IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Уметност , култура и традиција
  Активни теми Активни теми RSS - најдоброто од мајсторче62
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

најдоброто од мајсторче62

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 56789 23>
Автор
Порака
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Декември.2010 во 23:16
МУЗА

на неа, оти и останав должен

Ме роди жена, жена со сон во очите
и тивка приказна за животот на светулките
што издишувал меѓу капките роса
во ливадите на нејзиното детство...

Ме роди жена, жена со надрочени мисли
во кои само болката останала
да ги мрзне наутро расчаталените крвотоци
на обидите да се дофати мигот на среќата
што премногу блиску била.

Ме роди жена, жена - зрак светлина,
а јас во очите на нијанси ја разложив
како виножито над две црни планини
- црни думи недоречени...
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Декември.2010 во 23:17
ВЕНЕЦ

Дај ми го венецот на вистината
Може со трње, може со рози
Што е важно,
Сакам да го закитам љубопитсвото:
Може да годи
Може да боли;
Зар е тоа важно,
Дај ми го само тој животен венец
Од твоите красни мелодии сплетен
Што ги пееше ноќе
Кога ме маѓепсуваше...
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Декември.2010 во 23:18
МЕРКА

Сношти, на сон, мајстори тројца ми дојдоа
За гроб мерка да ми земат.
Јас песната последна им ја дадов,
што не стасав да ја напишав за тебе,
- Во неа сонот да ми го продолжат
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Декември.2010 во 23:18
ПОТРОШЕНО ВРЕМЕ
На син ми


Кој ми те научи , мило, да пишуваш
со немуштиот јазик на болката
Та прашање во погледот си испишал
Што ме тера од немајкаде
кон предели штури сонот да го вртам?

Одговорот,мило, скелет ми е,
сред ветришта прав што ме држи
Го извадам ли, жив – нежив ќе се распаднам...

Кој ми те научи, мило, да ми пееш
со црните звуци на страданието
Та сред кошмар од кошмар да се будам
Кај што и смртта мило не сака
Постела за починка да си постеле...

Одговор, мило, молкот ти е
Сред тишина клета што ме кине
Дур од времето надаванка гнилa плетиме...

Ќе имам ли, мило, одборч
Времето да ти одборчам
Што себично ти го поарчив...
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Декември.2010 во 23:19
ЖИВОТ ВО ТРОПИ

Со чук од инает им го сменив ликот
на сите метафори
и измислив емулзија за огледало
од седефени компарации
и огноотпорни параболи.
Во ритамот на твоето дишење
синестезиите станаа танчерки
и татнеж во крвта разбудија,
- Боја и мирис
на подиумот на страста сплотени...
Секое завивање на ветрот
беше ономатопеја
на гладот да се будам во твојот сон
како себична анафора
            а перницата,
            во која уморот ти истекуваше,
градација на една иста мисла
еден ист шепот
иста желба...
Асонанцо моја,
смислувајќи стихови за тебе
се измислив самиот себе
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Декември.2010 во 23:20
НЕМОЌ

На тебе, малечка моја...

Ни една разделба,
ни еден крај недокрајчен
Не болеле толку
колку црниот молк
На немите телали на кобта
Кога ги премостуваат бреговите
На раскинатата душа
Со мисла - чекор преѕемнат
По пат незнаен што се влечка....

Глас ти барам – не знам од кого,
Глас ти праќам – немам по кого
Гласот твој – плач стиват во виулица,
Гласот мој – мртво ехо од клисурата
Што никогаш не ја поминавме...

Уште стопати можам да те измислам
И до стопати уште да те создадам,
Но ќе бидеш ли иста, ко првиот пат?
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Декември.2010 во 23:21
ЗАД ОКОТО ОКО

На Мина

Зад окото око,
Сокриен глас во мисла на телал зловесен
Што скокот го притаил
зад грмушка распламтена,
ко мачка трпелива плен што демне
- црна игра над црнина црно кога црни...

Зад окото око.
Гладни заби на волчица препредена
Клуч изглодале за адските врати
Кај ниедно око опул не може да прати
- мустра за љубов од љубов надљубов не се зема

Зад окото око
Жива вар крв човечка со бакнеж гори...
Страдание ли е, откупнина ли чесна,
Или меч над главата моја, твоја, нечија...

Зад окото око,
Мирот миро бара да се помироса мирно
- клокотат реки нескротлива сила....

Зад окото око,
Виеж болен на човечка немоќ сред причесна света...

Зад окото око...
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Декември.2010 во 23:23
БРИШАН ПРОСТОР


И последниот бришан простор сами ќе го минеме
- сите телефонски броеви што ги знаевме
одамна покажуваат зафатена линија

Распоредот на мините воопшто не е важен
- те има тебе, ме имаш мене,
чекорот го усогласивме на часовите на радоста
кога баладите сеуште имаа вкус на овошје што зрее
а утрата се будеа сред жуборлив мирис на јоргован
од бавчата на твоите сончеви насмевки...

И последниот бришан простор ќе го минеме сами
- едниот ќе остане да ја раскаже приказната...
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Декември.2010 во 23:24
ПОСЛЕДНА МОЛИТВА
     За нас тројцата...

Остај ја болката -
нека удри силно од дамарите
на моето последно патување
низ мртвата музика
на молитвите
нека се разлие низ најситните ракави
на делтата
на моето живење:
и како девојка, што копнее за љубов,
кога се разлива врз црните чаршави
на презрената душа,
и како бран, завјасан кон карпата
на сите прадрасуди
и сите неизглаголени вистини
за мене
за тебе
за нас тројцата...

Остај ја болката -
нека ја создаде последната ноќ
нека ме рассоздаде како да не ме било
па рассоздаден
да се вратам во нејзините врутоци
со сите неразорени зори
со сите неизболувани болести
од вирусот на твојата радост,
со сите оскрнавени молитви
за мене
за тебе
за нас тројцата...

Остај ми ја болката
мачителке
и маченичке моја
оти ја создадов
пред тебе да те создадам
оти ја создадов
светлина во мракот да ми биде
во мракот
што сепак светлина бил...
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Декември.2010 во 23:25
НИКОЈ МЕ Е СОВРШЕН

Никој не е совршен
но твоите насмевки чудни се
и секој поглед низ нив
една тула нова наоѓа
за ѕидот на мојата совршена теорија
за љубовта, што може да трае
и после моето и твоето патување
по карпестите предели на воздишките,
столчени од зборот недоречен,
како две зрна неизртена надеж
во окото на свенатиот сон...

Никој не е совршен
но твоите шепоти мевлем се
па секој нов ден една плускавица,
со насмевка, во душа расцутува,
а ноќта стекнала навика
да ги пресликува во утрото
содржините на совршените платна на љубовта,
за која знаев дека извор скрит има
кај што никој никогаш не погледнал
со очи од копнеж пребликнати,
а да не се урочил...

Никој не е совршен...



БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Декември.2010 во 23:26
СВЕТЛАТА СТРАНА НА МРАКОТ


Побарај ме кајшто соцето личи
на твоите насмевки кога се будиш…

Кај што ветрот шепоти низ лисјето
со твоите чекори
кога низ мислите ми минуваш…

Кај што небото е големо око
во кое се збрани сите твои солзи
а времето сеуште без прекин тече,
како реката во која ги прекрсти
моите стари навики
и им го даде името
на твоите неисполнети желби
да се препознавам самиот себе
во секој што ќе го изговори твоето име…

Но немој, не барај ме во срцето твое
кајшто времето е проколнат сликар
што изгубил дар да наслика срна
во светлата шума на спокојот….

Но немој, не барај ме во срцето твое:
јас сеуште личам на дождлива есен
и мирисам на збор што убива насмевки…
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Декември.2010 во 23:27
МРТОВ ГЛАС


Со ист камен ист белег
судбината ни направи:
ти храбро болката ја пушти
птица црна во денот бел да лета
јас глас мртов сум
стутулено јајце од кукавица
во камењар со змии преполн
и надеж потајна
дека ќе заборавам се
па и тоа:
во денот бел
црната птица на болот
кога сакав да ја разлетам.
А некои сеуште ми велат
Поет сум бил...
Не, не било толку едноставно
За вистинската болка да пееш....
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Декември.2010 во 23:29
ЦРН СНЕГ

Денес, остајте ме сите:
со длето од неверба
празен простор длабам
низ белата тага на снегот црн
и пркосам му чинам
на крикот клет
од телалот зловест
со цртеж на красен лик
во насмевка детска стокмен,
колку мигот да го скротам,
во кој вистината ко кртче рие
а гласот немо во прашање се крие
- зар ја нема веќе?

Денес не сакам да се разбудам:
маѓепсајте ме во последниот час
од вчерашниот ден со чинки
на најстрашно проклетство,
во последната забоболка
жива мака скаменете ме,
сред глутница волци
во најцрната ноќ распнете ме,
но не будете ме
- денес ја нема веќе...
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Декември.2010 во 23:29
МИРИСОТ НА ВЕЧНОСТА
(реминисценција)

Интервалите на твоите насмевки
меѓу две видувања и две разделби
мирисаа посилно од вечност.

Исто како и музиката на росата
што ја претвораше ехо
со белите одблесоци на босите нозе
кога ги полегнуваше тревите
со разџагорени неба во очите
кај поилото на првите бакнежи.

Тивка музика со боја на срамежливост.
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 56789 23>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,188 секунди.