IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Политика и вести
  Активни теми Активни теми RSS - Социјализам или капитализам?
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Социјализам или капитализам?

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 5051525354 61>
Автор
Порака
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Јануари.2011 во 00:54
Originally posted by Platenik Platenik напиша:

Originally posted by Македон Македон напиша:

Originally posted by marsovec marsovec напиша:

Нормално е така да бида доколку од народот станат ЛУЃЕ...па тоа дури го сугерираат и светите книги...но за да се стане и хуман и алтруист ПОТРЕБНО Е ВРЕМЕ....а времето работи за социјализмот...и се разбира за комунизмот....се разбира кога ЌЕ ИМА ЛУЃЕ....да


Светите книги немаат никаква врска со марксизмот. Тоа што комунистичката пропаганда се обидува да манипулира е друго прашање. Секој што прочитал нешто од светите книги, знае за што говорам. Остави ги писанијата на советската пропаганда настрана, се докажа одамна дека не се вистинити.


Некои прогресивни попови

Плутократија или демократија во капиталистичкото општество


Не би го коментирал свештеникот, барем додека не дознаам точно од која Црква или верска заедница е. Од друга страна, сакам да знам каде пишува дека Бог е против секое богатство, за што говори свештеникот. Доколку беше така, немаше во Стариот Завет Бог да стапува во сојуз со кралевите. Точно е дека богатството е пречка за совршенството, но не и за спасението. Тоа е јасно наведено во Светото Писмо. Не би сакал да говорам за понатамошната историја и признавањето на Христијаните од страна на св. Рамноапостолен Константин Велики, кој поради визија и победа, станува Христијанин, па и секаде го шири и брани Христијанството.

Во однос на второто видео, зарем немаше криза во САД? Не треба да не чудат воопшто таквите оценки за американската економија. Дури и да се согласиме дека таквата економија има големи маани, зарем имаат маани економиите на Австралија, Шведска, Норвешка? Јас мислам дека немаат апсолутно никаков проблем.
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Јануари.2011 во 00:58
Originally posted by Zlatnik Zlatnik напиша:




Originally posted by Македон Македон напиша:

... Никогаш такво општество нема да се развие. Како ќе се укине приватната сопственост? Како одеднаш ќе дојде до укинување на капиталистичките односи? ...
Originally posted by brza brza напиша:

...i jas se chudam,
 ..kako ke evoluira  do komunizam kapitalizmot.збунетост ...zarem nekoj miroljubivo ke se otkazuva od blagodetite na bogatstvoto ?изненадување...


Тука е проблемот!
Во нашиот начин на размислување сеуште неможеме да се оттргнеме од
идеологијата на досегашниот „социјалистички“ систем кој, како единствен
начин на доаѓање до едно похумано општество, ни’ го наметна
револуционерниот т.е нештата да се случат - одеднаш!

Не, токму тоа не е вистинскиот пат. Со една револуција (= одеднаш) не се
постигнува нешто, посебно не нешто трајно. За тоа се потребни многу „револуции“ во свеста на човекот кои ќе доведат
до тоа за што цело време зборувам, а што еве го има прифатено и:

Originally posted by marsovec marsovec напиша:

...за несреќа нема свесни луѓе за социјализам ... што е неопходност....не сме сеуште зрели за тоа...барем огромен дел од народот....да
Токму во ова погоре речено може да се најде одговорот на сите досега поставени прашања „Како?“ Значи одговорот е „со развој на свеста на човекот, односно со еволуција“!Ај, уште ова за вашите недоумици „како“ нешто ќе се смени.Замислете дека живеете во робовладетелско општество или во средниот век т.е. во феудализам! И, да се најде некој да ви рече дека целиот тој систем ќе пропадне, дека сето тоа што во тој момент е реално, нормално ... во еден перод од 100 - 200 години ќе се смени ... што би помислиле за тој човек? Нездрав, луд, обземен од ѓаволот ...!?изненадувањеНо, ете! Дојде и тоа време! А, за другото ... хм , „малку“ ќе почекаме! Би бил среќен ако внуците на моите правнуци го доживеат тоа општество!збунетост


Zlatnik, постот на brza e одличен кога станува збор за одговор на твоето прашање.
Свеста која сите чекаат да дојде и да блесне сонцето на еднаквоста нема да дојде.

Сите системи кои пропаднаа, не пропаднаа поради тоа што свеста на робовите и закрепостените селани се смени, туку поради неефективни економски резултати. Во однос на робовладетелството прочитај повеќе за колонатот во Римската Империја и колоните, па ќе ти стане јасно дека немало промена на свеста, туку промена на резултатите од робовладетелството. Исто е и со феудализмот. Појавата на индустријата влијаела врз рушењето на феудализмот, а не промена на свеста. Затоа и велам, народот не треба да се потпира на проучувањата на Маркс од XIX век. Тие се застарени и демантирани.

Или, има некој овде кој смета, дека ќе дојде време, кога нема да има потреба од право, затоа што тоа е само инструмент на владеачката класа за зачувување на поредокот кој самата го воспоставила? Зарем во казнувањето на убиството постои интерес на владеачката класа само, или на сите?

Кон врв
DragancoLeskoec Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 01.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 984
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DragancoLeskoec Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Јануари.2011 во 01:59
Ќе дојди време, како се шо има крај ќе има крај и државата, ќе има крај и самиот универзум.
За рушењето на европските монархии, единствена одговорност има развитокот на свеста на луѓето.Почнувајќи со граѓанската војна во Англија, па со Американската војна за независнот и кулминација француската револуција(Почетокот на рушењето на морнархиите, па и самото индустријално доба е резултат на развиток на свеста на луѓето).
Се разбира дека еволуцијата на свеста постои инаку ќе бевме заглавени.А веќе во овај период има турбо развој на свеста на луѓето и ќе се случат значајни промени.
Кон врв
Platenik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Platenik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Јануари.2011 во 06:56
Originally posted by Македон Македон напиша:

Originally posted by Platenik Platenik напиша:

Originally posted by Македон Македон напиша:

Originally posted by marsovec marsovec напиша:

Нормално е така да бида доколку од народот станат ЛУЃЕ...па тоа дури го сугерираат и светите книги...но за да се стане и хуман и алтруист ПОТРЕБНО Е ВРЕМЕ....а времето работи за социјализмот...и се разбира за комунизмот....се разбира кога ЌЕ ИМА ЛУЃЕ....да


Светите книги немаат никаква врска со марксизмот. Тоа што комунистичката пропаганда се обидува да манипулира е друго прашање. Секој што прочитал нешто од светите книги, знае за што говорам. Остави ги писанијата на советската пропаганда настрана, се докажа одамна дека не се вистинити.


Некои прогресивни попови

Плутократија или демократија во капиталистичкото општество


Не би го коментирал свештеникот, барем додека не дознаам точно од која Црква или верска заедница е. Од друга страна, сакам да знам каде пишува дека Бог е против секое богатство, за што говори свештеникот. Доколку беше така, немаше во Стариот Завет Бог да стапува во сојуз со кралевите. Точно е дека богатството е пречка за совршенството, но не и за спасението. Тоа е јасно наведено во Светото Писмо. Не би сакал да говорам за понатамошната историја и признавањето на Христијаните од страна на св. Рамноапостолен Константин Велики, кој поради визија и победа, станува Христијанин, па и секаде го шири и брани Христијанството.

Во однос на второто видео, зарем немаше криза во САД? Не треба да не чудат воопшто таквите оценки за американската економија. Дури и да се согласиме дека таквата економија има големи маани, зарем имаат маани економиите на Австралија, Шведска, Норвешка? Јас мислам дека немаат апсолутно никаков проблем.


Попот е христијанин, од римокатоличка веросиповест.
Погледни го целиот филм, има неколку попови кои зборуваат во името на други хрситијански деноминации.

Поимот Плутономија првпат е воведен во еден меморандум на СИТИ Банката некаде во 2004/2005 година. Имено банката им се обраќа на најбогатите луѓе/инвеститори и им дава проекција за состојбите во општеството, политката, економијата. Состојбите од кои може да се изродат несакани последици по однос на нивната благосостојба. Со други зборови демократијата е само форма додека плутономијата е реалност. Државите се раководат во интерес на 1% од населението кое пак поседува 90%+ целокупносто богатство. Религијата не е против богатството, но религијата е за хуманост, рамноправност, прдршка, морална и материјална помош, споделување....

Ти знаеш дека во Австралија, Шведска, Норвешка нема системски проблеми или само си мислиш дека е така?
Добро што станува со останатите капиталситички змеји како Шпанија, Португалија, Грција, Ирска.... а цела Јужна Америка и бразилските сламови.

На крајот на краиштата зборуваме за капиталистичкиот систем како политичко-економско уредување.   

Изменето од Platenik - 09.Јануари.2011 во 22:16
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“

Кон врв
marsovec Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Април.2010
Статус: Офлајн
Поени: 3378
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај marsovec Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Јануари.2011 во 11:32
Луѓе...па кај нас, власта се однесува како да сме племенски уредени (дпмне)...па како може да зборуваме за свест потребна за либералниот капитализам а пак недај боже за социјализам...или комунизам...Па се кај нас последно е од она што се случува во светот...Единствено кубурата прва ни паѓа....газење%20од%20смеење
СЕ Е КОНЕЧНО САМО ГЛУПОСТА Е БЕСКОНЕЧНА - САМО КАЈ НАС
Кон врв
Zlatnik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 23.Август.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 2605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zlatnik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Јануари.2011 во 19:30
смеење ма%20ајде Не можеме, а да не дадеме коментар:
Originally posted by marsovec marsovec напиша:

Луѓе...па кај нас, власта се однесува како да сме племенски уредени (дпмне)...

Сега сигурно ќе се најде некој кој ќе рече: „не, власта се однесуваше како да сме племенски уредени (сдсм)...“
И, нема да згреши.
Но, со тоа приземно меѓупартиско препукување, веќе ќе „отиде“ темата!
Поентата на оваа темата не е за состојбата кај нас (нешто што помалку или повеќе провејува во сите теми), туку за споредба на два општествени система гледани од поширок, глобален, историски аспект.
Originally posted by Platenik Platenik напиша:

... немаше криза во САД? ...

И не само во САД. Во сите земји, помалку или повеќе има/ше кризи.
Развојот на секое општествено уредување е проследено со кризи или ако сакате застранувања од „нормалниот“ тек (овде пред се мислам на појавата на „социјалистичката“ револуција), со појавување на одредени девијации, независно дали се од политички, идеолошки, религиозен или некој друг карактер.
Но, којзнае што е нормално?! Можеби токму тие појави се еден вид еволутивен катализатор.
Originally posted by Platenik Platenik напиша:

... што станува со останатите капиталситички змеји како Шпанија, Португалија, Грција, Ирска.... а цела Јужна Америка и бразилските сламови. ...

Така е.
Секако, како што е невозможно одеднаш да се стигне од капитализам до социјализам (или комунизам), илузорно би било да очекуваме такво хумано општество да се воспостави во сите земји наеднаш (истовремено). Токму поради тој нивен (поранешен, сегашен и иден) развој на свеста.  
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
Кон врв
marsovec Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Април.2010
Статус: Офлајн
Поени: 3378
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај marsovec Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јануари.2011 во 09:08
Пристапот на ДПМНЕ во племенското организирање и тоа е факт...како што е факт и дека не сме доволно освестени за либералниот капитализам...и тешко ќе можеме да го развиваме...за социјализам ич муабет да не правиме...сега имаме диктатура...тогаш би била и полоша и понемилосрдна...
Значи до кефалото е...да
СЕ Е КОНЕЧНО САМО ГЛУПОСТА Е БЕСКОНЕЧНА - САМО КАЈ НАС
Кон врв
Zlatnik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 23.Август.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 2605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zlatnik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Јануари.2011 во 19:03
Originally posted by marsovec marsovec напиша:

Пристапот на ДПМНЕ ...

Аман човече! бла%20блаОпседнат си со ДПМНЕ! глупчо
Зарем не го прочита погорниот пост, посебно тој дел со сините букви?!изненадување
Не сум проверил, но судејќи според досегашното, не би ме изненадило и во подфорумите за љубов, секс, формула 1, патување ... да го спомнеш ДПМНЕ!ма%20ајде
Дај барем еднаш дади некој твој коментар, некое твое размислување по однос на темата, а не само осврт на денешната состојба во МК. Па има теми за тоа. Никој не ти брани таму да пишуваш. Овде само ја разводнуваш (да не речам расипуваш) темата!


Originally posted by marsovec marsovec напиша:

... Значи до кефалото е...да

Да!размислување
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
Кон врв
Курчи Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Јануари.2011
Статус: Офлајн
Поени: 143
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Курчи Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Јануари.2011 во 19:20
комунизам
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Јануари.2011 во 01:53
Originally posted by Platenik Platenik напиша:

Originally posted by Македон Македон напиша:

Originally posted by Platenik Platenik напиша:

Originally posted by Македон Македон напиша:

Originally posted by marsovec marsovec напиша:

Нормално е така да бида доколку од народот станат ЛУЃЕ...па тоа дури го сугерираат и светите книги...но за да се стане и хуман и алтруист ПОТРЕБНО Е ВРЕМЕ....а времето работи за социјализмот...и се разбира за комунизмот....се разбира кога ЌЕ ИМА ЛУЃЕ....да


Светите книги немаат никаква врска со марксизмот. Тоа што комунистичката пропаганда се обидува да манипулира е друго прашање. Секој што прочитал нешто од светите книги, знае за што говорам. Остави ги писанијата на советската пропаганда настрана, се докажа одамна дека не се вистинити.


Некои прогресивни попови

Плутократија или демократија во капиталистичкото општество


Не би го коментирал свештеникот, барем додека не дознаам точно од која Црква или верска заедница е. Од друга страна, сакам да знам каде пишува дека Бог е против секое богатство, за што говори свештеникот. Доколку беше така, немаше во Стариот Завет Бог да стапува во сојуз со кралевите. Точно е дека богатството е пречка за совршенството, но не и за спасението. Тоа е јасно наведено во Светото Писмо. Не би сакал да говорам за понатамошната историја и признавањето на Христијаните од страна на св. Рамноапостолен Константин Велики, кој поради визија и победа, станува Христијанин, па и секаде го шири и брани Христијанството.

Во однос на второто видео, зарем немаше криза во САД? Не треба да не чудат воопшто таквите оценки за американската економија. Дури и да се согласиме дека таквата економија има големи маани, зарем имаат маани економиите на Австралија, Шведска, Норвешка? Јас мислам дека немаат апсолутно никаков проблем.


Попот е христијанин, од римокатоличка веросиповест.
Погледни го целиот филм, има неколку попови кои зборуваат во името на други хрситијански деноминации.

Поимот Плутономија првпат е воведен во еден меморандум на СИТИ Банката некаде во 2004/2005 година. Имено банката им се обраќа на најбогатите луѓе/инвеститори и им дава проекција за состојбите во општеството, политката, економијата. Состојбите од кои може да се изродат несакани последици по однос на нивната благосостојба. Со други зборови демократијата е само форма додека плутономијата е реалност. Државите се раководат во интерес на 1% од населението кое пак поседува 90%+ целокупносто богатство. Религијата не е против богатството, но религијата е за хуманост, рамноправност, прдршка, морална и материјална помош, споделување....

Ти знаеш дека во Австралија, Шведска, Норвешка нема системски проблеми или само си мислиш дека е така?
Добро што станува со останатите капиталситички змеји како Шпанија, Португалија, Грција, Ирска.... а цела Јужна Америка и бразилските сламови.

На крајот на краиштата зборуваме за капиталистичкиот систем како политичко-економско уредување.   


Свештеникот не е Римокатолик, затоа што е женет, а римокатоличките свештеници не се женат. Еве го и неговиот блог. Другиот навистина бил римокатолички свештеник, а во однос на епископот нема да коментирам, доволно е незадоволството на Рим околу некои негови погледи. Прочитај за него повеќе овде. А во Католичката Црква, Ватикан ја одредува политиката на Црквата, односно Папата. Неговиот збор е оној кој е последен за сите нешта, независно дали кардиналите се согласуваат со тоа или не. А Папите, јасно покажаа што мислат за социјализмот, почнувајќи од Пиј XII.


Точно е дека религијата се залага за хуманост, меѓусебна поддршка, братство, но никаде не присилува да постојат урамниловки и сите да бидат целосно еднакви. Впрочем, зарем Бог ќе ги поддржуваше Царевите ако требаше да не постојат тие? Секако дека совршен е оној кој целосно се предава на Бога и се предава и на ближниот свој или споделува со него, за тоа нема спор, но не е целосен грешник ниту оној кој не се одлучува на таков живот. Секој не е подготвен, ниту има сили за таков живот. Затоа и не сите луѓе се светци.

Се сложувам со многу моменти од филмот, да, сурово е, не е се хумано, но, јас сега би ги споменал банките во социјалистичка Југославија, ако воопшто и може да се наречат банки. Тие беа сервис на трудот, земаа кредити во името на претпријатијата, кои ниту ги враќаа, ниту можеа да ги вратат, а граѓаните штедеа во истите. Што се случи? Банките не можеа да ги наплатат кредитите, граѓаните ги загубија влоговите, државата мораше да интервенира и да ја ликвидира Југобанка, а за да успее да ги врати парите на граѓаните и да продолжи со работа тогашната Стопанска банка, државата мораше да издаде еврообврзница и да се задолжи. Спореди го ова со она од филмот. Таму семејства ги губат домовите, овде сиот народ се задолжува и го жртвува стандардот на сето население за да поправи глупост креирана од системот.

Инаку се додека постои демократијата, плутономијата ќе има соперник и кочничар токму во лицето на таа демократија, затоа што гласовите на сите луѓе се еднакви, односно еден човек носи еден глас. Капитализмот никогаш не може крајно да се вулгаризира додека постои демократијата, затоа што сеуште власта се избира по демократски пат.

Патем, тој филм се однесува за американскиот капитализам, не за оној во Европа, или пак Австралија, Канада. Таму не е онака како што е во Америка. Самиот Мајкл во филмот Sicko тоа го признава.

Јас никаде не велам дека и во тие системи нема проблеми, но, да се споредуваат тие проблеми со она што му се случи на социјализмот едноставно не е возможно. Тие проблеми се јавуваат, но за разлика од оние на социјализмот, не го погодуваат толку многу општеството, па затоа и не доведуваат до дисфункционалност на сиот систем и распаѓање. Флексибилноста на капиталистичкиот систем, што е негова особина, помага во постојаното решавање на тие проблеми, па и не се толку забележливи и толку тешки како оние на социјалистичкиот.

Јужноамериканските земји нема да ги коментирам, затоа што таму огромно влијание игра и политиката, па истите станаа заложници на Студената војна, а голем дел од нив и ба диктатури, а не демократски земји.

Нивната ситуација е исто како онаа во Авганистан, каде беше наметнат социјализам од СССР, па капитализам од САД, а во пракса ниту капитализам постои сега таму, а ниту социјализам во времето на СССР, а пак наметнатиот режим на Талибанците не успеа, или не сакаше да најде излез од сето тоа.

Изменето од Македон - 19.Јануари.2011 во 01:57
Кон врв
Platenik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Platenik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Јануари.2011 во 04:46
И католичките попови не се она што биле некогаш

Слободен пазар или?


Дали капитализмот е антихристијански

На крајот на краиштата зборуваме за два система, Ниту едниот е толку црн, ниту пак другиот е толку бел.

А за поповите и клерот, само да незборавиме дека секогаш биле покрај власта, таму каде што била моќта и парите, со мали исклучоци.

Читањето на евнгелието, светите книги и пропишаните норми биле само декалративни или применливи за широките маси. На ројалистите, аристократијата и елитата како да им се гледало низ прсти, па за нив постоеле други правила. Ова било поизразено кај римокатолиците.

Но, ако се апстрахираат овие аномалии, религиозните учења во основа се многу поблиски до социјализмот.

ПС

Кога зборуваме за социјализмот и капитализмот како системски уредувања, треба да даваме примери и коментираме за сите, а не само за најдобрите. Капитализам има и во Јужна Америка и во Индија и во Бангладеж и во Нигерија, без разлика кој под какви политчки влијанија бил.

Само до пред извесно време сите се крстевме во САД како најголема, нјабогата и најразвиена капиталистичка земја. Што сега, американскиот капитализам нема да го анализираме затоа што се покажува како недостоен?!



Изменето од Platenik - 19.Јануари.2011 во 05:07
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“

Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Јануари.2011 во 16:05
Originally posted by Platenik Platenik напиша:

И католичките попови не се она што биле некогаш


Како ли само оженет римокатолички свештеник, се обидува да ги осуди другите, а притоа самиот не ги почитува правилата? Ова е како некој разбојник да бара друг разбојник да биде осуден, а самиот оправдан. Jaс дури и се сомневам дека е во заедница со Рим овој свештеник.

Originally posted by Platenik Platenik напиша:


Слободен пазар или?


Со ова се сложувам целосно, точно е дека има грешки и проблеми за кои мора да се бара решение. Ниту еден систем не е безгршен, или како што и самиот велиш, секој систем содржи и црни дамки.

Originally posted by Platenik Platenik напиша:


Дали капитализмот е антихристијански


На крајот на краиштата зборуваме за два система, Ниту едниот е толку црн, ниту пак другиот е толку бел.

Originally posted by Platenik Platenik напиша:


А за поповите и клерот, само да незборавиме дека секогаш биле покрај власта, таму каде што била моќта и парите, со мали исклучоци.



Јас би кажал со огромни исклучоци. Во Византија Црквата често се судирала со Императорот. Пример за тоа е екскомуникацијата на Теодосиј Велики, ревносен Христијанин, кој го забранил паганизмот и го прогласил за казнено дело, казниво со смрт. Тој, облечен во партали, морал да моли прошка од Амвросиј, епископот на Милано, кој го екскомуницирал. Познат е и примерот на св.Кирил Александриски, кој, откако Императорот направил своевидно признание на собор кој не бил канонски, наредил на еден мошне влијателен монах да го возбунтува народот во Цариград и да ја нападне палатата на Императорот, со што тој бил принуден да ги повлече своите одлуки. Познат е и примерот на св.Јован Златоуст, кој се судрил со Императорот и Императорката токму поради тие социјални прашања во Империјата, повикувањето за помош на сиромашните и слично. Тој кажал и едни мошне, според мене ,пророчки зборови во однос на недостатоците на социјализмот, кои се однесуваат токму на социјалната редистрибуција на добрата:

„Треба ли да ги гледаме кралевите и принцовите за да ги видиме разликите помеѓу богатите и сиромашните? Треба ли да бараме војници да појдат и да го земат златото на богатите и да го поделат помеѓу сиромашните соседи? Треба ли да го молиме императорот да наметне давачки на богатите, толку големи што ќе го доведе нив до нивото на сиромашните, а потоа да ги подели добивките од давачките на сите? Еднаквост наметната со сила нема да постигне ништо, а ќе направи многу штета. Оние кои што имаат сурови срца и остри умови наскоро повторно ќе најдат начини за да се обогатат. Уште полошо, богатите чие што злато било одземено ќе се чувствуваат огорчени и навредени; додека пак сиромашните кој го добиле златото од рацете на војниците нема да чувствуваат благодарност, затоа што немало дарежливост која што го поттикнала подарокот. Далеку од тоа да донесе морални придобивки за општеството, всушност ќе донесе морална штета. Материјалната правда не може да се постигне со принуда, нема да следи промена во срцата. Единствен начин да се постигне вистинска правда и превенствено да се променат човечките срца- потоа тие радосно ќе го делат нивното богатство.“


Постои уште еден обид за државен удар во Византија, но историчарите само се сомневаат дека Црквата го организирала ударот, ама бидејќи тој Император паднал болен, па веќе не можел да раководи со Империјата, а подоцна и починал, нема никакви докази за тоа дека Црквата е виновна. Постојат уште безброј примери во Византија за вакви судири.

Кај Римокатолиците пак, речиси сиот среден век е одбележан од борбата меѓу Папата и Императорите. Голем е бројот на екскомуникации дадени на Кралевите, молбите за прошки до Папата, а најпознат е случајот со Императорот Хенри IV, кој неколку денови, бос во снегот стоел пред замокот молејќи го Папата Грегориј VII за прошка и враќање во Црквата. Не помалку познат е и интердиктот на Инокентиј III на сета Англија и екскомуникацијата на Кралот Јован, кога овој Крал немајќи друг избор, откако бунтови избиле насекаде поради немањето црковни служби по заповед на Папата, се прогласил за вазал на Папата и му ја предал Англија. Има и многу други такви примери.

Originally posted by Platenik Platenik напиша:


Но, ако се апстрахираат овие аномалии, религиозните учења во основа се многу поблиски до социјализмот.


Врз основа на што се многу поблиски до социјализмот? Врз основа на насилството врз другиот? Врз основа на земањето на туѓото? Лажното сведочење на безбројните судски процеси? Уништувањето на храмовите и безброј мачеништва?

Originally posted by Platenik Platenik напиша:



ПС

Кога зборуваме за социјализмот и капитализмот како системски уредувања, треба да даваме примери и коментираме за сите, а не само за најдобрите. Капитализам има и во Јужна Америка и во Индија и во Бангладеж и во Нигерија, без разлика кој под какви политчки влијанија бил.


Индија не ја споменав, ги споменав само земјите од Јужна Америка и Авганистан, а не и Индија и Нигерија. Авганистан и земјите од Јужна Америка ги споменав, бидејќи знаеме дека беа жртви на политиките на големите сили.


Во Индија и Нигерија точно е дека капиталистичките односи не се покажуваат како носители на просперитет и тука нема спор. Но, која би била алтернативата на овие земји? Феудализмот знаеме што и донесе на Индија, а знаеме и дека истата, при непостоење на демократијата, лесно може да се претвори во заробеник на кастинскиот систем.

Originally posted by Platenik Platenik напиша:


Само до пред извесно време сите се крстевме во САД како најголема, нјабогата и најразвиена капиталистичка земја. Што сега, американскиот капитализам нема да го анализираме затоа што се покажува како недостоен?!



Американскиот капитализам има свои маани, точно е дека во него социјалниот елемент е сведен на минимум, но од друга страна пак, покрај сето тоа, успеваше долг период на населението да му обезбеди еден од највисоките стандарди на светот. Секако, почнаа проблеми, но, со квалитетни и системски решенија, тие можат да бидат надминати. Да не заборавиме дека САД во својата историја биле во многу поочајна положба, па ја надминале и станале најпросперитетна земја на светот.

Кон врв
Joshua_Tree Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Јуни.2007
Статус: Офлајн
Поени: 6477
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Joshua_Tree Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Јануари.2011 во 16:44
za nas samo doktrinata na Tito,zlatna formula za prosperitetголема%20насмевка
голема%20насмевка

“Talk, talk, talk: the utter and heartbreaking stupidity of words.”
― William Faulkner, Mosquitoes
Кон врв
Platenik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Platenik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Јануари.2011 во 10:17
Не се разбираме Македоне. Кога зборуваме за црквата, без разлика за која деноминација станува збор, таа во глобала секогаш била покрај власта. Се разбира дека секогаш имало бунтовници, протестанти, еретици кои не се сложувале со догмите кои ги проповедала црквата. Не е случајно што истата Исусова црква подоцна ќе се раздели, а де не зборуваме за делбите кои ќе следат на англикани, методисти, јеховисти, преспетирјанци, адвентисти, баптисти, мормони, одново родени христијани, протестанти.......

Сите тие во основа го имаат христовото учење кои ради икс причини ги имаат отфрлено рестриктивните догми на двете водечки христијански религии, православието и римокатолицизмот.

Нејсе, како што се развивале општествата, така требало да се трансформира и црквата се со цел да им излезе во пресрет на новите вредносни системи кои пак се резултат од промените во општеството. Сигурно дека денес црквата не е на исто рамниште на кое биле пред 1000 или 2000 години, нејзиниот фокус е многу поголем. Ако било табу тема да се зборува за абортус, разводи, сексуално образование или сексуално пренесливи болести... тоа денес не е. Ако во минатото машкиот пол имал ексклузивно право на таа професија, денеска тоа не е, се разбира во некои од христијанските цркви. За црквата да си го продолжи својот век на траење или излезе во пресрет на новите потреби на врениците, таа била принудена да се прилагодува на истите.

Да се послужам со марксова теминологија, духовната и политчката власт биле единство на спротивности. Едни бездруги неможеле, а честопати си работеле зад грб. Ако во минатото имало јака меѓусебно взаемна врска меѓу духовната и земската власт, денес во современиот свет не е така. Современите држави се секуларни, а функциите на едната од другата власт се прецизно дефинрани и разделени. Според мене оправдано. Исклучок на ова се некои земји каде црковната власт сеуште има силно влијание врз политчката власт, што само го покажува степенот на кој се наоѓа таа земја.

Сега кога се погоре споменато ќе се апстрахира, ќе се соголи до коска и анализраат основните постулати или заповеди, ако сакаш, во било која религија, тогаш ќе дојдеме до основното учење на ралигијата. Споделувај, помагај, сите сме исти чеда Господови, простувај.....и ќе ги споредиме со основните критериуми врз кои, теоретски, се заснова социјализмот ќе видиме дека двете учења се многу блиски. Значи, рамноправност, рамномерна дситрибуција на стекнатото богатство, бесплатно образование, здравство, социјална заштита, почитување на човековите и националните права, грижа за стари, болни, нејаќи, грижа за околината......

Грешиш кога концентрираш на аномалиите, од типот на кодошење, поткажување, шпиунирање, монтирани процеси, Гулази или Голи отоци.... кои се дело на ѓаволот или оние кои си давале свое толкување на тоа како треба да се спроведува социјалистичкот учење. Сметам дека социјализмот е општество кое допрва треба да дојде, а не општество кое изумре. Сталин, Чаушеску или Мао не се синоним за социјализам, туку се синоним за некаков квази социјализам.

Да се навратам сега на капитализмот. Капитализмот е општество кое е во контрадикција со религиските учења. Ако рековме во религјата важи споделувај, помагај, не лажи, не кради, не убивај во капитализмот основниот мотив е профитот. Со самиот факт дека до профитот не се доѓа толку лесно, тогаш разбирливо е да има и експлоатација, нелојална конк*ренција, крадење, затајување, лажење, финасиски проневери, па богами и бранење на деловните интереси со оружје. Значи целта ги оправдува средствата, а тоа подразбира и кршење на сите морални норми. Тговија со дрога, оружје, проституција... за се си има пазар, за се си има понуда и побарувачка. За да не излезе ова надвор од контрола на помош ве викаат вас правниците кои законски ги регулирате односите. Не го решавате проблемот туку го минимизирате. Сеуште постојат незконски активности од кои некој профитира, а некој страда. Се се сведува на менаџирање на ризикот и колку ќе се наполни буџетот. Би те запрашал, ако е општо познато дека пушењето е штетно по здравје, зошто не се најде некоја влада кој ќе ја уништи тутнската индустија? Нема интерес, нели? Ако една кутија цигари чини 10 доалри, тоа значи дека една цигара чини 50 центи. Од овие 50 центи на призводителот и трговецот ќе пу припадна 20% или 10 центи. Владата на име даноци ќе прибере 40центи од цигара. За да се докаже дека владата има општествена свест и се грижи за здравјето на луѓето ќе потроши 10центи (ако потроши толку) на кампањи против пушењето. Мора да се сложиш, хипократија без преседан. А уште колку такви штетни индустрии има по здравјето на луѓето.

Таков хипокритчен однос се има и према црквата, каде најголемите криминалци и узурпатори на власта се оддадени верници, чии гревови ќе им ги прости во името на Господа некој нивен поп. Кога во недела ќе се покајат, а гревовите бидат опростени, од понеделник пак ќе можат да си ги прават истите гревови. Црквата во одредени моменти била најголемиот узурпатор на власта, водена по капиталистичките принципи, зборувам за католичката црква. Научена да зема, а не да дава. Во правослваните цркви состојбите биле малку поразлични. Во името на Бога преку своите мисионери уништени се милиони луѓе, одземени се огроми богатства. Погледни го само Ватикан. Целиот мермер е изваден од Колосумот и оденсен за да биде изграден Ватика. Таквиот вандалски и нецивилизиран однос нема никаква врска со хрситовото учење, како што нема ни сталиновиот однос со социјалситчкото учење.

Во капитализмот непостои баланс меѓу потребите и желбите или ако тоа постои тоа зависи само од индивидуата. Во еден комерцијализиран свет иднивидуата е жртва која секојденвно е бомбардирана со маркетинг кампањи. Едноставно неговите желби катаден се надразнуваат, кое пак резултира во трошење над можностите. Финансиските обврски го надминуваат приливот. Кога тоа ќе се екстраполира на ниво на стопански субјекти и понатаму на државно ниво, тогаш е многу јасно дека секој еден живее на вересија и се надева дека луњата ќе го помине. Жртва на овај систем не се само 1% од населението, кои се разбира имаат толку ресурси на располагање со кои можат да си купат експертски совети, од правници, економисти, банкари и на тој начин ги заштитат своите интереси. Прекумерното задоволувањето на сопствените материјални страсти, неспорно е дека доведува до неминовен колапс.

Кога зборуваме за американскиот капитализам и неговата спосбност за опоравување, несмееме да заборавиме на моќат на таа земја која ја има од секој еден аспект, воен, финсиски, индустриски, људски, прирдони ресусри.......ролјата која ја има САД во светот, можноста да нејзината валута е светско платжно средство кое немора да има покритие ниту во злато, ниту во стока, а нејзината вредност да се базира само на понудата и побарувачката за таа валута..... тогаш сигурен сум дека САД имаат шанси да ја надминат оваа криза или благо речено да ја пролонгираат агонијата на системот во кој живеат, чим не се спремни да го променат.
Сега кога ја знаеме моќта на САД, јас ќе те прашам каква шанса имаат другите капиталисктички земји кои се во подредена положба и не им стојат на располагање сите оние погоре споменати бенефактори, за да веруваат дека ќе преживеат. Со која економија, со кој финансиски систем, со кое стопанство ќе конк*рираат? Со пазајмените пари што за нив некој друг е благословен да ги печати (додуша денес немора ни да ги печати се штеди на хартија и боја и електронски легнуваат на сметка)кои незнаат каде и во што да ги инвестираат и оплодат?!

Капиталистичкот општество е на заминување, ова што денес се случува во светот е само почеток на крајот. Системот мора да се трансформира и да воведува се поголема регулатива преку која порамномерно ќе се распределува заработеното, се регулира банкарскиот систем, фокусир на потребите, а не на желбите, да се спроведат сите придобивки онака како што се зацртани во теоретските турдови на социјалистичкото учење. Дали тој систем ќе го наречеш социјализам, диктатура на пролетријатот, народна демократија, социокапитализам или ќе му се измисли некое друго име, нерави разлика, капитализмот каков го познаваме денес мора да замине во историјата.

Не се секирај, се додека ресурсите се лимитирани, а желбите негораничени се дотогаш ќе има потреба од економските и правните науки. Некој мора да ги менаџира ресурсите, некој мора да ги регулира односите.
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 5051525354 61>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,390 секунди.