![]() |
|
ЈАС ЗНАМ , НАУЧИ И ТИ..... |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 6789> |
Автор | |
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Витамини од природата
|
|
![]() |
|
*moon* ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 27.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7657 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
ahaa, da...............seir........................y=3x-4
|
|
![]() |
|
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Ананас - од конзерва или свеж?
Дали знаете дека за подготовка на торта подобро е да не користите свеж ананас, зашто го содржи ензимот бромелин од кој слатката павлака станува горчлива, а желатинот не се стврднува. Бидејќи ананасот од конзерва претходно се загрева, со таа постапка се уништува споменатиот ензим, па затоа компотот е многу подобар избор. Ако сакате свеж ананас и сепак би го искористиле за торта, тогаш кратко проварете го во шеќерен сируп, добро исцедете го и исушете го со кујнска хартиена салвета. |
|
![]() |
|
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Јадете лисичарки во зима зашто содржат витамин Д
|
|
![]() |
|
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Црната трупка ги полни резервоарите
Сокот од црна трупка ќе ги дополни резервоарите на организмот со калиум, калциум, фосфор, железо и со витамини, а и полесно ќе се свари отколку овој зеленчук да го јадете свеж. За да добиете сок од трупка, треба да ја измиете, излупите, ситно изрендате и прецедите низ газа. Може и да ја прелиете со вода со малку мед, да ја оставите да отстои пет-шест часа, зашто така самата пушта сок. |
|
![]() |
|
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Кој е најчесто употребуван зеленчук во светотЗеленчуци кои ги има во најголема количини во светот се доаматите и компирите. Но најмногу користен зеленчук во светот е кромидот! Кромидот се користи во најголем број на јадења во многу земји за разлика од дригите зеленчуци. Во некои земји кромидот се корист за да го збогати вкусот на готвените јадења, а во некои земји се јаде само кромид како зеленчук. Античките Еѓипќани го јаделе кромидот и на двата начини, пред се затоа што кромидот пред 5000 години во Египет бил најкористен и најчесто употребуван зеленчук. Во средниот век, кромидот и сродните зеленчуци како празот биле најчесто користени во исхраната во Европа. Денеска се произведува повеќе од 9 милијарди килограми кромид низ целиот свет годишно! Императорот Неро од Рим јадел многу праз бидејќи мислел дека на тој начин ќе пее подобро |
|
![]() |
|
bijonse1 ![]() Сениор ![]() ![]() bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Научи да направиш уметнички сендвичи ... Sandwich art !!!
![]() ![]() ![]() ![]() доколку во вашето семејство имате некој што ете со сила јаде …едноставно на ваква уметност од храна нема да одолее или едноставно си го правите јадењето забавно … лапни голтни на уметнички дела…
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() инаку знаете како е правило?? која храна е здрава ?? или ај вака поинаку….која храна треба да ја внесуваме почесто како здрава??паааа, за сите различно е таа добрата храна… и верувајте сите имаат некое објаснување и верувајте баш сите се во право…оти све треба да се јаде во умерени колични…но сепак има едно правило…на вашата маса без разлика дали е доручек , ручек значи било кој оброк… правилна да не речам здрава храна имате колку се боите на храната поотворени и разноврсни…колку имате присуство на темни бои да не речам кафеаво , бордо тогаш имате опасност од тешка непожелна како секојдневна храна…значи колку повеќе жолта , зелена , црвена боја, портокалева, бела …толку поздраво…
![]() Изменето од bijonse1 - 28.Февруари.2011 во 19:29 |
|
![]() |
|
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Оцетот ги елиминира отровите од овошјето
|
|
![]() |
|
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Џвакајте по 100 грама црвен кромид дневно
|
|
![]() |
|
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
|
![]() |
|
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Сокот од вишни е магичен пијалакЗа се е залужен мелатонинот, антиоксиданс кој го има во големи концентрации во вишните, а кој е неопходен за добар сон.
Милиони луѓе во светот имаат проблеми со спиењето. Некои тешко заспиваат, а други, пак, често пати се будат во текот на ноќта. Тоа резултира со хроничен замор, депресија, безволност но и со сериозни здравствни проблеми. Резултатите од истражувањето покажале дека киселкастиот сок од вишни им помогнал на испитаниците полесно да заспијат и помалку да се будат во текот на ноќта. Научниците се уверени дека за ова е заслужна високата концентрација на мелатонин која ја содржат вишните. Мелатонинот е природен антиоксиданс кој го поттикнува сонот навечер и будноста во текот на денот. Изменето од емил - 25.Октомври.2011 во 08:15 |
|
![]() |
|
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
12 трикови и совети за здравјето кои треба да ги знаете![]()
|
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
![]() |
|
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Невообичаени ефективни домашни лековиНе можете да престанете да икате? Стапалата ве убиваат од болка? Ве нервира ‘рчењето на сопругот? Ве измачува главоболка? Еве неколку невообичаени домашни лекови кои медицинските експерти ги оценуваат како ефективни и полезни: Проблем: тврдоглаво икање ![]() Проблем: миризливи нозе Проблем: главоболка Проблем: уморни стапала Проблем: ‘рчење Проблем: плускавици Проблем: исеченица Проблем: мачнина при патување |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
![]() |
|
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
10 кујнски трикови што мора да ги знаете1. Како да изберете сочен лимон и да го исцедите максимално?Кога ќе го земете лимонот во раката, тој треба да е цврст и тежок за својата големина. Кората треба да му е светложолта, без зелени дамки. Најсочни се лимоните кои имаат тенка кора. Како по правило, лимоните со дебела кора имаат помалку сок. Лимоните со мазна површина обично имаат тенка кора и се сочни. Прескокнете ги лимоните со изразито релјефна површина. ![]() За максимално да го исцедите сокот од еден лимон, најпрво поставете го лимонот на рамна површина, ставете ја дланката над него и создавајќи мал притисок, потркалајте го напред-назад неколку пати. Потоа ставете го лимонот во микробранова печка 15-20 секунди. На крајот, исцедете го. 2. Како да не ви потонат парчињата овошје на дното на тортата или кексот?Кога ќе направите сè како што треба според рецептот, воопшто не е забавно на крајот да добиете торта или колач во којшто сите вишни, цреши или јагоди се на дното. За да не потонат парчињата овошни плодови, пред да ги ставите во тестото, испрпелкајте ги во малку брашно. Кога нивната површина ќе биде прекриена со тенок слој брашно, ставете ги во тестото. 3. Како полесно да го исчистите загореното тавче или тенџере?Загореното тавче или тенџере предизвикува нервоза кај секоја домаќинка. Но, постои трик кој може значително да ви го олесни досадното напорно триење. Посипете сода бикарбона по целото дно на садот и налејте малку вода, колку да се покрие дното. Оставете го да стои така неколку часа. Чистењето ќе ви биде многу полесно. 4. Како поточно да го измерите медот?Многу е тешко да се измери точното количество мед кое го бара одреден рецепт, затоа што медот се лепи на површината на лажицата или шолјата. За да го решите овој проблем, премачкајте ја лажицата или шолјата со малку маслиново масло. Така, медот ќе се лизга и ќе можете да го употребите целото количество што ќе го измерите. Исто така, можете прво да ја потопите лажицата во жешка вода, а потоа да нацрпите мед. 5. Како полесно да напишете порака на тортата?Декорирањето на тортата може да биде многу напорно, особено ако треба да напишете порака како „Среќен роденден“ со интересни букви или пак ако сакате да нацртате некоја форма. Не се затрчувајте веднаш да испишувате со шприцот. Земете чепкалка за заби и напишете ги зборовите без многу да притискате. На тој начин лесно ќе можете да ги распределите буквите така што да има исто растојание меѓу нив, а потоа и да коригирате таму каде што е потребно. На крајот многу полесно е со шприцот само да ги пратите линиите. 6. Кој е најдобриот начин да скршите јајце?Кога кршат јајце, најголем дел од луѓето го потчукнуваат на работ на чинијата. Но, во таков случај лушпата се раздробува на ситни парчиња и често некое парче завршува во јајцето (а не е баш лесно да се улови малата лушпа во белката). За да го избегнете тоа, кога кршите јајце, внимателно потчукнете го на рамна површина. 7. Како да го спречите потемнувањето на излупените и исечените компири?Ако спремате голем ручек или вечера и немате време да ги лупите и сечкате компирите непосредно пред да ги готвите, може да го направите тоа многу порано, а сепак тие да ја зачуваат својата светложолта боја. За да не потемнат компирите, потопете ги во сад со ладна вода и ставете го садот во фрижидер. Доколку компирите се целосно потопени, нема потреба да се грижите дека ќе потемнат. 8. Како полесно да излупите чешне лук?Со помош на нож отсечете го долниот крај на чешнето. Поставете го рамниот дел од голем нож врз чешнето и притиснете одгоре. Лушпите веднаш ќе се одделат и ќе можете без проблем да го излупите. 9. Како штицата за сечкање да не ви мириса на лук?Не, не треба да ја фрлите штицата за сечкање ако се замириса од лук. Посолете ја со ситна сол, пресечете еден лимон на 4 полумесечини и со парчињата започнете да ја триете солта по површината на кујнската штица. Од време на време исцедувајте по малку сок од лимонот. Оставете ја штицата да стои неколку часа прекриена со сок од лимон и сол, а потоа избришете ја. 10. Како е најдобро да замрзнете свеж магдонос или нане?Исечкајте го магдоносот (онака како што сакате да го употребувате) и распоредете го во пластичен додаток за правење коцки мраз. Потоа потурете го со малку течност со коцка за супа и ставете го во замрзнувачот. Кога ќе се замрзнат коцките, соберете ги во кеса која добро се затвора за да не примат миризба. Вака замрзнатите коцки ќе ви послужат за зачинување на супа, манџа или сосови. Нането, наместо со течност со коцка за супа, потурете го со вода и замрзнете го. Замрзнатите коцки со нане можат да ви послужат за коктели или за ладен чај. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 6789> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |