сопственик бил слаб човек со висина од 170 см…должината на најкраткиот орган изнесувала 6 см во нееректирана состојба..неговиот сопственик бил добро развиен човек со височина од 180 см…

ова е ВАЖНО  и интересно е тоа што повеќето од пенисите ја имаат скоро истата големина во ерекција…мажите кои што имаат помал пенис во нееректирана состојба обично постигнуваат до 100 проценти зголемување во должина при сексуално возбудување

http://www.exchristian.net/pics/4512.jpg        http://www.bluezone.mk/informacii/12-05-09ups1.jpg    http://operachic.typepad.com/photos/uncategorized/2007/04/24/image03.jpg 

додека мажите кои што имаат поголем пенис во нееректирана состојба постигнуваат до 75 проценти зголемување во должина… значи дека повеќето пениси имаат должина помеѓу 15 см и 18 см во ерекција, со средна вредност од 16.5 см…скоро секој маж заборава дека не е важно колку пенисот е долг или широк, поради тоа што вагината ќе се акомодира на секоја должина и ширина…должината на вагината кај жената која нема родено е 7.5 см кога таа не е возбудена… должината кај жените кои што имаат родено е малку поголема…при возбуденост, должината на вагината се продолжува на околу 10 см…ова значи дека секој пенис потполно ќе ја исполни вагината, освен ако не припаѓате на оние ретки луѓе кои имаат еректирана должина помала од 10 см…Сега, сигурно се прашувате, како просечниот маж со еректирана должина од 15 см воопшто успева да го внесе својот пенис во вагината…одговорот на ова прашање лежи во тоа што вагината има голем капацитет за издолжување и проширување ако пенетрацијата е постепена…така и “надарените“ мажи со должина од 20 см можат да имаат сексуален однос со секоја жена, ако таа е правилно возбудена и пенетрацијата на пенисот е бавна…ако сексуалниот однос правилно се изведува, вагината може да се продолжи за 150% до 200% за да се акомодира на таа големина на пенис.

Ај доста беше за вечерва …ама се надевам дека нешто ново дознавте да не речам научивте  и дека многу сомнителни работи околу вашата МОЌ ви ги осветлив …ај да речам ви ја зголемив самодовербата!!! голема%20насмевка 

Изменето од bijonse1 - 24.Декември.2010 во 18:36
Кон врв
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Декември.2010 во 22:57

Сè што не сте знаеле за пенисот

Машкиот полов орган навистина е чудо на природата. За него меѓу луѓето постојат цела низа урбани митови и легенди, кои заради неговото значење, заслужуваат да бидат демистифицирани. Значи, што сè може пенисот.........

Мастурбирањето е најдобра вежба

Мастурбирањето навистина е здраво. Не, мажот не е никаков перверзник ако прстињата често му талкаат „кон југ“, велат експертите. Колку мажот помалку го користи својот „алат“, толку подоцна ќе има повеќе проблеми да го пушти во акција. Затоа нема причина да му приговарате што се занимава со своето тело, освен ако самите не планирате да му помогнете.

Алкохолот влијае врз перформансите

Ако неговиот сопственик испие премногу одредени делови од телото стануваат мошне млитави. Но, колку многу е всушност премногу? Околу три и пол пијалаци на секои 70 килограми маж. Секоја голтка над тоа ќе ја урне неговата „решителност“.

Сите пениси имаат „шав“

Сите мажи имаат линија која се спушта низ пенисот до тестисите која изгледа како шав. Се формира уште во мајчината утроба. Кај жените овој шав станува внатрешната усница на вагината, додека кај мажите го опфаќа мочниот канал по должината на пенисот.

Пенисот расте во етапи

Ништо не може да го направи пенисот голем како – стареењето. За жал, растот на „алатот“ завршува некаде пред дваесеттата година.

Неможноста за ерекција укажува на болест на срцето

Лошиот ден на работа може да го убие расположението кај повеќето мажи, но ако состојбата никако не може да се поправи, би требало да посетат лекар. Еректилната дисфункција може да биде еден од знаците на срцевите и други болести како дијабетесот и зголемениот крвен притисок.

Собирањето не е мит

Студеното време и студената вода се смртните непријатели на пенисот! Тестисите мораат да бидат загреани за ефективно да произведуваат сперма и тестостерони. Значи, после буричкањето во студена вода, „онаа работа“ буквално се собира.

Пушењето не штети само на белите дробови

Пред следниот пат да зачадите една со утринското кафе, имајте предвид дека со секоја цигара способноста на вашето „милениче“ да стои исправено малку се намалува. Не е тајна дека пушењето ги запушува артериите вклучително и оние кои го полнат пенисот со крв во тој критичен миг. Тоа значи дека пушачите можат да имаат тешкотии со „дигањето“ одвреме-навреме. Дали по ова сознание ќе ја изгасите цигарата?

Пенисот има свој волја

Многумина се сомневаат во тоа, а сега имаат и доказ. Нервниот систем го контролира пенисот што значи дека ерекцијата може да се случи случајно. Утринската ерекција е резултат на мозочните импулси за време на РЕМ фазата од сонот.

Обрежувањето не е лоша работа

Колку мажите заштитнички да се поставуваат во однос на семејните богатства, сепак околу 75 проценти ги изложуваат своите синови на обрежување (податок од САД). Меѓутоа, тоа и не е толку лошо. Истражувањата покажаа дека постои одредена корист од обрежувањето, како што е помалата веројатност за добивање уринарни инфекции и намален ризик од зараза со ХИВ.

На почетокот сите се исти...

Пораснатите пениси обично имаат околу 8 сантиметри во состојба на мирување и околу 15 за време на ерекцијата. Уште повеќе, кога ќе се возбуди мажот кој има помала „стартна позиција“ може да ја прошири на пропорционално поголема од некои навидум поголеми момци. Само внимателно делете ја со другите оваа информација – малку ваши пријатели ќе ја сметаат за утешна.

Луѓето добро котираат во однос на другите цицачи

Еве некои добри вести: машкиот пенис е поголем во однос на останатиот животински свет. Шимпанзата, на пример, имаат „опрема“ која е двојно помала од таа на човекот. Но, ако баш барате влакно во јајцето, ќе прашате – а што е со синиот кит? „Алатката“ на овој воден цицач е долга неверојатни 3,5 метри, но кому тоа му е потребно?

Закривувањата се вообичаени

Во состојба на ерекција голем број пениси можат благо да бидат свиткани на лево или на десно. Сепак, некои се драстично криви, а сексот е речиси невозможен. Тоа е познато како Перониева болест и се случува кога пенисот се шири рамномерно за време на ерекцијата.

Не го обвинувајте татко ви

Големината на пенисот, неговата дебелина и форма не се генетички условени. Всушност, тие се развиваат во матката за време на „дивеењето“ на машките хормони во фетусот. Ако сте незадоволни од она што го имате, не можете да обвините никој друг освен Мајката природа.

Мажите се програмирани да свршат брзо

Втората цел на оргазмот е репродукцијата, првата е секако уживањето. Еволуцијата предвидела мажите да имаат секс онолку долго колку што им е потребно за да ејакулираат. Всушност, 85 проценти може да ја завршат работата за три минути или помалку.

Сè е во грбот

Машкиот оргазам започнува во ’рбетот. Сигналот за ејакулација е резултат на контракцијата на мускулите во ’рбетниот мозок и карлицата. Ова дава сосема ново значење на реченицата „баш си без’рбетник“.

Да се биде „набиен со сила“ не е секогаш добро

Вијаграта сепак не е добра онолку колку што изгледа. Постојаната ерекција не е чудо, туку медицински проблем. Ако циркулацијата на крвта која ја одржува ерекцијата не се забави, тоа може до доведе до многу сериозни последици, како згрутчување на крвта.

Вазектомијата не е брз чекор кон слободата

Сперматозоидите се многу жилави и можат да предизвикаат проблеми и два месеци по операцијата. Затоа е многу важно да користите заштита додека докторот не ви потврди дека сè е под контрола. Немате причина да стравувате – операцијата е сосема безбедна и помалку инвазивна од подврзувањето на јајцеводите. И најдобро од сè – тоа не влијае врз сексуалната моќ.

Екстра големите кондоми се само за избрани

Само 6 проценти од мажите можат да се пофалат со фактот дека им е потребен екстра голем кондом. Со други зборови, 84 проценти од мажите бесрамно лажат.

Сините тестиси навистина постојат

Мажите навистина можат да имаат сини тестиси. Оваа појава технички се нарекува „простатичка конгестија“, состојба во која крвта се задржува во тестисите. Точно е дека „бисерите“ посинуваат за време на оргазмот, но тоа може да се случи и по туширањето или по пиењето аспирин.

Пенисот по бојата се разликува од другите делови на телото

Обично се потемни од остатокот од телото за кое се „закачени“. Зошто? Тоа е еден од процесите на сексуалното созревање, но и затоа што мажот за време на пубертетот добива свој посебен другар – својата десна рака. Колку повеќе мастурбирате, толку кожата ќе ви биде потемна.

Теоријата за бројот на чевлите

За многумина може да биде разочарувачки фактот што не постои никаква врска меѓу големината на пенисот и бројот на чевлите, големината на дланката или носот. Не ви преостанува ништо друго освен со свои очи да се уверите во димензиите.

Извор: gayecho.......

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јануари.2011 во 17:01
Убави и голи парчиња од насловниците


Убави, згодни и богати. Мажите фантазираат за нив. Затоа ве потсетуваме кои секси девојки најмногу ги красеа насловните страници на магазините во 2010.

Кендис Свонпул - новиот "ангел" на модната куќа "Викторија Сикрет". Заблеска уште на првата сезона од соработката со оваа позната марка. Родена е во Јужна Африка, а со мода се занимавала од 15-годишна возраст. Поседува голема моќ на трансформација и има секси поглед. Манекенката е во врска со својот колега Херман Николи.

 

Кристина Хендрикс - девојката која со своите бујни гради во серијата "Мед Мен" ја направи улогата на секретарка интересна. Магазинот "Esquire" ја прогласил за најсексапилна жена на годината, а цел свет полудува по нејзината фигура како "песочен часовник".

Ева Мендез - актерката со продорен поглед е вистинска кубанска убавица. Ева изминатата година започна да се занимава и со режија. Таа воопшто не била заинтересирана за брак, иако има осумгодишна врска со Џорџ Август.

 

Кели Брук - манекенката која на почетокот на кариерата беше буцкаста и имаше црвени образи, изминатата година се трансформираше во вистинска вамп заводничка. Ги красеше старниците на "Плејбој", а мажите низ светот ги плакнеа очите со нејзиното разголено тело. Моментално е сингл, а му беше вереница на Били Зејн.

 

Џоана Крупа - Полјачка која е избрана за најдобар модел кога станува збор за реклама на долна облека. Словенската убавица често се појавува и во филмови, а одвреме-навреме прави каталози заради кои многумина воздивнуваат. Неодамна се сврши со својот долгогодишен дечко.

Мариса Милер - американската манекенка се прослави рекламирајќи костими за капење за "Sports Illustrated". Убавината и донела ангажман во "Викторија Сикрет", а фигурата ја имала благодарение на сурфањето, одбојката и боксот. Моментално ужива во прегратките на својот втор сопруг.

 

Алесандра Амбросио - бразилската манекенка со ситна градба и неодолива насмевка е едно од заштитните лица на "Викторија Сикрет". Преслабата манекенка тврди дека воопшто не и е тешко да ја одржува линијата. Има ќерка Ања од врската со бизнисменот Џејм Мек*ри.

Ирина Шајк - за неа многумина разбраа откако му стана девојка на Кристијано Роналдо, но остави и впечаток. Руската убавица рекламираше долна облека за "Sports Illustrated" и "Intimissimi".

 

Андријана Лима - жешката манекенка на модните писти се врати една година по раѓањето на ќерката. Признала дека сега се чувствува уште посексапилна, а тоа го докажуваат нејзините нови фотки. Моментално е најголема ѕвезда на "Викторија Сикрет", а на нивната ревија носеше градник од 3 милиони долари.

Бруклин Декер - посебно привлекува внимание на тениските терени, каде ги следи натпреварите на својот сопруг Енди Родик. Веќе со години рекламира долна облека, а и самиот Родик се заљубил во неа од каталог.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јануари.2011 во 16:00
Зголемете си ги градите па ќе си најдете дечко
 

Членовите на организацијата ’Choice’ спроведоа своевидно истражување меѓу австралиските хирузи за да откријат со кои аргументи ги убедуваат жените да се подложат на пластична операција.

Три жени посетиле 30 клиники за естетска хирургија и се правеле дека се потенцијални клиентки распрашувајќи се за липосукција, ботокс и зголемување на градите. Се разбира, хирурзите ги уверувале дека би требало да направат корекција на телото, а најшокантна била причината која лекарите ја наведувале за зголемување на градите.

Имено, тие на жените им тврделе дека секако треба да ги зголемат градите, бидејќи така им се зголемуваат шансите да си пронајдат партнер. Исто така, не се сетиле да споменат никоја од несаканите последици и нус појавите на ваквите операции, кои спаѓаат во прилично сериозни и не се воопшто реткост.

„Изненадувачки е доктор да ти каже такво нешто. Неверојатно е дека така си играат со женската несигурност“, вели Кристофер Зин, портпарол на организацијата ’Choice
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Јануари.2011 во 15:38

Слушањето на омилената музика е пријатно скоро колку и сексот

 

Сигурно сте забележале дека кога ги слушате омилените песни ве обзема пријатно чувство и се чувствувате подобро.

Научниците не само што потврдуваат дека омилената музика нè прави да се чувствуваме подобро, туку и објаснуваат дека таа предизвикува создавање иста хемиска реакција како и добрата храна, парите или сексот.

Слушањето на омилените песни делува подеднакво убаво како и добрата храна, сексот и парите

Пријатното задоволство кое се појавува при слушање на омилените мелодии всушност е предизвикано од невротрансмитерот допамин. За целите на истражувањето, научниците им го скенирале мозокот на волонтери кои слушале музика.

Резултатите покажале дека за време на „врвот на емоционалната возбуда“, областите од мозокот кои се асоцираат со задоволство создавале допамин. Научниците тврдат дека најмногу допамин имало кога слушателот реагирал многу емоционално на музиката.

Овие резултати уште еднаш потврдуваат дека музиката може да се користи ефективно во маркетингот и филмската индустрија за манипулирање на состојбата на задоволство на публиката.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Јануари.2011 во 15:44

Женските солзи ја убиваат желбата за секс кај мажите

 

Женските солзи воопшто не изгледаат привлечно во машките очи и дури ја убиваат страста. Научниците откриле дека хемикалиите од женските солзи ја намалуваат сексуалната желба кај мажите.

Женските солзи делуваат како анти-афродизијак за мажите

За да ја тестираат својата теорија, израелски научници собрале солзи од жени кои гледале тажен филм. Потоа им дале на 24 мажи да ги помирисаат солзите додека гледаат фотографии од жени. Истиот процес бил повторен уште еднаш, но наместо солзи била користена солена вода.

Кога било побарано од мажите да ја оценат привлечноста на жените од фотографиите, мажите кои имале помирисано вистински солзи ги оцениле фотографиите како помалку привлечни во споредба со мажите кои помирисале лажни солзи.

Тестовите покажале и дека нивото на тестостерон кај мажите кои помирисале вистински солзи значително опаднало.

Научниците веруваат дека емоционалните солзи содржат феромони кои ја контролираат сексуалната желба и истакнуваат дека сè уште не е јасно дали машките или детските солзи би имале сличен ефект.

Кон врв
Курчи Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Јануари.2011
Статус: Офлајн
Поени: 143
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Курчи Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Јануари.2011 во 15:46
кај мене ништо не ја убива желбата за секс, не солзи, не смеа, ја сум увек спремен
Кон врв
Schatzii Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Мај.2010
Локација: Germany
Статус: Офлајн
Поени: 10600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Јануари.2011 во 20:11
Сите тајни на позата 69
 
Со вежбање до перфекција.

Таа важи за една од најинтимните и најлибералните пози во сексот. Скоро сите се смешкаат кога ќе слушнат 69.

Славната поза 69 го добила своето име по тоа што партнерите буквално се прекриени еден со друг - од глава до пети. Но тие обично само мечтаат за неа, често ја игнорираат, одбегнуваат, а всушност избегнуваат големо задоволство.

"За" и "против"

Предност на позата 69 е тоа што и двајцата партнери имаат можност истовремено да чувствуваат големо задоволство. А тоа е, иако делува контрадикторно, и најголема маана. Всушност, фактот што и двајцата партнери имаат можност да доживеат задоволство, може да доведе еден од партнерите своето задоволство да го стави на прво место.

Без воздржување

Ако се опуштите и се одлучите за оваа поза - нема место за воздржување. Пробајте ги сите движења кои ќе ви паднат на памет и успехот е загарантиран. Бидејќи оваа поза е многу еротска, се препорачува жените да бидат внимателни - експертите препорачуваат мажите први да ја започнат играта.

Положба

При оваа поза, најдобро е жената да биде под мажот - така ќе биде многу полесно да се задоволи партнерката. Се препорачува и користење на рацете за стимулација.

Удобност

Многу важен елемент за оваа поза е удобно да се наместите. Не се воздржувајте да користите повеќе перници, со цел да придржите одредени делови од телото. Што поудобно се сместите, ќе можете полесно да се опуштите. Колку повеќе сте опуштени толку повеќе пози ќе може да испробате и да се задржите на нив. Ако вашето тело е вкочането, тешко ќе ги избегнете грчевите и болките.

Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.
Кон врв
pillot Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Февруари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 836
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај pillot Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Јануари.2011 во 21:39
a kade e klucot???
bidi sekogash onoj sto vistinski si
Кон врв
pillot Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Февруари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 836
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај pillot Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Јануари.2011 во 21:43

Откачени секс факти
Нашиот разновиден свет крие бројни интересни факти, посебно оние кои се поврзани за сексот. До сега ви запознавме со доста од нив, ова се уште...



...неколку нови кои можеби не сте ги знаеле.



1. Мажите сакаат потајно да ги слушаат другите додека се сексаат, без оглед на тоа како изгледа парот.

2. Најголемата оргија се случила во 1974 година во Лос Анџелес. Учествувале – 262 пара, 68 сексуални односи во тројка и 29 четворки. Наводно се случила на рок концерт.

3. Со 45 сантиметри во ерекција, порно актерот Long Dong Silver има најдолг пенис на светот.

4. Имаме добри вести за сите мажи - жените ја проценуваат големината на пенисот на својот партнер поголема отколку што навистина е.

5. Дневно на Интернет се појавуваат околу 20.000 нови порно страници.

6. Ако сакате вашата драга да има бујни гради треба да платите околу 2.200 евра минимум, а зголемување на пенисот околу 1.600 евра.

7. За 80% од тајланѓанките Св.Валентин е најважен датум. Тогаш најголем број од нив за прв пат спијат со маж.

8. Во Ватикан се почнува навистина рано – според законот може да имате секс од 12 години, а дури и хомосексуалниот анален секс на 12 години не се казнува.

9. Во една секунда на светот започнуваат 2.778 полови односи.

10. Мажите во 50-тите имаат најдобар секс.

11. 64% од мажите меѓу 18 и 40 години сметаат дека татко им ја изневерил мајка им.

12. Дури 83% од жените меѓу 20 и 59 години за 100.000 евра би заборавиле на секс 1 година. Што би направиле вие?

13. Женката мајмун од расата бонобо има секс 50 пати во денот.

14. Durex King Size се најголемите кондоми кои може да ги купите – 215mm.

15. Дури 70% од американците имале секс во тоалет, а на светот ова е нација која најчесто се снима за време на сексот.
bidi sekogash onoj sto vistinski si
Кон врв
Schatzii Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Мај.2010
Локација: Germany
Статус: Офлајн
Поени: 10600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јануари.2011 во 12:17
Најчести женски фантазии
 
Во фантазирањето нема ништо лошо, тоа не покажува кои сме и што сме, туку само што не возбудува. За што фантазираат дамите?

За секс со друг маж (најчесто со некоја позната личност).

Секако, ова не значи дека таа не е задоволна од сексот во врската, туку само дека ја привлекуваат нови искуства (и тој згоден глумец, пејач...).

"Тројката" е на второто место на листата на најчести женски фантазии. Ако е во прашање секс со два мажи, тогаш дамата сака да биде посакувана и тоа јасно да и се покаже.

Ако се замислува себе си и својот партнер во игра со уште една жена, тогаш најверојатно таа се возбудува од помислата дека нејзиниот партнер е привлечен и за другите жени (а само таа го има за себе).

Жените често фантазираат и за доминација - за некои дами идејата, да не се биде одговорен за ништо е неодолива.

Сексот со друга жена е на четвртото место.

Но, ова не значи дека таа ја проверува својата сексуалност, туку дека има широки сфаќања кога станува збор за уживање во сопствената сексуалност, пишува "Web MD".

А што уште ги возбудува жените? Фантазиите за секс со партнерот. На петото место на листата на најчести женски фантазии е сексот со партнерот.

Можеби не баш оној секојдневен, туку оној од летувањето или медениот месец, но тоа не е толку важно.

Важно е што вие сте на нејзината листа..

Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Февруари.2011 во 03:48
Колку калории троши сексот?
 
Општо познато правило е дека со добар секс може да се согорат прилично многу калории, но ако сте се решиле за...

 

... овој вид на "рекреација", многу е важен изборот на позата која ќе ја практикувате со својот партнер.

Обично, со 30-минутен секс се трошат од 15 до 350 калории (во зависност од тоа колку сте активни), а "среќниците" кои водат љубов 5 пати неделно, во просек согоруваат околу 1650 калории.

Овие податоци се добиени од едно германско истражување во кое биле вклучени дури 500 парови.

Доброволците биле замолени да водат љубов исклучиво во вертикална положба (стоечка позиција), најмалку еднаш дневно во период од 2 недели.

По изминувањето на 2 недели, резултатите покажале дека жените изгубиле 3 до 5 килограми, без да ги менуваат своите вообичаени навики во исхраната или да практикуваат дополнителни спортски активности.

Додека кај жените резулататите биле изгубените килограми, кај мажите се покажало значително зацврстување на мускулната маса.

Во текот на водење љубов во исправената позиција луѓето трошат најмногу енергија, пред се за одржување на рамнотежа.

Кога станува збор за ваквиот "секс на нозе", се активираат речиси сите мускули (од мускулите на нозе, преку глутеусот до стомачните и грбните мускули).

Исправената позиција подразбира еднакво активирање на обата партнера, за разлика од мисионерската позиција каде жените се прилично пасивни.

Ова е секако совршена вест за мажите.

Доколку вашата "поубава половина" во последно време не покажува голем интерес за секс, едноставно гарантирајте и инстант слабеење на 3 до 5 колиграми за 2 недели.

Можете да бидете сигурни дека со спомнувањето на овој факт ќе бидете задоволени и по неколку пати дневно



Изменето од емил - 01.Февруари.2011 во 03:49
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Февруари.2011 во 04:52

Колку се надарени европските мажи?

 

Кои европски народи имаат најголем пенис, а кои најмал?

Французите отсекогаш важеле за најголеми фраери, тајната на нивниот шарм и заводничките способности се крие помеѓу нивните нозе. Истражувањето спроведено на Германскиот институт за кондоми покажало дека мажите во Франција имаат најголеми пениси во Европа.

Студијата била спроведена благодарение на храбрите доброволци од 25 европски земји, а покажала дека просечната големина на пенисот во ерекција кај Французите изнесува 15.48 сантиметри со волумен од 13.63 сантиметри.

Швеѓаните го заземаат второто место со просечна должина од 15.36 сантиметри и волумен од 12.78, а во врат им дишат гордите Естонци.

 

Британците се наоѓаат на 23-тото место со должина од 13.32 сантиметри и волумен од 11.32 сантиметри. Единствени кои се наоѓаат после нив се ирските заводници и Грците кои го заземаа последното место,  нивната "машкост" има 12.18 сантиметри.

На нивна среќа во истражувањето учествувале само држави-членки на Европската унија, па Македонците биле исклучени од мерењата



Изменето од емил - 01.Февруари.2011 во 04:52
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 3738394041 49>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,168 секунди.