IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Фудбал
  Активни теми Активни теми RSS - УЕФА Лига на Шампиони
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

УЕФА Лига на Шампиони

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 3132333435 43>
Автор
Порака
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Ноември.2010 во 08:27

Рома и Челзи со пресврт до победи, Арсенал нокаутиран!

Првиот ден од претпоследното 5-то коло во ЛШ ни донесе неколку изненадувања.

Најголемото изненадување се случи во Португалија каде домашната екипа на Брага ги совлада топџиите од Лондон со 2-0 и се изедначи со Арсенал  по бројот на бодови.

Шахтјор без голема мака го совлада Белградски Партизан со 3-0 и се зацврсти со 12 бода на врвот во групата. Реал Мадрид го понижи Ајакс на Амстердам арената со 4-0, а Милан со победата над Оксер од 2-0 си обезбеди виза за следната фаза.

Рома на Олимпико направи вистинско чудо. По водството на Баерн Минхен по првото полувреме римјаните во вториот дел успеаја да направат пресврт за победа над баварците од 3-2. Швајцарскиот Базел освои три вредни бода по победата од 1-0 во дуелот со романскиот Клуж.

Челзи во Лондон со пресврт во второто полувреме славеше над Жилина од 2-1, а претходно во Москва Олимпик Марсеј со 3-0 го победи Спартак на стадионот Лужники.

Лига на Шампиони резултати:

Група Е:
Рома - Баерн Минхен 3-2
Базел - Клуж 1-0


Група Ф:
Спартак Москва - Олимпик Марсеј 0-3
Челзи - Жилина 2-1


Група Г:
Ајакс - Реал Мадрид 0-4
Оксер - Милан 0-2


Група Х:
Брага - Арсенал 2-0
Партизан - Шахтјор 0-3

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Ноември.2010 во 08:29

Лига на шампиони: Клучен меч за Пандев и Интер

 

 

 

Европскиот шампион Интер со најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев вечерва ќе го играат клучниот меч во сезоната, против холандскиот клуб Твенте на својата „Џузепе Меаца“ во рамките од 5 коло во Лигата на шампионите, по што седум осминафиналисти може да бидат познати денеска

 


 
 

Пандев и Интер се во голема криза, предизвикана и од некомплетниот тим, но и од лошата форма на играчите, па Рафаел Бенитез е пред отказ. Мечот со Твенте доаѓа во момент кога може се да се загуби, но и многу да се добие. Победа би значело прво психичка стабилност, почеток на победничка серија, особено што Интер го чека клучен период, плус најважното останување во битката за одбрана на пехарот - пласман во осминафинале на ЛШ.

„Нераѕурите“ од 8 до 18 декември ќе се борат за светската круна, а со ваква форма шансите за да се радуваат на нов голем пехар се многу помали, отколку што беа во мај по освојувањето на пехарот во Лигата на шампионите. На овој меч и Бенитез, и Интер, но и македонската јавност очекува гол од Пандев, кој би бил прв во дресот на Интер откако пристигна во јануари годинава во гигантот.

Покрај Интер за осминафинале денеска ќе се борат и Тотенхем, Барселона и Манчестер јунајтед. Тотенхем против Вердер е голем фаворит на свој терен, а добри вести од Милано ќе ги одведат во пролетните елиминации, за каде Барселона официјално виза ќе обезбеди и со бод од Атина против Панатинаикос. И Копенхаген во Казан ќе се бори за бод и пласман во осминафиналето

Каталонците со мислите за понеделничкото „Ел Класико“ патуваат во Атина, каде сепак не би требало да имаат проблем за пласман. Манчестер јунајтед го очекува многу потежок обид за осминафинале, затоа што игра реванш на „Битката за Британија“ со Глазгов Ренџерс во Шкотска, а на мечот ќе го нема стоперскиот двоец Немања Видиќ – Рио Фердинанд.

Манчестер слично како Барса, обезбдува пласман и со бод, резултат кој би и одел во прилог на Валенсија, која е апсолутен фаворит со Бурсаспор во другиот меч од групата. Шалке против Лион ќе се бори за останување во игра за осминафинале, а Французите за бод за пласман.

Гостувањето на Бенфика во Тел Авив кај Хапоел ја надополнува возбудата во групата, во која може да бидат решени осминафиналистите, но и визирањето на пласманот да биде оставено за две недели во последното коло.

Група А
20.45 ч. Интер - Твенте
20.45 ч. Тотенхем - Вердер
Табела: Тотенхем 7, Интер 7, Твенте 5, Вердер 2.

Група Б
20.45 ч. Хапоел Тел Авив - Бенфика
20.45 ч. Шалке - Олимпик Лион
Табела: Олимпик Лион 9, Шалке 7, Бенфика 6, Хапоел 1

Група Ц
20.45 ч. Глазгов Ренџерс - Манчестер Јунајтед
20.45 ч. Валенсија - Бурсаспор
Табела: Манчестер Јунајтед 10, Валенсија 7, Ренџерс 5, Бурсаспор 0

Група Д
18.30 ч. Рубин - Копенхаген
20.45 ч. Панатенаикос - Барселона
Табела: Барселона 8, Копенхаген 7, Рубин 3, Панатенаикос 2.

Кон врв
Schatzii Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Мај.2010
Локација: Germany
Статус: Офлајн
Поени: 10600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Ноември.2010 во 12:16
Кој обезбеди осмина-финале во Лигата на шампионите

По одигрувањето на вчерашните осум натпревари од 5.коло по групи, познати се уште три екипи кои обезбедија место во осмина-финалето од фудбалската Лига на шампиони. На Челзи и Баерн Минхен кои веќе го имаа сторено тоа, од синоќа им се приклучија и тимовите на Реал Мадрид, Олимпик Марсеј и Милан.

Со победата од 3:0 на гостувањето во Москва кај Спартак, францускиот претставник Олимпик се искачи на второто место во групата „Ф“ со три бода повеќе во однос на московјаните. Имајќи го в предвид подобриот резултат во меѓусебните дуели французите уште од сега се вброија меѓу шеснаесетте најдобри.

Пласман во првата рунда од „нок-аут“ фазата обезбеди и Милан кој победи на гостувањето против Оксер во натпревар од групата „Ф“, во која Реал го победи Ајакс во Амстердам и со тоа не само што го потврди првото место во групата, туку ги оневозможи и Холанѓаните да се надеваат на пласман во осмина-финалето.

По победата на Брага над Арсенал и триумфот на Шахтјор во Белград кај Партизан, последното коло во „Х“ групата ќе решава кои две екипи ќе ги освојат први две места.

Во пресрет на последното коло во овие четири групи остануваат уште три празни места за следната рунда, за кои ќе се борат пет екипи.

Резултати од 5.коло во Лигата на шампионите од натпреварите одиграни синоќа:

Група „Е“: Рома - Баерн Минхен 3:2 и Базел - Клуж 1:0.
Табела: Баерн 12 бодови, Рома 9, Базел 6, Клуж 3.

Група „Ф“: Спартак Москва - Олимпик Марсеј 0:3 и Челзи - Жилина 2:1.
Табела: Челзи 15 бодови, Олимпик Марсеј 9, Спартак 6, Жилина 0.

Група „Г“: Ајакс - Реал Мадрид 0:4 и Оксер - Милан 0:2.
Табела: Реал Мадрид 13 бодови, Милан 8, Ајакс 4, Оксер 3.

Група „Х“: Брага - Арсенал 2:0 и Партизан - Шахтјор 0:3.
Табела: Шахтјор 12 бодови, Арсенал и Брага по 9, Партизан 0.

Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.
Кон врв
Schatzii Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Мај.2010
Локација: Germany
Статус: Офлајн
Поени: 10600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Ноември.2010 во 12:12
Интер обезбеди осминафинале во ЛШ

Со победата од 1:0 против Твенте на домашен терен европскиот првак Интер обезбеди пласман во осминафиналето од Лигата на шампионите. Екипата за која настапува македонскиот репрезентативец Горан Пандев синоќа во рамките на 5.коло стигна до потребните три бодови. Пандев беше стартер и го одигра речиси целиот натпревар бидејќи беше заменет дури во судиското надополнување на вториот дел.

Инаку, по синоќешните дуели во четирите групи на Манчестер Јунајтед како учесници во нок- аут фазата му се придружија уште шест екипи: Тотенхем и Интер („А“ група), Шалке и Лион („Б“ група), Валенсија покрај Манчестер Ј („Ц“ група) и Барселона („Д“ група).

Единствената дилема е за второто место во „Д“ групата каде борбата продолжува меѓу Копенхаген и Рубин Казан.

Поради подобриот скор во меѓусебните дуели Лион е во предност во однос на Бенфика во „Б“групата при евентуален скор од ист број бодови по одигрувањето на последното 6.коло.

Преглед на резултатите и табели по групи:

А“ група: Тотенхем – Вердер 3:0 и Интер – Твенте 1:0.
Табела: Тотенехм и Интер по 10 бодови, Твенте 5, Вердер 2.

„Б“ група: Шалке – Лион 3:0 и Хапоел Тел Авив – Бенфика 3:0.
Табела: Шалке 10 бодови, Лион 9, Бенфика 6, Хапоел Тел Авив 4.
 
"Ц“ група: Валенсија – Бурса 6:1 и Глазгов Ренџерс – Манчестер Јунајтед 0:1.
Табела: Манчестер Јунајтед 13 бодови, Валенсија 10, Глазгов Ренџерс 5 и Бурса без бод.

„Д“ група: Рубин – Копенхаген 1:0 и Панатинаикос – Барселона 0:3.
Табела: Барселона 11, Копенхаген 7, Рубин 6, Панатинаикос 2.

Последното 6.коло во овие четири групи ќе се одигра на 7 декември.
Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Ноември.2010 во 14:55

Клуж го отпушти тренерот-хулиган

Управата на романскиот шампион Клуж го отпушти тренерот Сорин Карту поради слабите резултати, но, пред се, поради неговото хулиганско однесување за време на мечот од Лигата на шампионите со Базел. Карту збесна на клупата во еден момент и со нога ја скрши преградата од плексиглас, по што вербално им се нафрли на своите помошници.
- Имиџот на нашиот клуб е неспоредлив со однесувањето на Карту и затоа одлучивме да се разделиме - соопштија од Клуж. 

смешен


Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Декември.2010 во 09:55
Парични казни за Шпанците

Дисциплинската комисија на УЕФА се изјасни за поведените постапки против Реал Мадрид, неговиот тренер и четворица фудбалери. Најтешко мина екипата која вкупно доби казна од 215.000 евра (сметано заедно со поединечните на тимовите), додека играчите нема да имаат големи проблеми околу играњето на средбите.

Жозе Мурињо нема да може да седи на клупата на Реал на следните две средби. Оваа казна е надополнета и со условна во следните три години, така што доколку се повтори некаков проблем поврзан со него во периодот од новите три сезони, тогаш сигурно и казната ќе биде далеку поригорозна. Воедно заработи и парична казна од 40.000 евра.

Поцрвенетите Чаби Алонсо и Серхио Рамос се казнети со 20.000 евра, и со само еден мече неиграње што е и нормално бидејќи веќе имаа жолти картони поради кои мора да одмораат против Оксер.

Што се однесува до голманите Икер Касиљас и Јиржи Дудек тие заработија само парични казни. Првиот ќе плати 10.000, а вториот 5.000 евра.

Дисциплинците на УЕФА одлучија дека и клубот ќе мора да биде казнет парично и на сметката на Европската федерација ќе треба да пристигнат 120.000 евра.

Инаку, целата случка беше актуализирана по одигрувањето на мечот откако излегоа сликите во кои се гледа како Мурињо преку Дудек упатува совети до Касиљас. Тој требаше да им пренесе на Алонсо и Рамос да направат жолти картони за да можат да одмораат следниот меч и да избегнат несакана суспензија за натпреварите од елиминациите кои следуваат следната година на 15 и 23 февруари.
Кон врв
Schatzii Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Мај.2010
Локација: Germany
Статус: Офлајн
Поени: 10600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Декември.2010 во 11:53
Заврши групната фаза во Лигата на шампионите

По одигрувањето на синоќешните осум натпревари, заврши фазата по групи во фудбалската Лига на шампионите по која се познати екипите кои ќе продолжат во пролетниот дел од ова натпреварување во нок - аут делот.

Преглед на натпреварите во групите „Е“, „Ф“, „Г“ и „Х“.

„Е“ група: Баерн Минхен - Базел 3:0 и Клуж - Рома 1:1.
Табела: Баерн 15 бодови, Рома 10, Базел 6, Клуж 4.

„Ф“ група: Олимпик Марсеј - Челзи 1:0 и Жилина - Спартак Москва 1:2.
Табела: Челзи 15 бодови, Олимпик Марсеј 12, Спартак Москва 9, Жилина 0.

„Г“ група: Реал Мадрид - Оксер 4:0 и Милан - Ајакс 0:2.
Табела: Реал Мадрид 16, Милан 8, Ајакс 7, Оксер 3.

„Х“ група: Арсенал - Партизан 3:1 и Шахтјор - Брага 2:0.
Табела: Шахтјор 15, Арсенал 12, Брага 9, Партизан 0.



Пласман во осминафиналето во Лигата на шампионите изборија: Тотенхем и Интер („А“ група); Шалке и Лион („Б“ група); Манчестер Јунајтед и Валенсија („Ц“ група); Барселона и Копенхаген („Д“ група); Баерн Минхен и Рома („Е“ група); Челзи и Олимпик Марсеј („Ф“ група); Реал Мадрид и Милан („Г“ група) и Шахтјор и Арсенал („Х“ група).

Третопласираните од групите обезбедија пласман во Лигата на Европа: Твенте („А“ група); Бенфика („Б“ група); Глазгов Ренџерс („Ц“ група); Казан („Д“ група); Базел („Е“ група); Спартак Москва („Ф“ група); Ајакс („Г“ група) и Брага („Х“ група).

Извлекувањето на двојките за осминафиналето ќе се одржи на 17 декември во Нион, Швајцарија.

Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.
Кон врв
LiDivio Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор


Регистриран: 19.Мај.2010
Статус: Офлајн
Поени: 7265
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај LiDivio Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Декември.2010 во 12:20
 
Рома - Шахтјор
Милан - Тотенхем
Валенсија - Шалке
Интер - Баерн
Лион - Реал Мадрид
Арсенал - Барселона
Марсеј - Манчестер Јунајтед
Копенхаген - Челси
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Декември.2010 во 12:38
Originally posted by LiDivio LiDivio напиша:

 
Рома - Шахтјор
Милан - Тотенхем
Валенсија - Шалке
Интер - Баерн
Лион - Реал Мадрид
Арсенал - Барселона
Марсеј - Манчестер Јунајтед
Копенхаген - Челси
 
Дербито е Интер-Баерн ,а Реал ќе го гризне дрвцето пак голема%20насмевка .Инаку Рома,Милан,Барса,Челси и Ман Јунајтед продолжуваат
Кон врв
LiDivio Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор


Регистриран: 19.Мај.2010
Статус: Офлајн
Поени: 7265
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај LiDivio Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Декември.2010 во 12:42
Реал ќе оди понатаму додека не се сретне со Барса или Челси, по мое мислење... голема%20насмевка
Кон врв
Schatzii Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Мај.2010
Локација: Germany
Статус: Офлајн
Поени: 10600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Декември.2010 во 12:51

Не верувам дека Реал ќе изгуби од Лион...

како и да е понатаму би сакала да ги видам: Манчестер,

Челзи, Баерн, Барса, Интер, Милан, Шалке голема%20насмевка
сите други надворда


Изменето од Schatzii - 17.Декември.2010 во 13:03
Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Декември.2010 во 12:52
Originally posted by LiDivio LiDivio напиша:

Реал ќе оди понатаму додека не се сретне со Барса или Челси, по мое мислење... голема%20насмевка
 
Да ти кажам вистината и јас мислам дека Реал ќе продолжат.Моурињо е куче и ќе ги излаже франсетата овој пат.
Кон врв
LiDivio Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор


Регистриран: 19.Мај.2010
Статус: Офлајн
Поени: 7265
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај LiDivio Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Декември.2010 во 12:53
Originally posted by Schatzii Schatzii напиша:

Не верувам дека Реал ќе изгуби од Лион...

како и да е во понатаму би сакала да ги видам: Манчестер,

Челзи, Баерн, Барса, Интер, Милан, Шалке и Интерголема%20насмевка
сите други надворда
 
Или Интер или Баерн, бирај еден, не може двата да одат... голема%20насмевка
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Декември.2010 во 12:56
Originally posted by LiDivio LiDivio напиша:

 
Или Интер или Баерн, бирај еден, не може двата да одат... голема%20насмевка
 
 
Ма остај.Она е навивачка на баерн и сега уште е збунета од кошмарната ждрепка голема%20насмевка
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 3132333435 43>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,172 секунди.