IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Уметност , култура и традиција
  Активни теми Активни теми RSS - најдоброто од мајсторче62
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

најдоброто од мајсторче62

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1213141516 23>
Автор
Порака Обратен редослед
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2010 во 08:36
СЕПАК

Си ја затворив раната
со прав од столчени чувства
- да не се позмијчиш

Опстојувам подолго од сам себе
и свртничар сум
на секоја станица на времето
- можеби ќе слезеш на некој перон...

Од невекаде за никаде
ги испраќам и пречекувам
сите возови
со песната на изморените пустолови,
што личи на пцовка
- те нема во ниеден од нив...

Никој не води сметка
кај го фрла срцето
и на чија рана ќе стапне
- во раните змии, најчесто, се котат...

Змија сум,
и змиите храна ми се
- од твојата рана се испилив...

Си ја затворив раната
со прав од столчени чувства
- да не се позмијчиш

БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2010 во 08:35
ЖИВЕЕМЕ
На син ми

Во твоите очи
сонцето и црно грее,
а танцот на дождот
и танцот на солзите
со ист број чекори
го обележуваат растојанието
од болката до надежта.

По сенките на среќата чекорам
но патот познат ми е,
не се плашам
- ништо не светли посветло
од твојата насмевка
и ништо не боли поболно
од твојата воздишка...

Заморот го спакував
како приказна
меѓу кориците
на едни други времиња
- одата на животот не мами
да го пронајдеме
во совршената мудрост
клучот за новиот ден...

Живееме...
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2010 во 08:34
ОДИ
На син ми

Тесен е овој пат
и никој не оставил место
за свртување назад...

Оди:
зад секој свиок ќе бидам пред тебе:
доволно близу да ти бидам светлина
и доволно далеку да не видиш
кај ги носам одронетите камења
од последните порои на болката...

Оди:
секој чекор ти го чусвувам ненаситно
кога мислата прелетува
над темните дубрави на стравот
со крилја на кои им ја дадов нежноста
на утринското будење
и суровоста на последната бессоница...

Оди:
над долината на бесмртните копнежи
сонцето свети со твоите насмевки,
исполирани со глеќта на секое ново утро...

БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2010 во 08:32
НЕКОГАШ

Не скогаш
и не никогаш
може да се случи:

од змија отров
насмевката ќе ми ја премачка,
ќе ја ујдиса ко за дочек
на сватови пред свадба,
а под јазикот
црната наума да се џилита злобна...

одамна го потчинив пеколот
со капка крв
од скапана душа на јанѕа
и ги научив огновите да мирисаат
како цвеќе за кралица што е ветено
- моите огнови со очи на дете
волчја песна во забите џвакаат...

и научив:
во влакно од коса на заспана убавица
да ги растреперам метафорите
на најлудата песна
што само ветрот знае да ја испее
кога заспива во гнездо од срце
на мала птица што умира на дождот...

не секогаш,
и не никогаш...
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2010 во 08:30
ДО БЕСВЕСТ

Те распослав како здив на летна ноќ
низ поткожните улици на љубовта,
кога очите ми се опиваа
од рузмаринот на танцот
на првите клобурци на радоста
до бесвест...

Немаше книга што не ја прочитав
за твоите преплашени копнежи
и ниедна песна не ја сакав повеќе
од песната на изгрејсонцето
во твојата насмевка
до бесвест...

И стравот може да мириса на босилек,
затворајќи ги кориците на дневникот
на секој изминат ден,
ти велев,
кога имаш со кого да го споделиш
пред спиење
до бесвест...
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2010 во 08:29
БРАЗДИ
на син ми


Црната крв на ноќта прокапува
низ прстите на ранетите трендафили...

Ме гребат ноктите на твојот плач
- длабоко во душата плускавици од самоизед
ораат брзди за семето на неспокојот...

Сакам да го удавам морето во себе
со сите бродоломници на иднината...

Знам, ќе исчезнеме засекогаш
како две светулки во дождлива ноќ
со изедена месечина ...

Никој нема да го наслика нашиот траг
во сопствените чувства
онаков, каков што го оставаме
во трепките на неразбуденото утро ...
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2010 во 08:28
АПСОЛУТНА ВИСТИНА


Ја избришав од очите на неродените утра
песната на прегладнетите пци...

Со чекорот можам да ја растргнам мислата
и да ги најдам старите насмевки под балконот...

Сепак, еден е возот што не носи до целта
и вагоните се полни со проценки од око...

А, секогаш сме таму кај што не сме
и секогаш со ист сон го премостуваме времето...

Можеш ли да го прескликаш вчера во утре
а дa не личи на слика на врзулче со поцрнети бисери
во зашиен џеб од износени пантaлони

Да, сета вистина е собрана мудро во крајот
во кој сите исчезнуваме како неодговорено прашање
„Зошто го минав сиот пат...„ ?
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2010 во 08:27
ФОТОСИНТЕЗА

Го пиеш сонцето од моите зборови,
со примитивно чувство за опстанок
во разбудените вулкани на животот,
како единствена да си
после потопот...

Во здивот ти чувствувам
како ги разложувам минералите
на твојата радост,
а малку ти е...

Никогаш не ја спомнавме бајката
за зрното грашкок под перницата
на заспаната принцеза,
но зарем мораше...

Секоја педа од твоето надраснување
е две мисли подолга од мојата намера
да се избришам од иконата на светлозрачните
во иконостасот што ти го подарив без повод...
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2010 во 08:26
ПРИКАЗНА ЗА ВОДАЧИТЕ

Во очите копја огнени носеле,
овде – онде мракот да го раскинат,
видот да ни пролета...

А видот птица ни бил
во примка лесно што се намамува...

Две торби на рамо, велат, носеле,
во едната - смрта презрена,
во другата - сонцето неогреано...

На починка од двете залак каснувале
со вкус на мисла за семето непосеано...

Уште велат:
чекорот на нас им мирисал
и можеле:
низ крошна од даб
во ѕвездите да не видат ноќе,
кога уморот во тревата им истекувал...

Кај ли ги загубивме, кај ли ги избришавме,
водачите наши, светлоносците.....
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2010 во 08:25
ПРИКАЗНА ЗА МОГИЛИТЕ


Во крвта ни се испишани
сите имиња и презимиња
на црните скокачи во небото
кога стравот се чичкосувал меѓу пршлените
а на очите помила прашината им била...

А не биле многу,
таман толку колку што могили имало
низ планините, крај полињата,
од дедовците ископани
место ниви бериќетни...

Сека могила триш појќе раѓала
од клетата иловица...

Во ноќ со полна месечина
тропаат коските на безимените
во могилите - затревените...
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2010 во 08:25
ПРИКАЗНА ЗА КОДОШИТЕ

Девет круга,
девет чуми,
девет колена сотрени
и девет суши настрвени
над девет сеидби непркнати,
девет сонца гламјосани
на девет неба затворени
девет века разнебидени
- уше колку ли ги има
пред нас,
во недогледот,
борчевите нивни
неодборчени...
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2010 во 08:24
ПРИКАЗНА ЗА НЕСКРШЕНИТЕ

Во каменот се обликувани времињата
со душите на нескршените,
и секој камен приказна е проста
за победите – недопишаните...

Со заби на сура волчица
мракот снагата им ја кинел
во занданите...
а тие светлини станувале...

Исти ко нив коските им ги собрале
да ги премостат времињата
и себе си во нив да се втемелат...

Во ист иконостаст ист сон сите ги изрезбал
- вино и нафора за света причесна...





од циклусот „ПРИКАЗНИ ЗА МАКЕДОНИЈА“
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2010 во 08:23
ЗАРАСНАТИ ПАТИШТА

Влегов во сите тунели на твојот страв
и од очи на крт ти направив фенер
за да ме препознаеш и тогаш
кога не ќе личам воопшто на човекот
што ти плетеше топли несоници
од преѓата на својот искинат сон…

Можеби сеуште одмораш на перница од облак
што го фатив со мрежа од обична насмевка
во бескрајната стреа на твојата осаменост
но јас веќе ги фрлив од себе
очите на едноставноста
среде густ метеж од автомобили,
кога сите ме гледаа низ очила
конструирани да ја разголат душата сосем…

И што сега да направам
кога патиштата по кои заминав од тебе
си ги зараснала со тревите на омразата
а јас, самоуверен. одбив да ги нацртам на мапата
безгрижно верувајќи дека се само мои...
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2010 во 08:22
РЕПРОДУКЦИЈА


И јас можам од пресончана кожа на спомен
да ги извадам сите диви влакна,
како со цедалка од млеко за потсирување,
и да направам репродукција на твојот портрет
со интервенции што ќе откријат носталгичен поет
од школата на последните талкачи низ времето...

Запомнив скоро се така ко што сакав да биде:
и тивката тагата во кротките ти очи,
и жуборот меден на гласот ти ѕвонлив,
и здивот со боја на пролетна зора од душата твоја...

Скоро се така ко што сакав да биде, запомнив...

Но кој ќе те препознае таква освен јас самиот
кога есента ќе зашумоли во сувото лисје на староста...

БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1213141516 23>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,125 секунди.