|
Ваша песна,состав или што било напишано |
Внеси реплика | страница <1 120121122123124 138> |
Автор | |
majstorce62
Сениор ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
bijonse1
Сениор bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Бијонсе коктел Алиби или повод дали го имаш?? Празници се тука Нова Година или Божиќ? Бела голема када дали ја имаш?? Триесет и едно шише црвено вино дали ги купи?? Триесет и еден ден дали посакуваш?? Bijonse1 коктел дали ќе го испиеш?? |
|
majstorce62
Сениор ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
КОПАЧ НА ТУНЕЛИ
Ти чекориш скршено по наслагите на моите порази, јас тунели под нив копам со нокти од инает. Што ако се искршиле, еве ги, пак никнуваат со утрешната болка - посветла за еден непокор од вчера. Сенките болат повеќе од раните и исто толку помалку од твоите солзи. Изменето од majstorce62 - 25.Декември.2010 во 23:50 |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
Kali
Сениор Storyteller Регистриран: 30.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4947 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
За вас двајца..... You're killing me softly- на плеќи носиш храброст чекориш со визија обљубен со вулкански потенцијал имаш допир на сакс и од на пантер. И.... прозборе... Имаш добри мисли и палета идеи, знам ми ги нудиш, целосно си профи... а јас само една- мириса на еротика.... Изменето од Kali - 28.Декември.2010 во 11:40 |
|
majstorce62
Сениор ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
MIRISITE PRAVAT NAJJAKI SPOEVI POMEGJU DVE VREMENSKI ZICI.
UBAVI STIHOVI USTE POUBAVA CELINA. BAS PROFI. |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
Kali
Сениор Storyteller Регистриран: 30.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4947 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Време
Прерано или предоцна споро или брзо Времето е мој господар никогаш мое секогаш во негова милост или немилост нешто старо и нешто ново никогаш како јас што сакам секогаш по негова волја и заповед никогаш ни на чекор до победа во оваа битка на нерамноправни. Како ме убиваш со својата празност скржаво ми се даваш а сепак те губам шамарите се болни- каква струја за душава.... Момент само сакам момент да заборавам на тебе, да не постоиш да го следам твојот ритам и да сум твоја момент во кој и без да сакаш...си само мој. Изменето од Kali - 29.Декември.2010 во 16:10 |
|
majstorce62
Сениор ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ми е страв да напишам коентар.
|
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
Kali
Сениор Storyteller Регистриран: 30.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4947 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
мајсторе
|
|
majstorce62
Сениор ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
MAJSTORKE
|
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
butterflyM55
Сениор ***PEPE*** Регистриран: 17.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 3399 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Како да ги раширам рацеве широко
Да те примам во прегратка мека Кога тие се премногу сурови За кревката душа твоја. Како да ја отворам душава бесрамно И да ти покажам каде е твоето место Кога околу него е депонија Спомени невредни,рани непоминати. Како да и покажам на љубовта твоја Дека мојата беше тука секогаш Спремна само на еден потег твој И како рис ќе ти рипнеше во прегратка. Како да ти докажам дека си само ТИ Еден и единствен во душава мала Кога секогаш е некој друг....и нареден.... А ти си бил секогаш единствен. Изменето од butterflyM55 - 29.Декември.2010 во 00:12 |
|
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
|
|
majstorce62
Сениор ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Папи,
еднаш еден поп ми рече Имаш тежина на душата, чедо, дојди в црква, исповедај се! јас се исповедам преку песните, дедо реков. Твоите песни се премнгу затворени. Не, бе дедо, не е проблемот тоа туку ти си навикнат на дрбено а јас преферирам сам да го скршам оревот. Изменето од majstorce62 - 29.Декември.2010 во 10:18 |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
majstorce62
Сениор ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ОГЛЕДАЛЦА
на Мики Ечи зимската ноќ - некој ковач без чувства окови бели кови. Зарем гајле ми било, собата од сонца ми свети - во твоите насмевки лампионите се огледуваат. Изменето од majstorce62 - 29.Декември.2010 во 10:56 |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
majstorce62
Сениор ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ПЕСНА ЗА ИЗМИСЛЕНАТА ЖЕНА
Те измислив, толку туѓа и толку нејасна само јас да те препознавам. Полна со мириси на млади метафори и бои на задоцнети утра во гласот. Те создадов од шепот на квечерина што свратува на починка на пупка од планинска темјанушка- топла и треперлива како желба на дете. Те измислив кога беше а не гледав дека си. |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
Kali
Сениор Storyteller Регистриран: 30.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4947 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Приказна за неа и него
Тишина среде бар- скоро бордел, ветува приказна Темнината не ги сокрива изветвената облека и сувата коса- лоша слика за она што некогаш таа била. Нема ни денар за пијалокот кој ужасно и’ треба да и’ ја спржи утробата да би ја почувствувала повторно таа бол и живост. Што е човек кога нема повеќе што да изгуби? Само пламен кој гори Само исконска сила само магнет кој го привлекува. Не е таа за него-господинот, непознатото е опасно Би му ја жигосала скапата кошула со забранети бакнежи, а сепак..... сепак не може да не ја почувствува нивната врелина. Зар ќе одолее на мирисот на сексот Зар е едноставна таа сила која ги спојува Зар ја слушна музиката освен онаа на тишината Зар фанфарите можат да бидат нешто друго освен страст? |
|
Внеси реплика | страница <1 120121122123124 138> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |