IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - За спасението
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

За спасението

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123>
Автор
Порака
AlDra Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 823
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај AlDra Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: За спасението
    Испратена: 11.Декември.2010 во 22:13
Здраво!

Еве ме мене пак назад... по којзнае кој пат :)

Сакам да започнам една тема, на која и порано сме дискутирале. Сакам овде да бидат изнесени концепциите за спасението на сите верски заедници. Би сакал да прочитам како другите религии гледаат на спасението. Па еве неколку прашања, до кои нормално не мора да се држите.

Прво, дали е воопшто возможно човек да биде спасен?

Второ, како се случува тој процес?

Трето, дали човекот се спасува самиот или Бог го спасува?

Четврто, кои се критериумите за спасение? Дела? Вера? Дела плус вера? Вера плус дела?

Поздрав, со надеж за добра дискусија :)
Вера, надеж, љубов
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Декември.2010 во 22:33
Prvin objasni shto podrazbirash ti pod "spasenie" ?

Od shto treba lugjeto da se "spasuvaat" ? Shto kje bide so niv ako ne se "spasat" ? Dali mozhat da opstanat vo zhivot bez "spasuvanje" ? Stho kje se smeni praktichno vo nivniot zhivot ako se "spasat" ili ako ne se "spasat" ?




Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
AlDra Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 823
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај AlDra Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Декември.2010 во 22:47
Здраво Меси!

И мене ми е мило што те гледам хаха

Нема да одговарам на сиве овие прашања кои ми ги постави. Но ете на неколку ќе дадам одговор.

Од што треба луѓето да се спасуваат? Од гревот и од неговите консеквенции.

Што ќе биде со нив ако не се спасат? Нивната судбина нема да биде сјајна.

Дали можат да опстанат без спасување? Во овој живот- дефинитивно да!

Што ќе се смени? Буквално се.

Ете одговорив на сите прашања :)
Вера, надеж, љубов
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Декември.2010 во 23:03
AlDra... sega go dobime i "grevot" kako neshto shto treba da se objasni i da se diskutira, a ne pomaga toa shto si otvoril druga tema za nego bidejki so toa komentarite kje bidat rascherecheni megju dve temi. Prvava ja implicira vtorata.

Bidejki nema "spasienie" bez postoenje na "grev" (neshto od shto treba da se spasuva), kako shto gi objasnuvash rabotive, vtorata ja brisham (ne go zemaj toa lichno ) za da se dade pokompletna i posepfatna osnova na ovaa prvava, bez da se sozdava vkrsteno i duplirano kometiranje megju dvete niv.
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
AlDra Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 823
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај AlDra Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Декември.2010 во 23:08
Мислам дека темата за потеклото на гревот заслужува да биде дискутирана и подлабоко елаборирана како посебна тема. Сфаќам зошто си ја избришал но сепак инсистирам да биде вратена.
Вера, надеж, љубов
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Декември.2010 во 23:10
OK, od tvoja tastatura vo moderatoski prsti...
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
AlDra Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 823
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај AlDra Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Декември.2010 во 23:13
Е сполај ти! А сега, очекувам твој коментар по темиве.
Вера, надеж, љубов
Кон врв
vlako088 Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Ноември.2010
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 12
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај vlako088 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јануари.2011 во 09:39
Originally posted by AlDra AlDra напиша:

Здраво!

Еве ме мене пак назад... по којзнае кој пат :)

Сакам да започнам една тема, на која и порано сме дискутирале. Сакам овде да бидат изнесени концепциите за спасението на сите верски заедници. Би сакал да прочитам како другите религии гледаат на спасението. Па еве неколку прашања, до кои нормално не мора да се држите.

Прво, дали е воопшто возможно човек да биде спасен?

Второ, како се случува тој процес?

Трето, дали човекот се спасува самиот или Бог го спасува?

Четврто, кои се критериумите за спасение? Дела? Вера? Дела плус вера? Вера плус дела?

Поздрав, со надеж за добра дискусија :)



Сметам дека прашањево или темава Ви е повеќе за провокација одколку што навистина сакаш да бидеш спасен.
Но сепак кога веќе прашувате да Ви одговорам.
Да постои спасение за секој човек, владеј се по светото евангелие живеј според него, според 10-ете Божји заповеди и ќе бидеш спасен.
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јануари.2011 во 12:53





“Zasto po blagodat ste spaseni, preku vera, i toa ne e od vas samite - toa e Bozji dar!
Ne od delata, za da ne se fali nekoj” (Efescite 2,8.9). - “Sola Gracija” - Spasenie samo i edinstveno so Bozjata blagodat.
Ako naseto spasenie e apsolutno produkt na Bozjata blagodat, togas kakva e ulogata na nasata vera vo naseto spasenie?

Ste padnale vo ambis! Naiduva nekoj koj vi podava jaze za da ve izvadi od nego. Onoj gore, sto vi go podava jazeto, vi veli: “Fatete se za jazeto i cvrsto drzete se za nego i jas ke ve izvlecam od ambisot!”
Vie ste poslusale, i spaseni ste od sigurna smrt. Jazeto ne e vas spasitel.
Vas spasitel e onoj sto vi go podal jazeto i koj ve izvlekol od ambisot vo koj ste padnale. Edinstvena vasa uloga bila taa sto vie ste go poslusale negoviot povik i sto ste se fatile i cvrsto ste se drzele za jazeto dodeka toj ne ve izvlekol nadvor. Jazeto bilo samo pomosno sredstvo i vo vasite race i vo racete na vasiot spasitel so cijasto pomos toj ve spasil.

Ili, ste padnale vo reka vo koja ste se davele. Nekoj od bregot vi podal stap i ve izvlekol na suvo. Vas spasitel ne e stapot, tuku onoj koj vi go podal i koj ve izvlekol na bregot.
Edinstvena vasa uloga vo seto toa bila taa sto vie ste se fatile za stapot i sto cvrsto ste se drzele za nego dodeka vasiot spasitel ne ve izvlekol od vodata vo koja sigurno bi se udavile. Dodeka ste dlaboko vo ambisot i dodeka se davite vo matnite vodi na rekata, vam ne mozat da vi pomognat nikakvi vasi zaslugi nitu kakvi bilo vasi dobri dela da se izbavite od smrtta koja vi bila poveke od sigurna.
Jazeto i stapot se onaa spasitelna vera so kojasto nasiot Spasitel, Isus Hristos, gi izvlekuva gresnicite potonati vo ambisot na grevot, koi se davat vo matnite vodi na bezzakonieto!
Izvor na spasenieto i spasitel ne e verata, tuku Hristos. Verata e edinstveno sredstvo so cijasto pomos Toj gi spasuva gresnicite od grevot.

Da zaklucime! Spasenie ne so nasi zaslugi i ne so nasi dela! Spasenie ne so vera i dela - odnosno so vera plus dela! Spasenie samo i edinstveno “preku vera vo Isusa Hrista” (Galatite 2,16).
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
AlDra Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 823
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај AlDra Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Март.2011 во 03:37
Сеуште поголемиот дел од верниците на форумов не нашле време да го презентираат ставот на својата вера по ова прашање?
Вера, надеж, љубов
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Март.2011 во 05:12
Еве како поранешен протестантски пастор го објаснува спасението од неколку различни погледи.

Дали смртта е од Бога – Отец Џејмс Бернштајн



Двајцата мои родители веќе беа упокоени во тоа време, тато во февруари 1978 година, а мама истиот месец во 1983 година. Враќањето назад на Источниот Брег значеше дека се вратив во мојот дом минус моите родители, чии гробови ги посетив во Седар Парк Еврејските гробишта во Вествуд, Њу Џерси. Нивното отсуство, како и фактот дека нашите деца никогаш нема да ги запознаат во овој живот, ме предизвика да размислувам за реалноста на смртта и нејзиното потекло. Соодветно беше посериозно да ја испитам оваа тема, бидејќи веќе бев семинарец.

Отсекогаш имав посебна почит за првата книга од Библијата – Битие. Ова делумно се должеше на фактот што кај некои Евреи, еден начин на учење на децата како да читаат хебрејски јазик, е да се почне од почетокот, односно со првите стихови на Битие. Битие се однесува на тоа како човечкиот грев и смрт се појавиле кога Адам и Ева не Го послушале Бог и јаделе од забранетото овошје во Едемската градина.


Писмото вели: “И му заповеда Господ Бог на човекот и рече: «Од секое дрво во градината можеш да јадеш, освен од дрвото за познавење на доброто и на злото; од него не јади; зашто во оној ден кога ќе вкусиш од него, ќе умреш» (Битие 2:16,17). Без оглед на тоа како извадокот се толкува – дали буквално или фигуративно -сите толкувања претпоставуваат дека човекот се одвратил од Бога, а како резултат, отпаднал од состојбата на блискост со Бога до состојба на конфузија и смрт. Гревот, смртноста и смртта, и духовно и физички, беа директна последица на непослушноста на човекот.

Во овој случај кој се нарекува “Падот”, следните позначајни мислења, кои често се прават од страна на неправославните цркви, е дека смртта е директен резултат на казнената пресуда изречена од страна на Бог. Тоа е, Бог постави закон – “да не јадете од плодот, бидејќи ако јадете, сигурно ќе умрете” – и кога Адам и Ева го прекршија тој закон, смртта резултира од изјавата за казна од страна на Бог. Акцијата и резултантната казна се сфаќаат како правна природа. Во ова неправославно разбирање на Падот, Бог немал избор, освен да изјави дека Адам и Ева ќе умрат. Казнената постапка беше изискувана од страна на потребата за која Самиот Бог бил врзан. Што беше таа неопходност? Потребата да се биде праведен.

Искрено речено, јас никогаш не размислував за ова подлабоко. Сега разбирам дека верував во тоа дека бидејќи Бог е праведен, Тој едноставно не можел да им ги прости гревовите на Адам и Ева. Затоа, нивната духовна и физичка смрт била директно поврзана со Божјата праведност. Беше навистина шок да откријам дека она што јас отсекогаш го сметав за точно и очигледно во врска со оваа најосновна доктрина на Христијанството, всушност беше лажно и неправославно.

Наспроти овој правен (јуристички) поглед на Падот, Православните тврдат дека кога Бог му рекол на Адам дека ќе умре ако јаде од забранетото овошје, тоа било едноставна констатација на факт. Господ во суштина рекол: “Ако вие се одвратите од Мене – единствениот Извор на животот, тогаш смртта ќе биде исходот”. Православните ја сфаќаат таа изјава како предупредување, а не закана или одмаздничка правда. Свети Григориј Палама (XIV век) го опишува овој случај на следниов начин:

Оние кои слушаат такви изреки со мудрост, веројатно знаат дека Бог не ја создал ниту смртта на душата, ниту смртта на телото. Бидејќи на почетокот, Тој ниту наредил, велејќи: “Умри во денот кога ќе јадеш”, туку „Во денот кога ќе јадеш, ќе умреш’. И ниту рече: “Врати се во земјата”, туку “…ќе се вратиш”, објавувајќи го тоа претходно и дозволувајќи ја слободата, та дури и оправдано не го исклучил исходот.

Писмото вели: Бог им рекол на Адам и Ева дека ако јадат од плодот на дрвото на познанието на доброто и злото, тие ќе умрат. За првпат сфатив дека Бог не вели: “Ќе ве убијам“, туку “ќе умрете”. Бидејќи само Бог има живот во Себе и е Извор на сиот живот, тогаш само живот може да произлезе од Него. Одвраќајќи се од Бог, Изворот на животот, човекот се свртел кон смртта.

Јадејќи од овошјето, Адам и Ева престанаа да Го сакаат Бога. Тие престанаа да бараат од Него издршка за себе, храна за себе, и наместо тоа, го јадеа овошјето што го претставува светот. Јадејќи го светот, тие бараа прехрана за себе од самото создание, наместо од Бога. Значи, со ова дело, првите родители бараа да Го исклучат Бог од својот живот и да живеат самостојно.

Во Православната мисла, големиот грев не е во тоа што тие не го послушале законот, туку во тоа што тие барале да откријат знаење и храна, одвоено од Бог. Свети Василиј Велики пишува:

Бог е живот, и лишувањето од животот е смрт. Така, Адам си подготвил смрт за себе преку неговото одвраќање од Бога … Затоа, Бог не ја создал смртта, туку ние ја навлековме врз себе преку нашата зла цел. Ниту пак Тој го спречил распаѓањето… така што болеста да не биде зачувана бесмртна во нас.

Спротивно на тоа, Римо-католичкиот Собор во Трент (1546 год) наведува:

Ако некој не исповеда дека првиот човек, Адам, кога ја прекрши Божјата заповед во Рајот, веднаш ја загуби светоста и праведноста за која тој бил одреден и дека го навлекол, преку престапувањето со тоа искривување, гневот и лутината на Бога, а со тоа и смртта, со која што Бог претходно му се закани, и заедно со смртта, ропството под моќта на оној, кој оттогаш ја има власта над смртта, така да се каже, ѓаволот, и дека целиот Адам, преку тој прекршок со искривувањето, беше изменет, во телото и душата, на полошо, нека биде анатема (акцентирањето е мое).

Колку повеќе размислував, толку повеќе разбрав дека разликата помеѓу двете гледишта не може да се преувеличи: неправославнот поглед истакнува дека смртта е директна Божја одмаздувачка пресуда за човекот заради прекршување на Неговиот закон, додека Православното гледиште истакнува дека смртта е самонаметната состојба која резултирала од тоа што човекот се оттргнал од Бог, Кој е единствен Извор на живот.

Разликите се од клучно значење, бидејќи ако верувам дека смртта е некако од Бога, јас ќе бидам во искушение да Му пријдам на Самиот Бог како на пречка којашто мора да се надмине, ако сакам да стекнам спасение. Јасно, целта тогаш е смилостување на Бога. За жал, некои христијани Тројството го гледаат на овој начин: на Бог Отецот се гледа како на сосема недостижна Старозаветна прадревна фигура со долга, распуштена бела брада – жесток, груб, одмаздољубив и без жалост. Тој е Бог на правдата и судот, како викиншкиот бог Один, кој испратил светлосни громови врз слабиот, изнемоштен и смртен човек. Спротивно на тоа, на Исус Христос се гледа како на љубовно, внимателно, нежно Јагне Божјо, Кој како Син се обидува да Го смири Неговиот лут Татко. Светиот Дух е чудна Личност, па Тој обично се игнорира.

Дева Марија е блага, чувствителна, добра женска фигура која е лесно пристаплива, многу хумана. Така, меѓу оние кои имаат вечен страв од Отецот, постои тенденција да има пропорционално повеќе молитви упатени кон Блажената Мајка за застапување. Таа Му се обраќа на нејзиниот Син во нивно име, само како што мајката може тоа да го направи, поттикнувајќи Го да му пријде на непристапниот Отец. Во оваа шема на нештата, Отецот е Оној Кој луѓето сакаат да Го избегнат по секоја цена. Всушност, Тој станува фигура околу која треба да се истрча последен круг, со цел да се влезе во рајот. Ова можеби звучи како претерување, но познавам благочестиви и побожни христијани, кои Го гледаат Тројството и Дева Марија многу како што опишав.

Спротивно на тоа, Православното разбирање на Падот се фокусира на нашата положба или состојба, а не на прекршениот законот на Божјиот осудувачки гнев. Се центрира на состојбата на Адам и Ева како суштина за тоа кои биле тие и како тоа беше сменето поради нивното непослушание. Со одвратувањето далеку од Бога, Изворот на животот, тие почнаа да умираат. Прашањето не е правно или јуридичко, туку онтолошко. Во извесна смисла, тоа нема никаква врска со Бога, туку сè со човекот. Тоа е помалку релационо прашање, а многу повеќе прашање на внатрешната промена на срцето во најдлабоко ниво.

Бидејќи смртта не се гледа како правно прашање, ниту пак и нејзиниот лек. Отец Јован Романидес напиша книга со добри истражувања на оваа тема, наречена Наследниот грев, во која пишува:

Како што ќе видиме, правно урамениот проблем за вината наследена од Адам и, како последица на тоа, казнување на човештвото поради престап против Божјата правда, дури и не постојат за грчките отци, едноставно затоа што тие го доловуваат тоа дека Бог не е причина за смртта. Повлекување на човекот од Бога во својата смрт, како слобода на човековата волја, е надвор од јурисдикцијата на Бога. И тоа е надвор од Негова надлежност по Негова волја. Фактот дека Бог го посакува спасението на сите, не значи дека сите се спасени. Бог спасува само преку љубовта и слободата. Поентата е токму она што теолозите под влијанието на Августин никогаш не го разбраа.

Моето младешко искуство во јудаизмот ме научи дека Бог љуби. Иако имавме многу закони за да ги исполниме, Бог секогаш беше претставен како милостив и како Оној што простува. Спасението никогаш не беше учено како наше избавување од Божјиот гнев. Во моите осумнаесет години како протестант, почнав да го гледам спасението како наше спасение од гневот на Бога и од пеколот што Тој го создал за изгубените. Спасението во суштина значеше да се избегне пеколот и да се оди на небото. Сега, како Православен, научив дека спасението значи да се биде спасен не од Божјиот гнев, туку од силата на трите големи непријатели: гревот, смртта и ѓаволот.

Извор: Маран Ата

Изменето од Maran Ata - 20.Март.2011 во 05:14
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
vanesa Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 19.Јуни.2007
Статус: Офлајн
Поени: 1588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај vanesa Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Мај.2011 во 15:24
So ogled deka zhenite ne se "prvata intencija na prirodata" koja se stremi kon sovrshenstvo, pomalku se inteligentni od mazhite; inaku mazhite poseduvaat"posovrshen razum" збунетост
Intelektualniot  defekt na zhenite e  slichen na  onie"kaj decata голема%20насмевка i mentalno bolnite .Zhenite se poslabo otporni  na seksualnata napast od mazhite  zashto vo zhenite  ima povekje  vodaнамигнување,  pa  polesno podlegnuvaat na  seksualnite zadovolstva." Sv.Toma Akvinski

ima li shansa nekoja zhena da se spasiтага

Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Мај.2011 во 20:52
Posle vakvi biseri nanizhani kako gerdan... izgleda nema spas za zhenata.
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
vanesa Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 19.Јуни.2007
Статус: Офлајн
Поени: 1588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај vanesa Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Мај.2011 во 21:49
A mozhe vekje se spaseni, samo mazhite toa ne go znaatголема%20насмевка
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,422 секунди.