IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Уметност , култура и традиција
  Активни теми Активни теми RSS - Ваша поезија
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Ваша поезија

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 131132133134135 146>
Автор
Порака
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јануари.2011 во 17:17
Music Video Butterfly GIF by James Bay - Find &amp; Share on GIPHY

             Пеперутка

Само како ме заболе рамото,

во ова моја нова форма на постоење,

не дека сакам да летам, а морам,

да бидам толку привлечна.


Стапалата ги обожавам,

во моментот кога сакајќи те згазнав,

не дека сакам да те повредам, а сакав

да бидам толку емотивна.


Усната горко ми се згрчи,

во моментот кога морав да те пробам,

не дека сакав да те вкусам, со мисла

да слетам на тебе.


Ти ме изненади, од ларва,

пеперутка се сторив,

не дека не сакав преобразба, а желбата

колоритноста ми ја кажува.


Тебе те нема, но сепак летам!


Black And White Butterfly GIF - Find &amp;amp;amp;amp;amp;amp; Share on GIPHY





Изменето од bijonse1 - 16.Април.2020 во 16:43
Кон врв
anakin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unidentified Flying Object

Регистриран: 08.Август.2005
Локација: Machku Pichku
Статус: Офлајн
Поени: 18535
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај anakin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јануари.2011 во 02:18

nighthawk_man_and_woman

.

одлучив да сведочам сам против себе

со молчење

како сериски самоубиец

кој се плашел од висини

а живеел секој ден како

што би живеел утре

а не можел

одлучив да се предадам на сите

што одавна ме имаат затворено

во зандана без ѕидови

без прозорци и решетки

само една врата, која стои потпрена

на старата исушена вишна

одлучив тоа да го направам не поради тебе

ниту себе, а уште помалку подари другите.

Да, ќе го направам поради никој.

SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.

Кон врв
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Јануари.2011 во 13:47

Related image

Вероника сестро моја 


Денешен ден , прекрасен сончев

а сепак проклет,

денешен ден ти чукав  на врата

а сепак глува,

денешен ден те видов од прозор

а сепак  далеку,

денешен ден…


Те молам сврти се , невреме се спрема

а сепак зракот  гали,

те молам слушни ме , гром ќе сева

а сепак виножито гледаш,

те молам не си оди, душа боли

а сепак чекори бројам,

те молам…


Не гледам, не слушам ,не зборувам

ми велиш , безброј денови   бројам

ми велиш , не  расипувај сончев ден

ми велиш , не сум ти душа твоја
ми велиш , лоша страна моја

а кај мене , врне ли врне ,

не гледам не слушам не зборувам…</span>


Тишина , ух колку ја мразам

дали таа е моја гостинка  пред бура

или е само празнина во мене штура,

земи расцепи  гради земи душа

тишина , ух колку ја мразам

а тебе те нема точка стави

Веронико сестро  моја…


Чекај не си оди бесконечно те сакам

ти си само една луда мала

одамно напишана  невина балада,

погледниме и искрено признај

зарем  си само негова улична парада ,

Вероника близначка  моја,

чекај не си оди бесконечно те сакам…


Каде си ?… Точка ли стави?

Related image




Изменето од bijonse1 - 03.Март.2018 во 22:50
Кон врв
N.Nikolina Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 14.Февруари.2011
Статус: Офлајн
Поени: 118
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај N.Nikolina Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Февруари.2011 во 04:16
Гласот на љубовта

Јас не знам каков е
твојот глас во ноќта.
Ѕвонлив ли,
како удирањето на брановите
во карпите,
тивок ли
како спокојот на белата птица,
нежен ли,
како шумолењето на лисјата...
Јас не знам каков е
твојот бакнеж во ноќта.
Сонлив ли,
како чекор низ златен песок,
треперлив ли,
како моево срце.
Јас не знам каква е
Твојата прегратка во ноќта.
Не знам,а толку би сакала да знам.
Ти...
Ти ме оставаш да пишувам,
сонејќи те,
ме оставаш да горам,
чекајки те,
ме оставаш да плачам,
љубејки те.
Кон врв
N.Nikolina Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 14.Февруари.2011
Статус: Офлајн
Поени: 118
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај N.Nikolina Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Февруари.2011 во 00:55
АКО СИ - ОСТАНИ
 
Ако си грев?
натерај ме
да му подлегнам
на искушението
и замини,
јас ќе се искупам
некако.
 
Ако си среќа,
направи да сум и јас тоа
и замини!
Научив да живеам
и без твојата наклонетост.
 
Ако си болка
заболи силно,
распарај ме
натерај ме
да молам
и...замини,
некои рани
никогаш не зараснуваат!
 
Ако не се пронаоќаш
во ниедно својство на победник,
ако дозволам
да треперам од секој
твој поглед,
ако ми се кине утробата
секогаш кога ќе те видам
и ако сакаш да те допрам,
а немам храброст
за тоа...
 
Тогаш,остани!
Случајно дознав
дека се викаш
ЉУБОВ!
Лудилото може да се нарече сон на оној што е буден.
Кон врв
anakin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unidentified Flying Object

Регистриран: 08.Август.2005
Локација: Machku Pichku
Статус: Офлајн
Поени: 18535
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај anakin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Февруари.2011 во 01:43

seedno e

0204-nektar

.

сеедно е

Земјата ќе врти цел круг, повторно и повторно

ветровите дуваат и кога е сеедно

комшијата ќе ја пушти Цеца пред полноќ

и јас ќе се обидувам да заспијам завртен на десната страна

.

сеедно е

ако некоја девојка гласно ќе се насмее, повторно нема да се завртам

ќе свирам на гитара и кога е сеедно

додуше песните нема да бидат тие од порано

и повторно на ТВ ќе има реклама, која ќе ми ја заебе песната

кога србинот се дере  NIJE SVEJEDNООООООО



Изменето од anakin - 26.Февруари.2011 во 01:44
SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.

Кон врв
anakin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unidentified Flying Object

Регистриран: 08.Август.2005
Локација: Machku Pichku
Статус: Офлајн
Поени: 18535
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај anakin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Февруари.2011 во 14:51
килмисофтли

убиј ме нежно

заслужив

убиј ме со бакнеж

земи ми го здивот

и така животот е збир на моменти кои ми го земаа здивот ( тоа ми е од Will Smith)

убиј ме сега

заслужи и ти

да ме убиеш со насмевка

замени ја идеалната во вистинската

и така безконечноста се наоѓа зад хоризнонтот,

каде правите линии ги сечат човековите идеали ( тоа не ми е од никого)

биј ме нежно

нешто како Kiss Kiss Bang Bang

.


SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.

Кон врв
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Февруари.2011 во 18:04
Related image

                      ЗАПАЛКА

Сакам да сум малечок , но не како зрно песок

сакам да сум разголен , но не да ме видиш ти?

сакам да лежам опуштено , но не како пират на лежалка

сакам да  држам цигарата , но  да ја пушам ли?

сакам… да многу сакам…


Сакам да мижам , а пред мене да си цела ти

сакам да осетам, а под моето стапало твое меше  би?

сакам да заспијам , а под моја рака цице како перница сви

сакам да сонувам , а под мене топла постела да ми си ти?

сакам … да многу сакам…


Сакам лето и сино небо , а сонце  да ми бидеш ти

сакам море и школка , а ти бисер неоткриен би?

сакам ден да е ноќ , а  еден минут да е час

сакам иднина во сегашност, а ти вечност сакаш ли?

сакам … да многу сакам…


Сакам  … кај  ли само ја оставив запалката !




Изменето од bijonse1 - 03.Јуни.2018 во 18:45
Кон врв
anakin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unidentified Flying Object

Регистриран: 08.Август.2005
Локација: Machku Pichku
Статус: Офлајн
Поени: 18535
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај anakin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Март.2011 во 14:26

bigstockphoto_Open_Blank_And_Empty_Book_2220035

.

во старата тетратка на незапишаните мисли

сега барам што помислив кога првпат ја видов

тешко се наоѓа во празнилото на пожолтените страници

но сепак се сеќавам на која страна не го запишав тоа

ене, тука е тоа незапишаното, на оваа страна

а таа страна е само за неа

од каде знам дека е за неа?

па целата тетратка е за неа

а не ги запишувам оти така би ја испишал тетратката до крај

а не сакам

.

(паметен запишува, будала памти)

SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.

Кон врв
Quentin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 763
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Quentin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Март.2011 во 23:25

С а м


Твојот врат е моја лична метонимија за болката,

небодер што ми ги засенува сите обиди да пораснам.


Балкон без глетка вгнездува мртви птици со весел пој.

Пиеме кафе и пак…Rien à dire. Rien à faire.


За миг, господарам со несолени океани и благи голтки спокој,

а потоа…цела ера несоница и бес.


Сите книги имаат ист вкус.

Сите прошетки – ист број жртвени мравки.


Ја бакнува и сонува сам.

Зарем може поинаку?





Изменето од Quentin - 18.Март.2011 во 23:25
Кон врв
Joshua_Tree Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Јуни.2007
Статус: Офлајн
Поени: 6477
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Joshua_Tree Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Март.2011 во 00:59
Originally posted by Quentin Quentin напиша:

С а м


Твојот врат е моја лична метонимија за болката,

небодер што ми ги засенува сите обиди да пораснам.


Балкон без глетка вгнездува мртви птици со весел пој.

Пиеме кафе и пак…Rien à dire. Rien à faire.


За миг, господарам со несолени океани и благи голтки спокој,

а потоа…цела ера несоница и бес.


Сите книги имаат ист вкус.

Сите прошетки – ист број жртвени мравки.


Ја бакнува и сонува сам.

Зарем може поинаку?






kolku ubava
“Talk, talk, talk: the utter and heartbreaking stupidity of words.”
― William Faulkner, Mosquitoes
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Март.2011 во 03:40
Originally posted by Quentin Quentin напиша:

С а м

Твојот врат е моја лична метонимија за болката,

небодер што ми ги засенува сите обиди да пораснам.


Балкон без глетка вгнездува мртви птици со весел пој.

Пиеме кафе и пак…Rien à dire. Rien à faire.


За миг, господарам со несолени океани и благи голтки спокој,

а потоа…цела ера несоница и бес.


Сите книги имаат ист вкус.

Сите прошетки – ист број жртвени мравки.


Ја бакнува и сонува сам.

Зарем може поинаку?


Niente da dire, niente da fare

solo

bravissimo...ѕвезда



Кон врв
edgaralanpo Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 16.Март.2011
Статус: Офлајн
Поени: 28
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај edgaralanpo Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Март.2011 во 15:06
ne zaboraviv da te sakam
i sega ti podavam raka
zasto srcevo e slepo, ne gleda, no go boli
koga za malku isprosena ljubov moli
se nadevam ke naucis sto e sreka, vo zivotot tvoj
ne bi sakal da ti e poln so greski bez broj
a sto vsusnost jas tropam, vadam zborovi od bolka
koga tebe zverko ne ti e ramna ni bogomolka
ona e milosrdna, go ubiva plenot na krajot
a ti me ostavas da stradam, da go izgubam vo ocite sjajot
da mi se prevrtuvaat crevata koga te gledam
i pred tvoite gnasotii zamrznat da sedam
prikaznava e dolga, so vekovi i vekovi
razlikata e sto togas nemalo karticki i cekovi
no moite bolki se bezvremenski, ni dolgi ne se
srcevo ke si boli, a dusava ke se trese
a i telovo na krajot ke go snema
nema po kraj tebe veke nikogas da dremam
ke te sakaat i mrazat site sto ke gi dopres
a jas samo ke te sakam, ne mozes da me sopresh
i koga ke ti bide najtesko, samo seti se na mene
covekot koj te sakase, na cij grob tvoeto cveke vene
dodeka ja pisuvam pesnava, places na grobot moj,
i nikogas ne zaboravaj, sekogas bev samo tvoj!
Кон врв
Quentin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 763
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Quentin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Март.2011 во 17:19

Пустина-Вселена

Вдишуваме голи во пролетни мугри

врз недогледна ледина со мокра трева.

Врз папокот ти се слева капка април,

совршено создадена за врвот на мојот јазик,

на кој одамна дремат

заборавени заменки за љубов.

Креваат ѕидови, за нив видливи.

Лепиме тапети со цветни дезени.

Боја – луда.

Со блага нијанса на трепет.

Те запросувам во афект,

со прстен од сафирен акварел.

Кажи дека ме земаш

со сите тикови на лицето

и моите 222 говорни маани!

Кажи оти ме сакаш со

моите неразумни стравови

од гнезда, агли и ластовици!

Кажи дека ќе ме излееш

во своите песни,

да сјаам до најубавите три точки

што полетуваат кон бескрај…

Знаеш,

твоите песни се вселена,

а моите пустина.

Секој би забележал ако

во пустината се всели ѕвезда.

Но, никој не би видел кога

во вселената ќе изникне пустош.

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 131132133134135 146>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,281 секунди.