![]() |
|
Ваша песна,состав или што било напишано |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 121122123124125 138> |
Автор | |
majstorce62 ![]() Сениор ![]() ![]() ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
NAJUBAVA E TAASOSTOJBA KOGA NEMAS STO POVEKJE DA IZGUBIS. BOLI PATOT DODEKA CEKORIS KON NEA, ISTO KAKO KOGA TREBA DA TI IZVADAT TUMOR.
|
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
![]() |
|
butterflyM55 ![]() Сениор ![]() ![]() ***PEPE*** Регистриран: 17.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 3399 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Сеќавања Сеќавањата што ги имаме јас и ти Спомените на нас и средбите На сонцето,дождот,среќата,тагата.... Ме пречека понизно,срамежливо Барајки само една сенка , Иако знаеше дека и таа ќе исчезне Со последниот сончев зрак. Се сеќаваш на дождот?...Ти и јас...мрак. Или да напишам вака: “Надвор е мрак, Светилка во светилка, Пат во пат в далечина се свива. Во сив одзрак од златести крила, Сети се пеперутке дека тука си била. Нек дождот непробоен биде, Нек студот брзо ни мине. Неми двајца под лист од лијан, Чекајки сонце,се боревме живи да сме. Се сакавме свои да сме, Се љубевме вечни да сме.” Се сеќаваш...нели.... Јас знам дека сладок умор Трепки ми галеше, Нежен поглед тело ми милуваше, Две фенерчиња полни љубов Сонот ми го осветлуваа.... Подарувајќи ми ја Песната на твоите песни, Ми ја подари ноќта на моите ноќи. Додека се трудеше да ми објасниш Што сме Полека се роди Сонцето Ти мој Буднику нестварнику Кој знаеш да речеш Не сум јас Ти се роди пред очи едно Пеперутче во едно Утро над .... Со мирисот на Јоргованот заедно Бараме Живот.....живот....цел..... Незнаејќи дека се еднаш веќе добивме. |
|
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
|
|
![]() |
|
majstorce62 ![]() Сениор ![]() ![]() ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
МРТВА ПЕСНА Се е мртво, молчат моите птици волшебни на некои други гранки над некои други улици по кои ги нема моите чекори. Нови волшебници се фалаат со магии научени од нашите книги - ми вадат паричка од увото и велат „Смеј се,смеј се да не мислат дека си глуп!“ Ох, јас сета глупост веќе ја собрав во куферите пред да се вратам на плоштадот на магиите во износени чевли што стегаат. Немојте, не мачете го детето носач да витка плеки под нивната тежина, јас и мртов можам самиот себе да се носаМ ЗБУНЕТ ФИЛМАЏИКА ekszi88 ТОПСЕКСИ КЕЈТ ЕВРИДИЧЕ КВЕНТИН МАРИЈА МАГДАЛЕНА МОНУШКА ЗАГОР МАММА La Ninja КАЛИНА ПЕПЕРУТЧЕ и сите вие што ве испуштив а заедно чекоревме некогаш по ОВОЈ плоштад и ја создаавме најубавата магија, каде и да сте, нека ви е СРЕЌНА НОВАТА 2011ГОДИНА Изменето од majstorce62 - 31.Декември.2010 во 17:38 |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
![]() |
|
butterflyM55 ![]() Сениор ![]() ![]() ***PEPE*** Регистриран: 17.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 3399 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Ти благодарам и ти посакувам среќна и инспиративна 2011
![]() |
|
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
|
|
![]() |
|
majstorce62 ![]() Сениор ![]() ![]() ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
godinata gi uriva site prirodni logiki, go ragja bebeto so atributi na statrec, se podmladuva, sozreva, dava nov rod i pak ostaruva... zarem ne treba da pocnuva so prvi april...
|
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
![]() |
|
bijonse1 ![]() Сениор ![]() ![]() bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Новогодишен пакет Дали тоа беше само сон дали тоа беше само мисла дали тоа беше само желба дали тоа беше само посакување ??? Дали прелетав десет гори дали видов плаво снежно небо дали бев јас пакет во неговата санка дали тој ме фрли низ оџакот??? Дали тоа над мене елка украсена стои дали тоа се илјада сијалици и лампиони дали е црвена машната што ми ги стега градите дали тоа е оган од камин или од срцето мое ??? Дали тоа е моја или негова желба дали тој ќе ја одврзе црвената машна дали јас ќе бидам новогодишен дар дали ќе останам само врзан пакет??? *** фуууу фуууууу фууууууууууууу дувна тој… ..may your wish come true.. |
|
![]() |
|
butterflyM55 ![]() Сениор ![]() ![]() ***PEPE*** Регистриран: 17.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 3399 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Не кради ми...
Не кради ми го мигот кој го имаш само за мене. Не ускратувај ми го допирот на твојата душа, Оти единствено тоа го имам во долгите бессони ноќи. Кога само покривката од облаци проткаена со ѕвезди ме покрива. Не давај ми ги трошките само, од парчето кое мене ми припаѓа. Подај ми го слободно без страв, како подадено парче леб на питач. Со тебе ќе го поделам секако И секоја трошка од него, заедно ќе ја собереме... ќе ја поделиме. |
|
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
|
|
![]() |
|
majstorce62 ![]() Сениор ![]() ![]() ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
ДИЈАЛОГ
И реков: Влези едноставно. баш така како кога влегуваш в банка со стуткана заштеда за стари дни. Ме праша: ако ти дозволам да бидеш банкар на моите чувства ќе ги орочиш ли трајно со камата од милион магии на ден? Реков; Прекрасна моја, јас не сум волшебникот што може да ти направи сонце од куп измислени зборови, љубејќи те тајно цел живот јас немав време за читање бајки. Заплака. |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
![]() |
|
majstorce62 ![]() Сениор ![]() ![]() ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
МИРИС НА ДРУГО ВРЕМЕ
Ти не можеш да ја разбереш мојата воздржаност, нo секоја моја скриена насмевка безобразно открива нов детал на жена во тебе. Палавке моја, јас одамна заборавив што сакаат девојчињата... Знаеш ли дека жените се прекрасни суштества и хаотично се вознемируваат кога помислуваат желба. Понекогаш навистина ме весели начинот на кој го пишуваш мојот исчезнат љубовен роман на твоите усни - толку многу што можам во еден здив да го прочитам од нив и исто толку брзо да се опијам со твојот немир... Ох, немирлике моја, уште главниот лик бар малку да личи на мене!. Зошто ли тогаш толку упорно ми бараш место во него, како никој да не те научил дека животот не е роман што завршува со првото поглавие. Нестварна моја, ноќе, кога заспивам, и твојата коса има мирис на некое друго време. |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
![]() |
|
majstorce62 ![]() Сениор ![]() ![]() ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
СЕ УМИРА СЕКАДЕ
Се умира на улица, во проданица, на пазар, се умира во кино во редица за леб, се умира секаде - зошто не и во нечие срце... Се умира во сон, во туѓ роман, во воздишка на нељубена жена, се умира на боиште, се умира... се умира еднаш, се умира стопати - и цел живот може да се умира... Се умира во кафеана, на фудбалски натпревар, се умира со песна, со книга во раце, со тежина во душата, со неостварена желба во највисок лет - но само јас знам како се умира среќен и преполн со убавина со глава легната на твоите гради... |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
![]() |
|
majstorce62 ![]() Сениор ![]() ![]() ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Те окрив
ме откри толку малку а сепак доволно да се сокриеме од самите себе во ќорсокаците на сопствените лавиринти... |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
![]() |
|
majstorce62 ![]() Сениор ![]() ![]() ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
КОБНАТА ДИПЛОМАТИЈА НА ЧУВСТВАТА
Ако се вљубам во твоите очи и ги ги наречам езера во мојата песна зар ќе биде важно дека не се сини. Ако ме крунисаш за твој принц а јас те прогласам за моја магепсана принцеза, зар ќе биде важно другите што мислат за нас. Но јас никогаш не се вљубив во твоите очи и никогаш не бев принц на магепсана принцеза- ох колку проклето важно ми беше мислењето на другите! |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
![]() |
|
butterflyM55 ![]() Сениор ![]() ![]() ***PEPE*** Регистриран: 17.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 3399 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
ЦИРКУС
Секој чекор,чинам напред оди, а се во исто место стојам. Ниту напред,нит назад пат, само стапки во круг околу мене како оска означена и само си се вртам во својата сопствена оска. Патот веќе одамна не го познавам, ниту правецот го паметам. Сама со себе,без сопатник с'е околу мене се врти, како да сум на рингишпил. Лунапаркот е тука. Врева...луѓе...мешаници... Циркусот одамна почнал, а претставата никако да заврши. Кловнот изведува нешто, налик на шега, а никој не се смее. Никој веќе не се смее. |
|
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
|
|
![]() |
|
butterflyM55 ![]() Сениор ![]() ![]() ***PEPE*** Регистриран: 17.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 3399 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
БЕЗ ТЕБЕ
Да сакаш до бескрај е исто како да го гледаш во далечниот хоризонт златниот сјај на зајдисонцето. Да љубиш усни кои те сакаат е исто како да си го допрел прекрасниот сјај на виножитото после летен дожд. Да преболиш болка во душата е исто како да си изгубил дете неродено, неподарено на светов земен, а во исто време подарено на Бога. Да умираш во себе од немири е исто како да пружаш рака за да ја дофатиш месечевата светлина а неможеш ни да стигнеш до неа. Да се живее без тебе е исто како да не се дише, исто како да нема крв во вените, исто како да нема срце во градите. Изменето од butterflyM55 - 12.Јануари.2011 во 10:54 |
|
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
|
|
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 121122123124125 138> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |