|
најдоброто од мајсторче62 |
Внеси реплика | страница <1 910111213 23> |
Автор | |
majstorce62
Сениор ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
МАНИРИ НА СТАПЧЕ
Во раката секогаш држам кист од висококвалитетна полиестерска насмевка а раката ми е обичен стар рецепт за правење манири на стапче од лабораториски добиени фруктози На тротоарот на старото корзо застануваат жени со мали деца и со траги од угасен пожар во очите... Им кажувам рецепт како да го обноват огнот без да им ја повредат насмевката на децата со иглите на својата нестрпливост... На тротоарот на старото корзо редовно продавам манири на стапче а ноќта вешто го крие потеклото на мојата високвалитетна насмевка од полиестер... |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
majstorce62
Сениор ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
АКО ПОСАКАШ
Ако посакаш да влезеш во лавиринтот на моите стихови, влези со насмевка, и на секое беспаќе , распаќе, и крајпаќе, изрони од неа по еден мирис на твојата препознатливост што само за мене ја создаде кога се пресоздававме, а не се познававме, за да те најдам кога ќе посакам да те барам... |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
majstorce62
Сениор ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ЛЕГЕНДА
Некои чудни времиња ми дадоа очи од заборавена легенда да го најдам изворот на љубовта под истиот даб кајшто Парис копал... Времињата се избришаа од календарот изворот без вода беше... Некој чуден ветер ми ја разлеа крвта низ дамарите на легендата што ја оживеав... |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
majstorce62
Сениор ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
НЕ Е ЛЕСНО
Посакав да бидам збор: збор што никој не го извалкал, збор со мирис на млад ветер над косени ливади, со огномет во соковите од срцето на расцутените карпи на пресилната желба да те имам... А бев... Посакав да бидам оган, оган што згаснал неколку времиња пред Прометеј да сфати во себе дека човекољубието е проклетство а водата обичен реквизит во очите на заљубената гатачка од кој може да се прочита иднината на секоја твоја воздишка бигоросана во мојата душа... А бев... На крај посакав да избришам се што посакав и да бидам пак тоа што бев - обичен трубадур на сопствената среќа... Не успеав... |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
majstorce62
Сениор ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ТРАГ
Крцкаат моите чекори сеуште по расковените штици на твојот сон: сврдли од препечена бездушност, црви без очи, заби на студен ветер во бескрајна ноќ... Босоног елен сум - ти пак ме чувствуваш, а роден сум во знакот забрането вртење назад... Со каков ли мирис си ја обоив песната, песната на моето патување низ честарите на твојата тага кога бев поет... А ниедна песна нема вкус на сеќавање и не тече по ритамот на твоите солзи... |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
majstorce62
Сениор ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
НЕВРЕМИЊА
14 години земјата во Сребреница одбива да ја впие во себе крвта на жртвите од ужасниот геноцид... Неми сведоци патуваат низ времето заедно со немата вистина за него кога беше невреме и ѕверот го напушти човекот со крв човечка да се напие, а ние го отворавме вратничено на секоја нова секунда да провериме каде сме... Ги броев во претпоставките исчезнувањато на сите сведоци на мојата младост: на моите први воздишки, првите украдени насмевки, првите бакнежи и првите разочарувања таму, некаде, крај Миљацка, под костените на Илиџа, на постојката на Мариндвор, во лепињата со пет жешки ќебапи по калдрмите на Баш чаршија Им го броев во згрчената душа редот пред некои нови јами и во истекувањето на нивните очи во дланките им, здивот на блиската смрт што ги тресеше, го сеќавав моето истекување од сликите во времето,,, А не видов и не сакав да видам кој ѕверот од човекот го пушти а кој со крвта човечка ѕверот го налока - ни земјата не сака крвта во себе да ја впие... |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
majstorce62
Сениор ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
СОСЕМА СВЕСНО
Се што најдов во твоите очи беше старо – нова приказна, одамна запишана под врбите крај речното корито од првите чергари што разгореле искри во летна ноќ со мечти место желби - мит што станал препознатлива судбина... Под кој камен на страданието го сокрив клучот, сам ти открив за да ги отклучиш предкоморите на моето срце оти само од таму можев да влезам во тебе и да ги украдам сите тајни од малечкото ковчеже на твојата осаменост Некои ме судат за убиство со умисла а јас само глумев сликар на платното на твоите нестивнати страсти... Го продаваш ли сеуште мојот автопортрет осамен во празната галерија на твоите очи... |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
majstorce62
Сениор ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
РАЗМИНУВАЊЕ
Ти дојде - Јас бев... Го испразнив сето добредојде од очите за да го симнам уморот од твојата душа. И сакав: сите твои модринки da ги положам на дланка од лушпи на миризлива дуња по рецептот на старите собирачи на јантар од црните шуми на страданието... Сигурен дека: можам да ја препеам на јазикот на радоста молитвата на испуканата зенја кога сушата го јаде коренот на лебното жито а птиците умираат со слика на капка дожд во окото... На крај: ги собрав сите твои модринки во врзулче од дождлива ноќ без обврска да ти ги вратам и заминав... Ти остана - лушпа од миризлива дуња под перница на која никој не сонува... |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
majstorce62
Сениор ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ОДАМНА ЗАБОРАВИВ
Одамна заборавив како се станува пријател со сам себе: да си пружиш рака - со сопствената насмевка да се ракуваш, збор да исковиш - огледало, душата во него да ја собереш: да се препознаеш, да те препознае... Со какви музики радоста да си ја премачкаш: очите да си ги видиш а да не се сопниш од гранките на нечија болка при секое ново пречекорување на прагот на сопствената прескакулица, зрак да фатиш - огламник та да се зауздиш со узди трнливи во себе додека времето не те прескокнало. Одамна заборавив како се станува пријател со сам себе... |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
majstorce62
Сениор ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ИЛУЗИИИ
Птицата секогаш ти ја промашува дланката и слетува еден чекор зад тебе на сувата гранка на надежта дека еден ден ќе ти пее повторно, кога сонцето ќе го полни воздухот со мирисите на изгубената младост во некое ново утро со застоен вкус на непребол во очите... Залудно се вртиш да ја фатиш - нема ниту сува гранка ниту птица на неа, сами сме: јас во тебе ти во мене и песната за птицата што секогаш ја промашува твојата дланка... Ништо не се повторува како што било, ќе ти речам само, како тоа да се најважните зборови што си чекала да ги слушнеш, чекајќи да надојде реката од моето срце и да те удави со нова нежност |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
majstorce62
Сениор ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ЛИЦЕТО НА ЉУБОВТА
Што велиш да и направиме лице на вистината: и во лицето твоите очи а во очите мојот поглед па двајцата да гледаме исто... Што велиш, да и направиме лице на среќата: и на лицето твоите усни а во усните мојот здив па двајцата исто да чувствуваме... Што велиш да и на направиме лице на болката: и на лицето твоите солзи а во солзите моите горчини па еден крај друг да боледуваме... Или, не вели ништо сите нешта имаат две лица кога се прават а едното секогаш не ни се допаѓа - само љуби ме, ако можеш, јас никогаш не најдов друго лице за љубовта... |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
majstorce62
Сениор ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ДИГА
Прекарахме нощта заедно - лятното небе ни предложи покров от безгрижност а в нас оркестрираха остарелите трубадури на бала по опънатите струни на кожите ни... Ти - река с наглозгано корито от видрите на времето което в теб газеше. Аз - зид повисок от самия себе си. Дига от безсъние иззидана. Станахме езеро: наводнихме обилно полето посято с песента на изгрева. препев -БОРИС |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
majstorce62
Сениор ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ПРИКАЗНА ЗА НАС
Можеш да ме наречеш Влав, Србин, Турчин или Шиптар, можеш и Грк и Татар да ме наречеш и Македонец дури но нема да ме навредиш... Наречи ме и Кинез и Монгол, наречи ме со кое било име од слепилото што ќе ти се јави, наречиме и Македонец, дури, како сакаш наречи ме, пак нема да ме навредиш... Патник сум обичен истиот пат го патуваме: зад нас зората пред нас залезот; секој ден по една капка истекуваме во истата земја , што не изрти со нејзиното име во крвта како белег... |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
majstorce62
Сениор ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ПРЕУСМЕРУВАЊЕ НА ВОЗОВИТЕ
На син ми МИКИ За тебе и во најцрниот заборав ќе се вѕидам и сите задоцнети возови ќе ги преусмерам - ако колосек не останал, нов ќе создадам... Сеуште имам коски што можат да затропаат и кога ветриштата студени низ нив ќе просвират со песната на последното зајдисонце на хоризонтот од каде животот ќе заличи на позната панорама од разгледница на одамна непостоечки град. Ги чувствуваш ли полноќните возови на стравот во мене или друг некој воз во сонот ти татни по шините низ осланетите овоштарници на насмевките... И овој ден го испративме со празна кошничка како тажен Арлекин од сцена со угасени светла. знаејќи дека утрото ќе ни ја остави преполна со презреаните праски на ланската надеж пред портата што од навика пак ќе ја отвориме... Јас пак ќе ги преусмерувам црните возови на лудилото да ми те остават бар во сонот да бидеш што не си... |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
Внеси реплика | страница <1 910111213 23> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |