IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Фудбал
  Активни теми Активни теми RSS - Вести
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Вести

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 4950515253 61>
Автор
Порака
Schatzii Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Мај.2010
Локација: Germany
Статус: Офлајн
Поени: 10600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2010 во 16:21
Мурињо: " Јас сум најдобар "
 
Самобендисаноста на Jose Mourinho достигна ново ниво со изјавата дека тој е апсолутен фаворит за тренер на годината.

Според тврдењата на Mourinho, тој со својот успех го надминал и успехот на Црвената фуријa која летово го освои насловот светски првак, па тренерот Del Bosque е главен фаворит за освојување на наградата - тренер на годината.

Единаесет месеци работа, 57 натпревари, три наслови, помеѓу кои и најголемиот - Лигата на шампионите се аргументите кои ги понуди Mourinho за негов избор како тренер на годината.

"Освоив сè што може да се освои, повеќе не ни имаше што да освојам", изјавува Mourinho, кој како најдобар фудбалер за минататa година го издвои Andres Iniesta.

Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.
Кон врв
Schatzii Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Мај.2010
Локација: Germany
Статус: Офлајн
Поени: 10600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Декември.2010 во 12:19
Златната топка" за Чави или Иниеста

Аргентинецот во редовите на Барселона, Лионел Меси, во своите коментари им даде предност на клупските колеги Чави и Иниеста во трката за престижната награта. Тројцата се кандидати за "Златната топка" за 2010 година, но според фудбалерот од Аргентина таа треба да припадне на еден од двајцата репрезентативци на Шпанија.

"Годинава беше добра за мене. Направивме многу, но, за жал, со Аргентина јас не успеав да постигнам успех на Мундијалот во Јужна Африка. Мојата цел сега ќе биде Копа Америка следната година. Затоа сметам дека наградата треба да припадне на еден од моите колеги. Чави и Иниеста направија многу во оваа сезона", вели Меси.

На големо изненадување на сите тројката од Барса се најде во трката за наградата иако многумина очекуваа дека на овој список ќе биде и Весли Снајдер. Тој со Интер имаше многу успешна сезона и успеа да дојде до тројна круна. Сепак, ова не беше доволно за да исфрли еден од маестралното трио на Каталонците, па затоа сите почести ќе бидат за Чави, Иниеста и Меси, коишто и во новата сезона се главниот адути на Барселона во трката по нови трофеи.
Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Јануари.2011 во 12:48

Мурињо е најдобар тренер за 2010

Тренерот на Реал Мадрид Жозе Мурињо беше прогласен за најдобар светски клупски тренер во изборот на Светската федерација за фудбалска историја и статистика, и тоа по третпат во неговата кариера, по 2004 и 2005, овојпат со предност од повеќе од сто поени.
- Генијалниот 47-годишен Португалец уште еднаш ги потврди своите извонредни способности, со Интер ја освои тројната круна и, во меѓувреме, го врати Реал Мадрид на патот на успехот. Шеесет и три земји го ставија Жозе Мурињо на првото место - пишува на интернет-сајтот на ИФФХС.
Ланскиот лауреат Пеп Гвардиола, исто така, имаше забележителни резултати во 2010. Неговата Барса демонстрираше начин на игра и филозофија што ги освои симпатиите на навивачите, па Шпанецот го освои второто место во изборот.
Третото место му припадна на Луј ван Гал од Баерн Минхен, откако со германскиот гигант стигна до финалето на Лигата на шампионите. Кике Санчес Флорес, тренерот на победникот во Лига Европа Атлетико Мадрид, е четврти на листата на ИФФХС.
Во топ-10 се уште: Карло Анчелоти (Челзи), Алекс Фергусон (Манчестер јунајтед), Арсен Венгер (Арсенал), Челсо Хуарес Рот (Интернасионал), Рој Хоџсон (Ливерпул/Фулам) и Ламин Н'Даје (Мазембе).
Жозе Мурињо ќе ја прими наградата на церемонијата Светска фудбалска гала 2011.

Кон врв
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Јануари.2011 во 16:27
Иван Тричковски прогласен за најдобар странец во Кипарската Прва Лига
Иван%20Тричковски%20прогласен%20за%20најдобар%20странец%20во%20Кипарската%20Прва%20Лига
Македонскиот офанзивен фудбалер, Иван Тричковски е избран за најдобар странски фудбалер за 2010 во Кипарската прва лига.
На гласањето организирано од кипарските медиуми Sportday и Sentragoal, фудбалерите и новинарите од Кипар го изгласаа Иван Трочковски за најдобар странски фудбалер во 2010.

Иван Тричковски импресионираше со своите седум погодоци во 13 настапи за АПОЕЛ во Првата Кипарска Лига и доби 209 гласови.

Тричковски својата кариера ја започна во Вардар и помина сезона во Работнички пред да направи трансфер во Црвена Ѕвезда во 2007 од каде што беше пратен на позајмица во Еносис во 2009.

Во јуни 2010 тој се пресели во АПОЕЛ. Тричко има осум настапи за македонската репрезентација и постигнато два гола.

Извор: www.macedonianfootball.com

 
Кон врв
Schatzii Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Мај.2010
Локација: Germany
Статус: Офлајн
Поени: 10600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јануари.2011 во 01:19
Пеналите нема да го одлучуваат победникот?!

Драматичните завршници со изведување на пенали би можеле да бидат минато, судејќи по ФИФА и Sepp Blatter.

Првиот човек на Меѓународниот фудбалски сојуз - ФИФА, Sepp Blatter, изјави дека ја разгледува можноста за укинување на казнените удари, како последно решение на натпреварите од нокаут фазата.

ФИФА веќе формираше одбор кој ќе бара помалку груб крај по завршување на регуларниот дел на натпреварот од изведбата на пеналите.

"Во ФИФА веќе некое време разговараме за тоа натпреварите да не се одлучуваат со пенали", изјави Blatter.

"Лудо е некоја екипа да победи на среќа, а другата да стане жртвено јагне поради таквиот пораз и ние мораме да најдеме алтернативно решение", додава Blatter.

Во последните неколку децении натпреварите во рамките на ФИФА - Светско првенство, Европско првенство и Лигата на шампионите завршуваа со пенали.

На оваа тема се спроведени повеќе анкети, според едни овој начин е највозбудлив за завршување на драмата, а според други изведувањето на пенали не е фер решение за победникот на натпреварот.




Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.
Кон врв
stigma04 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Март.2010
Статус: Офлајн
Поени: 2661
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај stigma04 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јануари.2011 во 13:26
ТОП 5 РЕКОРДИ ВО 2010 ГОДИНА

Во последниот осврт на 2010 година, Вест потсетува на постигнувањата кои му дадоа една нова димензија на македонскиот спорт. Овој пат, нема да зборуваме за медали, подиуми и за други слични врвни резултати, кои и онака преретко ги остваруваме, туку за случаи во кои беа поместени некои граници или беше стапнато на нови територии за македонскиот спорт.

1. Гоце Седлоски

Далеку од очите на македонската јавност, во австриски Бишофсхофен, на еден тотално безначаен натпревар против неатрактивниот Азербејџан, Гоце Седлоски влезе во легендите на макфудбалот. Четиринаесет години по дебито, тој стана првиот македонски фудбалер кој ја достигнал магичната бројка од 100 настапи за националниот тим, со што во светски рамки можат да се пофалат само на 300-ини фудбалер(к)и.

2. Горан Пандев

Минатата година, струмичанецот уште повеќе го зацврсти својот статус на најзначајната фигура во македонскиот фудбал од осамостојувањето. Покрај тоа што освои пет титули со Интер, вклучувајќи ја и Лигата на шампионите, Пандев стана и најплатениот македонски спортист досега. Интер ништо не го чинеше трансферот од Лацио, но затоа неговите услуги ги плаќа со три милиони евра годишно.

3. Стевче Алушовски

И на 38 години незаменлив, настапот во квалификациите за ЕП 2012 го направи најдолговечен репрезентативец во историјата на македонскиот спорт, кариера што почна уште во 1993 година. Малку е да се каже дека есеноска ја доживеа својата втора младост, тој по кој знае кој пат покажа како се бранат боите на дресот што се носи. Вратите на ракометната репрезентација му се отворени и на прагот на петтата деценија од животот.

4. Антонио Ристевски

Македонските тенисери само сонуваат за АТП-турнирите, но затоа лани добивме скијач за трките од Светскиот куп. По долги години чекање, мразот го скрши Антонио Ристевски, кој со настапот на слаломот во Загреб стана првиот Македонец во елитата на алпското скијање. Според очекувањата, тој не обезбеди пласман во второто возење, но овој пат навистина беше важно само да се учествува.

5. Сашко Кедев

Можеби, ова не спаѓа во категоријата спорт, но е подвиг кој стои зад името на малкумина во светот. Познатиот кардиолог ја комплетираше листата искачувања на т.н. седум светски врвови, кога го покори Карстенс Пирамид, највисокиот врв во регионот на Австралоазија. Претходно "паднаа" и Еверест (Азија), Аконкагва (Ј. Америка), Меккинли (С. Америка), Килиманџаро (Африка), Елбрус (Европа) и Винсон Масиф (Антарктик).
Jas sum pepel tamu kade sto bev ogan
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јануари.2011 во 13:31

Блатер: СП 2022, најверојатно, во јануари

Светското првенство во 2022 година во Катар, најверојатно, ќе се одржи во јануари, место во традиционалниот тремин во јуни и јули, соопшти претседателот на Светската фудбалска федерација (ФИФА), Сеп Блатер. Летните температури во Катар можат да достигнат и до 45 степени, додека зимските се сосема прифатливи за еден успешен мундијал.
- Мора сериозно да го разгледаме ова прашање. Има уште 11 години до Мундијалот, но мора да одлучиме кој е најадекватниот период за одржување на СП, што, со оглед на условите во Катар, би значело во јануари - изјави Блатер.
Во кандидатурата за СП, Катарците предложија решение за тропските температури, со тоа што би вградиле специјални системи за разладување на стадионите. Сепак, јануарските температури од 20 до 30 степени се идеални, а единствен проблем се поголемиот дел од националните лиги, кои се во полн ек во тој период.
- Мислам дека можеме да најдеме заеднички јазик со националните федерации околу промена на распоредот на лигите. Сепак, и во нивни интерес е да се заштитат играчите и навивачите од несакани последици од тропските горештини - додаде Блатер на состанокот на ФИФА во Катар.

Кон врв
stigma04 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Март.2010
Статус: Офлајн
Поени: 2661
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај stigma04 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Јануари.2011 во 05:11

ЗА ПОМАЛКУ ОД ДВЕ И ПОЛ ГОДИНИ

Шеикот потроши над милијарда фунти во Сити

Со трансферот на Един Џеко од Волфзбург, трошоците на шеикот Мансур бин Зајед надминаа една милијарда фунти, откако пристигна во Манчестер сити во август 2008 година. Од таа сума, на трансфери отпаѓаат дури 340 милиони, од кои најмногу отидоа за Робињо, кој беше доведен од Реал Мадрид за 32,5 милиони, што наедно беше и прв трансфер на Сити со новиот сопственик.
Четириесетгодишниот Мансур бин Зајед плати 210 милиони при купувањето на клубот и потоа потроши уште 20 милиони за реновирање на стадионот и на тренинг-центарот. Како и да е, најголем трошок за шеикот досега се платите на играчите. За таа намена се потрошени повеќе од 500 милиони фунти.

Трансфери:

Робињо (Реал Мадрид) - 32.500.000 фунти, лето 2008;
Вејн Бриџ (Челзи) - 10.000.000, зима 2009;
Крег Белами (Вест Хем) - 14.000.000, зима 2009;
Шеј Гивен (Њукасл) - 7.000.000, зима 2009;
Најџел де Јонг (Хамбургер) - 17.000.000, зима 2009;
Герет Бери (Астон Вила) - 12.000.000, лето 2009;
Роке Санта Крус (Блекбурн) - 16.000.000, лето 2009;
Карлос Тевес (Манчестер ј.) - 25.000.000, лето 2009;
Емануел Адебајор (Арсенал) - 25.000.000, лето 2009;
Коло Туре (Арсенал) - 15.000.000, лето 2009;
Џолион Лескот (Евертон) - 22.000.000, лето 2009;
Силвињо (Барселона) - бесплатно, лето 2009;
Адам Џонсон (Мидлзббро) - 7.000.000, зима 2010;
Јаја Туре (Барселона) - 24.000.000, лето 2010;
Давид Силва (Валенсија) - 26.000.000, лето 2010;
Џером Боатенг (Хамбургер) - 10.500.000, лето 2010;
Марио Балотели (Интер) - 24.000.000, лето 2010;
Џејмс Милнер (Астон Вила) - 26.000.000, лето 2010;
Един Џеко (Волфзбург) - 27.000.000, зима 2011.
Jas sum pepel tamu kade sto bev ogan
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јануари.2011 во 22:41

Тепачката на "Максимир" увод во распадот на Југославија

Малкумина би се противеле дека фудбалот е најпопуларниот светски спорт. Милијарди од Багдад до Буенос Аирес го сакаат и мразат, гледаат, играат, и се расправаат за него, како за никој друг спорт на планетата. Фудбалот се користи и како средство за покажување на доминација на нациите, и за воведување на ред во државите. Аргентина го направи тоа на СП 1978, кога владата помогната од успехот на репрезентацијата успеа да воведе ред и лојалност кон режимот кој претходно беше отфрлен.
Во историјата се одиграле натпревари кои биле центар на огромни социјални и политички промени, а Си-Ен-Ен ги одбра петте мечеви што го променија светот.
ПРВИОТ ОФИЦИЈАЛЕН МЕЧ (1864 г.): Кога 22 мажи се собрале во паркот Батерс во Лондон во зимата 1864 година, никој не можел да претпостави дека тоа ќе биде првиот официјален фудбалски меч според правилата на Англиската асоцијација. Правилата се уште биле примитивни. Немало пречки, офсајдот бил далеку од воведување, а правилникот бил ограничен на 13 главни точки.
ЗАПАДНА ГЕРМАНИЈА-УНГАРИЈА (1954): Растргната од Втората светска војна, Германија се наоѓаше во тешка состојба, но тогаш се случи "Чудото во Берн" на СП во Швајцарија. И покрај тоа што загуби 8:3 во првиот меч со Унгарците, Западна Германија стигна до финалето на СП против истата екипа и успеа да слави иако беше составена од аматери за разлика од моќната Унгарија.
РЕНЏЕРС-БАКС (1966): Островот Робен стана познат по популарниот затвореник Нелсон Мандела, но затворот во Јужна Африка влезе во историјата и по организирање на фудбалскиот меч со екипи составени од затвореници. Затворениците почнаа да играат фудбал во обид да ја разбијат монотонијата, по што ја основаа лигата Макана. Се уште нема доказ за одигрувањето не мечот помеѓу Ренџерс и Бакс.
ДИНАМО ЗАГРЕБ-ЦРВЕНА ЗВЕЗДА (1990): Југославија беше на прагот на војна, а во тоа време се одигра историската средба помеѓу Црвена Звезда и Динамо Загреб на "Максимир". За време на мечот идната ѕвезда на Милан и хрватски капитен Звонимир Бобан удри полицаец кој нападна загребски навивач. Веднаш настана тепачка помеѓу навивачите на двете екипи, што беше увод во распадот на Југославија и петгодишната војна.
ИРАК-САУДИСКА АРАБИЈА (2007): Овој натпревар направи тоа што политичарите не беа во можност да го постигнат. Пред одигрување на мечот имало дури 1.700 напади само во Багдад кои веднаш биле преполовени. Ирак победи, по што илјадници излегоа на улиците на Багдад да прослават.

Кон врв
stigma04 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Март.2010
Статус: Офлајн
Поени: 2661
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај stigma04 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Јануари.2011 во 00:40
     
ФИФА на чекор до воведување технологија



Претседателот на светската куќа на фудбалот Сеп Блатер досега беше еден од најголемите противници за воведување технолошки помагала во фудбалот, пред се на оние што би утврдувале дали топката ја минала гол линијата, но сепак стана свесен дека промените се неопходни.

„Веќе тестиравме 17 различни технолошки иновации врзани за утврдувањето дали топката ја минала гол линијата, а четири или пет решенија ќе претставиме на Меѓународниот одбор како дополнително би ги испитал“, кажа Блатер за Си-Ен-Ен.

Тој додаде дека потоа ќе следи период на тестирање на тие решенија.

„Во Кардиф од 4 до 6 март на нашиот состанок ќе ги утврдиме точните чекори за реализација на овие планови. Она што е сигурно е тоа дека ќе постои пробен период во кој ќе видиме дали технолошките решенија се навистина добри. А, ако еден од тие системи е точен, брз и не е комплициран, мислам дека тогаш гол-технологијата ќе биде усвоена“, додаде Блатер.

Буфон: Убаво е чувството пак да се брани

Во четвртокот Џанлуиџи Буфон го одигра повратничкиот меч за Јувентус по повредата заработена на СП во Јужна Африка. Последен пат бранеше за „старата дама“ на 15 мај 2010 година.

„Убаво е чувството да се вратиш“, призна Буфон по победата од 2:0 против Катанија со која торинезите изборија четврт-финале во Италијанскиот куп.

„За некој кој освоил титула на СП и ја освоил Лигата на шампиони ќе помислите дека нема некое значење некој куп натпревар. Но, верувајте исклучително сум задоволен од својата изведба. Пресреќен сум“, кажа Буфон.



Мурињо незадоволен од победата од 3:1 над Атлетико М.



Иако, неговиот Реал го совлада Атлетико Мадрид во првиот меч од четвртфиналето на шпанскиот куп со 3:1 и така создаде добра предност пред реваншот, тренерот Жозе Мурињо бара од своите играчи да бидат уште поуверливи.

„Барав од играчите победа. Тоа секогаш го барам. Овој пат сакав победа изразена со што поголема гол разлика. Победивме со два гола плус, но моравме подобро“, им порача Мурињо на фудбалерите.

Атлетико поведе со погодокот на Форлан во седмата минута, а потоа Реал со головите на Рамос (14 минута), Роналдо (61) и на Озил (90) го заврте резултатот. Тоа значи дека првиот напаѓач Бензема пак не постигна гол. „Бензема жестоко работи на тренинзите и не можам да ја омаловажувам неговата посветеност. Не даде гол, но многу други добри нешта направи. И тоа што бараме напаѓач не значи дека не сум задоволен од Бензема. Напротив, исклучително сум задоволен, но барам ширина“, објасни Мурињо.
Jas sum pepel tamu kade sto bev ogan
Кон врв
Schatzii Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Мај.2010
Локација: Germany
Статус: Офлајн
Поени: 10600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Јануари.2011 во 15:35
Најдобрите фудбалски првенства
 
Институтот за фудбалска историја и статистика од Лајпциг (IFFHC) направи рангирање на фудбалските лиги.

Рангирањето е направено врз основа на тоа какви резултати постигнуваат клубовите во националните првенства, во куповите и на меѓународните натпреварувања.

Резултатите се добиваат со собирање на бројот на бодовите на петте најдобри екипи од лигата од сите натпреварувања, па тој број се множи со коефициентот кој е определен за лигата во која тие настапуваат.

Институтот ова рангирање го спроведува од 1991 година.

Па така во годинашното рангирање шпанската лига - Примера Дивизија успеа да ја симне од тронот англиската Премиер лига, трети се Италијанците.

Македонската фудбалска лига од вкупно 125 рангирани национални шампионати, го дели 75. место со Малезија со по 268,5 бодови.

Koлку за утеха, зад македонската фудбалска лига се албанската на 78. место со 262 бодови, лигата на Босна и Херцеговина  на 97. место со 206 бодови и црногорската на 104. место со 184,5 бодови.

Еве го редоследот на најдобрите лиги во светот, според  државите во кои се одигруваат:

1.Шпанија 1092 бода

2. Англија 1039

3. Италија 1021

4. Бразил 982

5. Германија 932

6. Франција 884

7. Аргентина 861

8. Португалија 789.5

9. Холандија 787.5

10. Украина 709

...

37. Хрватска 398

...

39. Србија 382.5

...

48. Словенија 342

...


76. Македонија 268,5

...

97. Босна и Херцеговина 206

Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Јануари.2011 во 22:45

Еспањол го купува Иван Настевски?

Младинскиот репрезентативец Иван настевски (19) е на прагот да направи сензационален трансфер во шпанскиот фудбалски гигант Еспањол. Тој викендов замина за Барселона, каде следниве неколку дена ќе тренира во вториот по популарност каталонски клуб, во обид да го импресионира тренерот Маурисио Покетино. Моментно петопласираниот тим во Примера е во потрага по квалитетни засилувања во битката за четвртото место кое води во Лигата на шампиони.
Настевски важи за голема перспектива на македонскиот фудбал, а првите чекори ги направи во Македонија Ѓорче Петров, тим во кој на седумнаесет години го одигра првиот прволигашки меч. По административното исфрлање на "лавовите" од елитата, Настевски одигра брилијантни партии во дресот на Вардар и си го трасираше патот кон европската елита. Минатото лето беше на проба во бундеслигашот Борусија Менхенгладбах, а за него интерес подолг период пројавуваат холандските клубови Херенвен и НЕК Нијмеген, како и турскиот Коњаспор. (О.А.)

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Јануари.2011 во 12:47

Силекс се засилува со Срби

 Милан Николиќ (28) и Саша Стојановиќ (19) се првите зимски засилувања за Силекс. Двајцата играчи за врска викендов се приклучија на ростерот на кратовскиот прволигаш. Николиќ доаѓа од Слога Петровац, а Стојановиќ од Јагодина, а за неколку дена се очекува да пристигне уште еден класичен напаѓач од Србија.
-Дојдовме да му помогнеме на клубот да избори опстанок во лигата. По само неколку дена во Кратово, забележавме дека клубот е добро организиран и дека не згрешивме што кариерата ја продолжуваме тука - ни рекоа двајцата Срби.
Тренерот Ане Андовски на тренинзите ги има сите фудбалери, освен напаѓачите Ангеле Нацев и Ѓорѓи Заревски, кои деновиве треба да се приклучат.
- Подготовките ги реализираме без проблеми. До 2 февруари остануваме во Кратово, а потоа се селиме во традиционалната база во Охрид. Засега имаме начелен договор за контролни средби со Осогово, Цементарница и Хајдук Кула - ни откри Андовски
.

Кон врв
Schatzii Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Мај.2010
Локација: Germany
Статус: Офлајн
Поени: 10600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Јануари.2011 во 20:14
Судија доживотно суспендиран поради местење
 
УЕФА ја потврди доживотната забрана за судење на украинскиот судија Oleg Orehov.

Европската фудбалска федерација го суспендираше Orehov уште минатата година поради влијание на резултатите на неколку натпревари, а сега нивната пресуда и се потврди на Aрбитражниот суд за спорт (CAS) во Лозана.

Како еден од натпреварите на кои влијаел Orehov со неговото судење се споменува двобојот од Европа лигата помеѓу Basel и CSKA во ноември 2009 година.

На листата за судии на ФИФА тој се наоѓа од 2003 година, а судел и два квалификациски натпревари за Светското во Јужна Африка, вклучувајќи го и натпреварот помеѓу Шпанија и Естонија.

Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 4950515253 61>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,188 секунди.