IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Фудбал
  Активни теми Активни теми RSS - Вести
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Вести

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 5051525354 61>
Автор
Порака
Schatzii Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Мај.2010
Локација: Germany
Статус: Офлајн
Поени: 10600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Јануари.2011 во 20:16
Тајните на Мурињо се продаваат за 2500 евра
 
Ricardo Fonseca тврди дека поседува бележник на Jose Mourinho во кој тој ги запишувал тактиките и мислењата за играчите во времето кога го водеше Porto.

Ricardo Fonsecа изјавува дека бележникот му го подарил неговиот татко, кој пак го добил лично од Mourinho.

Ricardo 6,5 години го чувал бележникот, но сега решил да ги стави тајните на Mourinho на продажба.

Таткото на Ricardo наводно бил колега на Jose, тој ги следел неговите тренерски предавања, но како го добил бележникот не е потврдено.

Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.
Кон врв
stigma04 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Март.2010
Статус: Офлајн
Поени: 2661
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај stigma04 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Јануари.2011 во 22:00
ТОП 5 НЕИСКОРИСТЕНИ ФУДБАЛСКИ ТАЛЕНТИ

Правило е репрезентативниот дрес да биде отскочна штица за кариерата на секој спортист, ама во услови кога европскиот фудбалски пазар е презаситен, до добар трансфер се потешко се доаѓа. Македонските фудбалери се особено нетрпеливи да го напуштат слабото домашно првенство, па трансфери по секоја цена се далеку побројни од оние кои би го зголемиле реномето на нашиот фудбал. Затоа наши таленти неретко завршуваат и се губат во потпросечни клубови и лиги.

1. Горан Славковски

Од најмлад дебитант на Интер во Серија А до резервниот тим на германскиот второлигаш Бохум, тоа е сурово надолниот тренд во кариерата на фудбалерот кој беше најавуван како новиот Златан Ибрахимовиќ. Откако Македонија се избори за неговите услуги, 21-годишниот Славковски забележа три настапи за нашата млада репрезентација, а најновите информации кажуваат дека сега бара нов почеток во родната Шведска.

2. Филип Маџовски

Како 21-годишен чувар на мрежата на Работнички стигна до дресот со број еден во македонската фудбалска репрезентација, но на трите одиграни средби, сите од квалификациите за СП 2006, прими вкупно десет гола. Сметајќи дека по епизодите во Милано и Вардар ја надраснал нашата Прва лига, Маџовски замина во далечниот Виетнам. Ако на некого му значи нешто, името на клубот е Џонг Там Лонг Ан.

3. Агим Ибраими

Не така одамна најдобриот млад фудбалер во Македонија имаше бомбастично деби за националниот тим на пријателската средба со Шпанија, кога веќе градеше интернационална кариера во дресот на Олимпија од Љубљана. Оттаму беше присилен да си оди поради губење на работната дозвола, па се пресели во турскиот суперлигаш Ескишехирспор. И таму не се изнаигра есеноска.

4. Сашко Пандев

Поранешниот капитен на младата селекција на Македонија загуби доста драгоцено време од кариерата со раниот трансфер во Динамо Загреб. Таму тешко доаѓаше до место во првиот тим, па за тие пет сезони, главно, беше отстапуван на други екипи (Интер Запрешиќ, Меѓимурје, Работнички, Турново). Прашање е колку трансфер во клуб како Муган може да ја поттурне неговата кариера. Муган, инаку, е од Азербејџан.

5. Зоран Балдовалиев

Играчот кој и припаѓа на генерацијата струмички бисери Пандев, Стојков, Попов... никогаш не се трансформираше во стандарден репрезентативец и застана на само четири настапи. Можеби, зашто кариерата го водеше низ втората лига на европскиот фудбал, од Словенија преку Азербејџан, Летонија и Бугарија до Израел, каде што му помогна на Хапоел од Кирјат Шмона да стане прволигаш.
Jas sum pepel tamu kade sto bev ogan
Кон врв
stigma04 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Март.2010
Статус: Офлајн
Поени: 2661
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај stigma04 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јануари.2011 во 23:21

ОТКАКО ГИ СОБРА НАГРАДИТЕ ЗА 2010 ГОДИНА

Меси доби и свој цртан филм

Лео Меси е вторпат по ред прогласен за најдобар фудбалер на светот, а неговиот спонзор "Адидас" му посвети цртан филм.
Аргентинецот уште еднаш ја надитри конк*ренцијата зашто ја заслужи "Златната топка". Напаѓачот на Барселона ги собра сите поединечни признанија за 2010 година,а од познатиот производител на спортска опрема доби и цртан лик.
Во својот спот, "Адидас" прикажува колку луѓе во светот играат фудбал, но дека од сите нив е подобар Лео Меси.
Jas sum pepel tamu kade sto bev ogan
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Јануари.2011 во 07:25
Видео: Милан и Интер во полуфинале      
 

Фудбалерите на обата клубови од Милано, Милан и Интер си пласираа во полуфиналето на италијанскиот Куп, по победите над Сампдорија, односно Наполи...

Милан со 2:1 славеше на гостувањето кај Сампдорија, благодарение на головите на Алесандре Пато во 17-тата и 22-рата минута, додека Губерти го постигна почесниот погодок за домаќините.

Наполи и Интер одиграа извонреден натпревар со многу шанси, но без погодоци. Во пенал-рулетот повеќе среќа имаше Интер, а и нашиот Горан Пандев беше сигурен од белата точка.

 



Изменето од емил - 27.Јануари.2011 во 07:26
Кон врв
stigma04 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Март.2010
Статус: Офлајн
Поени: 2661
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај stigma04 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Февруари.2011 во 01:52

ЅВЕЗДАТА НА МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД НА ГОЛЕМОТО ПЛАТНО

Руни има природен талент за Холивуд

Вејн Руни би можел да ја прекине фудбалската кариера зашто му се насмевнува успешна актерска, тврдат некои холивудски режисери.
Режисерот Алехандро Гонзалес Инариту, чиј филм "Преубаво" со Хавиер Бардем во главната улога е еден од кандидатите за "Оскар", истакна дека Руни би имал голема иднина во Холивуд.
- Вејн Руни без проблеми може да глуми во филмови ако тргне по стапките на Ерик Кантона и Вини Џонс. Ќе му понудам улога некогаш, кога ќе биде малку постар и ќе заврши со фудбалот. Тој е природен талент за глума. Пораснал на улица и има борбен дух, кој би можел да му донесе слава на големото платно - изјави Инариту, кој е режисер и на "Вавилон", во кој играше Бред Пит.
Jas sum pepel tamu kade sto bev ogan
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Февруари.2011 во 16:11
Македонија У-21 ги доби противниците во квалификациите

Репрезентацијата на Македонија составена од играчи до 21 година во квалификациите за Европското првенство 2013 година, ќе игра во групата „4“ заедно со Србија, Данска, Северна Ирска и Фарските Острови. Ваков беше епилогот по денешното извлекување на групите во седиштето на УЕФА во Нион.

- Групата е пред се интересна. Добивме силни и квалитетни репрезентации како Србија и Данска кои се во „Топ-15“ во Европа и важат за едни од најуспешните во младите категории. Можеби не толку звучни имиња, но квалитетни во секој случај и фаворити за првите две места. На нас останува да ги повториме добрите игри од претходниот циклус, но со подобри резултати. Првата и основна цел ни е да собереме најмногу бодови од сите досегашни селекции во категоријата У-21, изјави по извлекувањето македонскиот селектор Бобан Бабунски.

Овој квалификациски циклус за евро-шампионатите за играчи до 21 година ќе биде вкупно деветти за македонските фудбалери.
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Февруари.2011 во 08:16

Фудбалскиот портал Goal.com направи листа на најдобрите десет трансфери во зимскиот преоден рок, кој беше заклучен во понеделник доцна навечер.

Неколку критериуми беа земени во предвид од страна на тимот на goal.com при составувањето на оваа листа. Тоа се квалитетите на играчот, како тој ќе се вклопи во новата екипа и сумата која клубот ја платил за неговиот ангажман.



1. АНТОНИО КАСАНО (од Сампдорија во Милан за се уште непозната сума)

Касано е енигма самиот по себе, но несомнено е дека тој може да биде од голема важност во обидите на Милан да го врати Скудетото во своите витрини. Антонио е способен и да создаде шанса за гол, а и самиот да биде опасен стрелец и во комбинација со Златан Ибрахимовиќ има потенцијал да биде страшен тандем. Поради четирите асистенции во првите четири средби за Милан тој се наоѓа на првото место на оваа листа.



2. ЛУИС СУАРЕЗ (Ајакс - Ливерпул - 26.5 мил. евра)

Иако тоа не го посакуваа фановите на Ајакс, Суарез успеа во својата намера да си замине од Амстердам. Со заминувањето пак на Фернандо Торес од Ливерпул, ангажманот на Суарез е лек за раните на фановите на “црвените“. Секогаш кога преминувал во нова средина Уругваецот играл одлично и иако скокот од Холандија во Премиер лигата не е мал чекор, тој сепак може да ги исполни очекувањата.



3. ФЕРНАНДО ТОРЕС (Ливерпул - Челзи - 58.5 мил. евра)

Без сомнеж еден од најдобрите напаѓачи на светот, а тој не се најде повисоко на оваа листа поради неговата моментална слаба форма, како и големата сума платена за него. Во минатото има покажано дека адаптацијата на новата средина не е проблем за него.



4. ЕДИН ЏЕКО (Волфсбург - Ман. Сити за 32 мил. евра)

Големата сума платена за Џеко е единственото нешто поради кое тој не е на врвот на оваа листа. Доколку тој почне да игра како што знае од самиот старт во Англија, Џеко може да биде еден од најдобрите играчи во Премиер лигата и да го направи овој трансфер еден од најуспешните на сите времиња.



5. ИБРАХИМ АФЕЛАЈ (ПСВ - Барселона - 3 мил. евра)

Сестраниот Афелај ќе додаде нова димензија на играта на Барселона. Иако е млад, тој има богато искуство и би требал лесно да се вклопи во својот нов клуб. За сума од само три милиони евра тој доста ефтино дојде во Каталонија, но многу работи ќе зависат од тоа колку често ќе биде дел од првиот тим.



6. РАЈАН БАБЕЛ (Ливерпул - Хофенхајм - 8 мил. евра)

Доста потценет играч кој, доколку му се пружи вистинска шанса, може да биде еден од најдобрите во Бундес лигата. Многу работи ќе зависат од адаптацијата на играта во Германија.



7. ЏАМПАОЛО ПАЦИНИ (Сампдорија - Интер - 19 мил. евра)

Пацини со само 26 години дури сега влегува во зенитот на својата кариера. Со оглед на тоа дека Интер за него плати 12 милиони евра плус играч проценет на седум милиони, ова  е еден од подобрите трансфери на “нероазурите“. Во своето деби Пацини имаше два гола и беше главен виновник за третиот Играњето покрај одлични играчи би требало да го извади најдоброто од него.



8. СИМАО (Атлетико М. - Бешикташ - 900 000 евра)

Амбицизниот турски тим го ангажираше искусниот Португалец, кој би требал да им даде нова димензија во нападот. Иако има 31 година, Симао се уште е во добра форма. Цената платена за него од страна на Бешикташ го прави Топ 10 трансфер само од економски аспект.



9. ДАВИД ЛУИЗ (Бенфика - Челзи - 25 мил. евра)

Сагата околу трансферот на Луиз во Лондон конечно се заврши во последниот ден од преодниот рок. Но, оние кои од него очекуваат веднаш да биде на високо ниво можеби ќе останат разочарани со оглед на слабата форма оваа сезона за Бенфика. Но, тој несомнено е голем талент и во следните години би можел да биде ѕвезда на Стемфорд Бриџ.



10. ЕНДИ КЕРОЛ (Њукасл - Ливерпул - 41 мил. евра)

Точно е дека е апсурдно да се види Енди Керол како седми најскап играч на сите времиња. Но, исто како и Торес, иако е платено многу за него, тој има голем потенцијал. Ова е ризичиен потег за Ливерпул, но може сериозно да им се исплати на “црвените“ доколку се оди според планот

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Февруари.2011 во 16:32

Навивачите го избраа Ешли Кол за фудбалер на годината во Англија

 
 
 

Навивачите на фудбалската репрезентација на Англија го избраа Ешли Кол за фудбалер на годината, иако овој дефанзивец често беше исвиркуван од своите навивачи, пренесува Асошиејтед прес.

„Ми беше тешко повремено, но мислам дека конечно почнаа да ме ценат“, рече фудбалерот кој бележи 86 настапи за репрезентацијата.

Левиот бек на Челзи имаше проблеми во јавноста поради неуспешниот брак со поп ѕвездата Шерил Кол.

„Сигурен сум дека не ми свират поради лошите игри. Повеќе тука станува збор за лични работи, така што тоа уште повеќе ме боли. Но, давам се од себе кога и да го облечам дресот на Англија“, рече Кол.

Кон врв
stigma04 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Март.2010
Статус: Офлајн
Поени: 2661
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај stigma04 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Февруари.2011 во 23:48

МИНХЕН МОЖНА ДЕСТИНАЦИЈА НА МАКЕДОНСКИОТ НАПАЃАЧ


Баерн (М) подготви милиони за Пандев


Неговите најверни фанови не се единствените кои забележаа дека најдобриот македонски интенационалец, Горан Пандев, ќе нема некоја позабележителна минутажа во дресот на Интер кај новиот тренер, Бразилецот Леонардо.

Репрезентативецот на Македонија последните три натпревари во италијанската Серија А, ги проследи од клупата за резерви, а главен виновник за тоа е последната зимска аквизиција на Интер, Џампаоло Пацини, кој полека но сигурно ги освојува симпатиите на бразилскиот стручњак и на сопственикот Масимо Морати.

Со голем интерес, таквата ситуација ја следат и челниците на германскиот гигант Баерн (М), кои никогаш не се откажаа од идејата да ги осигураат македонскиот интернационалец.
Според последните информации од Германија и Италија, баварскиот гигант го гледа Пандев како идеална замена за ветеранот Мирослав Клосе, а неофицијално Баерн (М) е подготвен веднаш на стартот од летниот преоден рок да испрати понуда не помала од 7 мил. евра.
Jas sum pepel tamu kade sto bev ogan
Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Февруари.2011 во 16:43

100 години Хајдук Сплит големо%20гушкањеголемо%20гушкањеголемо%20гушкање

Hajduk-100

Навивачите на тимот од Сплит на полноќ спектакуларно ја прославија 100-годишнината од постоењето на Hajduk.

Навивачката група Torcida со стотици сигнални ракети го засјаи небото над Сплит во чест на роденденот на својот омилен тим.

Сликите од Сплит го обиколија светот и денес сите се восхитуваат на љубовта која овие навивачи ја имаат за бисерот на Јадранот.

split-1

split-2

Уште вчера по градовите ширум Далмација започнаа подготовките за денешното славје, во катедралите имаше молитви и миси.

Колона од безброј возила, обвиени со знамињата на Hajduk, вчера попладнe се упатија кон центарот на Дубровник каде припадниците на навивачката група во 19 часот и 11 минути запалија 300 факели.

По оваа фешта долго во ноќта навивачите од цела Далмација се упатија кон Сплит каде денес ќе продолжи славјето

fanovi

fanovi2

Кулминацијата ќе биде вечерва кога во оваа чест во домот на Hajduk-Poljud, ќе заиграат Hajduk и Slavija Prague. И двете екипи најавија сериозен пристап кон играта.

Натпреварот ќе биде полн со емоции и оддавање на почести за најзаслужните играчи кои поминале низ редовите на сплитскиот тим. Hajduk во 1913 својот прв интернационален настап го изигра баш против овој тим.

hajduk1

NK Hajduk е основан на 13 февруари во 1911 година. Низ цел век на опстојување имаат освоено многу титули: шест титули првак на самостојна Хрватска, 9 пати биле шампиони во првата Југословенска лига, биле шампиони неколку пати во купот на Хрватска, Југослaвија, Бановина Хрватска, имаат и забележителни настапи во купот на UEFA.

Познато е и дека “Majstori s mora” биле омилениот тим на Јосип Броз Тито.

Како мине времето зборовите испишани на влезот на стадионот Poljud имаат сè повеќе смисла - “Hajduk zivi vjecno”.

Хајдук живи вјечно големо%20гушкање големо%20гушкање големо%20гушкање
 
I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Февруари.2011 во 03:34
Серија А губи место во ЛШ, Бундеслигата се утврди како трета

Италијанското фудбалско првенство ќе изгуби една од четирите позиции во Шампионската лига, алармираат медиумите во Чизмата. Како што е веќе познато на Италија и пркосеше одзенање на едно место уште минатиот мај, но тогаш милански Интер го победи Баерн во финалето и ситуацијата остана статус- кво.

Меѓутоа оваа сезона работите тргнаа повторно во полза на Бундес лигата, и според ранкингот на УЕФА, сега германската лига е во значителна предност.

Имено, секоја година УЕФА прави пресек на бодовите за изминатите 5 години, и се збираат бодовите кои ги оствариле клубовите во УЕФА натпреварувањата – Лигата нашШампиони и Лига Европа. Во овој момент Бундес лигата има значителна предност со коефициент 67,4 во однос на Серија А со 59,9 и доколку работите не се сменат драстично Германија ќе има 4 места во ЛШ, во однос на Италија која ќе има 3 места.

Многу фудбалски експерти ширум Европа се противат на ваквото сметање на УЕФА, бидејќи во изминативе 5 години три пати италијанска екипа бил во финале (2005, 2007 и 2010) и два пати италијанска екипа го освоила врвот (2007 и 2010), на сметка на гелманските екипи кои немаат ниту едно полуфинале, и само едно финале (Баерн 2010).

Меѓутоа за да нема забуни ќе ви го претставиме принципот на кој УЕФА ги бодува, а потоа и рангира клубовите и лигите во Европа.

Коефициентот на бодување во Лигата на шампиони и Лига Европа е ист, така што победа во едното или другото натпреварување носи ист број на бодови. Два бода се доделуваат за секоја победа, а еден за секој нерешен резултат. Меѓутоа крајниот збир се дели со бројот на клубови кои излегуваат од таа лига во Европа. Во случајов сите собрани бодови на германските екипи се делат со 6 (три екипи во ЛШ три екипи во ЛЕ), а сите собрани бодови на италијанските екипи се делат со 7 (четири екипи во ЛШ и три во ЛЕ). Головите постигнати за победа во продолжение не се бодуваат, туку двете екипи добиваат по еден бод.

Токму поради ваквиот начин на сметање не мора да значи дека ако некоја екипа ќе стигне до финале или ќе го освои турнирот дека ќе и донесе најмногу бодови на својата земја, бидејќи многу е важно колку победи имала екипата, но и останатите екипи од таа земја бидејќи бодовите се делат.

На пример: Во 2007. год Милан ја освојува Лигата на шампионите, за разлика од германските екипи од кои само една (Баерн) доѓа во четврт финалето, но на крајниот пресек Бундеслигата има повеќе поени од Серија А, поради многуте победи на германските тимови во Купот на Уефа.

Истиот пример е и минатата година кога Интер ја освои Лигата на шампионите, крајниот пресек е 18.0 спрема 15,4 во корист на Бундеслигата, исто така поради големиот број на победи на германските тимови во Лига Европа.

Токму поради ова ваквиот начин на сметање е спорен за многу италијански фудбалски експерти, кои сакаат Лигата на шампионите да се бодува засебно и одделно а не заедно со Лига Европа, бидејќи има земји кои рапидно напредуваат со бодовите токму поради добрите резултати во Лига Европа, како Украина, Русија и Германија и можат да ги загрозат местата на земјите кои играат добро во Лигата на шампиони.
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Февруари.2011 во 16:36

Мишел Платини упати ултиматум до фудбалските челници во Србија, но и до претседателот на државата Борис Тадиќ дека мора да се стави крај на насилството на и вон стадионите. Доколку тоа не се случи репрезентацијата на Србија се соочува со дисквалификација од натпреварувањата под капата на УЕФА, а истото се однесува и на српските клубови.

Мотив за средбата на Платини со Тадиќ биле немирите кои српските хулигани ги предизвикаа во Џенова пред дуелот со Италија, кој беше прекинат после само неколку минути.

Доколку она што го видовме во Џенова се повтори од страна на хулиганите, тогаш сите српски клубови и нивната репрезентација ќе биде исфрлена од сите европски натпреварувања“ - изјави Платини.

Тадиќ на средбата му ветил на Французинот дека во соработка со УЕФА ќе даде се од себе државата да стави крај на дивеењето на хулиганите и дека инцидентите, како тие од Џенова, веќе никогаш нема да се повторат.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Февруари.2011 во 16:40
 

Се поверојатно е дека Давид Трезеге во летниот преоден рок ќе го напушти Херкулес и Примера по само една година мината таму. Она што се уште е непознато е каде ветеранот ќе ја продолжи кариерата, а како опција веќе некое време се спомнува неговото враќање во татковината.

Сепак, покрај неколку француски клубови, за 33-годишниот Трезеге интерес има и од Фенербахче, кој е во потрага по докажан голгетер. Французинот оваа сезона за Херкулес веќе има има постигнато десет погодоци во 20 настапи.

Во моментов Фенербахче се наоѓа на втората позиција во турското првенство со 48 освоени бодови, само два помалку од лидерот Трабзонспор

Кон врв
stigma04 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Март.2010
Статус: Офлајн
Поени: 2661
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај stigma04 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Март.2011 во 00:36

НАЈСКАПИОТ ФУДБАЛЕР НЕ Е ПОВЕЌЕ ЕРГЕН

Роналдо ја запросил манекенката Ирина

Ѕвездата на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо и официјално ја побарал раката на својата девојка, рускиот модел Ирина Шајк, пренесоа таблоидите во Шпанија. Веднаш после мечот со Еспањол, португалскиот фудбалер одлетал во САД и успеал да и предложи брак на Ирина на романтична вечера. Тој сакал да се ожени со убавицата точно на Денот на вљубените на 14 февруари.
Двојката е заедно речиси една година, а се запознаа за време на снимањето на реклама за долна облека. Двајцата брзо се вљубија независно од фактот што Кристијано Роналдо има дете од анонимна жена. Според гласините, синот на Роналдо бил роден од мајка-сурогат.
Атрактивната Русинка и Роналдо се уште немаат одредено датум за свадба, но најверојатно ќе се одржи на лето по завршувањето на фудбалската сезона.
Jas sum pepel tamu kade sto bev ogan
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 5051525354 61>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,188 секунди.