|
Универзитетските професори против новиот закон... |
Внеси реплика | страница <1234 5> |
Автор | ||||||
Kali
Сениор Storyteller Регистриран: 30.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4947 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Дефинитивно високото образование заслужува реформи!
Законов, како што го читав има некои чудни точки... - на пример, ректорот не мора да е професор?? - точка за спречување на непотизам-во склоп на Закон за високо образование?? Па син, или некоја блиска рода на професор не смее да работи на истиот факултет....? Не сум правник, Македон ако може нека го објасни ова, мене ми е чудно. Се плашам дека Законов може само да го засили своето влијание на Универзитетот и онака слабата интелектуална сила ( слаба по моќ, не по квалитет!) дополнително да ја контаминира со политички притисоци и влијанија. Кај нас се случува да целиот образовен систем се разводнува- се изнародија милион приватни универзитети кај што квалитетот на образование е - нула. Инстант дипломи за неколку илјади евра. Практично, државниот Универзитет беше финансиски пенализиран за сметка на другиве Универзитети. На пример- Универзитетот кубури со наставнички кадар- се случува да постдипломци студенти држат цели предмети, и тоа круцијални предмети. Се случува да не се одобруваат средства за пишување книги (сеуште на нашиот Унив. се служат со српска литература од 50тите !!!) , а студенти лингвисти се зафатија со преводи на стручна литература, како проект финансиран од Владата?? ...И еден куп други проблеми, со кои сум случајно добро запозната. Како тоа го подобрува образованието? Изменето од Kali - 30.Јануари.2011 во 12:01 |
||||||
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
За другите факултети не би зборувала затоа што сепак не сум многу добро запознаена со нивното функционирање 9повеќе од рекла казала), но за наставничките да.
Мој став е дека неминовна е промена во ингеренциите на самите образовни институции а со тоа и на самите сродни факултети бидејки мислам дека бирото за развој на образованието во многу што има преземено работи кои треба да ги работат наставничките факултети пр. Обуките за иновации во наставата- МОРА тоа да го преземат наставничките факултети кои ЗНААТ за што се обучени нивните бивши студенти и што може да се третира како новина. Вака БРО па и УСАИД со нив и другите странски фондации ги прерипуваат и ангажираат несоодветни обучувачи (она што неколку пати го имам кажано-со математика се занимаваат психолози, педагози, со наука-македонисти, со македонски-танчери, тишлери) Не може бре некој со исто образование со 10 дневна обука да обучува и сертифицира колега. Тука потфрлија професорите-молчеа а само тие знаат зошто?! -Не може завршен студент приправнички стаж да полага пред професорот кој му потпишал оцена (кога го пуштил на испит) туку - ма и нема логика воопшто да полага бидејки тој не е ставен во улога да учи пракса туку веднаш си влегува во училница и си е сам свој ментор - значи факултетите и тука потфрлија со своето молчење или интерес. Ни збор не кажаа за законот за оценување на наставниците- како можат да премолчат токму методичарите кога психолозите кои немаат полагано ни една методика да ги оценуваат оние кои основна дејност им е реализацијата на наставата?! Зошто молчат- не сакаат да се замерат или не се информирани (што е страшно и непростливо бидејки тоа е нивни домен-нивни минус) - Зошто студентите не ги праќаат на пракса (сметам дека она што го имаат пракса е многу малку) и секој одреден ментор-наставник практичар да го обучува во пракса. Не им се одвоуваат средства за да ја платат праксата-од парите кои студентите ги уплаќаат? |
||||||
Majkl
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3019 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
А за ректорот според мене мора да бил барем неколку години професор за да знае со какви проблеми се соочуваат професорите на терен.
Изменето од Majkl - 30.Јануари.2011 во 16:09 |
||||||
Gorazd777
Сениор Регистриран: 22.Октомври.2008 Локација: Евразија Статус: Офлајн Поени: 1584 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Министерчено со неколку ку.рсеи,кажа денес дека го мењал законот за високо об.,заш една причина била дека че страдала неговата генерација од професорите,абе реков ја тој има фрустрации од учењето ,па сега се свети.
Абре министерче ,ние кај да се ставиме, нашата генерација,и многу други,што вие ги уништувате,што да речат тие,копук низаеден. |
||||||
ВОЈНАТА Е МИР
СЛОБОДАТА Е РОПСТВО НЕЗНАЕЊЕТО Е СИЛА ОД ЗЕЛКА ТОРТА И ОД СЕЉАК ГРАЃАНИН НЕ БИДУВА |
||||||
*moon*
Сениор Регистриран: 27.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7657 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
AKO NEKA GI PROGRMA MALKU KAKO DZEKOVI SE..............
|
||||||
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
И сега министерот одби да седне со универзитетскиот сенат да го разгледаат заедно законот. Законот експресно поминал во Влада и веќе е во собраниска процедура. И ете уште еден закон пред Уставен суд!... |
||||||
aLkINOr
Група Регистриран: 16.Јануари.2011 Статус: Офлајн Поени: 76 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
minsterot odbivse da sorabotuva ot tija profesori ne se rabotnivci kako sto treba samo gi padaat studenite
|
||||||
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Сатирата е сатира, ама кај нас е жива реалност. Јако нема што-ја отсликува факултетската, па дури и целата образовна фела. Истово важи и за директорите во основните и средните училишта- мешетарат и чим ги сменат си се враќаат на своите работни места од кај што заминале.
Професор без ресор |
||||||
Buggyman
Сениор Регистриран: 26.Јуни.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1308 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Член 46
На универзитетот му се гарантира автономија. Условите за основање, вршење и престанок на дејноста на универзитетот, се уредуваат со закон. Член 47 Се гарантира слободата на научното, уметничкото и на другите видови творештво. Се гарантираат правата што произлегуваат од научното уметничкото или друг вид интелектуално творештво. Републиката го поттикнува, помага и штити развојот на науката, уметноста и културата. Републиката го поттикнува и помага научниот и технолошкиот развој. Републиката ги поттикнува и помага техничката култура и спортот. Устав на Р. Македонија |
||||||
Homo homini lupus est...
|
||||||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Да бидам искрен, не сум го анализирал детално текстот од предлог- измените на Законот за измена и дополнување на Законот за високо образование, само сум ги прочитал оние спорни членови. Според тоа што го видов, во законот стои дека оние професори кои ќе бидат членови на Одборот за акредитација и евалуација на високото образование, не можат да бидат избрани за ректор, проректор и декан, поради тоа што би постоел судир на интереси.
Според ова што го прочитав, измените на Законот ќе го донесат токму тоа, забрана за именување, цитирам: Во наставно-научното звање на иста единица на високообразовна установа не може да биде избрано лице кое има одбрането докторски труд на факултет каде има засновано работен однос во наставно-научно, наставно, односно соработничко звање лице со кое е роднина по крв во права линија до кој и да е степен, а во странична линија до четврти степен, или му е брачен другар, лице со кое живее во вонбрачна заедниа или роднина по сватовство до втори степен, без оглед дали бракот престанал или не. Според ова, лицето кое има одбрането докторски труд на факултет каде што работен однос има засновано лице со кое е "роднина по крв" (терминот е многу непрецизен, доволно е да кажел крвно сродство, или пак во сродство, затоа што веднаш се поставува прашањето за потполното посвојување, кое е изедначено со крвното сродство, но, сепак ваква непрецизност не смее да се дозволи, иако за жал, во нашите закони не е единствена), не може да биде избрано во научно-наставно звање.
Законот несомнено има свои предности, но мислам дека некои решенија уште еднаш треба да се обмислат, особено оној дел за сродството и избирањето во научно звање на лица кои докторските студии ги завршиле на факултетот каде роднината е во работен однос со научно-наставно звање. Во овој случај, доволно е докторските студии да се завршат на друг факултет и повторно да се конк*рира на факултетот каде што роднината е во работен однос со научно- наставно звање и да се биде избран, што несомено ќе го намали квалитетот на кадри на некои факултети. Од друга страна пак, на некои факултети може да се забележат повеќе предмети, каде што професор е родител, а асистент детето и таму сеуште се избираат асистенти според волјата на професорот, преточена во облик каков што "бара" законот, од формален аспект, секако.
Токму поради ова ме загрижува и оваа одредба. Некој кој го стекнал образованието на такво факултет, согласно оваа одредба, може да ја "заобиколи" истата, со тоа што докторските студии ќе ги заврши на таков факултет и подоцна ќе аплицира на факултетот каде што е и неговиот роднина. Нашиот законодавец најверојатно појде од идејата дека со Одборот за акредитација сите овие појави ќе ги стави под контрола, па со тоа и законот ќе се имплементира мошне ефикасно.
Ова пред се мислам дека е последица на тоа што на повеќе факултети нема студенти и со тоа тие стануваат неисплатливи, па затоа и не може да се создаде квалитетен наставен кадар. Тоа е резултат од незаинтересираноста на студентите да се запишат на неколку факултети и покрај големиот број поволности.
За жал и ова е точно. На некои факултети, учебните помагала се на странски јазик, потекнуваат од минатиот систем, изобилуваат со стари термини и идеолошки напласток, а и веќе се неподобни за современиот начин на студирање и изучување на предметите. А за преводите на делата, подобро и да не говориме, затоа што не се само тие. Кај нас има и преводи на закони од други држави, со кои дури и некои сметаат дека извршиле добра регулација на правните односи... |
||||||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Полн погодок mamamd. Кај нас праксата е сведена на минимум, односно воопшто и ја нема. Наместо тоа, се практикува теоретско образование, изучување на сите можни теории за некои прашања, но студентот не се сретнува со практично знаење, кое се бара од него да го примени во работењето. Затоа пак се бара, не од сите професори, туку од некои, студентот наизуст да знае што е напишано во учебникот. Тоа не би било лошо, но, кога тоа би било и преточено во практична настава. |
||||||
marsovec
Сениор Регистриран: 18.Април.2010 Статус: Офлајн Поени: 3378 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Да се знаело што се сака со реформи во школството, немаше во 2008 да се донесе закон па сега повторно...утре пак повторно???До кога и кој ова го работи???Срамно е постојано правење закони и исправки и правење повторни истите закони и се така...Има ли крај на недоветни закони и повторнба изработка???И кој колку од тоа се опарува како ЕКСПЕРТ????
|
||||||
СЕ Е КОНЕЧНО САМО ГЛУПОСТА Е БЕСКОНЕЧНА - САМО КАЈ НАС
|
||||||
Pat
Сениор Регистриран: 18.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 1334 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Абе тоа тука убаво си пишува, ама кај нас секој си ги толкува нештата како што сака. Така што единственото што професорите го бранат во случајот е автономијата на нивниот џеб. Со чест на исклучоците, многу од нив се медиокритетски мешетари и полтрони кои што воопшто и не знаат, и што е уште полошо, не ни сакаат да знаат што значи тоа „слободата на научното, уметничкото и на другите видови творештво.“ Едноставно не ги интересира, и затоа македонската наука речиси е еднаква на помија. Исто така важи и тоа што го кажаа и другите членови во дискусијава; како може некој себеси да се нарекува универзитетски професор, кое што по автоматизам значи авторитет во науката, ако не објавува свои сопствени трудови пред меѓународната научна јавност? Така се потврдува научничкиот авторитет, а не преку печатење на некакви книжулиња за кои што потоа взаемно си се фалат на нивните вампирски балови. Јас мислам дека министерот за образование е еден од ретките кој што се труди да си ја врши работата како што треба, и да размрда некои работи од корен. |
||||||
Zero Tolerance For Silence
|
||||||
zagor
Сениор Уникатен песимист Регистриран: 27.Септември.2007 Локација: Congo Статус: Офлајн Поени: 12850 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
- За мене не е битно дали поединци, па можеби и групи, одбиваат да прифатат дека професорите треба да предаваат, да се занимаваат со наука, што е еден од основните услови за подигнување на квалитетот, и да даваат отчет за тоа како се трошат парите од студентите. За мене е битно каква Македонија ќе имаме за 10 години и дали и мојата генерација ќе остане дел од таканаречената загубена генерација на транзицијата или ќе успееме да поставиме нови вредности и Македонија ќе стане развиена држава во која ќе има брз економски и општествен развој - рече Тодоров.
....браво бе..министре,само да не чекаме за вашите закони да дојде 2014г.Од каде сте сигурни дека ВИЕ ќе бидете на власт тогаш?Што ако другите ја укинат оваа одредба или цел закон..ќе водиме инает и тогаш? |
||||||
...zagor e ziv,se drugo e laga.
|
||||||
Внеси реплика | страница <1234 5> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |