IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Политика и вести
  Активни теми Активни теми RSS - Мaкедонски комплекс нa понискa вредност
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Мaкедонски комплекс нa понискa вредност

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234 7>
Автор
Порака
Kali Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Storyteller

Регистриран: 30.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4947
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Kali Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Јануари.2011 во 19:04
Нормално дека ќе владее комплекс на пониска вредност, кога од осамостојувањето наваму, имаме власт која нè онаква во здрав мозок.  Како поинаку би се чувствувале, освен како идиоти?

Се согласувам со постот на Меси среќа.....иако немам чувство дека младината- е спремна и може. Еве што се случува, професорите протестираат, а студентите имаат контра протест кој оддалеку мириса на вмровско влијание. Интелигенцијата е наголемо контаминирана, и потисната, и тоа не може да се компензира ни со споменици ни со песни за величината на Македонското.

Западните земји се навистина многу многу самокритични, но тие луѓе се растени во земји кои се светски сили и тоа се чувствува во нивниот колективен дух и самодоверба- за разлика од нас. Кај нас е сеуште тешко нашиот човек да го подигне својот глас и да се избори за себеси, да навистина верува дека заслужува и може повеќе....и тоа влече корени од многу многу одамна....

Инаку, кога ќе излеземе од овие граници и ќе се споиме со западниот систем и менталитет, се случуваат два момента: првиот е првичен отпор по кој следи прифаќање на нивните позитивни страни, а вториот е љубов спрема татковината. Не се согласувам со девојката дека нашите надвор се критични спрема Македонија. Повеќе е обратното, тие кои се тука и го чувствуваат товарот на овој систем, се критични.



Изменето од Kali - 04.Февруари.2011 во 18:43
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Јануари.2011 во 23:05
Originally posted by Kali Kali напиша:

Нормално дека ќе владее комплекс на пониска вредност, кога од осамостојувањето наваму, имаме власт која нè онаква во здрав мозок.  Како поинаку би се чувствувале, освен како идиоти?



Е да де , само нас не онакват. Ај малку да се завртиме околу- Србите ги онаквеше Милошевик, па му дојдоа до ак, Грците ја запалија Атина па око не им трепне, ене ги Албанцине палат и гасат по улици. Ние- ние си молчиме додека ни е арно нам- чим ни згусти почнуваме да кукаме.
Ќе ги земам за пример професориве од факултет- си молчеа, си уживаа додека во основното и средното образование се девалвираше кадарот, се рушеше авторитетот на просветните работници.
Арно им беше по 2 до 3 ооо евра  плата, такаречи пола и повеќе си вработија децата по факултети- асистенти, професори. На предавање ни слика не можеш да им видиш, со денови ќе им дремиш пред кабинет за потпис или оцена, за дипломска ќе си ги бараш пријавите по цел факултет и може да ти се случи некој испит и да преполагаш оти профата ја изгубил пријавата па не можеш да докажеш дека си положил... Сега наеднаш грлати, се бунат. Мореее ги здоболе оти ги повикале на ред.
Тоа си е нашето секојдневие- ај нека е и комплекс на нижа вредност, ама го имаме оти си го прифаќаме, оти поарно ние да дозволиме некој да не онадва отколку да онадиме. Абе да му умре козата на комшијата ни беше малку-сега посакуваме комшијата да цркне за да му ја земеме партиската книшка (а со неа до работа- функција)
Кон врв
anakin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unidentified Flying Object

Регистриран: 08.Август.2005
Локација: Machku Pichku
Статус: Офлајн
Поени: 18535
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај anakin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јануари.2011 во 00:28
Originally posted by Messenger Messenger напиша:

masata koja pati od kompleks na poniska vrednost i koja e podgotvena sekogash i vo sekoj moment da se obezvrednuva vo sporedba so drugite.









е видиш меси... ние македонците мислиме дека сме најпаметни на светот и се‘ знаеме и за се‘ имаме мислење и се‘ потекнува од нас

некако не ми тоа корепспондира со твојата изјава за нашиот синдром на помала вредност


Изменето од anakin - 28.Јануари.2011 во 00:29
SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.

Кон врв
zabegan Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Другарот на Мона Лиза

Регистриран: 06.Април.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9774
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zabegan Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јануари.2011 во 00:31
најголем комплекс на македонскиот народ е што не знае каков комплекс има
размисли пред да напишеш глупост
Кон врв
anakin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unidentified Flying Object

Регистриран: 08.Август.2005
Локација: Machku Pichku
Статус: Офлајн
Поени: 18535
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај anakin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јануари.2011 во 00:37
па и нема комплекс
оно
дизниленд е бре комплекс за мерак

SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.

Кон врв
zabegan Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Другарот на Мона Лиза

Регистриран: 06.Април.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9774
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zabegan Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јануари.2011 во 00:41
а каков комплекс е да говориш невистини за твојот народ и држава и да го лажеш светот?
го гледав тоа видеото, и уште кога почна со „Кога бев во Париз со другарка ми со пријателот жан“ муабетот ми стана антипатичен

дајте ми основа за да се гордеам со тоа што го имам и со местото каде што припаѓам!
искрено, еве јас секогаш се обидувам да бидам оптимист и идеалист, ама од вистината нема бегање, не можам да гледам во депонија и да викам „леле ама прекрасна градина“

инаку говоров на студенткава е сосема неиздржан и без тема, филозофирање на празно, без врска, немаше поставено никаква основа за муабетот кој што го сврте... збореше за величини и површини, за разни животни и предмети, ама не
инаку тој французинот, кој го спомнува, не верувам дека ќе знае да го прошета по нашите знаменитости, нити пак да му го прикаже секојдневниот живот тука, а доколку било кој го прошета по нашите убавини, неговите сетила нема да ги пропуштат нашите грдотии и депресии, кои се таму и не можеме во моментот да ги избиршеме
и зошто тогаш да му се докажувам на некој колку ми е убаво, кога истиот тој гледа дека не ми е
и наместо да се фалиме со самите себеси, треба најпрво да ги поправиме своите маани и пропусти кои ни ја рушат вредноста, а не само да си велиме колку сме прекрасни и се ни е прекрасно, додека зад нас се се распаѓа! а не гледам некој да работи на поправање, само се филкозофира и се убедува...


Изменето од zabegan - 28.Јануари.2011 во 01:21
размисли пред да напишеш глупост
Кон врв
Zeksi71 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 18.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 2391
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zeksi71 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јануари.2011 во 01:10
Zosto e takvo makedonceto sum kazal ednas porano ama ne ke e loso da povtoram.

Na vremeto koga proslaveniot Aleksandar trgnal da porobuva se zivo i divo so mrdalo po togasniot svet, normalno za takov pohod povel so nego se zivo i divo so bilo sposobno po Makedonija za takov cin. Onie nesposobnite ( kjoro, sakato, maloumno ) ostanale tuka , na ovie prostori, da gi vrsat "domasnite zadaci" za eden kup zeni ostanati sami.
Kako so site znaeme pogolemiot broj od negovite lugje i ostanale tamu nekade, koj zaginal, koj trajno se naselil vo novite kraevi itn...
Mnogu malku, skoro nieden ne se vratil od tamu povtorno vo Makedonija, taka da na ovie prostori pocnuva edno novo pokolenie od nesposobni roditeli po sekoj osnov.

Taka da ne treba sega da ne cudi zosto makedonceto si e makedonce.
"Када је неко глуп не можеш му то ни доказати" Душко Радовиќ
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јануари.2011 во 04:06


Оф, МакедонЧЕТО е многу длабока и болна тема.

Токму неделава се мислев да ја отворам, инспирирана од изјави дека “сите на светот биле поголеми од нас“?? Ајде де?! Зошто не е така (по мое цврсто убедување) ќе напишам подолу. За почеток еден индивидуален пример за кој сега читам: МАКЕДОНКАВА (лесна  и земја) е многу поголема од на пример Хашим Тачи, Карла дел Понте, Лејди Гага, Осама Бин Ладен, оној што си го истетовирал пенисот за да добие кола на наградна игра, Берлускони и неговите проститутки... итн, итн! Претпоставувам за Лиана никој (или повеќето) од нас не слушнале, а ете таа не била МакедонЧЕ туку МАКЕДОНКА. Зошто? Затоа што направила да ја почитуваат во туѓа средина, неМакедонци, луѓе раазлични од неа (и поголеми и помали)... пред се’ затоа што се почитувала самата себеси т.е. она што е! Клучен момент за комплексот за кој зборуваме.

Прво, поздрав до девојката од видеото. Како за политичар, фино и шармантно трепка окицаматрепкање (ова искрено, без сарказам), што предвидува кариера на политичар кој има потенцијал да поведе народ. Темата на муабетот е добро поставена: комплексот на пониска вредност на МакедонЧето во однос на другите. Тема што е многу реална и секојдневие на многу Македонци и македончиња низ светот. Значи тоа е реперот на темата и ве молам да не ја дефокусираме со дневна политика, затоа што се работи за еден социолошки феномен на национално ниво чиишто корени влечат малку подлабоко од денес и вчера.
И се разбира нема да генерализираме. Феноменот не е изолиран во минорен број случаи, но не е ни општа карактеристика на цел народ. Не има секакви, и Македонци и македонЧИЊА, се зависи од тоа кој како се чувствува, индивидуално.

Второ, да не повторувам она што веќе сте го кажале - се согласувам со Меси, со Џошуа и Брза (за пусто чудоголема%20насмевка) и со последниот коментар на мамамд, просто како да ми ги земала зборовите од уста: не го доведувајте комплексот на пониска вредност исклучиво во врска со сиромаштија, со низок стандард, со невработеност, со онадување од власта. Сите наши соседи имаат економски проблеми, и сиромаштија, и бунтови, и социјални проблеми, немири со жртви... и нив ги онадуваат политичарите како и нас. Дали некој во скоро време слушнал дека Албанците, Грците, Србите патат од комплекс на пониска вредност? Напротив, кај некои од овие народи типичен национален социолошки феномен е комплексот на ПОВИСОКА вредност.
Така е или не?
Да го оставиме социјалниот момент настрана. И тој има одредено влијание, но не е пресуден (или што би рекле старите не е тоа “тоа што ги онадува кокошките“, а не е петел во случајов).

Трето, по мое видување се работи за некој ментален код, наследен од нашето минато и сеуште всаден во денешните генерации, а кој тешко се искоренува. Не се работи за некакво територијално, туку за поробување на умот како што спомна Месинџер, кое е многу пострашно, затоа што на физичкото ропство се става физички крај. На менталното потешко, затоа што се пренесува со генерации, го примаме од нашите родители и го пренесуваме на нашите деца (секоја чест на исклучоците кои успеале да излезат од таквата матрица).да
Сиот проблем почнува индивидуално, за да стане колективно обележје или феномен штом се соберат доволен број единки за критична маса - македонЧИЊА.

Карактеристика за македонЧИЊАТА (ич не го сакам деминутивчево), е дека светот го гледаат од ЖАБЈА ПЕРСПЕКТИВА. И се додека не ја сменат (секој индивидуално) перспективата, останатиот свет ќе ги гледа од ПТИЧЈА ПЕРСПЕКТИВА.
Е тоа е тоа што “ги онадува кокошките“ (а е петел во случајов)... Или во логиката се вика индукција (да почнеме од поединечното за да стиигнеме до општото).

Четврто, за да не ми биде погорниот муабет мелење на празна воденица, 2-3 примери од мое искуство (доживеано или видено):

а) Странска држава, сопственик си на фирма, одиш во Биро за вработување (иако не се вика баш така) да бараш работници кои во моментот ти се потребни за некој проект. Ти праќаат работник кој виси со години на биро (лежи лебу да те јадам) и освен што забушава и ти ги молзе парите, ништо ефективно не сработува. Го отпушташ (по доооолго трпење) и бараш друг. Ти праќаат друг ама ист или сличен како првиот, па истата процедура по трет и којзнае кој пат..... а ти си ги даваш парите, плаќаш пенали за доцнење на проектите, се нервираш ама траеш и трпиш оти (Бог да чува) како смееш да се спротивставиш на службеникот и системот кој очи гледајќќи те онадува??? изненадување
МакедонЧЕ?
Е па.... чорба македонЧЕ!

б) Истиот пример под а), ама се работи за друг претприемач. На третиот пат ти пука филм, одиш во истото биро, треснуваш на маса револтиран и го бараш шефот. Шефот откажува состанок и се нацртува пред тебе за неполни 3 минути и те прашува “што е проблемот“? По кратка елаборација, фино и културно го предупредуваш: дека доколку не престане да те онадува во здрав мозок и да ти праќа работници кои нема да те онадуваат на истиот начин, ќе го пријавиш случајот кај неговите претпоставени и ќе бараш одговорност за него кај истите... Веднаш се порачуваат кафиња и аперитиви, се наоѓа работник со најдобри препораки (кој баш тој ден останал слободен), и со зачуден поглед те прашуваат: “Ти Македонец си, навистина?“збунетост
Ти се чудиш зошто те прашува кога веќе знае по документите, а тој ти одговара: “Затоа што ниеден од Македонците кои сте тука досега не ми направил ваков проблем. Никој не раегирал вака... за истите работници кои им ги праќам, со години.“ 
Е да, Македонец сум.

в)Пријател странец, интелектуалец, почитуван и со углед, те претставува на трет странец: “Ова е Н.Н., мој драг пријател Македонец. Не знам дали знаеш за Македонија (му вели), сигурно си слушнал за А. Македонски, за Мајка Тереза, за Охрид...“ Па му кажува за енциклопедиите и ЦД-ињата за Македонија кои си му ги подарил, па го спомнува оној пејачот (Тосе го изговара) кој починал и ТрпЦевски кој сте го слушале на концерт, па се свртува кон тебе и те прашува кога следен пат ќе шетате (заедно) по црквите и манастирите на Охрид, кои мора барем уште еднаш да ги види....
Ееееее, му велиш, кога сакаш бе пријателе, Македонецот има широка душа... (па ако треба после само ајвар и сирење ќе јаде, ама гостинот ќе го пречека и прошета).намигнување

Четврто, по мое видување, Македонецот си пати од неколку синдроми:

- синдром ЕНТРОПИЈА: хаотично општество и систем, за кој моментално нема соодветна мерка да го измери степенот на хаосот, ниту закони кои ќе го одржат во нормална состојба, ниту сила која ќе спречи губење на корисната енергија во празни одови;
- синдром ПИРЕЈ: Македонецот не се искоренува, ни под најтешки премрежија, за век и веков;
- синдром “мрази го ближниот и ближи го омразениот“: ако си ми близок, да ти умре козата, оти тревата во твојот двор е секогаш позелена од мојата. Ако си ми непријател ќе ти го лижам задникот, оти мора да вредиш многу повеќе од мене штом ме гледаш од високо;
- синдром ГУМЕНА КИЧМА: свиткај се што пониско можеш, за тој што ти се мести одпозади... полесно да ти се намести;
- синдром SELF DESTRUCTION: никој не знае подобро од мене кај ми е слабата точка. Затоа остај ме сам да се утепам;
- синдром ТРПЕ: кој е тој маж на светот што може повеќе да издржи од мене?;
- синдром на СВРЗАНИ САДОВИ: баш ми е гајле за казната за пребрзо возење. Ќе свртам еден телефон и ќе ја скине утре братучедот на свекрвата на чичкото на мојата снаа за трет братучед... ;
- синдром ZOON POLITIKON (Аристотелова Вистинска): сите сме политичари, сите од се’ се разбираме, мулти-експерти сме за повеќе области, критика ни е најјака страна... само не знаеме како да ја оправиме државата, а за решенија не не прашувајте. Тоа е за пониските ешалони;
- синдром КУБЕРТЕН: па што дека освоивме шеесетидеветто место од можни дваесет... важно учествувавме!

Сигурно имаме уште синдроми (листата е отворенанамигнување), и сигурно овие не важат за сите Македонци, ама држат вода, нели?

И се додека не си ги согледаме и признаеме, па потоа да најдеме начин и како да ги надминеме (пак ќе кажам, најпрво СЕКОЈ ИНДИВИДУАЛНО), за жал ќе си имаме Македонци и македонЧИЊА. И се разбира - Цацко ќе ни биде крив.

А всушност никој не ни е крив, затоа што со малку самокритичност (не претерано до самопонижување), повеќе самодоверба и почитување, комплексот го снемува. Во народот сеуште има здраво ткиво, и покрај сите синдроми од кои си патиме. Па и останатите народи си имаат некои од овие или типично свои: некои си патат од типична ксенофобија и шовинизам, некои од висок степен на криминогеност... кој од што.
И навистина е така како што кажа Меси:

Originally posted by Messenger Messenger напиша:


 ....makedoncite se izvonredno sposobni lugje koi zhneat uspesi nasekade kade shto se pojavuvaat. Nabrzo nauchuvaat deka makedonskiot rabotnik i intelektualec e vrednuvan, cenet, baran i sakan i deka za nego postoi samo najdobro mislenje.




Изменето од Анастеа - 28.Јануари.2011 во 10:24
Кон врв
којсумјас Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4543
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај којсумјас Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јануари.2011 во 06:59
Originally posted by Zeksi71 Zeksi71 напиша:

...................................
Kako so site znaeme pogolemiot broj od negovite lugje i ostanale tamu nekade, koj zaginal, koj trajno se naselil vo novite kraevi itn...
Mnogu malku, skoro nieden ne se vratil od tamu povtorno vo Makedonija, taka da na ovie prostori pocnuva edno novo pokolenie od nesposobni roditeli po sekoj osnov.

Taka da ne treba sega da ne cudi zosto makedonceto si e makedonce.

Ако си сериозен...збунетост
ова и прилично храбра теза...
море поприлично храбра теза...
би било добро некој стручен во областа на генетиката...
да ни објасни дали ова држи вода...
после, колку векови...?
20...
и колку поколенија...
40...60...??збунетост


Изменето од којсумјас - 28.Јануари.2011 во 06:59
Кон врв
marsovec Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Април.2010
Статус: Офлајн
Поени: 3378
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај marsovec Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јануари.2011 во 10:24
Бројот на гавази, впикувачи и властитутки многу нешто кажува...намигнување
СЕ Е КОНЕЧНО САМО ГЛУПОСТА Е БЕСКОНЕЧНА - САМО КАЈ НАС
Кон врв
Kali Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Storyteller

Регистриран: 30.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4947
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Kali Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јануари.2011 во 11:03
Анастеа, нешто препознавам во твојот пост што личи на моја реченица- ако е тоа тоа, погрешно ме читаш и интерпретираш...или јас лошо се објаснувам...ама, и не е толку важно намигнување
....................

Се согласувам дека секоја власт манипулира со својот народ, на овој или оној начин. Нас одбраа да не манипулираат на емоционална основа, реалноста ни стана докажување на античките корени и на идентитетот. Сето како реакција на Грција, а тотално непотребно. И тоа упали кај нашиот народ. Не се изземам себеси од тоа, оти кога дојде Грујо на власт со оној самоуверен партиотски пристап ми дојде мило на душата...првата година од владеењето.

Дали тоа не е знак дека сеуште овој народ се прекршува околу основното-својот идентитет? Кога свеста и државотворноста на еден народ е во зародиш, а притоа вие создавате лоши услови за развој, социјалниот контекст и сиромаштијата и те како можат да станат фактор за ваков некаков комплекс.

И на крајот на краиштата, погледнете ја уметноста....уметноста е репер за свеста кај еден народ, за неговата реалност, како и промотор на една земја. Дали во овие 20 години, видовте некој наш филм кој НЕ ја прикажува Македонија како напатена земја, земја која нон стоп се бави со историја и тешко минато, земја на наркомани, предавници, и сл....? Значи тоа ми е болка на душата...Кога веќе секогаш само на Милчо му даваат пари, барем дека смени плоча.




Изменето од Kali - 28.Јануари.2011 во 11:12
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јануари.2011 во 11:39


Кали, можеби лошо си се објаснила. Нека биде несреќно срочена комбинација на зборови, оти познавајќи те по она што те читам на форумов по другите теми, те почитувам и ценам на пример многу повеќе од сите овие погоре кои ги наведов заедно, и плус уште толку... големо%20гушкање


А за другото не си во право:

Сите наши соседи имаат економски проблеми, и сиромаштија, и бунтови, и социјални проблеми, немири со жртви... и нив ги онадуваат политичарите како и нас. Дали некој во скоро време слушнал дека Албанците, Грците, Србите патат од комплекс на пониска вредност? Напротив, кај некои од овие народи типичен национален социолошки феномен е комплексот на ПОВИСОКА вредност.

Не оди подалеку, еве кажи нашите сограѓани Албанци во Македонија, кои ги делат истите политичари и социјални моменти, дали и тие патат од комплекс на пониска вредност?

МакедонЧЕТО не почнува ниту со Грујо ниту со Бранко. Тоа има многу подлабок корен: и во поранешна Југославија, каде македончето беше последната дупка во свиралото на државата и во турско каде го тупчеле по глава со векови дека е проста раја, која не вреди ништо освен за рмбање, можеби и поназад... (но сепак не би одела толку далеку како Зекси, ќе се изгубам во антикатанамигнување).

А и не можеш да ја земеш само уметноста како репер за свеста кај еден народ или само дел од неа. Филмот е само еден нејзин дел, Милчо е само еден уметник. Неговата уметност ја изразува неговата индивидуална свест, начин на гледање на работите или стил кој го одбрал уметнички да се изрази.

Што знам, јас не ја проценувам националната свест кај некој народ според филмовите нивни кои сум ги гледала.не%20знам



Кон врв
Kali Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Storyteller

Регистриран: 30.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4947
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Kali Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јануари.2011 во 12:04
Па тоа велам: Нашите соседи еве ако ги земаш за пример, имаат постабилна колективна свест...нашата е сеуште во зародиш, затоа е почувствителна на социјалната ситуација и сиромаштијата додатно ја подрива самодовербата и ги прави внатрешните поделби. И да, се согласувам дека сето влече корени од многу оддамна, тоа и го напишав.

Немоќта нас не убива, повеќе од некаков комплекс...чувството на немоќ да измениме нешто. Сите наши соседи немаат проблем со тоа.

Албанците тука се сосема друга приказна, тие се сплотуваат по силата на тоа што се малцинство како прво, второ и религијата и обичаите додатно ги јакнат...нивната колективна свест е посилна од нашата, дефинитивно.

П.С. Ајде подобро да се читаме во иднина намигнување големо%20гушкање


Изменето од Kali - 28.Јануари.2011 во 12:19
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јануари.2011 во 13:47
Originally posted by Анастеа Анастеа напиша:





На третиот пат ти пука филм, одиш во истото биро, треснуваш на маса револтиран и го бараш шефот. Шефот откажува состанок и се нацртува пред тебе за неполни 3 минути и те прашува “што е проблемот“? По кратка елаборација, фино и културно го предупредуваш: дека доколку не престане да те онадува во здрав мозок и да ти праќа работници кои нема да те онадуваат на истиот начин, ќе го пријавиш случајот кај неговите претпоставени и ќе бараш одговорност за него кај истите... Веднаш се порачуваат кафиња и аперитиви, се наоѓа работник со најдобри препораки (кој баш тој ден останал слободен), и со зачуден поглед те прашуваат: “Ти Македонец си, навистина?“збунетост


Го читам ова неколку пати и барем во фантазијата си замислувам себеси како го правам оваголема%20насмевка
оти во реалноста Emoticono%20gifs%20animado%20de%20%20preocupación.%20Emoticon%20animated%20gif%20of%20be%20worry- кај НАС ако тропнам со тупаница на шалтерот , за минут ќе се створат двајца тројца батки со бајаги мускулна маса и ќе летнам надвор  ко куфер.
Цел драчевски кромид нема да стаса да ме ложат три дена и три ноќи да ми излечат модрињено што ќе ги добијам.
А може и да завршам со оче наш над глава  ( и не е ова синдром на пониска вредност- ова е реалност)
А тек шефот да се симне, да ти свари кафе -тоа ни у сон.намигнување

Ако случајно преживееш, другиот ден у фирма стасуваат и ај по некој ден у друштво се Велија
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234 7>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,219 секунди.