За спасението
Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Стил на живот
Име на форумот: Вероисповед
Опис на форумот: Право на личен избор
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=23709
Датум на принтање: 02.Декември.2024 во 01:50 Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com
Тема: За спасението
Постирано од: AlDra
Наслов: За спасението
Датум на внесување: 11.Декември.2010 во 22:13
Здраво!
Еве ме мене пак назад... по којзнае кој пат :)
Сакам да започнам една тема, на која и порано сме дискутирале. Сакам овде да бидат изнесени концепциите за спасението на сите верски заедници. Би сакал да прочитам како другите религии гледаат на спасението. Па еве неколку прашања, до кои нормално не мора да се држите.
Прво, дали е воопшто возможно човек да биде спасен?
Второ, како се случува тој процес?
Трето, дали човекот се спасува самиот или Бог го спасува?
Четврто, кои се критериумите за спасение? Дела? Вера? Дела плус вера? Вера плус дела?
Поздрав, со надеж за добра дискусија :)
------------- Вера, надеж, љубов
|
Коментари:
Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 11.Декември.2010 во 22:33
Prvin objasni shto podrazbirash ti pod "spasenie" ?
Od shto treba lugjeto da se "spasuvaat" ? Shto kje bide so niv ako ne se "spasat" ? Dali mozhat da opstanat vo zhivot bez "spasuvanje" ? Stho kje se smeni praktichno vo nivniot zhivot ako se "spasat" ili ako ne se "spasat" ?
------------- Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
Постирано од: AlDra
Датум на внесување: 11.Декември.2010 во 22:47
Здраво Меси!
И мене ми е мило што те гледам хаха
Нема да одговарам на сиве овие прашања кои ми ги постави. Но ете на неколку ќе дадам одговор.
Од што треба луѓето да се спасуваат? Од гревот и од неговите консеквенции.
Што ќе биде со нив ако не се спасат? Нивната судбина нема да биде сјајна.
Дали можат да опстанат без спасување? Во овој живот- дефинитивно да!
Што ќе се смени? Буквално се.
Ете одговорив на сите прашања :)
------------- Вера, надеж, љубов
|
Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 11.Декември.2010 во 23:03
AlDra... sega go dobime i "grevot" kako neshto shto treba da se objasni i da se diskutira, a ne pomaga toa shto si otvoril druga tema za nego bidejki so toa komentarite kje bidat rascherecheni megju dve temi. Prvava ja implicira vtorata.
Bidejki nema "spasienie" bez postoenje na "grev" (neshto od shto treba da se spasuva), kako shto gi objasnuvash rabotive, vtorata ja brisham (ne go zemaj toa lichno ) za da se dade pokompletna i posepfatna osnova na ovaa prvava, bez da se sozdava vkrsteno i duplirano kometiranje megju dvete niv.
------------- Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
Постирано од: AlDra
Датум на внесување: 11.Декември.2010 во 23:08
Мислам дека темата за потеклото на гревот заслужува да биде дискутирана и подлабоко елаборирана како посебна тема. Сфаќам зошто си ја избришал но сепак инсистирам да биде вратена.
------------- Вера, надеж, љубов
|
Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 11.Декември.2010 во 23:10
OK, od tvoja tastatura vo moderatoski prsti...
------------- Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
Постирано од: AlDra
Датум на внесување: 11.Декември.2010 во 23:13
Е сполај ти! А сега, очекувам твој коментар по темиве.
------------- Вера, надеж, љубов
|
Постирано од: vlako088
Датум на внесување: 08.Јануари.2011 во 09:39
AlDra напиша:
Здраво!
Еве ме мене пак назад... по којзнае кој пат :)
Сакам да започнам една тема, на која и порано сме дискутирале. Сакам овде да бидат изнесени концепциите за спасението на сите верски заедници. Би сакал да прочитам како другите религии гледаат на спасението. Па еве неколку прашања, до кои нормално не мора да се држите.
Прво, дали е воопшто возможно човек да биде спасен?
Второ, како се случува тој процес?
Трето, дали човекот се спасува самиот или Бог го спасува?
Четврто, кои се критериумите за спасение? Дела? Вера? Дела плус вера? Вера плус дела?
Поздрав, со надеж за добра дискусија :) |
Сметам дека прашањево или темава Ви е повеќе за провокација одколку што навистина сакаш да бидеш спасен.
Но сепак кога веќе прашувате да Ви одговорам.
Да постои спасение за секој човек, владеј се по светото евангелие живеј според него, според 10-ете Божји заповеди и ќе бидеш спасен.
|
Постирано од: Blagoj_s
Датум на внесување: 08.Јануари.2011 во 12:53
“Zasto po blagodat ste spaseni, preku vera, i toa ne e od vas samite - toa e Bozji dar!
Ne od delata, za da ne se fali nekoj” (Efescite 2,8.9). - “Sola Gracija” - Spasenie samo i edinstveno so Bozjata blagodat.
Ako naseto spasenie e apsolutno produkt na Bozjata blagodat, togas kakva e ulogata na nasata vera vo naseto spasenie?
Ste padnale vo ambis! Naiduva nekoj koj vi podava jaze za da ve izvadi od nego. Onoj gore, sto vi go podava jazeto, vi veli: “Fatete se za jazeto i cvrsto drzete se za nego i jas ke ve izvlecam od ambisot!”
Vie ste poslusale, i spaseni ste od sigurna smrt. Jazeto ne e vas spasitel.
Vas spasitel e onoj sto vi go podal jazeto i koj ve izvlekol od ambisot vo koj ste padnale. Edinstvena vasa uloga bila taa sto vie ste go poslusale negoviot povik i sto ste se fatile i cvrsto ste se drzele za jazeto dodeka toj ne ve izvlekol nadvor. Jazeto bilo samo pomosno sredstvo i vo vasite race i vo racete na vasiot spasitel so cijasto pomos toj ve spasil.
Ili, ste padnale vo reka vo koja ste se davele. Nekoj od bregot vi podal stap i ve izvlekol na suvo. Vas spasitel ne e stapot, tuku onoj koj vi go podal i koj ve izvlekol na bregot.
Edinstvena vasa uloga vo seto toa bila taa sto vie ste se fatile za stapot i sto cvrsto ste se drzele za nego dodeka vasiot spasitel ne ve izvlekol od vodata vo koja sigurno bi se udavile. Dodeka ste dlaboko vo ambisot i dodeka se davite vo matnite vodi na rekata, vam ne mozat da vi pomognat nikakvi vasi zaslugi nitu kakvi bilo vasi dobri dela da se izbavite od smrtta koja vi bila poveke od sigurna.
Jazeto i stapot se onaa spasitelna vera so kojasto nasiot Spasitel, Isus Hristos, gi izvlekuva gresnicite potonati vo ambisot na grevot, koi se davat vo matnite vodi na bezzakonieto!
Izvor na spasenieto i spasitel ne e verata, tuku Hristos. Verata e edinstveno sredstvo so cijasto pomos Toj gi spasuva gresnicite od grevot.
Da zaklucime! Spasenie ne so nasi zaslugi i ne so nasi dela! Spasenie ne so vera i dela - odnosno so vera plus dela! Spasenie samo i edinstveno “preku vera vo Isusa Hrista” (Galatite 2,16).
------------- www.myspace.com/sblagoj
|
Постирано од: AlDra
Датум на внесување: 20.Март.2011 во 03:37
Сеуште поголемиот дел од верниците на форумов не нашле време да го презентираат ставот на својата вера по ова прашање?
------------- Вера, надеж, љубов
|
Постирано од: Maran Ata
Датум на внесување: 20.Март.2011 во 05:12
Еве како поранешен протестантски пастор го објаснува спасението од неколку различни погледи.
Дали смртта е од Бога – Отец Џејмс Бернштајн
Двајцата мои родители веќе беа упокоени во тоа време, тато во февруари 1978 година, а мама истиот месец во 1983 година. Враќањето назад на Источниот Брег значеше дека се вратив во мојот дом минус моите родители, чии гробови ги посетив во Седар Парк Еврејските гробишта во Вествуд, Њу Џерси. Нивното отсуство, како и фактот дека нашите деца никогаш нема да ги запознаат во овој живот, ме предизвика да размислувам за реалноста на смртта и нејзиното потекло. Соодветно беше посериозно да ја испитам оваа тема, бидејќи веќе бев семинарец.
Отсекогаш имав посебна почит за првата книга од Библијата – Битие. Ова делумно се должеше на фактот што кај некои Евреи, еден начин на учење на децата како да читаат хебрејски јазик, е да се почне од почетокот, односно со првите стихови на Битие. Битие се однесува на тоа како човечкиот грев и смрт се појавиле кога Адам и Ева не Го послушале Бог и јаделе од забранетото овошје во Едемската градина.
Писмото вели: “И му заповеда Господ Бог на човекот и рече: «Од секое дрво во градината можеш да јадеш, освен од дрвото за познавење на доброто и на злото; од него не јади; зашто во оној ден кога ќе вкусиш од него, ќе умреш» (Битие 2:16,17). Без оглед на тоа како извадокот се толкува – дали буквално или фигуративно -сите толкувања претпоставуваат дека човекот се одвратил од Бога, а како резултат, отпаднал од состојбата на блискост со Бога до состојба на конфузија и смрт. Гревот, смртноста и смртта, и духовно и физички, беа директна последица на непослушноста на човекот.
Во овој случај кој се нарекува “Падот”, следните позначајни мислења, кои често се прават од страна на неправославните цркви, е дека смртта е директен резултат на казнената пресуда изречена од страна на Бог. Тоа е, Бог постави закон – “да не јадете од плодот, бидејќи ако јадете, сигурно ќе умрете” – и кога Адам и Ева го прекршија тој закон, смртта резултира од изјавата за казна од страна на Бог. Акцијата и резултантната казна се сфаќаат како правна природа. Во ова неправославно разбирање на Падот, Бог немал избор, освен да изјави дека Адам и Ева ќе умрат. Казнената постапка беше изискувана од страна на потребата за која Самиот Бог бил врзан. Што беше таа неопходност? Потребата да се биде праведен.
Искрено речено, јас никогаш не размислував за ова подлабоко. Сега разбирам дека верував во тоа дека бидејќи Бог е праведен, Тој едноставно не можел да им ги прости гревовите на Адам и Ева. Затоа, нивната духовна и физичка смрт била директно поврзана со Божјата праведност. Беше навистина шок да откријам дека она што јас отсекогаш го сметав за точно и очигледно во врска со оваа најосновна доктрина на Христијанството, всушност беше лажно и неправославно.
Наспроти овој правен (јуристички) поглед на Падот, Православните тврдат дека кога Бог му рекол на Адам дека ќе умре ако јаде од забранетото овошје, тоа било едноставна констатација на факт. Господ во суштина рекол: “Ако вие се одвратите од Мене – единствениот Извор на животот, тогаш смртта ќе биде исходот”. Православните ја сфаќаат таа изјава како предупредување, а не закана или одмаздничка правда. Свети Григориј Палама (XIV век) го опишува овој случај на следниов начин:
Оние кои слушаат такви изреки со мудрост, веројатно знаат дека Бог не ја создал ниту смртта на душата, ниту смртта на телото. Бидејќи на почетокот, Тој ниту наредил, велејќи: “Умри во денот кога ќе јадеш”, туку „Во денот кога ќе јадеш, ќе умреш’. И ниту рече: “Врати се во земјата”, туку “…ќе се вратиш”, објавувајќи го тоа претходно и дозволувајќи ја слободата, та дури и оправдано не го исклучил исходот.
Писмото вели: Бог им рекол на Адам и Ева дека ако јадат од плодот на дрвото на познанието на доброто и злото, тие ќе умрат. За првпат сфатив дека Бог не вели: “Ќе ве убијам“, туку “ќе умрете”. Бидејќи само Бог има живот во Себе и е Извор на сиот живот, тогаш само живот може да произлезе од Него. Одвраќајќи се од Бог, Изворот на животот, човекот се свртел кон смртта.
Јадејќи од овошјето, Адам и Ева престанаа да Го сакаат Бога. Тие престанаа да бараат од Него издршка за себе, храна за себе, и наместо тоа, го јадеа овошјето што го претставува светот. Јадејќи го светот, тие бараа прехрана за себе од самото создание, наместо од Бога. Значи, со ова дело, првите родители бараа да Го исклучат Бог од својот живот и да живеат самостојно.
Во Православната мисла, големиот грев не е во тоа што тие не го послушале законот, туку во тоа што тие барале да откријат знаење и храна, одвоено од Бог. Свети Василиј Велики пишува:
Бог е живот, и лишувањето од животот е смрт. Така, Адам си подготвил смрт за себе преку неговото одвраќање од Бога … Затоа, Бог не ја создал смртта, туку ние ја навлековме врз себе преку нашата зла цел. Ниту пак Тој го спречил распаѓањето… така што болеста да не биде зачувана бесмртна во нас.
Спротивно на тоа, Римо-католичкиот Собор во Трент (1546 год) наведува:
Ако некој не исповеда дека првиот човек, Адам, кога ја прекрши Божјата заповед во Рајот, веднаш ја загуби светоста и праведноста за која тој бил одреден и дека го навлекол, преку престапувањето со тоа искривување, гневот и лутината на Бога, а со тоа и смртта, со која што Бог претходно му се закани, и заедно со смртта, ропството под моќта на оној, кој оттогаш ја има власта над смртта, така да се каже, ѓаволот, и дека целиот Адам, преку тој прекршок со искривувањето, беше изменет, во телото и душата, на полошо, нека биде анатема (акцентирањето е мое).
Колку повеќе размислував, толку повеќе разбрав дека разликата помеѓу двете гледишта не може да се преувеличи: неправославнот поглед истакнува дека смртта е директна Божја одмаздувачка пресуда за човекот заради прекршување на Неговиот закон, додека Православното гледиште истакнува дека смртта е самонаметната состојба која резултирала од тоа што човекот се оттргнал од Бог, Кој е единствен Извор на живот.
Разликите се од клучно значење, бидејќи ако верувам дека смртта е некако од Бога, јас ќе бидам во искушение да Му пријдам на Самиот Бог како на пречка којашто мора да се надмине, ако сакам да стекнам спасение. Јасно, целта тогаш е смилостување на Бога. За жал, некои христијани Тројството го гледаат на овој начин: на Бог Отецот се гледа како на сосема недостижна Старозаветна прадревна фигура со долга, распуштена бела брада – жесток, груб, одмаздољубив и без жалост. Тој е Бог на правдата и судот, како викиншкиот бог Один, кој испратил светлосни громови врз слабиот, изнемоштен и смртен човек. Спротивно на тоа, на Исус Христос се гледа како на љубовно, внимателно, нежно Јагне Божјо, Кој како Син се обидува да Го смири Неговиот лут Татко. Светиот Дух е чудна Личност, па Тој обично се игнорира.
Дева Марија е блага, чувствителна, добра женска фигура која е лесно пристаплива, многу хумана. Така, меѓу оние кои имаат вечен страв од Отецот, постои тенденција да има пропорционално повеќе молитви упатени кон Блажената Мајка за застапување. Таа Му се обраќа на нејзиниот Син во нивно име, само како што мајката може тоа да го направи, поттикнувајќи Го да му пријде на непристапниот Отец. Во оваа шема на нештата, Отецот е Оној Кој луѓето сакаат да Го избегнат по секоја цена. Всушност, Тој станува фигура околу која треба да се истрча последен круг, со цел да се влезе во рајот. Ова можеби звучи како претерување, но познавам благочестиви и побожни христијани, кои Го гледаат Тројството и Дева Марија многу како што опишав.
Спротивно на тоа, Православното разбирање на Падот се фокусира на нашата положба или состојба, а не на прекршениот законот на Божјиот осудувачки гнев. Се центрира на состојбата на Адам и Ева како суштина за тоа кои биле тие и како тоа беше сменето поради нивното непослушание. Со одвратувањето далеку од Бога, Изворот на животот, тие почнаа да умираат. Прашањето не е правно или јуридичко, туку онтолошко. Во извесна смисла, тоа нема никаква врска со Бога, туку сè со човекот. Тоа е помалку релационо прашање, а многу повеќе прашање на внатрешната промена на срцето во најдлабоко ниво.
Бидејќи смртта не се гледа како правно прашање, ниту пак и нејзиниот лек. Отец Јован Романидес напиша книга со добри истражувања на оваа тема, наречена Наследниот грев, во која пишува:
Како што ќе видиме, правно урамениот проблем за вината наследена од Адам и, како последица на тоа, казнување на човештвото поради престап против Божјата правда, дури и не постојат за грчките отци, едноставно затоа што тие го доловуваат тоа дека Бог не е причина за смртта. Повлекување на човекот од Бога во својата смрт, како слобода на човековата волја, е надвор од јурисдикцијата на Бога. И тоа е надвор од Негова надлежност по Негова волја. Фактот дека Бог го посакува спасението на сите, не значи дека сите се спасени. Бог спасува само преку љубовта и слободата. Поентата е токму она што теолозите под влијанието на Августин никогаш не го разбраа.
Моето младешко искуство во јудаизмот ме научи дека Бог љуби. Иако имавме многу закони за да ги исполниме, Бог секогаш беше претставен како милостив и како Оној што простува. Спасението никогаш не беше учено како наше избавување од Божјиот гнев. Во моите осумнаесет години како протестант, почнав да го гледам спасението како наше спасение од гневот на Бога и од пеколот што Тој го создал за изгубените. Спасението во суштина значеше да се избегне пеколот и да се оди на небото. Сега, како Православен, научив дека спасението значи да се биде спасен не од Божјиот гнев, туку од силата на трите големи непријатели: гревот, смртта и ѓаволот.
Извор: http://maranata0.wordpress.com/2011/02/26/%D0%B4%D0%B0%D0%BB%D0%B8-%D1%81%D0%BC%D1%80%D1%82%D1%82%D0%B0-%D0%B5-%D0%BE%D0%B4-%D0%B1%D0%BE%D0%B3%D0%B0-%D0%BE%D1%82%D0%B5%D1%86-%D1%9F%D0%B5%D1%98%D0%BC%D1%81-%D0%B1%D0%B5%D1%80%D0%BD%D1%88/ - Маран Ата
------------- + Љубовта покрива многу гревови +
|
Постирано од: vanesa
Датум на внесување: 16.Мај.2011 во 15:24
So ogled deka zhenite ne se "prvata intencija na prirodata" koja se stremi kon sovrshenstvo, pomalku se inteligentni od mazhite; inaku mazhite poseduvaat"posovrshen razum" Intelektualniot defekt na zhenite e slichen na onie"kaj decata i mentalno bolnite .Zhenite
se poslabo otporni na seksualnata napast
od mazhite zashto vo zhenite ima povekje voda, pa polesno podlegnuvaat na seksualnite zadovolstva." Sv.Toma Akvinski
ima li shansa nekoja zhena da se spasi
-------------
|
Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 16.Мај.2011 во 20:52
Posle vakvi biseri nanizhani kako gerdan... izgleda nema spas za zhenata.
------------- Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
Постирано од: vanesa
Датум на внесување: 16.Мај.2011 во 21:49
A mozhe vekje se spaseni, samo mazhite toa ne go znaat
-------------
|
Постирано од: Blagoj_s
Датум на внесување: 17.Мај.2011 во 22:09
SPASENIETO E PLOD NA NASATA VERA, A NE NA NASITE DELA
Katolickata crkva tvrdi deka taa ima tolku golem duhoven “kapital” koj go “zarabotile” desetici iljadi svetci i macenici so svoite odvisni dobri dela, sto so nego bi mozele da se otkupat grevovite na cel svet napraveni vo site vreminja. No vecniot zivot e milosen dar od Boga sto sekomu mu stoi pri raka.
Od nas Bog ocekuva da go prifatime, i ne moli da go prifatime - so vera.
Spasenieto ne mozeme da go zasluzime i da go zarabotime so nikakvi nasi napori, so nikakov nas trud, so nitu edno nase delo, golemo ili malo, se edno! Popusto zena na goli kolenici obikoluva okolu crkvata, ili na ist nacin pominuva dolg pat niz crkovnoto dvoris te do oltarot vo crkvata za da gi okae svoite grevovi i da zasluzi spasenie, zasto spasenieto ne se zasluzuva nitu se kupuva - toa se dobiva kako besplaten milosen dar od Boga; naprazno covek na kolenici se iskacuva po pilatovite skali vo crkvata Sveti Petar vo Rim, so ista cel; golemo bezumie e koga majki svoi novorodeni deca frlaat vo celusti na aligatori ili vo zacadeni, zeski vulkanski ponori, so nadez deka na toj nacin ke postignat pomiruvanje so Boga; samoizmama za eden bogat covek e koga gradi manastir ili crkva i pravi drugi golemi dobri dela za da se zdobie so zaslugi i so ugled pred narodot i da si obezbedi popovolni pozicii i podobar i popovolen pristap i tretman pred Boga za spasenie i pocesno mesto vo negovoto carstvo, zasto pred Boga nema privilegija - site imaat ednakvo pravo na spasenie koe ne se kupuva nitu se zasluzuva.
Zaludno iljadnici luge se povlekuvaat od svetot i od voobicaeniot zivot na osameni mesta, vo pesteri, vo samici i manastiri, kako isposnici, kalugeri i monasi, kalugerki i monahinji, prifakaat monastvo, kalugerstvo i askeza, se izlozuvaat na dolgi iscrpuvacki posti, molitvi i poklonenija za da se oslobodat od osiloto na cuvstvoto na vina sto gi bode i gi voznemiruva i da bidat poblizu do Boga - bidejki tie nesta ja otfrlaat Bozjata blagodat (milost) koja ne bara takvi zrtvi i bolni aktivnosti od nas, tuku samo najednostavno pokajanie i ostavanje na grevot. Bez potreba drugi se kaznuvaat sami sebe, se kamsikuvaat, se bodat so ostri predmeti, kolenicat na zrna pesok ili vo obuvkite stavaat pcenka, odat bosi po zar, lezat na posteli so ostri silci ili polzat preku staklen krs, se raspnuvaat na krst i na drugi nacini se izlozuvaat na najrazlic ni izmacuvanja i pokori za da dadat licen pridones pri osloboduvanjeto od tovarot na grevot sto ja pritiska nivnata dusa. Na toj nacin tie se obiduvaat so svoi dela i so svoi zaslugi da si obezbedat proska za svoite grevovi i spasenie, sto e napolno pogresno, izlisno i nesvrzlivo so Hristovata zrtva i so spasenieto sto go dobivame kako napolno milosen dar od Boga.
Bog ne saka da gi kaznuva lugeto i da gi izlozuva na takvi ponizuvacki aktivnosti za da im gi prosti grevovite i da gi spasi. Naveduvame grupa bibliski stihovi od koi se gleda deka spasenieto e isklucivo milosen dar od Boga. “Bidejki sme opravdani preku vera, imame mir so Boga, preku nasiot Gospod Isus Hristos” (Rimjanite 5,1).
“Zasto po blagodat ste spaseni, preku vera, i toa ne e od vas samite - toa e Bozji dar. Ne e od delata, za da ne se fali nekoj” (Efesjanite 2,8.9).
- Spasenieto e “Bozji dar” koj se dobiva “preku vera”. I navistina, ako spasenieto e dar od Boga, toa ne treba i ne moze nitu da se kupuva nitu da se zasluzi, bidejki istoto e apsoluten dar, dar vo vistinska smisla na zborot.
“Covekot ne se opravduva (ne se spasuva) preku delata na zakonot, tuku samo preku vera vo Hrista Isusa” (Galatite 2,16).
“Spored koj zakon” se dobiva spasenieto, prasuva apostol Pavle? “Dali spored zakonot na delata? Ne, tuku spored zakonot na verata.
Zatoa, nie veruvame deka covekot e opravdan (spasen) preku verata, bez delata na zakonot” (Rim. 3,27.28). “Onoj koj veruva vo Onoj koj go opravduva bezboznikot, negovata vera mu se zasmetuva vo pravednost” (Rimjanite 5,4).
“Ne spasi (Hristos) ne zaradi nasite pravedni dela sto sme gi napravile nie, tuku po svojata milost” (Tit 3,5). Porakata na site ovie stihovi e kristalno jasna. Kolku i da se trudime da se opravdame pred Boga za nasite grevovi i da se oslobodime od niv so nasi zaslugi - da zasluzime prostavanje i spasenie sami so nasite dobri dela, toa ne e mozno.
Nie vo Bozjeto carstvo vleguvame so tugi zaslugi, no ne so tugi covecki, tuku isklucivo so Hristovite zaslugi. Carstvoto Bozje go zasluzil Hristos, a ne nie. Toa nam ni se dava isklucivo kako besplaten “milosen dar od Boga” bez nikakov nadomest.
Kolku i da ima dobri dela, golemi i mali, se edno, gres- nikot pred Boga e gresnik osuden na smrt i kako gresnik nema pravo da go precekori pragot na negovoto carstvo i da dobie zivot vecen. Toj moze da pokazuva pred Boga i da se fali so mnogu golemi, dobri i slavni dela sto gi napravil vo zivotot i koi mozebi zasluzuvaat pofalba i vosh*t, no Bog mu veli “Ne!” Tvoite dobri dela nastrana! Ako sakas da vlezes vo carstvoto moe, pokaj se i ostavi go grevot. Darot na spasenieto sto ti go nudam jas prifati go so vera, kako podarok, i ne obiduvaj se da go zasluzis i da go platis so tvoite dobri dela.
Drug izlez nema. Pokajanieto i ostavanjeto na grevot ne mozes da gi zamenis i da gi nadomestis so nisto, apsolutno so nisto!
Uste ednas: site dobri dela sto sme gi napravile pred da se pokaeme i da go ostavime grevot, i pred da go prifatime Hrista kako spasitel, nemaat nikakva zasluga sto bi ni obezbedila povlastena pozicija pred Boga i ne mozat da dadat nikakov pridones za naseto spasenie.
------------- www.myspace.com/sblagoj
|
Постирано од: Zlatnik
Датум на внесување: 18.Мај.2011 во 19:48
Спасението е само продукт на еден од принципите на кои се засновува една религија, а тоа е желбата на луѓето за вечен живот! Тоа не е ништо друго освен утеха (на бедните по дух) дека „некогаш“ и „таму некаде“, ќе им биде подобро отколку овде на Земјава! Со таква надеж и лисицата одела по овенот ...
------------- Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
Постирано од: Templarius
Датум на внесување: 19.Мај.2011 во 14:29
Od sto se spasuvame ovdeka ?????
------------- Give me your secrets
Bring me a sign
Give me a reason
To walk the fire
See another dawn
Through our son's eyes
You give me a reason
To walk the fire.
|
Постирано од: viktorija123
Датум на внесување: 19.Мај.2011 во 14:52
Od Maja
"bednite po duh" se "blazheni" a ne glupavi
------------- There is no doer..... But if you have one, let him do self-inquiry.
|
Постирано од: Templarius
Датум на внесување: 19.Мај.2011 во 19:24
viktorija123 напиша:
Od Maja
"bednite po duh" se "blazheni" a ne glupavi |
Spored kogo ????
Crkvata ????
------------- Give me your secrets
Bring me a sign
Give me a reason
To walk the fire
See another dawn
Through our son's eyes
You give me a reason
To walk the fire.
|
Постирано од: Zlatnik
Датум на внесување: 20.Мај.2011 во 02:57
viktorija123 напиша:
Od Maja
"bednite po duh" se "blazheni" a ne glupavi |
Да де, така. Тие кои ја проповедаат религијата не се наивни за да на народецот му се обратат со „глупави се бедните по дух, нивно е царството небесно ...“ Нормално дека ќе најдат посоодветен збор, по милозвучен, по нежен, по привлечен - „блажен“! Абе милина, што да ти причам! Ќути, трај, трпи, поднесувај секакви тортури, омаловажувања, понижувања ... ама затоааааа, кога ќе дојде судниот деееен ... (а тоа е многу скоро, нели? Еве, само што не дошол) , ќе видат убаво тие угнетувачи! Има да им се суди, ами како. Тогаш тие ќе бидат последни, а овие измачуваниве (бедниве) ќе бидат први ... Ееееееееехххх ... пуста надеж, пуста утеха за неглупави, туку за бедни по дух душички!
Но од друга страна пак, си мислам, штоа ако се сите како мене - атести, не бедни по дух? Од што би живееле оние кои се декларираат како посредници меѓу Него и народецот?
Р.Ѕ. Од секогаш сум сакал да можам да навлезам во умот (мислите) на свештениците кога проповедаат, кога ја шират сопствената демагогија, кога даваат прошка, кога кажуваат што да прават бедните по дух ... што тогаш навистина мислат за народот? Претпоставувам си велат: „ Гледај го народов, ми верува тоа што го велам иако и јас самиот не верувам во тоа!“ Ова би го поистоветил со политичариве. Ветуват „брда и долини“ , народот воодушевено клика, а овие (политичариве) во памет си мислат: „ Еееееј глупав народ, повторно ми веруваат во моите лаги! Само, што ми е гајле. Мене такви ми требат. Како инаку јас би си создал углед и богатство?“
------------- Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
Постирано од: viktorija123
Датум на внесување: 20.Мај.2011 во 13:29
Zlatnik ti blagodaram shto mi objasni shto znachelo "bedni po duh" ...
Kolku e znachajno koga ima nekoj da ti objasni...- inaku kojznae, kolku li kje si trpime badijala.
------------- There is no doer..... But if you have one, let him do self-inquiry.
|
Постирано од: alf
Датум на внесување: 20.Мај.2011 во 16:42
Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 20.Мај.2011 во 17:06
Ironijata na zhivotot e deka prvin mora da ja doznaesh seto onaa nepotrebna zbirshtina za da mozhesh potoa avtoritativno da ja isfrlish.
alf, ne razbirash deka neznaenjeto kako posledica od neznaenje i neznaenjeto kako posledica od znaenje se kvalitiativno potpolno razlichni.
Prashaj se barem ednash zoshto Isus potroshi 3 godini uchenje na apostolite ako znaenjeto ne e vazhno.
Prashaj se zoshto Buda potroshi 13 godini na svoeto uchenje ako znaenjeto ne e vazhno.
Prashaj se zoshto eden Sokrat na krajot od zhivotot izvikal "Sega znam deka nishto ne znam".
Prashaj se zoshto Krishnamurti go potroshi siot svoj zhivot na uchenje za da na krajot proklamira deka toa e bezvredno.
Treba da se razbere deka prvin treba da se akumulira znaenje za da potoa se osoznae deka e bezvredno.
Tokmu zatoa siromaviot ne mozhe nikogash da razbere deka parite ne se izvor i garancija za srekjata. Za da go osoznae toa mora prvin da ima pari.
Tokmu zatoa slepiot chovek ne mozhe nikogash da ja osoznae temninata. Za da uspee vo toa mora prvin da ja doznae svetlinata.
Problemot so lugjeto e shto se ubedeni deka dovolno im e samo postojanoto zhiveenje vo temnina.
P.S. A ako na nekoj s'e ushte ne mu e jasno, patot do prosvetluvanjeto i spasenieto vodi samo preku stradanje.
------------- Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
Постирано од: pajser
Датум на внесување: 20.Мај.2011 во 17:29
okolu znaenjeto ., najlesno e da bidesh pameten koga ti nedostasuvaat delovi od duhovniot mozaik
------------- nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana
|
Постирано од: alf
Датум на внесување: 20.Мај.2011 во 17:39
Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 20.Мај.2011 во 18:03
Ednash ti rekov deka nemam namera da te razuveruvam vo tvoeto veruvanje.
Potochno toa ne e tvoe, bidejki nitu si go dozhiveal i nitu si go osoznal... tuku samo si go nauchil i prifatil po negovata nominalna vrednost, onaka kako shto ti bilo prilozheno.
I potoa velish deka ne treba uchenje.
I takvo, kako shto si go prifatil, nemam namera da ti go osporuvam i menuvam.
P.S. Kolku da ne se zbunish, jas govorev za neznaenjeto i znaenjeto, a ne za menuvanjeto na bilo koja religijska doktrina.
------------- Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
Постирано од: Majkl
Датум на внесување: 20.Мај.2011 во 18:11
Zlatnik напиша:
viktorija123 напиша:
"bednite po duh" se "blazheni" a ne glupavi |
Да де, така. Тие кои ја проповедаат религијата не се наивни за да на народецот му се обратат со „глупави се бедните по дух, нивно е царството небесно ...“ Нормално дека ќе најдат посоодветен збор, по милозвучен, по нежен, по привлечен - „блажен“! Абе милина, што да ти причам! |
Дозволете една исправка која битно го менува разбирањето на работите:
Исусовите зборови не беа изворно: „блажени се бедните по дух„ туку:
„Блажени во Духот се сиромашните, зашто нивно е царството Небесно!„
Христос самиот, овие зборови ги објасни и продлабочи 1989 год. во своето големо дело на откровение, книгата http://www.izdatelstvo-rec.mk/product_info.php?products_id=36 - Ова е Мојата Реч: Алфа и Омега :
''Со зборот „сиромашни„ не се мисли на материјално сиромаштво. Не ни донесува тоа блаженство во Духот, туку преданоста спрема Бога, во која човекот исполнува она што е волја Божја. Таа е внатрешното богатство.
Со зборот „сиромашни„ се мисли на сите оние кои не се стремат кон сопствен посед и не трупаат имоти. Нивното мислење и настојување се свртени кон животот на заедницата, во која на законит начин управуваат со имотите што Бог им ги подарил на сите. Тие му служат на општото добро и ги подаваат своите раце кон Бога и свесно го одат патот кон Внатрешниот живот. Нивна цел е царството Божјо во своето внатрешно, кое тие сакаат да им го објават и да им го донесат на сите луѓе кои се со добра волја. Нивното внатрешно богатство е животот во Бога, за своите ближни. Тие ја живеат заповедта „Моли и работи„.
Тие се стремат кон Духот Божји и од Бога го добиваат она што им е потребно за нивниот земски живот и повеќе од тоа. Тоа се блажените во Духот Божји.''
Подоцна ќе се навратам и на останатиот дел од постот на Zlatnik каде се спомнува страдањето и трпењето.
|
Постирано од: alf
Датум на внесување: 20.Мај.2011 во 18:25
Постирано од: Templarius
Датум на внесување: 20.Мај.2011 во 19:29
Uste edna recenica koja, gi tera ludjeto da se raspravaat za neshto shto ne go znaat. Samo Bog znae koj ce odi vo carstvoto nebesko i samo toj gi znae kriteriumite. Taka da dzabe nateganje... pa nekoj mora da odi i vo pekolot
------------- Give me your secrets
Bring me a sign
Give me a reason
To walk the fire
See another dawn
Through our son's eyes
You give me a reason
To walk the fire.
|
Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 21.Мај.2011 во 01:52
alf напиша:
Dzabe ti e i site knigi da gi prochitash,samo kje ostanesh bleda senka na Jakov,pasejkji go stadoto na ovci i kozi,pridobivajki gi sharenite.
|
So Jakov se nemam sretnato, pa ne mozham da govoram za nego.
Zatoa nemam drug izbor tuku da go prifatam tvoeto tvrdenje za nego.
------------- Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
Постирано од: Zlatnik
Датум на внесување: 21.Мај.2011 во 04:34
alf напиша:
... Eden e toj shto postrada za site... |
Во врска со тој кој сметате деа е спасител, ме интересира следново, Тој бил создаден (дали може да се употреби зборот - роден?) од бог уште пред создавање на светот (универзумот), но се родил како човек пред 2011 години. Бог знаел дека тие што ги создал (луѓето), ќе бидат грешници, па затоа, после илјаднци години перипетии, казни, страдања, убивања ... си испланирал да го „жртвува“ својот единороден син! Е сега, дали ова жртвување е навистина жртвување? Во сите религии има појава на принесување жртви. Кога се принесува жртва, таа, независно дали е животно или човек, се убива за истата да умре и - толку. Соодветниот бог ќе биде задоволен. Но, овде имаме случај на смрт, но потоа повторно оживување на жртвата. Значи, не ми е јасно, умрена ли е или жива е жртвава? Ако е жива, тогаш за какво жртвување станува збор? Ова испаѓа како онаа бугарската: „т’зи дупка не е дупка!“ И, ај, нека биде жртвата - жртва! Еве да речеме дека ја прифаќам таа приказна. Само, незнам што е со спасението?! Ако Исус е спасител, тогаш, кога почнува да станува активно тоа спасение? Дали со неговото раѓање како човек, дали со неговата смрт, дали со воскреснувањето или кога тој повторно ќе дојде? На судниот ден де мислев, кој нели еве го, само што не е дојден!
------------- Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
|