IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Уметност , култура и традиција
  Активни теми Активни теми RSS - најдоброто од мајсторче62
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

најдоброто од мајсторче62

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1112131415 23>
Автор
Порака Обратен редослед
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2010 во 08:57
НЕВРЕМИЊА
14 години земјата во Сребреница
одбива да ја впие во себе крвта
на жртвите од ужасниот геноцид...

Неми сведоци патуваат низ времето
заедно со немата вистина за него
кога беше невреме
и ѕверот го напушти човекот
со крв човечка да се напие,
а ние го отворавме вратничено
на секоја нова секунда
да провериме каде сме...

Ги броев во претпоставките
исчезнувањато на сите сведоци
на мојата младост:
на моите први воздишки,
првите украдени насмевки,
првите бакнежи и
првите разочарувања
таму, некаде, крај Миљацка,
под костените на Илиџа,
на постојката на Мариндвор,
во лепињата со пет жешки ќебапи
по калдрмите на Баш чаршија

Им го броев во згрчената душа редот
пред некои нови јами
и во истекувањето на нивните очи
во дланките им,
здивот на блиската смрт
што ги тресеше,
го сеќавав моето истекување
од сликите во времето,,,

А не видов
и не сакав да видам
кој ѕверот од човекот го пушти
а кој со крвта човечка ѕверот го налока
- ни земјата не сака крвта во себе да ја впие...
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2010 во 08:56
ТРАГ

Крцкаат моите чекори сеуште
по расковените штици на твојот сон:
сврдли од препечена бездушност,
црви без очи,
заби на студен ветер во бескрајна ноќ...

Босоног елен сум
- ти пак ме чувствуваш,
а роден сум во знакот
забрането вртење назад...

Со каков ли мирис си ја обоив песната,
песната на моето патување
низ честарите на твојата тага
кога бев поет...

А ниедна песна нема вкус на сеќавање
и не тече по ритамот на твоите солзи...

БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2010 во 08:55
НЕ Е ЛЕСНО

Посакав да бидам збор:
збор што никој не го извалкал,
збор со мирис на млад ветер
над косени ливади,
со огномет во соковите
од срцето на расцутените карпи
на пресилната желба да те имам...

А бев...

Посакав да бидам оган,
оган што згаснал неколку времиња
пред Прометеј да сфати во себе
дека човекољубието е проклетство
а водата обичен реквизит во очите
на заљубената гатачка
од кој може да се прочита иднината
на секоја твоја воздишка
бигоросана во мојата душа...

А бев...

На крај посакав да избришам
се што посакав
и да бидам пак тоа што бев
- обичен трубадур на сопствената среќа...

Не успеав...
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2010 во 08:54
ЛЕГЕНДА

Некои чудни времиња
ми дадоа очи од заборавена легенда
да го најдам изворот на љубовта
под истиот даб кајшто Парис копал...

Времињата се избришаа од календарот
изворот без вода беше...

Некој чуден ветер
ми ја разлеа крвта
низ дамарите на легендата
што ја оживеав...
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2010 во 08:53
АКО ПОСАКАШ

Ако посакаш да влезеш
во лавиринтот
на моите стихови,
влези со насмевка,
и на секое беспаќе ,
распаќе,
и крајпаќе,
изрони од неа по еден мирис
на твојата препознатливост
што само за мене ја создаде
кога се пресоздававме,
а не се познававме,
за да те најдам
кога ќе посакам да те барам...
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2010 во 08:51
МАНИРИ НА СТАПЧЕ

Во раката секогаш држам кист
од висококвалитетна полиестерска насмевка
а раката ми е обичен стар рецепт
за правење манири на стапче
од лабораториски добиени фруктози

На тротоарот на старото корзо
застануваат жени со мали деца
и со траги од угасен пожар во очите...

Им кажувам рецепт како да го обноват огнот
без да им ја повредат насмевката на децата
со иглите на својата нестрпливост...

На тротоарот на старото корзо
редовно продавам манири на стапче
а ноќта вешто го крие потеклото
на мојата високвалитетна насмевка од полиестер...
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2010 во 08:51
МАХЕР

Ти ја продадов насмевката
на стариот собирач
на прецветани јорговани
а ти се чудиш секое ново утро
зошто во кафето има помалку шеќер
од претходното пиење...

Ти го продадов мирисот
на стариот куклар
од театарот на тажните марионети
а ти се чудиш секое ново утро
зошто во чешелот има повеќе седи влакна
од претходното чешлање...

Ти ги продадов очите
на стариот откупувач
на нашминкани спомени
а ти се чудиш секое ново утро
зошто среќата секогаш тропа минута порано
од последното будење...

Намерно те продадов
на погрешни купувачи
на непотребни дребулии
- да неможам никогаш да те откупам...





БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2010 во 08:49
ЛЕТНА БАЛАДА


Го сакав летото во сенка
поради пинџурот
што го правеше мајка ти
под крошната на стариот брест
зад вашата куќа...

На тенекија таа печеше
пиперки од Моноспитово
и домати во две бои,
а јас се печев на твоите погледи
иако очите ти беа побистри
и од езерцата на Пелистер,
а гласот твој со свежило
од осоговските шуми
ми шумолеше низ припеците
на заузданите воздишки...

Да можеше да сетиш
како ти ги слекувам насмевките,
додека ти ги слекуваше
со тенките прсти
кожинските на пиперките
од нивите на Моноспитово
под крошната на стариот брест,
ке го изменеше ли тогаш стареењето
на поетот што умре пред да се роди...

Плачев кога го исекоа
стариот брест
со широка крошна
и мириси на пинџур
од врелите песни
на летните пладниња,
третиот ден откако ти ја слекоа
истинатата душа од него
и те облекоа ко за на свадба

Зошто ли одбив да те видам,
та и ден денес да ме болиш
со твојата последна солза,
во која ја сокри сета болка

на твоето прво разочарување....

БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2010 во 08:46
НЕБО ЗА ОГНОМЕТ


Мирува нешто во мене
а од мене,
се притаило малечко
а остро,
поостро
од самата острина
на својата острица:
од непремолк исковена,
на црна мисла исклепана,
на зол час наточена…

Се притаила
притајнината дива,
нескротлива:
немирот скока во слепоочниците,
со тешки чекани ги крши коските
да излезе,
да сотре,
пламени јазици низ воздухот
мрежи од смрт да распостеле
дар за страданието...

Се притаило
а гордоста му ечи
со мирис на барут во жилите,
во крвотоците,
од отрови што расклокотиле
што пребликнале
жив барут
живи рани да залечи
а да не те повреди
од една рана две да не направи
од мевлемот отров да не исцеди
да не те изгуби...

Глеј,
небото е прекрасно за огномет...
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2010 во 08:44
НЕ Е ВАЖНО
На Гора


Ми велиш, ќе ти ги украдам песните
а ти не ќе ми можеш ништо...

Па што ако, ти велам,
ќе напишам други...

Ќе ти ги украдам и тие
и пак не ќе ми можеш ништо...

Ќе напишам трети, ти велам
и баш ништо не ми значат твоите закани...

А кога не ќе можеш да напишеш
ниту стих повеќе,
со кои очи ќе ги гледаш песните
што нема појќе твои да бидат?

Со душата, што никој не може да ми ja земе
песните твои ќе ги чувствувам како мои...

БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2010 во 08:41
ЗА ИЛИНДЕНЦИТЕ

Небото жедно за херои било
Кога се втемелувале,
Кога се вѕидувале...

Ги раскинаа облаците
нов век кога се раѓаше:
реки сонце да потечат
- да се разлеат...

Мракот очи ли им глоѓаше,
лелек душа ли им сечеше -
со пушки извори раскопаа
- за свелината...

Од мајка до еден родени,
на мајка ниеден не ветен -
песната сами си ја напишаа
- на векот најубавата...


Со приказните од дедовците
- живи искри во очите,
ѓердан златен се нанижаа

на небото, меѓу ѕвездите..

БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2010 во 08:40
ВОЛЧЈА ПЕСНА

Врелите јазици на летото
ми влегуваат под кожата
- те бараат тебе...

Епидермот, во кој те сокрив
со мирисот на болката од твоите очи
го донирав на изгорен од сиромаштија...

Не гази ми по ливадите со качунки
ни кога насмевката ти е понова од карминот
- во белата песна на ѕвончињата
спијат озабени волците на војната...
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2010 во 08:38
ЗА ГЛАСНИЦИТЕ

Гласот на гласникот,
што ти го пратив
од длабочините на најпеколната мисла,
немал дарба да ти наслика
со едноставни линии
што ќе се случи
кога ќе се случи...

Знаевме:
скриените посакувања лесно се подмитуваат
да го свртат ветрот против сам себе...

И уште:
нема пат што ќе заврши таму
каде што сакаме
и ниеден не се вкрстува
со патот на судената среќа...

Очите се проколнати чички
што остануваат на грбот
и после првиот свиок...

Сепак:
некој друг гласник ќе слезе
по скалите на недорекот
да го дорече непремолкот...
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2010 во 08:37
СИЛА

Дива сила ме прелага за очите -
заслепен минам низ ѕидот на гордоста
- твојот крик ги распорува празнините

Крцкаат коските на каењето
под ѓоновите на гневот
- немам уши да ги наслушнам солзите...

Страдањето станало навика
а навиката страдање
- ја затворивме последната капија на разбирањето...
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1112131415 23>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,176 секунди.