IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Уметност , култура и традиција
  Активни теми Активни теми RSS - најдоброто од мајсторче62
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

најдоброто од мајсторче62

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1617181920 23>
Автор
Порака
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јануари.2011 во 00:18
ЌЕ ОПСТОИМЕ

Гаврани грачат
очи да ти пијат
ко да малку им беше


Во твојата иловица
душата си ја огледувам
испукана
зажедната
а многуродна...

Твоите карпи
мои коски
настршлени
исправени
високи
дланки рапави
понудени
за гордоста гнездо...

Ветриштата твои
мој глас
во болката твоја испечен
во солзите твои искален
меч за сите битки
недобиени
што ќе ги добиеме

Кога газам по тебе
ко по себе да газам
толку сме исто
толку сме едно...

Не има
- ќе опстоиме...
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јануари.2011 во 00:19
КАИНАВЕЛСКО ПЛЕМЕ



Со каков нож да се отворам:

да се видам, па да кинисам...



Во мене гревовите се пресликани

на дедо ми и прадедо ми

- името што не си го знаеле...



Ц рни векови размотувале

зјајдупки да пополнат

и пак ништо немале...



Кога оној пред дедо ми

гревовите на кантар ги измерил,

планините пропиштеле

сосе птиците - жалосниците...



Си ги мерам стаплките

со трагите на пркосниците

- колку се мали...



Од стомина еден да сочувавме

големи ќе бевме...



О, клета реко од солзи и крв,

ќе има ли благлослов за водите твои

во векот од светлина што го ковевме...



А волци сме, си знаеме,

глад црна за сами себе не стрви...



Уште колку данок ни остана

да платиме, да преплатиме

- долг да не оставиме

кога од племето каинавелско

ќе кинисаме...
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јануари.2011 во 20:05
ШТУРА СИНФОНИЈА


Расцутена синфонија на штурци
во високите треви на мислата...


Се што изгубивме
други ќе пронајдат,
се што спечаливме
други ќе поарчат.


Светлината ја облековме во црнина
на црнината облека од светлина и скроивме:
за да ја премолчиме вистината
и молчењето да го обвистниме


Две клети суштества
во надеж клета суштествуваме,
заб по заб - раззабени
во месото скапано си се пресликуваме:


јас во себе – ти во мене,
ти во себе – јас во тебе,
а времето во себе не не сака...


Надвор сме
а толку силно во него не има, сепак...


Мисло моја,
синфонија штура
штуро штурците ти штурат.
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Јануари.2011 во 00:27

КОГА СУМ САМ СО ТЕБЕ
    

Во автомобилот има место за петмина
а мене ми е најтесно кога сум сам со тебе.

И ми пречи се:
и ветробранското стакло
со сплескано лице на вознемирена ноќ
и менувачот
и знаменцето на Вардар на ретровизорот.

Пакосна насмевка на мачител има мислата
додека се лизга по твоите црни најлонки
со цветен дизајн
стрвно како крадец.

Нема оглав да ја оглавам
нема ортома да ја ортомисам -
двојни синџири со здивот ќе раскинат
белите огнови од твоите гради:
зоврива воздухот
потта ми мириса на лудило што ќе убие.

Сонувач бев без сон останав

Ох, колку си близу
колку си вистинска.

А зошто си кога не сум
кога немав време да го научам до крај
едностаниот јазик на совршената расипаност.

Во автомобилот има место за петмина
а мене ми е најтесно кога сум сам со тебе.
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Јануари.2011 во 10:04
ЌЕ МОЖЕШ ЛИ

Ќе можеш ли да го препознаеш часот,

чекорот негов, гласот,

кога ќе дојде?

Ќе можеш ли да го препознаеш часот

и со меки солзи да ми ги собереш сенките

од под тополите

крај бавчите на босоногото детство.

Ќе ги побараш ли тогаш во себе

жолтите мириси на летото

што ќе го зачував како и сите пред него

во вкусот на зелените кајсии

да не ме надраснеше пред првото вљубување?

Ќе ме повиеш ли со него

место со плач и крпички каење од срцето

како што јас те повив во себе

со осланетите цветови на радоста

кога те изгубив?

Ќе ме повиеш ли да не настинам,

да не изгаснам?
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Јануари.2011 во 20:49
ИСТО КАКО ЉУБОВНА

Знам, ќе дојде и тој ден
и ти ќе се пресликаш светла насмевка   
во темните ходници на иднинатата
за да станеш мое единствено минато
а јас ќе живеам надвор
од секое ново утре
потежок за една празнина од вчера
и ќе ја кријам болката
со туѓа болка под насмевката.

Ссмеј се, најмило, смеј се,
насмевките твои нека ми тежат...
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Јануари.2011 во 20:51
КОПАЈ ДЛАБОКО


Копај длабоко во душата на детето што не сака да умре,
биди му и мајка и љубовница, и сестра и другарка,
копај тивко, со трпеливост на мачка кога демне плен,
копај во душата на детето што не сака да умре.

Најди ме закопан, затрупан под урнатините на гордоста,
исчисти ме од правот на вековите што идат,
со бакнежи и солзи измиј ми ги очите од гревови -
да прогледам, сам себе да се видам.

Копај длабоко во душата на детето што не сака да умре,
искастри го врежот за мислата,светлозрачната, внатре -
птица имам, од сонце испилена - од грешничка отруена,
во мене најди ја, во тебе оживеј ја...
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Јануари.2011 во 20:57
МИРИС НА ДРУГО ВРЕМЕ

Ти не можеш да ја разбереш мојата воздржаност,
нo секоја моја скриена насмевка
безобразно открива нов детал на жена во тебе.

Палавке моја,
јас одамна заборавив што сакаат девојчињата...

Знаеш ли дека жените се прекрасни суштества
и хаотично се вознемируваат кога помислуваат желба.

Понекогаш навистина ме весели начинот на кој го пишуваш
мојот исчезнат љубовен роман на твоите усни -
толку многу што можам во еден здив да го прочитам од нив
и исто толку брзо да се опијам со твојот немир...

Ох, немирлике моја,
уште главниот лик бар малку да личи на мене!.

Зошто ли тогаш толку упорно ми бараш место во него,
како никој да не те научил дека животот не е роман
што завршува со првото поглавие.

Нестварна моја,
ноќе, кога заспивам, и твојата коса има мирис
на некое друго време.
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Февруари.2011 во 09:55
ПРЕКРШУВАЊЕ

Детето што си игра пет камen
со своите воздишки
кога спие
има замок од пролетни мириси
во секое мое прекршување
низ горчливата кора на зборот.

Кога тоа ги отвора очите
утрата ми слетуваат на рамо како птици
со прегладнета песна во грлата
а јас брзам да му ја уловам првата насмевка
и да го сопнам чекорот на денот
со нејзината милност.

Детето што живее во замок
од пролетни мириси
го развлекува денот како пресен локум
од едно до друго прашање
и го задоцнува доаѓањето на ноќта
во распупените гранки на претежнатиот сон.


Пак гребам во горчливата кора на зборот
и градам уште еден замок
од мириси на пролет
за детето што си игра пет камен
со своите воздишки
кога спие.


БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Февруари.2011 во 09:55
ЗРНО ПЕСОК

Ме најдоа во мојата пустина
Камсин и Сироко,
спокојно заспан во сенката
на белиот Хименокалис.

Што ли видоа во мене
па ме кренаа кон морскиот брег
да те најдам,
бисер да ме направиш!?

Некои други зрна песок
ги чекаат Камсин и Сироко
да ги однесат до нивната школка.







БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Февруари.2011 во 09:56
ИНТЕРМЕЦО

Те сретнав помеѓу две ненапишани песни
во ветрот што го беше воздухот
со топол мирис на темјанушки,
прелетувајќи како опијанета птица
над широките ливади на твојата душа.

И видов, небото се одљуби од ѕвездите,
морето се одрече од рибите,
а јас ги растурив песните на милион молекули
сфаќајќи колку е тешко да се биде обичен поет
на очи со боја на темјанушки...
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Февруари.2011 во 17:50
РОДЕНДЕНСКА

за твојот 44 роденден

Помислуваш ли, тогаш,
кога им велиш НЕ
на преплашените птици на староста
и го покриваш со парче црн брокат кафезот
за да им ја заглушиш песната наутро,
додека стоиш непокорна пред огледалото,
помислуваш ли,
моја прекрасна седокоса убавице,
дека на тебе и среброто има поголема вредност
од златните куполи на храмот на свети Јосиф
и од сите дијаманти
во круната на англиската кралица.


Помислуваш ли, тогаш.
кога ќе се свртиш назад
кон сончевите ливади на твојата недопреност
од кадешто те поведов полн со самосебе
без да ми побараш диплома за туристички водич
помислуваш ли,
моја кротка и трпелива сопатничке
дека патот до овде го бележав со по едно биење
од твоето срце помеѓу секои мои два чекора...


Помислуваш ли, тогаш,
кога ветрот со дива пресилност
се провира и пишти низ сувите треви на очајот
а јас го чувам подалеку од тебе
огнот од срцето на мојата вечерна молитва,
помислуваш ли
моја тивка безгрешничке,
дека ниеден оган не е доволно силен да не сотре
дури си во мене, дури сум во тебе...
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Февруари.2011 во 17:52
НИВА

Со години неорана,
угар оставена,
па заборавена.

Троскот котот и го гуши,
а прескотна е.

Со очи стрв настрвени
по орачите,
по сејачите,
разгорува -
прегорува...

Паличник ли нема
да ја отвори
сејач ли нема
да ја посее
та се смалува во себе
берикетницата -
проклетницата ...



БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Март.2011 во 10:35
НЕРАСКАЖАНА ДО КРАЈ

Во некоја приказна
во некое друго време
што ќе биде после тебе
и после мене
во некоја приказна
без нас двајцата
толку иста
како онаа што ја читавме
без да знаеме
дека Таа си ти
а Тој сум јас
во некоја приказна
во која Таа нема да личи на тебе
а Тој ќе биде сосема различен од мене
(можеби само имињата ќе им бидат исти,
коинциденциите не можат да се исклучат)
во една таква приказна
што секако ќе се случи
а ќе ја читаат некои други
голтачи на туѓи судбини
пред да сфатат
дека тие се истите ликови
од една приказна
од едно друго време
многу пред нив што било
во која Таа суште не беше ти
а Тој сеуште не бев јас,
во една таква приказна
сакам да те заборавам
нераскажана до крај
за да те раскажуваат
кога ќе немам што да раскажувам...
.

БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1617181920 23>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,125 секунди.