![]() |
|
најдоброто од мајсторче62 |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 678910 23> |
Автор | |
majstorce62 ![]() Сениор ![]() ![]() ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
ОЧАЈ
Ранета птица тропа на прозорецот на мојата душа. Ако и отворам ќе измрзни. Како да и кажам? |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
![]() |
|
majstorce62 ![]() Сениор ![]() ![]() ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
ЗАГЛАВЕНО ВРЕМЕ
Намести ги фигурите како да ќе дојдам - белите нека бидат пред тебе, црните пред мене. Не тревожи се ако задоцнам - во оваа игра не е важно кој каде ќе седне. Намести ги фигурите како да ќе играме - белите пред мене нареди ги црните пред тебе. Не тревожи се ако не дојдам - во оваа игра не е важно кој прв ќе повлече потег. Намести ги фигурите без правила и ред - белите на црни полиња црните на бели. Не тревожи се ако погрешиш - во оваа игра не е важно како ќе се отвориш. Намести ги фигурите, како сакаш намести ги - знаменцата одамна се паднати, времето е заглавено меѓу сенките. |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
![]() |
|
majstorce62 ![]() Сениор ![]() ![]() ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
ОКЛОП ПЕСНА
Те затворив во песната, на песната оклоп и навлеков. Цврст оклоп, оклоп со решетки. Никој да не те види, никој да не те допре, никој да не те има. Само да те насети, само да те заљуби |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
![]() |
|
majstorce62 ![]() Сениор ![]() ![]() ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
СУДЕНО
Залудно го бришеш тоа што било а судено не му било да биде... Некој знаел: тоа што иде е неќедојде и име ни дал ненебива. Инает стрвен, црни болки што раѓа, во времето безвремено се пресликавме оти неважни си бевме кога важно било еден друг да се премолчиме Зазлудно го бараш тоа што не било а судено му било да биде... |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
![]() |
|
majstorce62 ![]() Сениор ![]() ![]() ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
ПРЕКОВУВАЊЕ НА ВРЕМЕТО
Ноќта ги вознемирува мирисите во мене - моите мириси собрани во шишенца од лузни што залек немаат. Мртвиот господар на вистината воскренува, кога најмалку сакам да воскресне, од засирената крв на обезглавените јанѕи... Ти ме прашуваш за зракот светлина од која го ковев ликот на твојата болка пред да сфатам дека ја измисливме од немајкаде. Ноќта ги вознемирува мирисите во мене, обезглавени јанѕи ми се повампируваат во коските - ковачот од немајкаде го прековува времето... |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
![]() |
|
majstorce62 ![]() Сениор ![]() ![]() ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
СЕНИШТА
Се будат сеништата, се исправаат: сенки полегнати, една во друга скалпени; сенки - реки напресушни, води матни разматени, води распливнати - во мислите поплави нестивнати. Се будат сеништата во дамарите на стравот испопикани, сеништата - црни светлини светлосани, ветришта невитосани; сеништата - кремен искри гламјосани, се будот дур сонот пресонет се траќа во кожурец глочкав, дур мислата премислена двојничката си ја бара - одговор неодговорен да замолчи. Се будат сеништата се исправаат, сеништата - стрв стрвен настрвени; сеништата -низи долги разнижани... Запирот од нигде не им се гледа... |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
![]() |
|
majstorce62 ![]() Сениор ![]() ![]() ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
МИГОВИ
На Мики, за неговиот 14-ти роденден Ги собирам во крпа од крпено време, а како вчера се да беше и како завчера да почнав да ја нижам низата од твоите насмевки неотсмеани - мои сонца недогреани. Колку да се – доста не се: душата ми е иловица испостена - сува земја зажедната... Придај боже - фазла не ќе се! Ги собирам во очите, во душата, сите твои зборови првпат изречени, јас, ненаситен собирач на капки роса со нокти ги прекопувам скржавите карпи на секој ден пред заоѓање - уште една капка да украдам од нив. Колку да се – доста не се, ноктитете канџи ми се железни: ненасит – точило ми ги остри... Придај боже – од кожава не се може... |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
![]() |
|
majstorce62 ![]() Сениор ![]() ![]() ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
ДЕЛТА
Молчиш, a збор си незапирлив - меѓите на молкот што ги размеѓува. Во секоја трага се вградуваш во секој стих – втемелуваш... Течам, а корито немам - пред истекот цел да се соберам. Од секој збор истекувам, сам во себе претекувам... Најди ми делта да се разлеам - да оживеам... Мојата делтата одамна изгубена! |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
![]() |
|
majstorce62 ![]() Сениор ![]() ![]() ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
ЧУДНИ СНЕГОВИ
Некои чудни снегови паѓаат од небото над Македонија: снегови со мирис на прва љубов и тивок шепот на дамнешни спомени, кога времето се мереше од насмевка до насмевка, од едно до друго треперење на срцето и немирот меѓу последното спуштање на телефонската слушалка и секое ново ѕвонење на телефонот, кога душата ја наводнуваа полифоничните дождови на бакнежите плашливо украдени во мракот: под некоја липа, на некоја клупа, во некој сокак... За време на секоја пропуштена кино претстава... Некои чудни снегови паѓаат од небото над Македонија, снегови обоени со музиката на твоето име што ја создадов тогаш, кога те шепотев во мислите, нурнат во морето на среќните мигови, како ловец на бисери, и ја барав школката со клучот од врата на нашата бесконечност, преполн од твојот сон на разбудено кокиче и мојата амбиција да те маѓепсам со чинките на исконските зборови... Некои чудни снегови паѓаат од небото над Македонија а јас и ти сме заборавени ликови во две различни сказни, кои воопшто не наликуваат една на друга и не се читаат во исто време... |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
![]() |
|
majstorce62 ![]() Сениор ![]() ![]() ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
ЦВРСТ МИ Е ЧЕКОРОТ
Цврст ми е чекорот, сеуште, - црвена дабовина од црв неначната Камен по камен пат изѕидан - цврста калдрма... Ги пуштив сите птици на сонот од кафезот на славопојките. Ниту боја, ниту облик - небото на вистината си ја јаде сопствената димензија... Жено, Змијо, Божице, нека пиштат гревовите со крвта на дедовците пренесени - проклетство наследено. Ждрапање до ждрапање - крцкаат коските на последните илузии... Цврст ми е чекорот, сеуште - никој не ја нашол песната над песните... |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
![]() |
|
majstorce62 ![]() Сениор ![]() ![]() ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
ТА ТИЕ СМЕ
На Гордана С. Та тие сме, зарем другпат поинакви сме биле, иднината изменети не не препознава... На опинците крвта од Самуила си ја носиме - клето племе брат брата за меѓа паламидна што убива... Пилиштари прават кајгана од јајца од шкопан петел - во крвта им кук*рига генот на големиот освојувач од Пела. Та тие сме, со песната на гладот се распознаваме - волчјо око самоизедно... Се газиме едни други со клетвата вековна во длапките - кајшто очи требало да имаме... Пилиштари пеат славопојки на водачи што одамна се изгубиле во шумата на самобендисаноста - гладно завива ембрионот на славата... Та тие сме, никогаш поинакви не сме биле, со сеир – белег сами обележани... |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
![]() |
|
majstorce62 ![]() Сениор ![]() ![]() ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
ПЕЧАТ
Како волчица на полноќ завива во тебе моето задоцнување да ставам печат на споменарот на твојата последна надеж , што ти, од залашка, љубов ја нарече... Тропаат стравовите во долгите ходници на осаменоста, додека го бараш во огледалото на полната месечина одразот на последниот среќен миг што јас, од сожалба, го опточив со седефот на моите емоции... Акустично одѕвонуваат минутите во пештерата на твојата немоќ да го запреш истекувањето на неостварениот сон со боја на испарување на едно измислено лето... |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
![]() |
|
majstorce62 ![]() Сениор ![]() ![]() ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
ЗАПРИ МЕ
На Пенелопа Запри ме во летот кога највисоко ќе бидам! Пред да ме опијат мирисите на вознесот со стрелата на вистина прострелај ми го умот и дочекај ме подготвено во меките треви на твојот глас со дланки од свето проштение… Запри ме во летот кога највисоко ќе бидам! Пред да ме заслепат црните светлини на гордоста обескрили ме со збор тивок, потивок од раѓањето на утрото во твоите очи кога ме нема. Птицо моја, во кафезот на верноста што ме чекаш, како ли јас те обескрилив? |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
![]() |
|
majstorce62 ![]() Сениор ![]() ![]() ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
МИ ТРЕБАШ
И крал и слуга на срцето нејзино сум, толу голем и толку мал и вреден и безвреден ненаситен волк и палачинка за појадок во истовреме кога се нема време за ништо друго освен за еден единствен збор ми требаш... 46 коментари | за печатење | |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 678910 23> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |