IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Уметност , култура и традиција
  Активни теми Активни теми RSS - најдоброто од мајсторче62
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

најдоброто од мајсторче62

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1415161718 23>
Автор
Порака
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2010 во 10:17
СЕНИШТА




Се будат сеништата,
се исправаат:
сенки полегнати,
една во друга скалпени;
сенки
- реки напресушни,
води матни разматени,
води распливнати
- во мислите поплави
нестивнати.


Се будат сеништата
во дамарите на стравот испопикани,
сеништата
- црни светлини светлосани,
ветришта невитосани;
сеништата
- кремен искри гламјосани,
се будот
дур сонот пресонет се траќа
во кожурец глочкав,
дур мислата премислена
двојничката си ја бара
- одговор неодговорен да замолчи.


Се будат сеништата
се исправаат,
сеништата
- стрв стрвен настрвени;
сеништата
-низи долги разнижани...


Запирот
од нигде не им се гледа...
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2010 во 10:18
ПРЕКОВУВАЊЕ НА ВРЕМЕТО


Ноќта ги вознемирува мирисите во мене
- моите мириси собрани во шишенца
од лузни што залек немаат.


Мртвиот господар на вистината
воскренува, кога најмалку сакам да воскресне,
од засирената крв на обезглавените јанѕи...


Ти ме прашуваш за зракот светлина
од која го ковев ликот на твојата болка
пред да сфатам дека ја измисливме од немајкаде.


Ноќта ги вознемирува мирисите во мене,
обезглавени јанѕи ми се повампируваат во коските
- ковачот од немајкаде го прековува времето...
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2010 во 10:22
СУДЕНО


Залудно го бришеш тоа што било
а судено не му било да биде...


Некој знаел:
тоа што иде е неќедојде
и име ни дал ненебива.


Инает стрвен,
црни болки што раѓа,
во времето безвремено се пресликавме
оти неважни си бевме
кога важно било
еден друг да се премолчиме


Зазлудно го бараш тоа што не било
а судено му било да биде...
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2010 во 18:06
ОКЛОП ПЕСНА

Те затворив во песната,
на песната оклоп и навлеков.

Цврст оклоп,
оклоп со решетки.

Никој да не те види,
никој да не те допре,
никој да не те има.

Само да те насети,
само да те заљуби
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2010 во 18:07
ЗАГЛАВЕНО ВРЕМЕ


Намести ги фигурите како да ќе дојдам -
белите нека бидат пред тебе,
црните пред мене.

Не тревожи се ако задоцнам -
во оваа игра не е важно кој каде ќе седне.

Намести ги фигурите како да ќе играме -
белите пред мене нареди ги
црните пред тебе.

Не тревожи се ако не дојдам -
во оваа игра не е важно кој прв ќе повлече потег.

Намести ги фигурите без правила и ред -
белите на црни полиња
црните на бели.

Не тревожи се ако погрешиш -
во оваа игра не е важно како ќе се отвориш.

Намести ги фигурите, како сакаш намести ги -
знаменцата одамна се паднати,
времето е заглавено меѓу сенките.
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2010 во 18:08
ОЧАЈ

Ранета птица
тропа на прозорецот
на мојата душа.

Ако и отворам
ќе измрзни.

Како да и кажам?
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2010 во 18:08
ВОЗДИШКИ

Ми ја распаруваш мислата
со прецизна водишка.

Мислата од стих оплодена.

Пак ноќта ќе се разлие
врз ненапишаната песна за тебе
како мастило

Пак ќе воздивнеш-
од жал за песната.
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2010 во 18:09
БОИТЕ НА МУЗИКАТА ОД СРЦЕТО

Кога имам што да кажам
јас, тогаш, силно молчам
и помеѓу секој интервал на две крварења
пуштам тивка музика од срцето
за да ја обојам празнината со тебе.
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2010 во 18:11
диптих

1.

Месечев зрак
се криумчари низ прозорецот
во болничката соба.

Засолниште ко да бара
во несронетата солза од окото.

Срцето молкуm кrвари
во градите на мајката.


2.

Солза во окото.
Молкуm крвари срцето
на храбрата мајка.
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Декември.2010 во 00:20
na site deca bez dom
i na site domovi bez deca

Во летните ноќи
во кои ѕвездите светеа
како неонките над Шанзелизе
никој не го забележуваше
раѓањето на светулките...

Едно дете без дом
ги вдомуваше новородените светулки
во топлото срце
и забораваше на гладот...

Во ноќ без ѕвезди
еден дом без топлина
си го бараше своето дете
со срце полно со светлина...
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Јануари.2011 во 22:04
ОДИ
На син ми

Тесен е овој пат
и никој не оставил место
за свртување назад...

Оди:
зад секој свиок ќе бидам пред тебе:
доволно близу да ти бидам светлина
и доволно далеку да не видиш
кај ги носам одронетите камења
од последните порои на болката...

Оди:
секој чекор ти го чусвувам ненаситно
кога мислата прелетува
над темните дубрави на стравот
со крилја на кои им ја дадов нежноста
на утринското будење
и суровоста на последната бессоница...

Оди:
над долината на бесмртните копнежи
сонцето свети со твоите насмевки,
исполирани со глеќта на секое ново утро...


Изменето од majstorce62 - 08.Август.2009 во 09:53
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Јануари.2011 во 22:14
ЖИВЕЕМЕ
На син ми

Во твоите очи
сонцето и црно грее,
а танцот на дождот
и танцот на солзите
со ист број чекори
го обележуваат растојанието
од болката до надежта.

По сенките на среќата чекорам
но патот познат ми е,
не се плашам
- ништо не светли посветло
од твојата насмевка
и ништо не боли поболно
од твојата воздишка...

Заморот го спакував
како приказна
меѓу кориците
на едни други времиња
- одата на животот не мами
да го пронајдеме
во совршената мудрост
клучот за новиот ден...

Живееме...
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Јануари.2011 во 22:27
ТОЧКИ НА СРЕТНУВАЊЕ
На Тања

Ти ми шепотиш за твојата судбина
јас за песните ти зборувам
за песните што ги однесоа преселниците
од овоштарниците,
од зениците на страдалниците,
и пак се сретнуваме...

Ми велиш „Поету“,
а јас тебе, само, „Принцезо“:
од две прости нишки килим ткаеме
а секој друга шара има
и по друг траг од срцето се распознава
но пак се сретнуваме...

Калдрма од солзи,
скамент мирис на ранета срна во прогон,
- пат до тебе...

Калем без подлога,
истечен божилак во здив на пролетно утро
- пат од мене...

Нешто сепак не сретнува...
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Јануари.2011 во 20:28
ЗА ИЛИНДЕНЦИТЕ

Небото жедно за херои било
Кога се втемелувале,
Кога се вѕидувале...

Ги раскинаа облаците
нов век кога се раѓаше:
реки сонце да потечат
- да се разлеат...

Мракот очи ли им глоѓаше,
лелек душа ли им сечеше -
со пушки извори раскопаа
- за свелината...

Од мајка до еден родени,
на мајка ниеден не ветен -
песната сами си ја напишаа
- на векот најубавата...


Со приказните од дедовците
- живи искри во очите,
ѓердан златен се нанижаа
на небото, меѓу ѕвездите..
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1415161718 23>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,279 секунди.