IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Патувања...
  Активни теми Активни теми RSS - Италија ...
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Италија ...

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 13>
Автор
Порака
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Италија ...
    Испратена: 15.Јануари.2011 во 09:26
Италија ....  Италијани ....  Италијанки ..........

za-italija-italijanite-italijankite-povekjeШпагети, мафија, романтика, гласн зборување, музика, згодни мажи – вака најчесто се опишува Италија и италијаните. Дали овие стереотипи се вистина?

 Италија е прекрасна земја вредна да се посети и секако ќе ве изненади.

za-italija-italijanite-italijankite-1

1. Италијанците сакаат паста и секој ден јадат шагети, тортелини и макарони.
-  Вистинито! (најчесто). Понекогаш јадат и почесто.

2. Италијанците имаат традиционална култура врзана за кафето и претставена преку Старбакс. 
-  Не е точно! Старбакс нема врска со италијанското каде. Италијанско кафе е еспресото, но никој не го вика така. За нив е само кафе.

3. Пицата е измислена во Италија.
-  Можеби точно, можеби не. Многу извори велат дека модерната пица е измислена во Њујорк од страна на италијански имигранти. Но, постои  приказна  која најверојатно разјаснува сè.

4. Италијанците се жртви на модата.
-  Точно! Без многу коментар – чисто и перфектно стилски вклопено. Никогаш нема да видите италијанци облечени спротивно од модните правила.

5. Италијанците често велат: “mamma mia!” “va fan culo!”.
-  Точно!

za-italija-italijanite-italijankite-26. Сите италијанки се згодни и убави како да излегле од насловна на Вог.
-  Најчесто погрешно! Да, има многу згодни девојки, но ништо повеќе отколку било каде во светот.

7. Италијанците се како французите.
-  Грешно. Начинот на кој зборуваат и се однесуваат е уникатен и својствен само за нив. Тие зборуваат гласно, го користат телото без разлика дали се на улица или на состанок.

8. Мафијата е вистинска и опасна.
-  Точно. Италијаните не се горди, но мафијата навистина постои особено на Сицилија. Не секој италијанец е мафиозо па затоа внимавајте да не ги навредите.

9. Италијанците се многу романтични.
-  Точно! Тие навистина уживаат во романтика. Италијанец никогаш не би оставил девојка да оди сама дома. Таму уште се негува идеалот за мачо тип.

Кон врв
LiDivio Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор


Регистриран: 19.Мај.2010
Статус: Офлајн
Поени: 7265
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај LiDivio Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јануари.2011 во 12:43
Пицата е измислена во Стариот Рим (не во ваков вид). После оргиите од страна на богатите, најчесто на големи округли парчиња тесто или леб ги ставале остатоците од храната (месо и сл.) и им ги давале на посиромашните. среќа
 
Абе овде само за Италијанци пишува. изненадување А за Италијанки камо? плазење Освен тоа дека се просечни... што не би се сложил. Во Италија сигурно има процентуално многу повеќе убави девојки отколку во на пример.... Англија... плазењеголема%20насмевка
Кон врв
stigma04 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Март.2010
Статус: Офлајн
Поени: 2661
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај stigma04 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Јануари.2011 во 00:25

Venecija Italija
Jas sum pepel tamu kade sto bev ogan
Кон врв
zabegan Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Другарот на Мона Лиза

Регистриран: 06.Април.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9774
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zabegan Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Јануари.2011 во 23:30
Originally posted by LiDivio LiDivio напиша:

Пицата е измислена во Стариот Рим (не во ваков вид). После оргиите од страна на богатите, најчесто на големи округли парчиња тесто или леб ги ставале остатоците од храната (месо и сл.) и им ги давале на посиромашните. среќа
 
Абе овде само за Италијанци пишува. изненадување А за Италијанки камо? плазење Освен тоа дека се просечни... што не би се сложил. Во Италија сигурно има процентуално многу повеќе убави девојки отколку во на пример.... Англија... плазењеголема%20насмевка
сите велат различно за пицата, јас знам дека факт е дека Марко Поло ги има донесено дел од јадењата кои денес во Италија се сметаат за национални, како на пример шпагетите кои водат потекло од источно азиските земји
размисли пред да напишеш глупост
Кон врв
BisernA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 27.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 4662
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BisernA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Јануари.2011 во 03:08
прекрасна земја.... малку скап**ка,... но прекрасна

Рим дефинитивно вреди да се посети.... за малце ќе паднев од столчето на автобусот кога првпат ја видов куполата од Ватикан.... тоа е нешто.... извонредно се почувствував толку малечка.... страшно чувство.... само гледаш згради, згради, згради,... и наеднаш БАМ.... куполата..... wow/x10

Венеција вреди да се види,.... со сите тие каналчиња, гондоли.... кој сака романтики терање,.... вистинско место....

единствено место на кое што лично мене не ми се допадна беше Фиренца.... толку одвратно мирисаше на ѓубре.... а и ни истурија кофа вода од една тераса




Изменето од BisernA - 17.Јануари.2011 во 03:09
Кон врв
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Јануари.2011 во 14:33
Originally posted by BisernA BisernA напиша:


единствено место на кое што лично мене не ми се допадна беше Фиренца.... толку одвратно мирисаше на ѓубре.... а и ни истурија кофа вода од една тераса
Ве слушнале кога сте рекле дека ви мириса градот на ѓубре па биле испровоцирани можеби, а можеби стварно мирисало на ѓубре па сакајќи да покажат дека се грижат за хигиената сакале пред вас да покажат дека тие секогаш миат сè со водa. А можеби некој од минувачите се пожалил дека со денови не се истуширал па...
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Јануари.2011 во 03:18


Италија е убава земја, има што да се види. Е на некои места има и ѓубришта и несреденост, исто како и кај нас па дури и повеќе. намигнување Наполи летово ќе се задушеше во отпад.

Повеќето од погорните стереотипи се само тоа - стереотипи. Италијанците се темпераментен народ, по менталитет ни се слични: живи, бучни, галамџии, љубовџии, романтичари, мајкари голема%20насмевка

Си имаат своја легенда и преданија за пицата: потекнува од Наполи, од сиромашните граѓани кои се прехранувале најчесто со тесто премачкано со сос од домати и малку моцарела, ако се има...

П.С. Инаку ако некогаш го слушнете она va fan culo!” од некој италијанец, да знаете дека е тешка пцовка... голема%20насмевка



Кон врв
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Февруари.2011 во 19:45
 
....намигнување.....
 
Италијанките важат за едни од најпривлечните жени на светот. Не станува збор дека сите имаат специфична природна убавина, но тие- едноставно зрачат.
 
Во што е нивната тајна?

1. Најважните личности треба да ги сакате најмногу. Секое утро потсетете се колку сте значајни и колку е важно да се сакате себе си. Започнете го утрото полни со самодоверба. Италијанките знаат дека кога е во прашање убавината, привлечноста започнува од внатре.
2. Немојте да јадете салата, ако ви се јадат тестенини. Следете го својот вкус и желба и немојте премногу да се воздржувате затоа што ќе бидете незадоволни, а со тоа и несреќни. Секако, не треба да јадете се што би ви е при рака, туку умерено, но јадете го она што ви се јаде.
3. Немојте да чекате пролет за да ги издепилирате нозете. Без оглед на годишното време, секогаш бидете уредни. Депилирајте се, средете ги веѓите, направете пилинг, негувајте ја кожата со хидратантни средства...
4. Купете квалитетен градник. Градник кој ви стои совршено е секогаш добра инвестиција. Го носите секој ден, па никогаш не чини премногу. Долната облека секогаш треба да ви биде привлечна, за да се чувствувате добро во сопствена кожа.
5. Да, облечете го тоа! Ако видите нешто што ви се допаѓа, а страв ви е што ќе кажат другите за вашиот избор, заборавете на туѓото мислење и облечете го она што ви прави мерак! За да им се допаднете на другите, мора прво да си се допаднете себе си. Подобро е да го следите сопствениот вкус, отколку туѓото мислење!
 
......Црно Бело ......
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Февруари.2011 во 10:56

Зошто Венеција има канали

 

Чудно е чувството кое го има човекот кога се наоѓа во градот во кој повеќето главни улици се канали! За разлика од другите градови, улиците на Венеција, каналите, потоеле и пред да биде играден градот.

Венеција е изградена на калливо земјиште на кое постеле повеќе од 100 островчиња во залив на Јадранското море. Сите куќи се изгредени на столбови забодени во кал. Во градот навлегуваат познатите канали на Венција.

Во овој град, сообраќајот се одвива со чамци или пешки. Во стариот дел на градот не е дозволен сообраќај со автомобили или камиони. Постои голем број на тесни улички и мали мостови кои ги спојуваат каналите. Секаде се гледаат чамците наречени „гондоли“. Гондолиерот ја движи гондолата на задниот дел со големо весло.

Венеција е многу стар град. Пред да дојдат Хуните и нивното поминување низ Италија, во средината на V  век, живееле луѓе на малите островчиња. Подоцна се основале 12 градски општини на вода и тоа било почетокот на создавањето на држвата „Венеција“, во која постепено се развивал градот кој денес се вика ВЕНЕЦИЈА!

Денес Венеција е еден од најпознатите Европски центри, важно пристаниште и незаобиколен град за сите романтични луѓе

Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Март.2011 во 13:53


Може некому ќе му се најде...плазење

Како да си нарачате кафе во Италија?


Кога нарачувате кафе во Италија, секогаш имајте ја на ум неговата цена. Во многу кафе барови на преубавите улички во Италија, едно капучино може да чини четири пати повеќе од капучиното што ќе го нарачете и пиете во некој обичен бар.

Како%20да%20си%20нарачате%20кафе%20во%20Италија?

Италијанците нивното кафе го пијат набрзина, во бар, пред да отидат на работа, оставајќи ги масите празни за туристите.

Ако сакате да го прашате келнерот кое кафе да го нарачате, бидете подготвени, откако ќе ви го даде кафето да му оставите пристоен бакшиш.

Ако сакате да нарачате еспресо во Италија, треба само да побарате „кафе“ и запомнете: треба да го испиете брзо. Еспресото не е кафе кое се пие голтка по голтка, туку треба да се испие во две до три голтки, најмногу.

Кафето не се служи самостојно, туку се служи после некој оброк, со исклучок на појадокот. Секое кафе кое следи после појадокот, не треба да има ни капка млеко, а оние кои нарачуваат капучино после 11 часот, често се исмејувани од страна на вистинските Италијанци.

Како и да е, постојат најразлични видови кафиња кои можете да ги нарачате и кои се вкусни.

Како%20да%20си%20нарачате%20кафе%20во%20Италија?

Еве листа на кафиња кои најмногу се нарачуваат во Италија:
.
  • Еспресо (Espresso) – познато како Caffe во Италија, се служи во шоља со 88 мл кафе, силно по својот вкус и со бронзена пена
  • Допио (Doppio) – двојно еспресо
  • Ристрето (Ristretto) – кафе кое е поконцентрирано од еспресото и се прави со помалку вода
  • Лунго или Американско кафе (Lungo or Caffe Americano) – спротивно на ристрето, еспресо кое се прави со повеќе вода
  • Макијато (Macchiato) – еспресо кое е „обележано“ со пена од млеко на врвот
  • Корето (Corretto) – еспресо кое е „коригирано“ со коњак или друг 60-процентен алкохол
  • Капучино (Cappuccino) – еспресо со млечна пена, кафе кое содржи еднаков размер на млеко, кафе и млечна пена
  • Капучино ск*ро (Cappuccino scuro) – капучино подготвено со помалку млеко и карактеристична темна боја
  • Капучино кјаро (Cappuccino chiaro) – капучино подготвено со повеќе млеко (не повеќе од количината на млеко во кафе лате) и карактеристична светла боја
  • Кафе лате (Caffelatte) еспресо подготвено со повеќе млеко од капучиното и со малку млечна пена. Во Италија се пие за време на појадокот.
  • Лате макијато (Latte macchiato) запенето млеко кое е „обележано“ со доза еспресо кафе.


Кон врв
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Март.2011 во 21:21
 
 
 
 Мене ќе ми се најде ....  наскоро .......трепкање
 
 ..
 
Капучино кјаро (Cappuccino chiaro)..........е ова ме бендисува ....голема%20насмевка
Кон врв
fiore Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Март.2009
Статус: Офлајн
Поени: 121
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiore Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Март.2011 во 02:58
Za picata.
Na casovi po italjanski dobiv informacija deka:
prvata pica se vikala fokaca(i denes ja ima vo Italija) i sluzela kako cinija za serviranje na hrana,koja podocna so ostatocite vo nea ja jadele siromasnite.

A picata Margarita e napravena vo cest na kralicata Margarita koja pobarala od najpoznatiot pica majstor,da napravi tradicionalno jadenje pica.Vo nea gi ima boite na italijanskoto zname:
crvena - domaten sos
bela - mocarela(sirenje za pica)
zelena - bosilok(zacin karakteristicen za italijanskata kujna)
Кон врв
fiore Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Март.2009
Статус: Офлајн
Поени: 121
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiore Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Март.2011 во 03:04
Za cappuccinoto.
Imeto go dobilo po monasite Cappucci.Najverojatno po bojata na nivnite obleki koja bila ista so bojata na ovoj vid cafe.
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Март.2011 во 03:11


Убаво си слушнала за пицата а и за фокачата (focaccia), еве како изгледа:




Обично тесто, од брашно и маслиново масло, попрскано со малку рузмарин одозгора, ама е многу вкусно намигнување

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 13>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,187 секунди.