IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Уметност , култура и традиција
  Активни теми Активни теми RSS - најдоброто од мајсторче62
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

најдоброто од мајсторче62

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1819202122 23>
Автор
Порака Обратен редослед
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Декември.2010 во 21:55
ПОСк*рА
На А.К.
Не крши ја поск*рата недопечена
и не вади ја од неа паричката
Дури среќата не го покаже лицето
Без сите маски,
Фереџиња
И велови,
Онака, без шминка,
Ко што ти им се предаваше наутро
На сопствените очите
Ловејќи ја нивната задоволна насмевка
По мазното чело на огледалото.

Не плети мрежа од конци на изгниено време
Во која ќе ги броиш преостанатите секунди
Како стара мома
Мртвите серенади во прашината
На прозорецот од моминската соба.

Укради го, од изворот под старото дабје,
Со жилите многулетни даги што вкрстил,
Окото нетрепливо на ловецот итар,
Што научил да чека дур пленот леко
Во примката скрита со спокој му ита,
Окото што препознава рани по лузни
Од опулот стрела што фрла низ ветрот
По кобникот што сонот му го колви...

Не крши ја поск*рата недопечена
И не вади ја од неа паричката
Дур среќата лицето вистинско не го покаже...


Изменето од majstorce62 - 25.Март.2008 во 10:25
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Декември.2010 во 21:53
МОЖЕШ, ЗНАМ

На А.К.

Можеш, знам:
Патот неизоднина да го свиткаш,
Божем црвена лента е,
Свилена,
И да направиш машна
Од која здивот сам себе не ќе се препознае,
И мојот,
И твојот,
Што ги спакувавме во заедничка кутија
За скапи подароци
Во фиоката на трепетот на нашето
Заедничко исчекување
На сите недофати
Над темните хоризонти на радоста...
Можеш, знам:
Од сонот да направиш чевли,
Со чевлите
- пат
На кој ќе ги пронајдеш сите патокази
Што ги врежав во кората на дрвјата
Со ноктите на сопственото надраснување
Оти знев,
О колку проклето знаев,
Дека ќе поминеш некогаш зад мене
И ќе ја спознаеш птицата на стравот
Сред трњето со солзи што го газев...
Можеш, знам:
Во душата бисери да најдеш
За тебе,
За мене,
За сите по нас што ќе дојдат -
Отфрлени од сите
Презрени од себе....
Можеш, знам....
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Декември.2010 во 21:49
БЕЛЕГ
На Филмаџијка

Белегот ќе не распознае,
Белегот благоглаголив
По сенката што ни се влече
Дур врвиме среде липите
Крај заборавените пристаништа
На недорекот,
Од кои мириса зародишот
На непрокопсаните мисли…
Ќе не расапознае во сите времиња
И на сите светови,
Исти како и овде,
Исти како и таму,
Со истиот белег бележани,
Со истото миро миросани -
Зборот ни е :
И храна и вино,
И причесна и молитва,
И лулка и гроб.
Секаде, па и овде….
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Декември.2010 во 21:48
ПРОЦЕНКА


Го мерам чекорот –
Тежината,
Должината
Го мерам на вагата на сите промашувања
На старите сопнувања
На големите разочарувања,
Го мерам чекорот
Пред да стапнам на нечие срце,
На нечија солза,
На нечија воздишка...
Чекорот –
Живи рани по табаните,
Олово течно во колената,
Историја на лузни,
На пентерења
Без почеток и крај
По ридиштата на мртвите
Експедиции на немирното дете...
Го мерам чекорот
Со опитност на мајстор,
Со точност на геометар,
Како воздржан коментар на хирург
И недоречена мисла на филозоф,
Го мерам чекорот,
Но даските...
Даските под него секогаш се итрици
И пак некоја ќе ме измами
Со своето најадено срце
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Декември.2010 во 21:48
ИМА НЕШТО


Има нешто за кое вреди
да се згазне на клетвата
како на глава на змија;
да се плукне на зборот
и кога в лице ветар ти дува,
да се измамат принципите
како ефтини љубовници
желни за ветувања
и проѕирени наметки
од тул на непостоечки разочарувања;
да се разобличат сите облици
ма перманентното самолажење...
Има нешто за кое вреди
да се вратиш на апсолутниот почеток
на најтешките страданија,
да ја спознаеш големата измама
на времињата што ги чекаш
како нафора во гладните очи...
Има нешто што те држи силно
како бела мајчина боска
како гранест корен
во карпеста почва,
што те врзува и не те дава
оти врска е со сите заминати
и недојдени,
со сите невоскреснати
и сите неродени
што ги споменуваш,
што ќе те споменуват...
Има нешто, верувај ми, има,
нешто што останува
дури ти заминуваш....
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Декември.2010 во 21:46
ЛОВЕЦ НА НЕМИРИ
      
Секој со марифет некој
- Јас со мисла без смисла,
Патишта некои што бара:
Загазани, затревени
- Мустри стари занемени,
Се траќа пустата, рие,
- Место ли нема
Кај да се свие?
Што бара,
Не знае ни таа сама
- Надеж празна,
Или горка измамА
секој со марифет некој,
Јас на грбот на мислата
- Вечен јавач на бесмислата...
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Декември.2010 во 21:45
ДОЖДОВИ
Исушен,
опустошен,
извор натлачен -
Корито зинато во недогледот...
Дождови:
Кисели
Благи
Солени...
Дождови од тага
Од пелин
Од медовина –
Било какви...
               Има ли небо да ги најдам
Да ги истурам -
Изворот да го надрочам
Реките да ги разгргам,
Коритото да се наполни
Да се слеам во езерото -
Повтор да се прелијам .
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Декември.2010 во 21:41
СОСЕМА НЕРАЗЛИЧНО ОД ТЕБЕ


Те милував принцезо моја недостижна
Од скритите пенџери на копнежот тивок
Те милував со поглед ист таков,
Неразличен во ништо од твојот,
Со кој ти ги милуваше кукличките
Во колекцијата на мојата себична сестра,
додека во очите таложеше воздишки
што не си родена под нашата стреа...

Ти ги милував елегијо на младоста моја
Воздишките кротки што течеа ко нектар
Низ тажните реки на твоите очи,
Неразлични во ништо од моите –
Претесни летишта за пчелите на копнежот
што се роеја во мирисот на косите твои .

Ги милував принцезо непреболена моја
Коприните меки со боја на костен
И лачите немирни, златести во нив
што сонцето божем случајно ги забораваше
како пастир стар излапавен пред смрачка
по некое јагне од стадото бело што изумува
Кога со твоето име, шепот стивнат на усните ми,
Розите на сонот ги мамев во примка.

Ги милував розо моја напрецветана
Сите рози во името твое,
Со истиот жар и истата љубов
Со кои ги носеше на наставничкта в пролет
Што ја љубев неразлично од тебе
Затоа што знаев дека ја љубиш и ти...


БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Декември.2010 во 21:39
НОВ ДЕН
На А.К.

Зад ридот сив е, највисокиот,ОНОЈ,
со оган течен небото што му бакнува чело
кога ноќта со чекор свечен ја пречекува
и рапорт и дава за водишките недоцелени
моите, што стана твои и пак ми се вратија,

Опулот талкач го пратив да бара,
да се катера и пентри
по патеки стрмни, минати веќе,
во дамнешнини дамно прегазени,
дур елените млади ми скокаа гневно
во бликотот на крвта - колено бунтовничко.

Писмо виде во каменот што гори
Сред светата гора на неразбудените утра
Згрчени во сонот како риби без вода
Писмо, ред еден, со крв светла што го напишав,
„НЕ СИ САМ ДУР СЕ ИМАШ СЕБЕ“.
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Декември.2010 во 21:38
ОСТАЈ МИ ГИ КУЛИТЕ


Остај ги кулите на мојата светост
Во нивните ѕидини и мојот живот е вѕидан;..
Внимавај стапалото кај го ставаш
Кога по ѕидот стамен се качуваш,
Камењата се лизгави од солзите
На неистребените - нескршените
Што ги победија вековите – оковите
со оружје од вреки сол што јаде;
внимај и на длапките ,што така личат саде,
очи се тоа угасени, сониште недосонети
во небото над нас истечени;
усти зинати, ветрот на маката им да го соберат
за да ни го завештат како откровение за себеси...
Не мавтај возгорден со барјакот на срамот
Дури високо го креваш мечот на поробувачот
истиот што главата на прадедоти ја спастри
и ги обесчести сите наши прамајки
сите наши прасестри и нашите праќерки...
тргни го превезот од очите на заблудата
опул фрли на кулите силни, надвременски
див пркос на времето невремено
што не сотрува од памтивек до недоглед,
од недотекот до неистекот...
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Декември.2010 во 21:37
АКо


АКо, ќе се роди ден,
ќе дочекаш
да бидеш горе,погоре од сите
да судиш, та да пресудиш,
без да обвиниш,     
без да иследиш,
оти обвинението е старо
а сепак незастарено.

АКо, ќе се роди ден,
ќе дочекаш,
ќе прозбори се што не зборело,
ќе прогледа се што не гледало,
доказите никој не ќе ги бара
никој во срцето нема да ти ѕирне,
оти во очите ти пишува се,
сите темнини и сите светлини
се пресликани на емулзијата
на нивната неизменетост.

АКо, ќе се роди ден,
ќе дочекаш,
и меч ќе искалиш од солзите на гордоста,
за сите презрени по пат што ги сретна
за сите отфрлени и сите заборавени...
Но ќе имаш ли сили
да го пресечеш јазолот на крвта
сметките да си ги наплатиш?
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Декември.2010 во 21:35
СРЕДБА

Го сретнав збунет
На интернет
И ми рече,
- Остај ме чоече
Ми ги нема чевлите,
- Како ти ги нема,
Што ти е тоа на рацете?
- Тоа се очила,
А зошто не ти се на очите?
- Оти ми останаа на главата
- Па кај ти е главата?
- Не сака да се дели од умот
- Море чоече,а умот, кај ти е тој?
- Го оставив крај срцето.
- А срцето
- Ми го згази една со новите чевли
- Па земи и ги чевлите
И ќе имаш нови чевли!
-Што ќе ми се чевли,
Ми смрзнаа ушите...
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Декември.2010 во 21:34
ЗБОР ДВА ЗА ЗБОРОТ


Не можеш зборот со метро да го измериш,
Ни тежината в килограми да му ја збереш,
Зборовите се долги со километри,
А тежат толку, колку в душа бол ќе сетиш...

Запознај го зборот, со срцето првин допри го,
Пронајди му облека, руво што за мигот прилега,
Научи го да пее - славеј над славеи ќе биде...

Зборот е оган, пред ништо што не запира,
Брзоплето дете, сред опасност што влетува,
Зборот е мост и над два непријателски брега
Но и бумеранг што го убива и тој што го фрла.
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Декември.2010 во 21:11
САЛ ЕДЕН ТИ Е ТОЈ
На Мона Лиза

И извор и утока ,
Прекуглавиште и прибежеште –
Мрестилиште...

Како слика на премногусакана свршеница
Во медалјон на прекапнат војник -
Кога грбот му го вртиш,
И роиште на стршлени настршени
Штом коренот подлабоко во него го пуштиш...

Те брка од себе, и во себе те вика
Носталгијата мисли ако ти свитка...

Гледај: утрото лице светнало
Од солзи на блажена роса -
Ерген стамен за бендисување,
Бисерот   седеф од школките слекол -
Грганале реки од светлини силни...

Со мирис на пролет се полни
Мрестилиштето твое,
Мое,
Наше,
Каво и да е -
Само нека трае, трае, трае...

Сал еден е оти, до крајот на векот...
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1819202122 23>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,156 секунди.