|
најдоброто од мајсторче62 |
Внеси реплика | страница <1 89101112 23> |
Автор | |
majstorce62
Сениор ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
БРАЗДИ
на син ми Црната крв на ноќта прокапува низ прстите на ранетите трендафили... Ме гребат ноктите на твојот плач - длабоко во душата плускавици од самоизед ораат брзди за семето на неспокојот... Сакам да го удавам морето во себе со сите бродоломници на иднината... Знам, ќе исчезнеме засекогаш како две светулки во дождлива ноќ со изедена месечина ... Никој нема да го наслика нашиот траг во сопствените чувства онаков, каков што го оставаме во трепките на неразбуденото утро ... |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
majstorce62
Сениор ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ДО БЕСВЕСТ
Те распослав како здив на летна ноќ низ поткожните улици на љубовта, кога очите ми се опиваа од рузмаринот на танцот на првите клобурци на радоста до бесвест... Немаше книга што не ја прочитав за твоите преплашени копнежи и ниедна песна не ја сакав повеќе од песната на изгрејсонцето во твојата насмевка до бесвест... И стравот може да мириса на босилек, затворајќи ги кориците на дневникот на секој изминат ден, ти велев, кога имаш со кого да го споделиш пред спиење до бесвест... |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
majstorce62
Сениор ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
НЕКОГАШ
Не скогаш и не никогаш може да се случи: од змија отров насмевката ќе ми ја премачка, ќе ја ујдиса ко за дочек на сватови пред свадба, а под јазикот црната наума да се џилита злобна... одамна го потчинив пеколот со капка крв од скапана душа на јанѕа и ги научив огновите да мирисаат како цвеќе за кралица што е ветено - моите огнови со очи на дете волчја песна во забите џвакаат... и научив: во влакно од коса на заспана убавица да ги растреперам метафорите на најлудата песна што само ветрот знае да ја испее кога заспива во гнездо од срце на мала птица што умира на дождот... не секогаш, и не никогаш... |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
majstorce62
Сениор ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ОДИ
На син ми Тесен е овој пат и никој не оставил место за свртување назад... Оди: зад секој свиок ќе бидам пред тебе: доволно близу да ти бидам светлина и доволно далеку да не видиш кај ги носам одронетите камења од последните порои на болката... Оди: секој чекор ти го чусвувам ненаситно кога мислата прелетува над темните дубрави на стравот со крилја на кои им ја дадов нежноста на утринското будење и суровоста на последната бессоница... Оди: над долината на бесмртните копнежи сонцето свети со твоите насмевки, исполирани со глеќта на секое ново утро... |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
majstorce62
Сениор ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ЖИВЕЕМЕ
На син ми Во твоите очи сонцето и црно грее, а танцот на дождот и танцот на солзите со ист број чекори го обележуваат растојанието од болката до надежта. По сенките на среќата чекорам но патот познат ми е, не се плашам - ништо не светли посветло од твојата насмевка и ништо не боли поболно од твојата воздишка... Заморот го спакував како приказна меѓу кориците на едни други времиња - одата на животот не мами да го пронајдеме во совршената мудрост клучот за новиот ден... Живееме... |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
majstorce62
Сениор ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
СЕПАК
Си ја затворив раната со прав од столчени чувства - да не се позмијчиш Опстојувам подолго од сам себе и свртничар сум на секоја станица на времето - можеби ќе слезеш на некој перон... Од невекаде за никаде ги испраќам и пречекувам сите возови со песната на изморените пустолови, што личи на пцовка - те нема во ниеден од нив... Никој не води сметка кај го фрла срцето и на чија рана ќе стапне - во раните змии, најчесто, се котат... Змија сум, и змиите храна ми се - од твојата рана се испилив... Си ја затворив раната со прав од столчени чувства - да не се позмијчиш |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
majstorce62
Сениор ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
СИЛА
Дива сила ме прелага за очите - заслепен минам низ ѕидот на гордоста - твојот крик ги распорува празнините Крцкаат коските на каењето под ѓоновите на гневот - немам уши да ги наслушнам солзите... Страдањето станало навика а навиката страдање - ја затворивме последната капија на разбирањето... |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
majstorce62
Сениор ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ЗА ГЛАСНИЦИТЕ
Гласот на гласникот, што ти го пратив од длабочините на најпеколната мисла, немал дарба да ти наслика со едноставни линии што ќе се случи кога ќе се случи... Знаевме: скриените посакувања лесно се подмитуваат да го свртат ветрот против сам себе... И уште: нема пат што ќе заврши таму каде што сакаме и ниеден не се вкрстува со патот на судената среќа... Очите се проколнати чички што остануваат на грбот и после првиот свиок... Сепак: некој друг гласник ќе слезе по скалите на недорекот да го дорече непремолкот... |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
majstorce62
Сениор ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ВОЛЧЈА ПЕСНА
Врелите јазици на летото ми влегуваат под кожата - те бараат тебе... Епидермот, во кој те сокрив со мирисот на болката од твоите очи го донирав на изгорен од сиромаштија... Не гази ми по ливадите со качунки ни кога насмевката ти е понова од карминот - во белата песна на ѕвончињата спијат озабени волците на војната... |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
majstorce62
Сениор ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ЗА ИЛИНДЕНЦИТЕ
Небото жедно за херои било Кога се втемелувале, Кога се вѕидувале... Ги раскинаа облаците нов век кога се раѓаше: реки сонце да потечат - да се разлеат... Мракот очи ли им глоѓаше, лелек душа ли им сечеше - со пушки извори раскопаа - за свелината... Од мајка до еден родени, на мајка ниеден не ветен - песната сами си ја напишаа - на векот најубавата... Со приказните од дедовците - живи искри во очите, ѓердан златен се нанижаа на небото, меѓу ѕвездите.. |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
majstorce62
Сениор ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
НЕ Е ВАЖНО
На Гора Ми велиш, ќе ти ги украдам песните а ти не ќе ми можеш ништо... Па што ако, ти велам, ќе напишам други... Ќе ти ги украдам и тие и пак не ќе ми можеш ништо... Ќе напишам трети, ти велам и баш ништо не ми значат твоите закани... А кога не ќе можеш да напишеш ниту стих повеќе, со кои очи ќе ги гледаш песните што нема појќе твои да бидат? Со душата, што никој не може да ми ja земе песните твои ќе ги чувствувам како мои... |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
majstorce62
Сениор ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
НЕБО ЗА ОГНОМЕТ
Мирува нешто во мене а од мене, се притаило малечко а остро, поостро од самата острина на својата острица: од непремолк исковена, на црна мисла исклепана, на зол час наточена… Се притаила притајнината дива, нескротлива: немирот скока во слепоочниците, со тешки чекани ги крши коските да излезе, да сотре, пламени јазици низ воздухот мрежи од смрт да распостеле дар за страданието... Се притаило а гордоста му ечи со мирис на барут во жилите, во крвотоците, од отрови што расклокотиле што пребликнале жив барут живи рани да залечи а да не те повреди од една рана две да не направи од мевлемот отров да не исцеди да не те изгуби... Глеј, небото е прекрасно за огномет... |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
majstorce62
Сениор ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ЛЕТНА БАЛАДА
Го сакав летото во сенка поради пинџурот што го правеше мајка ти под крошната на стариот брест зад вашата куќа... На тенекија таа печеше пиперки од Моноспитово и домати во две бои, а јас се печев на твоите погледи иако очите ти беа побистри и од езерцата на Пелистер, а гласот твој со свежило од осоговските шуми ми шумолеше низ припеците на заузданите воздишки... Да можеше да сетиш како ти ги слекувам насмевките, додека ти ги слекуваше со тенките прсти кожинските на пиперките од нивите на Моноспитово под крошната на стариот брест, ке го изменеше ли тогаш стареењето на поетот што умре пред да се роди... Плачев кога го исекоа стариот брест со широка крошна и мириси на пинџур од врелите песни на летните пладниња, третиот ден откако ти ја слекоа истинатата душа од него и те облекоа ко за на свадба Зошто ли одбив да те видам, та и ден денес да ме болиш со твојата последна солза, во која ја сокри сета болка на твоето прво разочарување.... |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
majstorce62
Сениор ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
МАХЕР
Ти ја продадов насмевката на стариот собирач на прецветани јорговани а ти се чудиш секое ново утро зошто во кафето има помалку шеќер од претходното пиење... Ти го продадов мирисот на стариот куклар од театарот на тажните марионети а ти се чудиш секое ново утро зошто во чешелот има повеќе седи влакна од претходното чешлање... Ти ги продадов очите на стариот откупувач на нашминкани спомени а ти се чудиш секое ново утро зошто среќата секогаш тропа минута порано од последното будење... Намерно те продадов на погрешни купувачи на непотребни дребулии - да неможам никогаш да те откупам... |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
Внеси реплика | страница <1 89101112 23> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |