![]() |
|
Ваша песна,состав или што било напишано |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 123124125126127 138> |
Автор | |
majstorce62 ![]() Сениор ![]() ![]() ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
ОБИЧНА ПЕСНА
Сакам да ми раскажуваш за твоето детство: за првите играчки, првата коцка чоколадо, првата насмевка на учителката, за палачинките што ги правеше мајка ти со мармалад од миризливи кајсии... Знам се, но сепак раскажувај ми за твоето детство - кога ти раскажуваш се изгледа поинаку и се во мене мириса со твојата изгубена среќа во некој од ходниците на големиот лавиринт: и твоето прво разочарување, првите солзи, првото фустанче што самата си го соши за да ми се допаднеш на твојот шеснаесетти роденден... Раскажувај ми се по ред, времето ми е единственото богатство со кое можам да ти платам, но немој, не спомнувај ме мене во твојата приказна, дозволи да бидам само обичен слушател... |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
![]() |
|
majstorce62 ![]() Сениор ![]() ![]() ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
ИНТЕРМЕЦО
Те сретнав помеѓу две ненапишани песни во ветрот што го боеше воздухот со топол мирис на темјанушки, прелетувајќи како опијанета птица над широките ливади на твојата душа. И видов, небото се одљуби од ѕвездите, морето се одрече од рибите, а јас ги растурив песните на милион молекули сфаќајќи колку е тешко да се биде обичен поет на очи со боја на темјанушки... Изменето од majstorce62 - 16.Јануари.2011 во 23:34 |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
![]() |
|
butterflyM55 ![]() Сениор ![]() ![]() ***PEPE*** Регистриран: 17.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 3399 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
БЕЗИМЕНА
Го гледам тој ангелски лик само очи да затворам. Тие смарагди зелени никако да ги заборавам. А сакам ли? Го допирам твојот образ мил, кој се стопува во дланкава моја. Тие меки усни медени никогаш не престанувам да ги љубам. А можам ли? Ја спуштам раката своја во меката дланка твоја. Тој нежен поглед полн љубов никогаш не бил поинаков за мене. Ќе се промени ли? Легнувам тивко во постела мека, прилепувам тело до тебе. Тој блажен израз на лицето твое додека буден ме сонуваш. Ќе го изгубиш ли? Се будам во зори рани со насмевка на лице сонливо. Тој мирис на свежина,љубов, кој се шири меѓу нас. Ќе се изгуби ли? |
|
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
|
|
![]() |
|
butterflyM55 ![]() Сениор ![]() ![]() ***PEPE*** Регистриран: 17.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 3399 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Завесата полека се спушташе,тешко и полека влечејќи се по подот,исто како и нејзината болка.Еден мал момент и го преврте целиот свет....ја освести...и тоа само заради едно огледало.Несакајки се загледа во него,а секој ден минуваше оттука и никогаш го немаше погледнато досега.Призорот и привлече внимание...Таа стоеше пред неа...иста како неа а сепак различна.
-Која си ти?Ја праша и не чекајки одговор продолжи... -Те познавам од некаде! -Ќе се сетам.Си мислеше не помрднувајќи се од местото на кое стоеше. Одеднаш ужас се појави на нејзиното лице,како да ја погодил гром...Па таа беше другата!!! А ТАА....ја гледа со чуден сјај во очите и и се смее в лице.Громогласна смеа телото и го згрчи и кожата и ја наежи како да слуша сирени од милион страни.Ниту рацете на уши и помагаа,ниту затворените очи во пробувањата да го оттргне филмот во главата кој почна сам да се размотува,а смеата беше се посилна....Посилна од татнежот на возот.Посилна од звукот на сирените за опасност...Но...Не и посилна од нејзината болка. ТАА беше крива за се,а стоеше како бесрамница пред неа и ја понижуваше со громогласната смеа. Немаше сили веќе во себе,само ги спусти лабаво рацете покрај своето тело,како ранета од огнено оружје.Се тетеравеше,но не падна.Силата си ја поврати малку,незнаеше и самата од каде и дојдетаа сила,и само мирно го подигна погледот,ја погледна во очи и милно се насмеа.Како и секогаш и сега нејзината насмевка беше тука иако таа самата е понижената.Немо ја гледаше во очи како да сакаше да и каже "ќе испливам јас и без тебе".Уште еден миг ја гледаше,а потоа мирно се сврте и си го продолжи патот не свртувајќи се повеќе назад. Смеата беше стивнала,но таа не се сврте пак,само одеше напред.Ликот не и го гледаше,но во себе ја виде болната гримаса која и го изобличи лицето и и ги слушна двете солзи како тешко паднаа на подот. Се разделија....Секоја по својот пат и со својата среќа. ТАА остана назад во болката,а нејзе и се отвори нов пат напред по кој гордо зачекори сигурна во себе и својата среќа. |
|
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
|
|
![]() |
|
majstorce62 ![]() Сениор ![]() ![]() ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
НАИЗГЛЕД ЛЕСНО
Ме прашуваш што повеќе љубам: росата или шумот на твоите табани- како тоа да се две работи!? Ох, да научев да ја љубам едноставноста ќе се љубев и самиот себе... |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
![]() |
|
majstorce62 ![]() Сениор ![]() ![]() ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
НОЌ ЗА РОМАНТИКА
Не плаши се, испиј го отровот, ноќта е создадена за волшепства и докажување на љубовта - јас ќе бидам сведокoт на твоето оживување... |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
![]() |
|
majstorce62 ![]() Сениор ![]() ![]() ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
vetuvase od malecka uste... iskreni cestitki...
![]() ![]() |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
![]() |
|
majstorce62 ![]() Сениор ![]() ![]() ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
СНОШТИ ЛЕЖЕВ
Сношти лежев во високите треви на омразата и слушав како бие срцето на најцрниот пекол - длабоко, длабоко, длабоко во мене ечеа фанфарите на нечија туѓа смрт... |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
![]() |
|
majstorce62 ![]() Сениор ![]() ![]() ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
ПРЕКРШУВАЊЕ
Детето што си игра пет камчиња со своите воздишки кога спие има замок од пролетни мириси во секое мое прекршување низ горчливата кора на зборот. Кога тоа ги отвора очите утрата ми слетуваат на рамо како птици со прегладнета песна во грлата а јас брзам да му ја уловам првата насмевка и да го сопнам чекорот на денот со нејзината милност. Детето што живее во замок од пролетни мириси го развлекува денот како пресен локум од едно до друго прашање и го задоцнува доаѓањето на ноќта во распупените гранки на претежнатиот сон. Пак гребам во горчливата кора на зборот и градам уште еден замок од мириси на пролет за детето што си игра пет камчиња со своите воздишки кога спие. |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
![]() |
|
majstorce62 ![]() Сениор ![]() ![]() ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
ЗРНО ПЕСОК
Ме најдоа во мојата пустина Камсин и Сироко, спокојно заспан во сенката на белиот Хименокалис. Што ли видоа во мене па ме кренаа кон морскиот брег да те најдам, бисер да ме направиш!? Некои други зрна песок секој ден ги чекаат Камсин и Сироко да ги однесат до нивната школка. |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
![]() |
|
majstorce62 ![]() Сениор ![]() ![]() ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
ПРИКАЗНА ЗА РАСКОЛНИЦИТЕ
И мала и голема и јужна и северна и Беломорска и Шарпланинска и покорна и воинствена и таткова и мајчина - каква и да си, од Бога си, за нас си... Те имале - те губеле, со крв те оплакувале - со солзи те оживувале, во лелек те завивале - со воздишки те повивале, и пак се имале и те имале Кај отидовме - што се сторивме, едни во други се загубивме - се немаме и ќе те немаме... |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
![]() |
|
anakin ![]() Сениор ![]() ![]() Unidentified Flying Object Регистриран: 08.Август.2005 Локација: Machku Pichku Статус: Офлајн Поени: 18535 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
. - повторно паѓа снег. ладно ти е? - малку, ама , рацете ми смрзнаа - сега, сега ќе бидат готови. слушаш како пуцкетаат на жарот? - да, како тивка, спора балада . се доближи кон неа и во смрзнатите нејзини дланки и‘ стави пет топли печени костени ја прегрна силно а ладното ветре, кое играше околу нив, мирисаше на врелите костени играа и тие со него на снежната ливада во ритамот на нежната балада . . Изменето од anakin - 28.Јануари.2011 во 07:48 |
|
SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.
|
|
![]() |
|
bijonse1 ![]() Сениор ![]() ![]() bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Замислена Кога сум замислена… секогаш мижам и чекам, дали ќе се појави твојот лик? кога сум замислена … секогаш воздивнувам и чекам, дали ќе го осетам твојот здив ? Кога сум замислена … секогаш во насмевка ги спојувам усните , дали ќе го осетам твојот бакнеж ? кога сум замислена… секогаш со прсти ја мрсам косата, дали ти неа ќе ја погалиш ? Кога сум замислена… секогаш го мирисам твоето тело , дали тоа ќе се спои со моето ? кога сум замислена… секогаш ги прекрстувам нозете , дали ти ќе ме освоиш ? |
|
![]() |
|
majstorce62 ![]() Сениор ![]() ![]() ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
КОЛАЖ
Нешто ќе остане - немоќта на дивокопачот да ги пронајде во твоите очи задоцнетите патници на утрата под планините... Меѓу сонот и јавето, сосема неразлично од тебе мост изѕидав, но јас, клучевите од капијата ги сокрив во тегла со слатко од цреши што смо наликуваат на зборови... Остај ми ги кулите, мостовите до нив ги градевме со музиката на паганини... На улицата на амајлиите куфери полни со наши средби чекаат проценка, но цер за камчето во совеста никој не нашол во аманетот на коренското менување на нештата. Сирена ја именував безимената сила што од инает напиша балада за животот и долгот на идиличната песна го трампа со сенката на проклетството пред иконостасот на збунетата песна од страв дека некои деца ќе ја откријата тајната на магијата и ќе го осветлат патот до срцето на ноќта... И покрај се, нешто ќе остане... Како лексички материјал за песната се употребени насловите на лирските единици од стихозбирката МОСТОВИ, по истиот редослед по кој се распоредени во книгата... |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 123124125126127 138> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |