IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Уметност , култура и традиција
  Активни теми Активни теми RSS - најдоброто од мајсторче62
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

најдоброто од мајсторче62

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 678910 23>
Автор
Порака
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2010 во 05:58

КРСТОСНИЦА
На автопатот на мислите
ти стоиш како крстосница
- сите патишта
кон иста цел ги узмеруваш
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2010 во 05:59
МИРИСОТ НА СОЛЗИТЕ

Кога ветрот го бои воздухот
Со жолтиот мирис на узреаните дињи
Од тезгите во пазарот
Jaс упорно го премолчувам вкусот
На резбите од твоите длета
Во кората на летните ноќи ,
И раскажувам сказни од небило
До не се случило...
Колку да му ја затворам устата на срцето
Што сака нешто да каже.

Сепак, ниедна миризба не е толку впечатлива
Како миризбата на твоите солзи...
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2010 во 06:00
МОЛИТВА
На син ми Мики

Ти си мојата молитва:
утринска,
вечерна,
пладневна...
Во секое време
(па и во сонот)
на радост што мириса,
што ги блажи горчините
на црните снегови,
таму,
по осоите на душата,
со музика блажена кај што ги топи
и низ жилите набуени реки растекува
- реки осветени,
со мирото на копнежот миросани,
реки од светлини расклокотени
- реки од сни неодсонувани...

Ти си мојата молитва…
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2010 во 06:01
ДЕЛАНКИ

Ги донесоа некои ветришта
од некаде и невекаде
- изделкани деланки од нечија презаситеност:

деланки без срце
деланки без живот
деланки со избледени приказни
за детелинки со четири листа


Друг ветер ги подзеде
на секаде ги разнесе
- деланките во очај очи тажни што си испиле.

Остана сал мирисот на приказните
за детелинките со четири листа...
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2010 во 06:02
РОКАДА


Те нареков „моја несреќна Пенелопа“
но јас бев само твој шашлив Дон Кихот
и од сенките на твоите солзи создавав змејови
за да ги убијам со меч од триста насмевки...

Одисеј и Дулчинела се среќни ликови
во една сосема друга приказна,
во која времетио е оковано со клинци од неистек
а поетите немаат право на шенген визи
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2010 во 06:02
МИРИСОТ НА ЗАБОРАВОТ

Ми ги украдоа емоциите
- без нив не можам да те љубам,
И срцето ми го украдоа
- без срцето не можам да те допрам,
Сега душата, ене, ми ја крадат
- без неа си роза без градина
моја РОЗО бела со мирис на заборав...
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2010 во 08:02
НИШАН


Го
кренав
превисоко
ншанот
на
зорот
-те
промашив...
ох
колку
близу
си
била...
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2010 во 08:03
НА КРАЈОТ


Ги изодив сите патишта на зборот
од ваму до таму
од таму до онаму...

Никаде крајот не го видов

Те сретнав тебе
- занемев...
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2010 во 08:04
ПРИКАЗНА ЗА НЕДОЈДЕНИТЕ
од циклусот „ПРИКАЗНИ ЗА МАКЕДОНИЈА“

Са каква дума ќе ве дочекам
Со какви очи ќе ве погледнам
Завештанието ако го продадам...

За дочек, старите наши, кога слатко немале,
најзлатната дума од под јазик ја ваделе...

Им пиеле стрвно очи црните пци на уморот
и пак во нив сонце чувале гостите да си ги добросат...

И можеле – лута пиперка со ракија да мезат
а муабетот, чиниш, медовина од уста ко да им течел...

Од брег до брег смртта ја растргале
и пак ништо не продале, и пак сонот го чувале...

Од каква ли книга се описменивме
та не знаеме завештанието да го прочитаме....


Са каква дума ќе ве дочекам
со какви очи ќе ве погледнам
завештанието ако го продадам...
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2010 во 08:05
НЕВАЖНО ВАЖНО


Што е важно дали е неважно
неважното важно
за важната неважност    

Што е важно дали е важно
кога важното секогаш е неважно
а важни се неважните важности

Што е важно дали е неважно
кога ништо друго не е важно
освен да бидеш важен поет
за неважна публика со кратка важност...
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2010 во 08:06
ЦРНИ НАРЦИСИ


крв

моја е
или твоја

не е важно

умираме обајцата
со мирис
на омраза
во крвта

црни нарсциси
во кафезот
на смрдливите хиени...

крв...
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2010 во 08:07
ЗАЛУДНО


(од циклусот „Вистинска лага“ )

Бледнееме-
и сенките имаат повеќе боја во себе
кога шумолат ноќе
во огледалото на езерото

Со изморени чекори
одам од една до друга мисла за тебе
- ме управува навиката...

Ништо нема зад вратите на вистината,
вистината никогаш не ја спознавме...

Залудно ги отвораме...
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2010 во 08:08
ЖИТИЕ



од циклусот „вистинска лага“



Во мојот свет огледалата се огледуваат во лицата
и имаат вљубен поглед кога се будат

Ветрот оптегнува виолинска жица
помеѓу два момента на отсутност на вистната.

Во мојот свет патот секогаш е пократок за една мисла
а мислата има две скриени должини на недорек...

Бессоницата ги буди црните танчерки на стравот
од една до друга воздишка на отечените утра...

Во мојот свет мракот ја бакнува светлината
и се обојува со звуците на задоцнетите чекори на среќата...

Не развлекувај ја границата на мојот свет
за да влезеш во него како ограбувач на оскрнавени лешеви...


И би крај, ден последен ( според светиот Адофон
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2010 во 08:11
ХОЛОГРАМСКА ПЕСНА


Јас сакав да ги обележам патиштата
по прериите на земскиот рај
со имињата и датите на најголемите победи,
во твоите очи што ги извојував без меч,
тебе поинтересно ти беше
да вадиш имиња за птиците на твоите стравови
од некои чудни книги без корици,
колку да ги имаш по азабучен ред...

А знаевме, обајцата,
на крајот, сепак, ќе не победи мислата
дека сите победи и сите стравови
се холограмски одраз од некое време
што други го живееле пред нас...

Актерите нкогаш не се играат самите себе
во сопствената приказна...
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 678910 23>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,219 секунди.