IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Политика и вести
  Активни теми Активни теми RSS - Социјализам или капитализам?
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Социјализам или капитализам?

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 5152535455 61>
Автор
Порака
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јануари.2011 во 00:17
Originally posted by Platenik Platenik напиша:

Не се разбираме Македоне. Кога зборуваме за црквата, без разлика за која деноминација станува збор, таа во глобала секогаш била покрај власта. Се разбира дека секогаш имало бунтовници, протестанти, еретици кои не се сложувале со догмите кои ги проповедала црквата. Не е случајно што истата Исусова црква подоцна ќе се раздели, а де не зборуваме за делбите кои ќе следат на англикани, методисти, јеховисти, преспетирјанци, адвентисти, баптисти, мормони, одново родени христијани, протестанти.......


Бидејќи и самиот кажа дека ова се однесува на Римокатоличката Црква и дека во Православната Црква нештата биле поинакви, тогаш мислам дека и самиот можеш да го најдеш одговорот за таквото делење. Самиот факт што огромен дел од европските монарси застануваат во одбрана на Протсестантизмот, говори многу. Сите тие монарси се приклониле кон Протестантизмот, не поради тоа што верувале во тие догми, туку поради тоа што таму ја немала моќта на Папата, кој може да им ја загрози власта и да им создаде немири во државата по пат екскомуникации, интердикти, ослободување на поданиците од заклетва. Не случајно и голем дел од тие Цркви задржаа огромен дел од католичките нешта, со единствена разлика што монарсите застанаа на чело на Црквите, а не Папата.

Originally posted by Platenik Platenik напиша:


Сите тие во основа го имаат христовото учење кои ради икс причини ги имаат отфрлено рестриктивните догми на двете водечки христијански религии, православието и римокатолицизмот.


Не би се сложил со ова, особено за некои деноминации. Но, сепак, ова не е подфорумот каде што треба тие догми да ги разгледуваме.

Originally posted by Platenik Platenik напиша:


Нејсе, како што се развивале општествата, така требало да се трансформира и црквата се со цел да им излезе во пресрет на новите вредносни системи кои пак се резултат од промените во општеството. Сигурно дека денес црквата не е на исто рамниште на кое биле пред 1000 или 2000 години, нејзиниот фокус е многу поголем. Ако било табу тема да се зборува за абортус, разводи, сексуално образование или сексуално пренесливи болести... тоа денес не е.


Не сите вредности ги прифати Црквата. Говорам секако, не за мали заедници, каде се и сешто е дозволено, туку за Православието и Римокатолицизмот и поголемите протестантски заедници.

Originally posted by Platenik Platenik напиша:


Ако во минатото машкиот пол имал ексклузивно право на таа професија, денеска тоа не е, се разбира во некои од христијанските цркви. За црквата да си го продолжи својот век на траење или излезе во пресрет на новите потреби на врениците, таа била принудена да се прилагодува на истите.


Ова што го кажа е така, но во мошне мал дел од заедниците.

Originally posted by Platenik Platenik напиша:


Да се послужам со марксова теминологија, духовната и политчката власт биле единство на спротивности. Едни бездруги неможеле, а честопати си работеле зад грб.


Не би се сложил дека една без друга не можеле. За тоа пример е световната власт на Папата. Нему воопшто не му требал некој световен владетел за да ја применува својата власт и моќ.

Originally posted by Platenik Platenik напиша:


Ако во минатото имало јака меѓусебно взаемна врска меѓу духовната и земската власт, денес во современиот свет не е така. Современите држави се секуларни, а функциите на едната од другата власт се прецизно дефинрани и разделени. Според мене оправдано.


Се согласувам и јас со тебе дека денес нормално е секуларното општество и еднаквоста на сите пред законите.

Originally posted by Platenik Platenik напиша:


Исклучок на ова се некои земји каде црковната власт сеуште има силно влијание врз политчката власт, што само го покажува степенот на кој се наоѓа таа земја.


Има многу развиени земји каде што Црквата сеуште има големо влијание врз политичката власт, а кои се развиени, како што се Италија, Грција, а донекаде и во делови од Германија.

Originally posted by Platenik Platenik напиша:


Сега кога се погоре споменато ќе се апстрахира, ќе се соголи до коска и анализраат основните постулати или заповеди, ако сакаш, во било која религија, тогаш ќе дојдеме до основното учење на ралигијата. Споделувај, помагај, сите сме исти чеда Господови, простувај.....и ќе ги споредиме со основните критериуми врз кои, теоретски, се заснова социјализмот ќе видиме дека двете учења се многу блиски.


Постулатот дека сите се еднакви пред Бога, не значи дека сите мора и материјално еднакви да бидеме. Не кажа ли Христос на Бога да Му го дадеме Божјото, а на Царот царевото? Пак ќе кажам, ниту Христос, ниту св.Павле не говорат за материјална еднаквост, особено не за присилна. Да, говорат за љубов кон ближниот, прошката, милоста, помошта на сиромашните, па дури и кога говорат за совршенството, говорат и за давање на се што се поседува, како што и сториле светците, но не говорат на начин на кој говори социјализмот. Дали повикуваат Христос и св.Павле на бунт против власта? Дури кога Христијанството беше признаено, па дури и кога св.Константин го прими истото, тој воопшто не го стори тоа по револуционерен пат и не создаде присилна еднаквост.

Originally posted by Platenik Platenik напиша:


Значи, рамноправност, рамномерна дситрибуција на стекнатото богатство, бесплатно образование, здравство, социјална заштита, почитување на човековите и националните права, грижа за стари, болни, нејаќи, грижа за околината......


Да, овие нешта се во согласност со Христијанството.

Originally posted by Platenik Platenik напиша:


Грешиш кога концентрираш на аномалиите, од типот на кодошење, поткажување, шпиунирање, монтирани процеси, Гулази или Голи отоци.... кои се дело на ѓаволот или оние кои си давале свое толкување на тоа како треба да се спроведува социјалистичкот учење. Сметам дека социјализмот е општество кое допрва треба да дојде, а не општество кое изумре. Сталин, Чаушеску или Мао не се синоним за социјализам, туку се синоним за некаков квази социјализам.


Ако социјализмот би бил онака како што ти велиш дека би бил, тогаш, верувам дека никој не би се противел на такво нешто. Но, за жал, не е. Toa за што ти говориш е идеализам.

Сметам сите социјалисти, вклучително и Маркс грешат кога сметаат дека социјализтичкото учење може да се базира и на Евангелието или религијата. Не би набројувал цитати од Евангелијата и Посланијата на св.Апостол Павле кои се во спротивност со она за што говори Маркс.

Originally posted by Platenik Platenik напиша:


Да се навратам сега на капитализмот. Капитализмот е општество кое е во контрадикција со религиските учења. Ако рековме во религјата важи споделувај, помагај, не лажи, не кради, не убивај во капитализмот основниот мотив е профитот. Со самиот факт дека до профитот не се доѓа толку лесно, тогаш разбирливо е да има и експлоатација, нелојална конк*ренција, крадење, затајување, лажење, финасиски проневери, па богами и бранење на деловните интереси со оружје.


Platenik, јас не негирам дека се случуваат овие нешта, но пак и не може да говориме дека се случуваат секаде и секогаш. Зарем сите крадат? Сите ли лажат и вршат финансиски проневери? Не заборавај дека токму капиталистичките држави имаат мошне моќна регулатива која сите овие појави ги санкционира, притоа мошне ефективно. Зарем не постои чесна заработка? Зарем не постојат луѓе кои чесно заработиле? Заработката, односно профитот, не се лоши сами по себе, лоша е алчноста и себичноста. Поседувањето многу профит за некого може да значи и зголемено помагање на ближниот.

Originally posted by Platenik Platenik напиша:


Значи целта ги оправдува средствата, а тоа подразбира и кршење на сите морални норми.


Сакаш да ми кажеш дека марксизмот и социјализмот беа нешто морално? Не би сакал сега да го цитирам Светото Писмо за бракот, па да го споредиме напишаното со она што го кажал Маркс, затоа што мислам дека нема потреба, веднаш ќе се досетиш кон што целам. Да не говорам пак за одземањето на средствата за производство.

Originally posted by Platenik Platenik напиша:


Тговија со дрога, оружје, проституција... за се си има пазар, за се си има понуда и побарувачка. За да не излезе ова надвор од контрола на помош ве викаат вас правниците кои законски ги регулирате односите. Не го решавате проблемот туку го минимизирате. Сеуште постојат незконски активности од кои некој профитира, а некој страда.


Проблемот со криминалот и незаконските активности не може целосно да се реши, независно какви закони и да бидат донесени.

Originally posted by Platenik Platenik напиша:


Се се сведува на менаџирање на ризикот и колку ќе се наполни буџетот. Би те запрашал, ако е општо познато дека пушењето е штетно по здравје, зошто не се најде некоја влада кој ќе ја уништи тутнската индустија?Нема интерес, нели? Ако една кутија цигари чини 10 доалри, тоа значи дека една цигара чини 50 центи. Од овие 50 центи на призводителот и трговецот ќе пу припадна 20% или 10 центи. Владата на име даноци ќе прибере 40центи од цигара. За да се докаже дека владата има општествена свест и се грижи за здравјето на луѓето ќе потроши 10центи (ако потроши толку) на кампањи против пушењето. Мора да се сложиш, хипократија без преседан. А уште колку такви штетни индустрии има по здравјето на луѓето.


Platenik, доколку некој пуши дома, односно со тоа не го загрозува здравјето на другиот, зошто државата да му го забрани тоа? Се додека секој самиот управува со своите постапки и последиците од тие постапки не засегаат друг, никој ниту смее, ниту може да забрани нешто. Секој е господар на својот живот. Дури ако сака, слободно може и да си го одземе. На таквиот може да му се укаже, објасни, но како ќе му се забрани?

И пиењето алкохол е штетно по здравјето, исто како можеби и кафето донекаде, но, со тоа не се засегнува некој друг, туку самата личност која решила да пуши и пие. Не случајно се забранува насекаде во светот пушење на јавно место. Дури и бранот поскапувања на цигарите, се должи токму дел од парите кои се трошат за набавка на цигари да се наменат за фондовите за здравствено осигурување, за да не се оптоварат прекумерно истите доколку подоцна се зголеми бројот на заболени од канцери, а и со тоа да има можност државата да обезбеди бесплатна хемотерапија, радиотерапија, цитостатици за оние болести чие лекување целосно го покрива.

Originally posted by Platenik Platenik напиша:


Таков хипокритчен однос се има и према црквата, каде најголемите криминалци и узурпатори на власта се оддадени верници, чии гревови ќе им ги прости во името на Господа некој нивен поп. Кога во недела ќе се покајат, а гревовите бидат опростени, од понеделник пак ќе можат да си ги прават истите гревови.


Јас пак мислам дека тој кој крадел, убивал или нешто слично, нема ниту потреба од прошка, ниту потреба од свештеници, Црква или нешто слично, затоа што самиот нема да го бара тоа. Точно е дека односот на политичарите кон Црквата е лицемерен, мошне често, целосно се сложувам, но тоа зависи од самата личност. Можеби политичарот не верува во ништо, но секако, се обидува да земе политички поени со тоа што ќе биде виден в недела на богослужба, на празници истотака. Тоа не е верник, далеку е од верник. Патем, простувањето не е онака како што мислиш, дури и свештениците одговараат пред некого, а знаеш добро дека грешките во Црквата некого можат да го чинат уништување на сета кариера и разрешување од свештеник.

Originally posted by Platenik Platenik напиша:


Црквата во одредени моменти била најголемиот узурпатор на власта, водена по капиталистичките принципи, зборувам за католичката црква. Научена да зема, а не да дава. Во правослваните цркви состојбите биле малку поразлични. Во името на Бога преку своите мисионери уништени се милиони луѓе, одземени се огроми богатства. Погледни го само Ватикан. Целиот мермер е изваден од Колосумот и оденсен за да биде изграден Ватика. Таквиот вандалски и нецивилизиран однос нема никаква врска со хрситовото учење, како што нема ни сталиновиот однос со социјалситчкото учење.


Секако дека грабежот во ниту еден случај не е оправдан, како што не е ниту продавањето индулгенции и измамувањето на народот.

Originally posted by Platenik Platenik напиша:


Во капитализмот непостои баланс меѓу потребите и желбите или ако тоа постои тоа зависи само од индивидуата. Во еден комерцијализиран свет иднивидуата е жртва која секојденвно е бомбардирана со маркетинг кампањи. Едноставно неговите желби катаден се надразнуваат, кое пак резултира во трошење над можностите. Финансиските обврски го надминуваат приливот. Кога тоа ќе се екстраполира на ниво на стопански субјекти и понатаму на државно ниво, тогаш е многу јасно дека секој еден живее на вересија и се надева дека луњата ќе го помине. Жртва на овај систем не се само 1% од населението, кои се разбира имаат толку ресурси на располагање со кои можат да си купат експертски совети, од правници, економисти, банкари и на тој начин ги заштитат своите интереси. Прекумерното задоволувањето на сопствените материјални страсти, неспорно е дека доведува до неминовен колапс.


Пријателе, во секој систем, како што вели нашиот народ, доколку некој си ја пружа ногата подолго од чергата, треба да очекува санкции. Доколку не е така, тогаш сиот систем ќе пропадне. Сведоци бевме на кризата во 2008 токму поради давањето кредити без покритие од страна на некои банки. Неможноста да ги наплатат, резултираше со нивно пропаѓање, што со себе повлече оргомен број банки и претпријатија.

Originally posted by Platenik Platenik напиша:


Кога зборуваме за американскиот капитализам и неговата спосбност за опоравување, несмееме да заборавиме на моќат на таа земја која ја има од секој еден аспект, воен, финсиски, индустриски, људски, прирдони ресусри.......ролјата која ја има САД во светот, можноста да нејзината валута е светско платжно средство кое немора да има покритие ниту во злато, ниту во стока, а нејзината вредност да се базира само на понудата и побарувачката за таа валута..... тогаш сигурен сум дека САД имаат шанси да ја надминат оваа криза или благо речено да ја пролонгираат агонијата на системот во кој живеат, чим не се спремни да го променат.
Сега кога ја знаеме моќта на САД, јас ќе те прашам каква шанса имаат другите капиталисктички земји кои се во подредена положба и не им стојат на располагање сите оние погоре споменати бенефактори, за да веруваат дека ќе преживеат. Со која економија, со кој финансиски систем, со кое стопанство ќе конк*рираат? Со пазајмените пари што за нив некој друг е благословен да ги печати (додуша денес немора ни да ги печати се штеди на хартија и боја и електронски легнуваат на сметка)кои незнаат каде и во што да ги инвестираат и оплодат?!


Другите земји, бидејќи немаат можност да се развијат како што имаат и развиените капиталистички држави, постои можност да се развијат по пат на странски инвецтиции и создавање поволна клима за бизнис, како што е создавање здрав правен систем, инвестирање во образованието, технологијата. Сетоа тоа може да помогне да се развие определена држава. Секако, не очекуваме развој како оној на САД, но, постои можност за создавање функционална држава. И како што кажав во претходниот пост, потребна е и нормална политичка состојба, како на внатрешен, така и на надворешен план. Пример за тоа е Ирак, која поседува огромни природни богатства, но, поради политичката ситуација, од една од најбогатите земји во тој крај на светот стана најсиромашна.

Originally posted by Platenik Platenik напиша:


Капиталистичкот општество е на заминување, ова што денес се случува во светот е само почеток на крајот. Системот мора да се трансформира и да воведува се поголема регулатива преку која порамномерно ќе се распределува заработеното, се регулира банкарскиот систем, фокусир на потребите, а не на желбите, да се спроведат сите придобивки онака како што се зацртани во теоретските турдови на социјалистичкото учење. Дали тој систем ќе го наречеш социјализам, диктатура на пролетријатот, народна демократија, социокапитализам или ќе му се измисли некое друго име, нерави разлика, капитализмот каков го познаваме денес мора да замине во историјата.

Не се секирај, се додека ресурсите се лимитирани, а желбите негораничени се дотогаш ќе има потреба од економските и правните науки. Некој мора да ги менаџира ресурсите, некој мора да ги регулира односите.


Доколку се случи ова за кое говориш, не очекуваат трагедии, кои нема никогаш да можеме да ги заборавиме. Доколку ни се случат пак диктатури на пролетаријатот, знаеме што ќе биде следното. Постојаната реформа на капитализмот е потребна и е нешто кое треба да се спроведува, но, доколку тоа доведе до појава на социјализам и диктатура на пролетаријатот, подобро е воопшто да не го менуваме. Вака барем слободата на личноста, човековите права, слободата на мисла, уверување и верување не ни се загрозени. А слободата доколку ја изгубиме, нема да ни бидат потребни ниту еднаквост, ниту рамномерна распределба на профитот.




Изменето од Македон - 23.Јануари.2011 во 00:18
Кон врв
brza Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јануари.2011 во 00:18
....ne te mrzeshe?изненадување
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Кон врв
Platenik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Platenik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јануари.2011 во 06:57
Капиталистичкото општество ќе трансформира по еволутивен пат. Тоа што некој сакал да го направи во минатот по револуционерен пат, се покажа дека можел да има релативен кус на траење.

Со оглед дека социјализмот на скалата на разитокот на општествените системи стои на повисоко скалило, барем според општо прифатената методологија, тогаш може слободно да се каже дека капиталистичкото општество ќе се трансформира по еволутивен пат во социјалистичко.

Пак ќе повторам, не онај социјализам кој ние го познававме или го познаваме од книгите, туку некое посовремено, порамноправно социјалистичко општество. Општество во кое човечките права и слободи ќе бидат загарантирани.
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“

Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јануари.2011 во 13:53
Originally posted by Platenik Platenik напиша:

Капиталистичкото општество ќе трансформира по еволутивен пат. Тоа што некој сакал да го направи во минатот по револуционерен пат, се покажа дека можел да има релативен кус на траење.


Зарем не беше и Маркс заговорник на револуционерните промени во општеството?

Originally posted by Platenik Platenik напиша:


Со оглед дека социјализмот на скалата на разитокот на општествените системи стои на повисоко скалило, барем според општо прифатената методологија, тогаш може слободно да се каже дека капиталистичкото општество ќе се трансформира по еволутивен пат во социјалистичко.


Таа методологија повеќе не важи. Сега, таквата поделба е изоставена дури и од учебниците по историја и заменета е со нова.

Originally posted by Platenik Platenik напиша:


Пак ќе повторам, не онај социјализам кој ние го познававме или го познаваме од книгите, туку некое посовремено, порамноправно социјалистичко општество. Општество во кое човечките права и слободи ќе бидат загарантирани.


Зарем веруваш дека е можна целосна еднаквост, а без притоа да не биде нарушено некое човеково право? Јас сметам дека тоа е невозможно. Во најмал случај, правото на сопственост ќе биде повредено.
Кон врв
Platenik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Platenik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јануари.2011 во 09:50
Ако Маркс бил поборник на револуционерни промени, незначи дека тоа е во камен изделкано. Неговата визија била дека може и на тој начин да се стигне до порамноправно општество. Праксата го покажа тоа дека може да се дојде до тоа општество, ама само декларативно. Дали свеста на граѓаните била до тој степен да може да го разбере системот е сосема друга работа.

Едно бебе прво треба да научи да лази, да се исправи, да прооди, па после да може да трча.


Таа методологија е општо прифатена и се изучува во сите држави, без разлика на нивното политчко уредување. Робовладетелство, феудализам, либерален капитализам, државен капитализам, социјализам...... Дали тоа некој во учебниците ќе го вметне или не или на кои сегменти од развитокот на општеставата авторите ќе се фокусираат, не е воопшто меродавно. Во сите академски кругови, таа проблематика се разработува баш според таа јасно дефинирана методологија.


Што занчи целосна еднаквост? Според начинот на кој разбираме светот и како треба да се регулираат односите во него, потполна еднаквост неможе да има.

Меѓутоа верувам во системот на порамномерна распределба, вреднување на трудот не според профитот, туку според корисната вредност на крајниот резултат од вложениот труд.

Никој не вели дека правото на сопственост да се прекрши, туку на некој начин да се квантифицира сопственоста, односно утврди кое ниво на сосптвеност ќе биде прифатливо. 3 куќи, 5 автомобили, 2 фабрики, 4 хотела, 5-6 болници...... колку?

Едно е сигурно, ако небеше тој социјализам и останеше капиталистичкото општество, Македонците од Република Македонија денес ќе беа Јужни Срби, исто како што се Македонците Бугари во Бугарија или Грци во Грција. Сите оние кои ќе останеле да се борат за македонштината би биле остранети, маргинализрани, необразовани, без сопствен литературен јазик.... и многу други работи.

Сега е веќе друга песна, можеме да се носиме рамноправно против сите оние кои ја негираат Македонија и македонскиот народ, а најмногу против оние силни ...фили, ...мани.

Веќе реков, ниту едниот систем е толку бел, ниту пак другиот е толку црн. Се треба да се анализира објективно, да се потенцираат добрите страни и придобивките, ама да се критикуваат и аномалиите, без разлика за кое општествено политичко уредување станува збор.
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“

Кон врв
brza Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јануари.2011 во 14:01
''Едно е сигурно, ако небеше тој социјализам и останеше капиталистичкото општество, Македонците од Република Македонија денес ќе беа Јужни Срби, исто како што се Македонците Бугари во Бугарија или Грци во Грција. Сите оние кои ќе останеле да се борат за македонштината би биле остранети, маргинализрани, необразовани, без сопствен литературен јазик.... и многу други работи.''
                                                                                                       


...toa znachi samo deka ,...edinstveno makedoncive ....se ofajdile od socijalizmot!да
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Кон врв
Joshua_Tree Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Јуни.2007
Статус: Офлајн
Поени: 6477
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Joshua_Tree Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јануари.2011 во 14:14
...jes of skrozголема%20насмевка

...ke se raduvame na poklonot uste malku
“Talk, talk, talk: the utter and heartbreaking stupidity of words.”
― William Faulkner, Mosquitoes
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јануари.2011 во 22:46
Originally posted by Platenik Platenik напиша:

Ако Маркс бил поборник на револуционерни промени, незначи дека тоа е во камен изделкано. Неговата визија била дека може и на тој начин да се стигне до порамноправно општество. Праксата го покажа тоа дека може да се дојде до тоа општество, ама само декларативно. Дали свеста на граѓаните била до тој степен да може да го разбере системот е сосема друга работа.

Едно бебе прво треба да научи да лази, да се исправи, да прооди, па после да може да трча.


Сега ќе те вратам назад и ќе те потсетам дека кажавте дека Маркс не бил побиен? А ете, самиот ти велиш дека е побиен.Тоа е она за што трубам цело време, а за што ми е мило дека се согласивме.

Originally posted by Platenik Platenik напиша:


Таа методологија е општо прифатена и се изучува во сите држави, без разлика на нивното политчко уредување. Робовладетелство, феудализам, либерален капитализам, државен капитализам, социјализам...... Дали тоа некој во учебниците ќе го вметне или не или на кои сегменти од развитокот на општеставата авторите ќе се фокусираат, не е воопшто меродавно. Во сите академски кругови, таа проблематика се разработува баш според таа јасно дефинирана методологија.


Сега, барем во учебниците, тој период се дели на нов и најнов период, а не како порано, на капиталистички и социјалистички.

Originally posted by Platenik Platenik напиша:


Што занчи целосна еднаквост? Според начинот на кој разбираме светот и како треба да се регулираат односите во него, потполна еднаквост неможе да има.

Меѓутоа верувам во системот на порамномерна распределба, вреднување на трудот не според профитот, туку според корисната вредност на крајниот резултат од вложениот труд.

Никој не вели дека правото на сопственост да се прекрши, туку на некој начин да се квантифицира сопственоста, односно утврди кое ниво на сосптвеност ќе биде прифатливо. 3 куќи, 5 автомобили, 2 фабрики, 4 хотела, 5-6 болници...... колку?


Но, некои луѓе имаат и повеќе од тоа определување? Зарем повторно нема да им се повреди правото на сопственост? Зарем не е побезболно тоа за кое говориш да се постигне со пропорционално одданочување?

Originally posted by Platenik Platenik напиша:


Едно е сигурно, ако небеше тој социјализам и останеше капиталистичкото општество, Македонците од Република Македонија денес ќе беа Јужни Срби, исто како што се Македонците Бугари во Бугарија или Грци во Грција. Сите оние кои ќе останеле да се борат за македонштината би биле остранети, маргинализрани, необразовани, без сопствен литературен јазик.... и многу други работи.

Сега е веќе друга песна, можеме да се носиме рамноправно против сите оние кои ја негираат Македонија и македонскиот народ, а најмногу против оние силни ...фили, ...мани.


Со ова нема да се согласам целосно. Дури и капиталистичките земји во текот на НОБ, прифатија дека македонскиот народ заслужува да има своја држава, како федерација, но заслужува. За тоа сведочат и дописите од Велика Британија. Точно е дека социјалистите први му ги признаа правата на македонскиот народ, но и капиталистите потоа ја прифатија реалноста.

Originally posted by Platenik Platenik напиша:


Веќе реков, ниту едниот систем е толку бел, ниту пак другиот е толку црн. Се треба да се анализира објективно, да се потенцираат добрите страни и придобивките, ама да се критикуваат и аномалиите, без разлика за кое општествено политичко уредување станува збор.


Со ова се согласувам.
Кон врв
kejt-d-grejt Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 6228
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kejt-d-grejt Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јануари.2011 во 22:52
абре како не ве мрзи
се' што е убаво во животот е поезија. сето друго е проза
Кон врв
Platenik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Platenik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јануари.2011 во 06:29
Македоне,

Мислам дека премногу се дружиш со бугаризираните, ака Бугари, на под форумот историја. Недозволувај дружбата да има влијание.

Маркс никој го нема побиено кога станува збор за економијата, односно како се регулираат односите во капиталистичкото општество и како тоа во суштина функционира.

Каков метод тој предлага за да се надминат аномалиите во капиталистичкиот систем е сосема друга работа. Праксата или поточно несвесните луѓе, да бидам попрецизен го побија неговиот “метод“. Рековме еднаш, се што брзо расте, брзо и вене. Револуционерните промени се брзи, нагли кои можат да резултираат во несакани косеквенци, додека еволутивните промени се бавни, спори но им даваат доволно време на луѓето да се прилагодат на промените. Се разбира дека еволутивните промени резултираат во подолготрајни и поиздржани ефекти.

Еден од методите на прамномерно редистрибуција на стекнатото богатство е пропорционалниот метод на оданочување.

За тоа колку капиталистичките земји згрешиле во однос на Македонија и колку си ја увиделе грешката, на сите ни е јасно. До денденешен ги чувствуваме последиците од нивните грешки. Грција и Бугарија се создадени од нив. Македонија е поделена на свери на влијание, на сверите за кои се залагале големите сили, нели? Македонците од Егејска Македонија биле попрашувани со пестициди како да се инсекти (се разбира дека карикирам, со напалм) од тие кои многу се секирале за човековите права и нациналните чувства за тој народ.

Грешките направени во минатото, од страна на капиталистички земји, се разбира дека несакаат да си ги признаат, ниту пак ќе ги признаат. Зарем не е тоа толку јасно кога ќе се погледнат европските интегративни процеси и двојните стандарди кои (ни) се наметнуваат?

Сепак сметам дека треба побјективно да се гледа на нештата, по можност без политчка обоеност на коментарите.
Без некој поголем излив на емоции, спрема едната или другата политичка опција.





Изменето од Platenik - 26.Јануари.2011 во 02:52
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“

Кон врв
Zlatnik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 23.Август.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 2605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zlatnik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јануари.2011 во 00:49
Гледам дека со Платеник имам/е идентичен став по однос на ова прашање, бидејќи и тој е на ставот кој јас го изложив во моите неколку претходни пораки.
Но, не ми е јасно, што мислат другите (кои не мислат како наснамигнување), дали капитализмот е последно општество во развојот на цивилизацијата? Дали со него ќе се запре развојот?
Зарем самиот негов (капиталистички) досегашен развој не ви дава причина за да се запрашате: „што понатаму?“размислување
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
Кон врв
Platenik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Platenik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јануари.2011 во 02:48
Originally posted by brza brza напиша:

''Едно е сигурно, ако небеше тој социјализам и останеше капиталистичкото
општество, Македонците од Република Македонија денес ќе беа Јужни Срби,
исто како што се Македонците Бугари во Бугарија или Грци во Грција. Сите
оние кои ќе останеле да се борат за македонштината би биле остранети,
маргинализрани, необразовани, без сопствен литературен јазик.... и многу
други работи.''                                                                                                        ...toa znachi samo deka ,...edinstveno makedoncive ....se ofajdile od socijalizmot!да


Ако сакаш да ги вулгаризираш работите, можеш слободно, но убеден сум дека тоа нема да ги реши проблемите.

Јас верувам дека многу дуги се офјадиле од убрзаниот процес на воведувањето на социјализмот. Најмногу оние кои живеат во високо развиените капиталистички општества. Образованието, универзалната здравствена и социјална заштита, пензиската заштита се изнудени придобивки во тие системи, кои придобивки се дијаметрално спротивни со природата на капиталистичкиот систем. Сите овие категории се сметаат, во капиталистичката теорија, како непродуктивни трошоци.

Никој ништо никому недава за џабе. Некој требал да се избори за тие придобивки или да пролее крв. Некој кој располагал со капиталот требал да дојде до онај степен кога ќе сфати дека здравата и образована нација (значи непродуктивните трошоци) и делењето на профитот со широките народни маси или со оние кои можат само да го продаваат својот труд и знаење ќе отвори многу пошироки хоризонти. Со зголемувањето на куповната моќ на населението ќе се обезбедат предуслови за проширена репродукција и нови и поголеми профити.

За жал, во некои капиталистички земји, ова сеуште неможат да го разберат, па профитот сеуште е главниот двигател на економијата. Тоа само докажува дека рецесиите и кризите не се природни циклични појави туку дека се должат на несоодветните ситемски решенија и лошите менаџерски практики.
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“

Кон врв
DragancoLeskoec Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 01.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 984
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DragancoLeskoec Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јануари.2011 во 03:22
Originally posted by Zlatnik Zlatnik напиша:

Гледам дека со Платеник имам/е идентичен став по однос на ова прашање, бидејќи и тој е на ставот кој јас го изложив во моите неколку претходни пораки.Но, не ми е јасно, што мислат другите (кои не мислат како наснамигнување), дали капитализмот е последно општество во развојот на цивилизацијата? Дали со него ќе се запре развојот?Зарем самиот негов (капиталистички) досегашен развој не ви дава причина за да се запрашате: „што понатаму?“размислување


Апсолутно не.Како шо се развива човековата свест, ќе се развива и начинот на комуникација меѓу луѓето и уредувањето на нивниот заеднички дом, Земјата.
Кон врв
Platenik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Platenik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јануари.2011 во 03:49
Originally posted by Zlatnik Zlatnik напиша:

Гледам дека со Платеник имам/е идентичен став по однос на ова прашање, бидејќи и тој е на ставот кој јас го изложив во моите неколку претходни пораки.Но, не ми е јасно, што мислат другите (кои не мислат како наснамигнување), дали капитализмот е последно општество во развојот на цивилизацијата? Дали со него ќе се запре развојот?Зарем самиот негов (капиталистички) досегашен развој не ви дава причина за да се запрашате: „што понатаму?“размислување


Златник,

Само ќе го надополнам твојот коментар. Капиталистичкото општество после оваа криза, никогаш нема да биде исто како она што го познававме до кризата. Значи може веќе да се насетат некои промени.

Во една прилика Џорџ Буш изјави, бев приморан да ги напуштам капиталистичките принципи со цел да го заштитам капиталистичкиот систем. Што тоа значи?! Продолжување на агонијата или одржување на уловите за оние кои имаат, пак да имаат. Зарем откупувањето за сторените грешки и лошото менаџирање треба да биде награда на оние кои го доведоа целокупниот финансиски систем пред колапс?

Очајни луѓе прнудени се да применуваат очајни мерки. Но и тоа е разбирливо, целта ги оправдува средствата, посебно ако незнаат како со капиталистички принципи да ја постигната целта.

Се бара заеднички да ги поднесеме последиците кои се резултат од политчките убедувања на одредена група на луѓе и нивната визија како треба да функционира системот.

Во сите нормални држави таквите луѓе треба да одговараат за сторените криминални дела. Несмее да се дозволи некој таквите личности да ги вади од калта или да ги наградува до 100 милиони доалри годишно, за нивните „заслуги“.

Капитализмот се разбира дека не е иделаното општество, а на човештвото не му останува ништо друго сем да учи од сторените грешки, недозволува да му се повторуваат и со стекнатите искуства да се стреми кон идеалот за порамноправно општество.
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 5152535455 61>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,188 секунди.