IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Уметност , култура и традиција
  Активни теми Активни теми RSS - најдоброто од мајсторче62
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

најдоброто од мајсторче62

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 34567 23>
Автор
Порака
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Декември.2010 во 22:12
ЧЕДО НА ВЕЧНОСТА


Ниту вчера, ниту после -
миг бескраен,
слеан во морето на вечноста

Исклесана недореченост
во каменот на незаборавот,
дрворез во расцутена цреша,
- цут недоцутен.

Стои мигот во реката на времето,
брег стамен, неронлив,
- гранитна бескрајност...

Која птица го задои
та гласот му го закрепна,
со седеф мазен го опточи?

Ниту вчера, ниту после -
миг заѕидан
во ѕидот на неодминливоста...

Миризлива несвенливост
на мостот на времињата,
недопишана страница на победата,
- сон недосонет.

Чуден пат го донесе
уште почуден го однесе
во прегратките на вечноста.
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Декември.2010 во 22:14
КЛУЧЕВИ

Пастелните звуци на песната
На упокоените времиња
Се лепат како поликолор
на рапавиот ѕид
на испразнетата соба на душата.

Влезот и излезот се заклучени
Со различни клучеви...

Ги смешавме ли тогаш
Во смешната караница,
Па јас да не можам да излезам,
А ти залудно да чекаш да ти отворам.
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Декември.2010 во 22:16
МОЛБА

Јавето ми е сон,
А сонот кошмар...

Не затворајте ми ги очите
Кога ќе умрам!
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Декември.2010 во 22:18
ПРЕДАВСТВО

Со каква стрела го рани
Срцето на небото
По кое наутро го пуштав сонцето
На прегладнетите немирлики
Да штрпка росни облачиња
Што личлат на тебе.

Птицата, што пееше арии
Со глас надрочен од самосебе
Во кафезот на мојата душа,
Никогаш нема да сфати
Како се нашла пред срцето на небото
Истиот миг, кога бакнежот,
Задишан од согорувањето на секундите,
Што итаа роевито
Кон огнот на твоите усни,
Ја пронајде загубената формула
За привлекување ненадејни громови.

И небото, и птицата, и бакнежот
Гнијат во пепелта на твоето предавство.
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Декември.2010 во 22:19
ДЕЦА
Јас не сум поет,
Од зборовите, саде, играчки си направив -
За да останам дете.
Песната со плач ја намирисав -
За да останам дете
Уште тебе да те научам
Како да играш криенка со брчките
Па обајцата да останеме деца...
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Декември.2010 во 22:23
ПЕСНА ЗА ВИЛИНОТО КОЊЧЕ

НА Мона Лиза


Острицата на ножот
од последниот триумф
на асасите
си ја бара сенката на сопствениот блесок
во крвта на питомата квечерина,
полна со мириси на босилек
од саксијата на твојата насмевка.

Аплаузот, со кој мислеа да го нахранат
прегладнетиот самобендис,
е мртва пеперутка на сцената на глупоста…

А ти и понатаму
ги откриваш тајните напивките
со кои утрата се трезнат
од мамурлакот на ноќта
и од долгите беседи
во ткајачницата на пајакот,
толку едноставна
и толку прекрасна,
како вилино коњче
со сонцепис на проѕирните крилја...


Ти, мала чуварке
на светото завештание на добрата вила
и на клучот од вратата на светото проштение.
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Декември.2010 во 22:43
ЗБОРОТ НАШ, ПРЕУБАВ



Истриј му Ја калта од старечкото лице
Со парталчиња од искинат сон истри му Ја,
Во него сонце ќе пронајдеш
- Сонцето наше низ патила пат што издлабило...

Угреј Го на жарот што жари во срцето
Со чеканите на љубовта исковај Го
И сила на меч во жилите дај му...
Потем...
Потем, едноставно, источи Го
На тивкото точилото на вечноста,
Како што се точи секој меч
За битки славоносни судбиносан,
Да сече, да сотира пред себе се.

Каков е таков е,
Од мајка страдалничка аманет е.

БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Декември.2010 во 22:48
СЕНКА

Сенка сум,
се влечкам пред себе
и не се погледнувам...
Сакам да се згазнам,
да се поминам,
да се престигнам
но секогаш сум побрз од чекорот
што сака да ги столчи
контурите на новата намисла
за отривање на закопаните монети
на последните воини на светлината.
Сенка сум...
Безлична издолженост
по плочникот на тврдоглавоста
за три должини повеќе
и подолго
од вредноста
што никогаш не ќе ја спознаам...
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Декември.2010 во 22:51
ПОТКОЖНО БУБАЛЧЕ

Моето поткожно бубалче има име

што се римува со имињата

на сите непрегорени пенушки на копнежот,

на сите непресушени извори на надежта,

на сите неизглодани коски на недосонот,

на сите непремостени брегови на болот,

на сите мои настојувања

да ги разоткријам тајните

на формулата по која прецизно се мешаат

мирисите на окопнатите времиња

со стравот што ме демнее

од пештерите на темните планини...



Моето поткожно бубалче ги прескокнува

времињата со безгрижност на вљубена принцеза,

во чија дијадема светат дијамантите на шегите

со кои и ја скокоткам насмевката

понежна од тулот на летните квечерини

- необмислено со никаков концепт од книгите

на војувањето на варварските племиња.





Моето поткожно бубалче ги знае наизуст

и на прсти, како молитва пред спиење,

сите утоки во кои ги усовршував дарбите

за ловење плашици во матно

и ги сортира во класорите

на недоиграните прескакулици

од најскритите сокачиња на сонот за растење

како монети од одамна исчезната цивилизација

со истата важност како и тогаш,

кога ги ковеле задоцнетите ковачите на среќата

место клуч за митниците на големите победи.


Моето поткожно бубалче...
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Декември.2010 во 22:52
ЗА МЕНЕ, ЗА ТЕБЕ, ЗА СИТЕ НАС



Исушен корен
- име без значење,
Лоза
- ластерите, чиниш, на број се сите
А никој не ги брои веќе
Никој свенот не им го пули...

Број нема да ги обележи
Во светата книга на родословието:
Воздишките,
Солзите,
Крволеанките...

Сите прекинувања
И обесчестувања на проодот
Им ги запишавме на небото
Оти место за темел не најдовме
И могила не им изѕидавме
Та коските в спокој да им се сплотат
А старите, велат, наши
Мајстори на глас биле...

Сувиот ветер на срамот
Сеуште не носи
По пустите ниви белосветски
- зарем некаде можеме да никнеме...


Што ќе си си
Што ќе ти е сјајот
Ѕвездо неименувана
Заре саде со прест да те покажуваат...

Ако не можеш
Ако не можеме
Во самопочитта да те сочуваме
Жива во себе закопај се
- и јас со тебе,
Срам да не теглиме...
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Декември.2010 во 22:53
ГРЕВОВИ

Не најдовме небо
- да те покриеме
Не најдовме сонце
- да те огрееме
Дожд не најдовме
- раните да ти ги измиеме,
а толку си мала...

Ќе имаш ли земја
Гревовите да ни ги покриеш?
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Декември.2010 во 22:55
ЗАДОЦНЕТИ ПАТНИЦИ

Ги стокмуваш ли усните
како и тогаш
Кога од коприните на сонот
Шиеше проѕирни фустанчиња
За куклите на твоите бакнежи,
Толку немирно растрчани по ливадите
На мојата срамежливост
Толку топло задишани по нагорниците
На моите обиди да излезам од детето
Што копнееше да ѕирне во шивалната
Во која твоите марифети
Личеа на вештини на маѓосничар

Моите бакнежи сеуште талкаат
Од една до друга адреса,
Како задоцнети патници низ времето
Што и самото ги заборавило изворот
И мигот на своето откровение,
И го бараат волшепството
Што остана заклучено во шивалната
Во која никој повеќе не шие
Проѕирни фустанчиња
Со марифет на циркуски маѓосничар...

А толку многу сакам да ти испратам
Шишенце мирис на косено сено
Од ливадите на мојата срамежливост...
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Декември.2010 во 22:57
ЖИГОЛО

Пожолтените ридишта
Разнижуваат монистри од воздишки,
Ветрот разнесува коледарски огнови
Низ мртвиот воздух…
Дали времето е погрешно
Или потпалувачот е некој заспан
Талкач по неговите неизоднини
Кој мора да си ја зврши работата
Како недоквакан жиголо
Што за грст фалби
Ги распалува огништата
Во сушните постели…
Никој не ги сака потпалувачите,
А нешто пријатно
Се вовлекува под кожата
Сепак...

БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Декември.2010 во 22:58
ТРАМПА

Како ровја нека ме ослепи
светлината на мигот,
нека ми го одземе видот:.
прашина глочкава во очите,
жетва без берикет,
отчет на распната надеж
сред бури нестивнати...

Мигот – мисла прегладнета
ден неразденет
радост нерсцветана
заталкан зрак сред шума од светлини...

О, ти, преслатка измамничке,
невенчана невесто на сонот,
што умот ми го полниш
со себеизеднина
кога те нема -
нахрани ми ја мислата,
раздени ми го денот,
расцветај ми ја радоста
- ослепи ме
и на образот на мракот
пресликај го мигот зрачен,
а потем -
и мене однеси ме...
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 34567 23>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,141 секунди.