IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Уметност , култура и традиција
  Активни теми Активни теми RSS - најдоброто од мајсторче62
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

најдоброто од мајсторче62

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234 23>
Автор
Порака
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Декември.2010 во 19:54
ЌОРСОКАК
На Кејт


И здивот, дури, може да застане,
и да ги запре во расчекор времињата
како јазол на одамна подготвена бесилка
што копнее по главата
на некрунисаната кралица на осилата,
а бројките да престанат да се идентификуваат
како оценки во чекорите на учесниците во трката
во која нема почеток ниту крај,
па последниот секогаш е прв,
а првиот величенствено последен..

Во тињакот на егото
никој не ги нашол растурените бисери
на повредената суета .
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Декември.2010 во 19:56
ПЕСНА ЗА ЖЕНАТА


Се склупчува во стреата на стравот
мигновено клупче мисла,
а утробата сите огнови
на Етна и ја горат...

Ноќта и е и дадилка
и другарка, и учиителка...

Во пајажина од течно сребро
Луната телото врело и го облекува
додека шета меѓу сенките на предметите
што шумолат со свилата на нејзината кожа,
побела и од млеко на леунка.

Чунки семето да не оглуви,
да не се запусти,
вели, додека се вовлекува во немирот
на новата игра под чаршавот на ноќта,
толку горда и понизна,
промислена и нестрплива,
како господарка на господарите
и робинка на понижените.

Убавица е – ноќта што ја разубавува,
И палавничка – денот што го вознемирува,
елените на исчекувањето додека ги бодиња.



БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Декември.2010 во 19:57
ВО РУДНИКОТ НА ЗБОРОТ

Копачите на тишината
Го препознаваат звукот
На ударите на старите времиња
Во гранитните карпи на мислата.

Во рудникот на времето
Некој пред мене ја експлоатирал
Златната жица на совршенството,
за да остави траг на кората на севременоста.


Некои честички златна прашина,
Скржаво скриени под ноктите,
Бараат излез од мемливите ходници
На погребалните псалми,
Копнежливо загледани кон прегратките
На воскреснатите предизвици.


БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Декември.2010 во 19:58
МЕЃУ СОНОТ И ЈАВЕТО


Во мојата мисла расцутува цветот
На првата воздишка -
Розов мирис под прав на пожолтена хартија.


Утрото е широка ливада
По која пасат немирните срни на детството,
Барајќи ги кладенчињата на твоите очи
Од кои сите сакавме да ја угасиме жедта
На првороденчињата на љубовта.


Плетенката што ја плетевме сите заедно
Од маглите на сонот
И ветриштата на јавето,
Скриени секој под сенката на сопствената ѕвезда,
Ја чувам сеуште неоскрнавена
Во кивотот на ноќта
како прва причесна
И последна тајна вечера.

Ништо не е исто и се е како тогаш:
И црешите во дворот на соседите,
И песната на првите темјанушки,
И мирисот на дождот во липите...

О колку сум жеден, колку прегорен,
По капка вода од кладенчињата на твоите очи!
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Декември.2010 во 20:00
АМАНЕТ
На Монушка

Пред иконата на светиот Фануриј
кога стоиш,
со свеќа тивкотрепетна,
бела,
побела и од кожа на совест на бебе,
не спомнувај го само името
на утрешниот испит -
милиони души, од светлото му око
Светителско, немиросани што останале,
чекаат прежеднето на тебе
името да им го запомниш,
извор среде пустина да ископаш,
на прадедедовците
кај што солзите се таложеле,
со црпалка од првовенчана мисла
благослов да нацрпиш
за племето многустрадно...

Во иконата на Светиот Фануриј
ликот спокојно ти се прелива со мислата
што ги бара корените на достоинството
во црните ветришта
на триш поцрните векови,
кога филмот на иднината го цензурирале
со трозаби камшици – братољупци
секогаш без крај
и секогаш со нов почеток
и со нови страданија...
Таа мисла првовенчана,
тој топол оган што со галовки срце разигрува,
ќе има ли место во неа
за сите прежеднети,
за сите прегладнети,
за многустрадните
и себененајдените,
кога во друг светител ликот ќе го огледуваш?
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Декември.2010 во 20:02
УТРА ПОД ПЛАНИНАТА

Твоите усни и денес се будат
надрочени од медовина,
од онаа истата
со која што пчелите
ги полнеа сотовите во кошниците на дедо,
кога одеше наутро на изворот
под спокојните брези
над малата куќарка
да ги симнеш од образите
личните јаболчиња на последниот сон,
а росата се повлекуваше меко
во корењето на зелените треви,
плашејќи се да не ти ги извалка табаните
од алабастер и прегладнети воздишки.

Сенките на утрата под планината
по кој знае кој пат ја играат
истата претстава во сала без публика
а јас сеуште ги хранам
прегладнетите птици на неспокојот
со трошки засушени водишки,
како и тогаш,
и оној ден
кога ја однесе со босите табани
сета роса од ливадите под планината,
оставјќи ги во окото на изворот
румените јаболчиња на последниот сон.


Твоите усни и денес се будат
Надрочени од медовина,
А јас, гладен – прегладнет,
Го живеам животот во старите утра
Под планината.
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Декември.2010 во 20:03
ТВОИТЕ ОЧИ

Твоите очи -
заод
во кој истекуваа сите неизгреани сонца
од моето срце,
кога се учевме да љубиме;
мрестилиште
во кое се спаструваа немите МРЕНИ
на преѕемнатите зборови;
глоѓосана постела
за сите заобиколени вистини
и измислини невистини,
за сите кртици на бессонот,
на рассонот,
недосонот...

Ги чуваш ли уште во нив
дивите одблесоци на игрите
што не ги доигравме,
што само ги замислувавме –
недоделкани за љубов,
преголеми за прескакулица,
или сал повтор се раѓаш
од болното завивање
на штавените времиња,
за да ме мачиш ?


БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Декември.2010 во 20:47
ЈАНЅА 2

Ковач, кажи ми,
кај да барам,
Ковач од мајка нероден
Сабја неискована
што ќе искове
Со солзи неисплачени
да ја искали
на точило ајманачко
да ја источи
јанѕата до стопати
да ја обезглавам,
та штукнат – препукнат,
сакалдисан,
над сонот сенка да направам,
да застојам
па да истечам...
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Декември.2010 во 20:49
ЈАНЅА3


Рило нема
- во коските ми рие,
Уста нема
- спокојот го пие,
Очи нема
– крвта ми ја ѕемне,
Сон си нема
– сонот мој го демне,
Јанѕиштето клето
Под кората на мракот
што се свило сето,
па рика, па вика
и под копитата ја пика
мислата престарена
на душата премалена,
што трепри и во грч се грчи
ко да встудој некои
сета судба и се збрала,
судба клета, мисла света
- за семето на племето
што не `рти, што не цути.
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Декември.2010 во 20:53
ЈАНЅА 4

Пострашна и од сопствената смрт
Јанѕата не ме остава сам со себе
И кога сите ќе ме напуштат.

Со здив на ала ветришта крева
И го кине чаршавот од прав
Што го ткаев на разбој од лажни спокојства
Дури траеше последниот ден,
За да ги покријам фотографиите на ужасот
Во албумот на кошмарната изеднина.

Јанѕата двоглава,
               јанѕата троглава,
                                 Јанѕата стоглава.

Сто меча да имам – дал една ќе и скинам...

Јанѕата двоглава,
               Јанѕата троглава,
                                  Јанѕата стоглава
Што се јазли по сенките на сеништата
Хоризонти светли вчера што ми бе
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Декември.2010 во 20:55
ПЕСНА ОД ГАРАЖАТА
На една... што честопати доаѓа
во мојата гаража
за да и ги сменам свекичките

Не, јас најмалку сум тој
што ќе согори затрчан
во карбураторот на твоите
осакатени манири на примадона,
и, како компримирано машко его
под вентилите на твојот гнев,
ќе ја нахрани со калории
на нискооктанско гориво
прегладнета машина на твојата слепа одмазда...
О, па јас,веќе, бев инсект во мрежата
на една друга примадона
од балетот на мртвите илуминации,
а кога еднаш ќе побегнеш од таа гушка
и тиркизната чипка на летниот воздух
ќе ти изгледа пострашна од пајажина
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Декември.2010 во 20:56
ЅИДАР


Со уморен поглед
купот камења го мерка
а во гради огнот
на создателот му тлее,
камче мало бара
плочата да ја потпре:
да не се искриви ѕидот
да не падне.
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Декември.2010 во 20:57
ЧУМУ,ПАК,ВОЈНА

На никого и секого
дури и на мене

Во војна со мене,
Во војна со себе,
Во војна со сиот свет
Со бес во забите
Со гнев во очите
Со отров во здивот
Од кој и самиот се труе
Стрелите дури бесни ги остри
На острило од мртви зборови
А јас само сонце во очите имам
Место кула
Место оружје
Место штит
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Декември.2010 во 20:58
ОГЛЕДАЛО


Го сретнав ЧовекоВерникот
во мене

Погледни во несреќниот!
-ми рече.

Погледнав...

Што виде?
-ме праша,

Се видов себеси несреќен.

Погледни сега во среќниот
и, пак, кажи ми што виде!

Се видов себеси среќен.
-му реков.

Ај погледни, за крај
во оној таму,
што кренал нос кон небото.

Погледнав.
Долго,
долго гледав во него,
ама не успеав ништо да видам.
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234 23>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,207 секунди.