IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Уметност , култура и традиција
  Активни теми Активни теми RSS - најдоброто од мајсторче62
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

најдоброто од мајсторче62

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1213141516 23>
Автор
Порака
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2010 во 09:42
ОБЛЕКА


Мирис на утро
- липите си облекле
песна од птици
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2010 во 09:43
БРАНА

Ја минавме ноќта заедно

- летното небо ни понуди крошна

од безгрижност

а во нас музицираа

остарените трубадури на болот

по затегнатите жици на епидермите...



Ти – река со наглодано корито

од видрите на времето што те газеше,

Јас – ѕид повисок од самсебе,

Брана од бессонот изѕидана.



Станавме езеро:

го поплавивме сурово полето

посеано со песната на изгрејсонцето...
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2010 во 09:44
ФОРМУЛА



Онемеле боите на летото

на палетата на твојата последна лага

од која направив клуч

за намерата на арлекинот

да изгради кула за својот сон

под зајдисонцето на сите твои несреќи

и сите тажни приказни

на малечката Пепелашка

што го преспала минувањето на принцот

под прозорецот на срцето...



Во собата со прозорец кон исток

го чувствувам заодот

на уште едно раѓање на сонцето

како нож од бесмислен монолог во грбот...



Оглувени мириси на ненапишани балади

го расцутуваат ноќе кејот со липи

- некои жени берат чај со вкус на солзи

во кеси од непроспиени ноќи

за љубоболките на нивните неродени ќерки...



Јас ја препишувам формулата за брзо стареење

со истите грешки од претходниот пат...

БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2010 во 09:46
ЗБОР



Го скрив зборот

Ти потрча да го најдеш



Го бараше секаде:

Во очите ми

Во душата ми

Во срцето ми

И не го најде...



Копаше секаде:

Во болката ми

Во радоста ми

Во сите тревјосани меѓи

на сонот мој

копаше

и пак не го најде.



Можеби не требаше

Баш во тебе да го сокријам

И да се заклучам....

БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2010 во 09:47
ТОЧКИ НА СРЕТНУВАЊЕ

На Тања (девојката од стакло)



Ти ми шепотиш за твојата судбина

јас за песните ти зборувам

за песните што ги однесоа преселниците

од овоштарниците,

од зениците на страдалниците,
и пак се сретнуваме...



Ми велиш „Поету“,

а јас тебе, само, „Принцезо“:

од две прости нишки килим ткаеме

а секој друга шара има

и по друг траг од срцето се распознава

но пак се сретнуваме...



Калдрма од солзи,

скамент мирис на ранета срна во прогон,

- пат до тебе...



Калем без подлога,

истечен божилак во здив на пролетно утро

- пат од мене...



Нешто сепак не сретнува...
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2010 во 09:48
РАЗЛИЧНО ЧИТАЊЕ НА ПАТОКАЗИТЕ

Презрени патници во ноќта
- животот истекува по патиштата на сонот;
сон различен, а сепак со ист вкус
на болка и чемер во дамарите.

Се разминуваат:
еден во мракот се топи
другиот од муграта се раѓа

Едниот во сонот влегува,
другиот кошмарот го стресува

Патот бескраен е,
круг маѓепсан:
глава и опаш на змија
- зодијачки знак без значење
сон и јаве
- непомирливост...

Различно читање на патоказите
или две различни мапи
на закопаната судбина ...

Сеедно,
воздухот горчи од разминувања...
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2010 во 09:49
АНТИМОЛИТВА

И пак ќе те распнам,
дрводелецу лицемерен,
на крстот што самиот ќе си го изделкаш
од моите неуслишени молитви,
јас, Иродот неизроден,                                                                                                                                                                           
со радоста неороден,
од тебе разневерен,
прежеднат за капка светлина
од милоста твоја
во немилост што ме фрли
дури сонот си го ковев,
берејќи радост од твоите зборови,
од кои слепите прогледнувале
а на глувите слухот посилен им се враќал...

Срцето сеуште чисто ми е,
но молитвите од него измолитвени
во ушите на твоите гласници
обвинение претешко се сториле,
па никој храброст не смогна
една со себе да понесе
при тебе да ја принесе
- од искреноста им и ти ко да се плашиш,
па погледот ти стежнал, го веднеш
немаш сили в лице да им погледнеш
на молитвите в срце пречисто стакени
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2010 во 09:51
РОДЕНА ЗА КАВГА
(нешто како песна, а не е песна)


Кој ги расклокотува вулканите во тебе
пред секој мој обид да те налутам
па си ги повлекувам зборовите
како гладна волчја сурија во шумата
да вијат и кога не е полна месечината...


Знам, сладоледот беше многу скап...


Кој ги сподивува реките во тебе
пред секој обид да донесам дожд
па си ги диплам облаците непрокиснати
какао кошули неизносени, мемлосани
под сувото лије на глувите насмевки...

Знам, сладоледот беше многу скап...
Еј, ги снемало волците - не завиваат,
се исушиле облаците - не прокиснуваат,
зар се помни само цената на сладоледот
што остана непробан во чашата на гордоста.
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2010 во 09:52
НА ПОЕТОТ

Од Стаклена

PJESNIKU

Upitah pjesnika

Zasto kalem u dubinu suze utapa.

Sutio je

Samo bora na celu mi oda

Da me je cuo.

Pod celom kosti mu se titani bore

Iznova se siloviti stih

Iz korjena duse grana.

Koliki put stih predje

Od korjena duse

Do kapi srca?

Zasto kapaju kao voda sadrvana

Po dusama nas, koji nijemo citamo?

Zasto zive te oblikovane crte slova

I snove u javu pretvaraju?

Na krsevitom tlu se ova pitanja nizu

I zabijaju se u zglobove rijeci iscjedjene.

Upitah ga

Zasto kroz zile lava struji glasno.

Oci mu potrazise vrhove prstiju

Drhtave, produzene strune duse plemenite.

Zasto vagati odjeke srca

Kad nema mjere

Sem konacne nagrade.

Upitah pjesnika

Zasto je svijet u sal tuge umotan.

Ne rece mi

Presuti sudbinu rodjenih pod oblakom leptira.

Upitah ga na kraju

Kakvom jekom mu srce

Kroz ovaj vakat kuca.

Sapnu mi:

”Meleke

Tvrdim rijecima pune

Krila im paraju

Pa su teski, preteski”
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2010 во 09:53
БЕЛА КОШУЛА (на Веки)


Мојот сон има очи од најцрна ноќ
и гледа во мене кога спијам
на перницата од будни стршлени...


Мојот сон се разминува секогаш со мене
кога се обидувам да и го распорам стомакот на ноќта
над гробиштата на мртвите срни на радоста,
каде гробарите сеуште оргијат со зборовите
и ги опиваат црните пеперутки во душата со самосебе...


Сеуште ја чувам белата кошула на мојот сон
неотворена во бовчата на твојата минливост...
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2010 во 09:54
ОРБИТАТА НА ЗБОРОТ


Песна сум -
исклесана во бигорот на твоите солзи...


Солза сум -
од бигорот на песната за тебе одронета...


Бигор сум -
талог од соlзи во песните за тебе...


И бигор,
и солза,
и песна,
а, сепак, се почнало од
и завршило во зборот...


Каде ли сме ние
Кога тој излегува од својата орбита?
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2010 во 09:54
БЕЗ ПРЕКИН
(извртен сонет)


Ја криеме светлината
во набабрените жили
на мракот на самоизедот


ти и јас
збрчкано лице на стара мома
од пробирливост на воздишки,,,


ги стишуваш ли, сеуште,
зурлите на плачот
со билет во еден правец
во возот што останал без шини...


река сум:
дива надеж ми ги поткопува бреговите
- оджедот е привилегија за други патници
низ темните дубрави на мојот живот...
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2010 во 09:55
ПОДГОТОВКА ЗА СОН
на син ми...


Во какви гради да те вдишам
а да не издише ниту еден миг
со очите жедни што ќе го испијам:
секој миг во кој те имало
до набарување
и секој миг во кој ќе те има
до претекување,
а да не пукнам од сам себе
а да не истечам во сам себе:


Во какви гради да ги пресликам
сите мириси на зборовите нерасцутени
што ти жарат во очите
од болката немушта
како светулки во немост разџагорени,
па со жар печатот да се жаросам
црна мисла да се гламјосам,
во сам себе да се свиткам,
превиткам
- ако не можам да истрајам
дури трајам:
сит - пресит од гладови
глад - прегладнет од незасит...
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2010 во 09:56
РАЗБУДИ МЕ


Разбуди ме
на истекот на кошмарот,
кога животот ќе се обои
со звуците на сонот
што сакавме
заеднички да го сонуваме.


Разбуди ме
со капки зачувани мириси
од сончевите ливади
на твоето детство,
со грст свежило во гласот,
од сенките на исечените врби
крај тивкитее плажи
на твоите насмевки,
испрскај ме,
дури последната секунда од изодот
не не стасала.


Потем,затвори ја вратата
- прекрасна е собата на душата
кога ја полниш со звуците на сонот,
со мирисите на прекинатото детство,
со свежите допири на твоите насмевки...


Најпрекрасна...
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1213141516 23>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,298 секунди.