IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Историја
  Активни теми Активни теми RSS - Македонскиот јазик и македонската азбука
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Македонскиот јазик и македонската азбука

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 122123124125126 146>
Автор
Порака
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Декември.2010 во 16:28
Originally posted by Pat Pat напиша:


Originally posted by Македон Македон напиша:

Originally posted by DragancoLeskoec DragancoLeskoec напиша:


Каква неминовност ?Неминовност е наместо образование да се користи(србизам)едукација, наместо одлука - дец ..., наместо намера - интенција (дури е и смешно).


Ти очигледно си во голема заблуда. Зборот користи се употребува и во Егејска Македонија, а не само во Република Македонија. А да не говорам дека зборот користи во правната терминологија има сосема различно значење од зборот употребува.
Е арно на некого му текна за тоа. Меѓутоа ние зборот „користи“ го употребуваме наместо зборот „употребува“, зар не? Еве во мојата последна реченица ако кажев „но ние го користиме зборот итн. итн.“ по правило би значело нешто сосема друго. А како синоним за употребува имаме и еден друг глагол, малку подзаборавен, имено „ползува“, изведен од именката „полза“, кој што меѓу другите често го има ползувано и Конески. И кога станува збор за тие именки, во мојата перцепција (за која што имаме и македонски збор) именките полза, корист и употреба се со блиски, но сепак различни значења.


Многу зависи од самата ствар дали ќе се употреби зборот употребувам или користам. Доколку станува збор за потрошна ствар, поприкладен е зборот користење, затоа што со тоа се искористува стварта. Додека, доколку станува збор за непотрошна, подобро е да се употреби зборот употребување. Или ако станува збор за плодови од стварта, тогаш, секако ќе се говори за искористување на стварта*.

* Да не се мешаат поимите имот, предмет и ствар. Тие имаат сосема различно значење, барем во правото, затоа што истите потекнуваат од латински термини.
Кон врв
Pat Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 1334
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pat Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Декември.2010 во 16:38
Јас колку што знам зборот „ствар“ го нема во македонскиот јазик, исто како што нема и „створење“ меѓутоа е навлезен преку учените кои што претежно се образувале во Белград или пак преку српски книги, а исто така и преку обилните медиумски содржини на српски јазик со кои што и до ден денес сме опсипувани е навлезен во македонскиот јазик заедно со другите србизми. Наместо тој збор во нашиот јазик се употребува „работа“ или „нешто“ или „предмет“ зависно од контекстот.

Ти ги објасни нештата од правен аспект (за кој што исто така имаме македонски збор, само што е во женски род), јас само ќе дополнам со следниот пример:

Дали ќе биде исто ако од некој човек сакам да извлечам некаква корист, и ако од некој човек сакам да извлечам некаква полза?

Тоа се некои многу убави финеси во нашиот јазик за кои што самите ние упорно работиме на тоа да ги изгубиме, и наместо како што вели Платеникот дека нашиот јазик е збогатен, всушност тој се осиромашува се повеќе од ден на ден.


Изменето од Pat - 16.Декември.2010 во 16:39
Zero Tolerance For Silence
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Декември.2010 во 16:42
Одговорот е у стилот кој е постар - јајцето или кокошката - еееее !!!!!
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Декември.2010 во 16:46
Originally posted by Pat Pat напиша:



Јас колку што знам зборот „ствар“ го нема во македонскиот јазик, исто како што нема и „створење“ меѓутоа е навлезен преку учените кои што претежно се образувале во Белград или пак преку српски книги, а исто така и преку обилните медиумски содржини на српски јазик со кои што и до ден денес сме опсипувани е навлезен во македонскиот јазик заедно со другите србизми. Наместо тој збор во нашиот јазик се употребува „работа“ или „нешто“ или „предмет“ зависно од контекстот.Ти ги објасни нештата од правен аспект (за кој што исто така имаме македонски збор, само што е во женски род), јас само ќе дополнам со следниот пример:Дали ќе биде исто ако од некој човек сакам да извлечам некаква корист, и ако од некој човек сакам да извлечам некаква полза?Тоа се некои многу убави финеси во нашиот јазик за кои што самите ние упорно работиме на тоа да ги изгубиме, и наместо како што вели Платеникот дека нашиот јазик е збогатен, всушност тој се осиромашува се повеќе од ден на ден.


Ствар е буквален превод на латинскиот збор res кој не може да се преведе како нешто, ниту како предмет, особено не од правна гледна точка, поради тоа што ќе се појават многу дупки, кои, не е ниту место, ниту време, да ги објаснувам на овој подфорум.

Во однос на твојот пример, можеби, кога станува збор за човек, донекаде ти би бил и во право, но, кога станува збор за ствар, особено потрошна ствар, тогаш не би бил во право.

Во однос на финесите, да, сите тие треба да се знаат. Јас истотака мислев дека корист не е наш збор, но, ете, Чоли, а и самиот факт дека се употребува во Егејска Македонија, ме демантираа.
Кон врв
чоли Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 15.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 2973
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чоли Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Декември.2010 во 16:48
Originally posted by Македон Македон напиша:

Originally posted by чоли чоли напиша:

"Корист" го има и во бугарскиот со значение на "изгода" "фаjда":
корист
Пише што думата ja има и во бибилиjата, кое значи што е старословенскa.


Чоли, кај нас истотака е задржан зборот фајде, но не сум сигурен дали е дел од стандардниот македонски јазик.

Всушност "фаjда" (или "фаjде") е турцизам. Веке ретко се използва - например во изразот "Кел фаjда" (каква е ползата).
Инаку за "корист"-а: по библиските текстови буквално означава "пљачка"
Мунгос - цензорот на Мисирков
Кон врв
Pat Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 1334
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pat Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Декември.2010 во 16:54
Македон, точно е дека „ствар“ е буквален превод на латинскиот збор res, меѓутоа, тоа е српски превод, не наш. Еве како ти би го превел изразот res publicae на македонски јазик? Државни ствари? На Мисирков книгата како гласи, За македонцките ствари? Не сум знаел....
Zero Tolerance For Silence
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Декември.2010 во 17:04
Originally posted by чоли чоли напиша:

Originally posted by Македон Македон напиша:

Originally posted by чоли чоли напиша:

"Корист" го има и во бугарскиот со значение на "изгода" "фаjда":
корист
Пише што думата ja има и во бибилиjата, кое значи што е старословенскa.


Чоли, кај нас истотака е задржан зборот фајде, но не сум сигурен дали е дел од стандардниот македонски јазик.

Всушност "фаjда" (или "фаjде") е турцизам. Веке ретко се използва - например во изразот "Кел фаjда" (каква е ползата).
Инаку за "корист"-а: по библиските текстови буквално означава "пљачка"


Чоли, донекаде и тоа е своевидна пљачка, односно некаква корист која се постигнува со одделување, односно некакво стекнување на нешто. Затоа стекнување со право на сопственост на плодовите на една ствар се нарекува искористување на стварта, бидејќи истите се одделуваат од стварта. Со тоа стварта се искористува во случајот, а не се употребува.
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Декември.2010 во 17:08
Originally posted by Pat Pat напиша:

Македон, точно е дека „ствар“ е буквален превод на латинскиот збор res, меѓутоа, тоа е српски превод, не наш. Еве како ти би го превел изразот res publicae на македонски јазик? Државни ствари? На Мисирков книгата како гласи, За македонцките ствари? Не сум знаел....


Ствари во јавна сопственост е најточен превод на таквото нешто, односно тоа се ствари во сопственост на државата или единиците на локалната самоуправа.
Кон врв
Pat Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 1334
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pat Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Декември.2010 во 17:17
Така велиш затоа што се уште не е прочистена правно-техничката терминологија од времето на СФРЈ кога сите тие нешта ги препишувавме од Белград. На македонски е „работи“.



државни работи VS  државне ствари

Zero Tolerance For Silence
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Декември.2010 во 18:47
Originally posted by Pat Pat напиша:

Така велиш затоа што се уште не е прочистена правно-техничката терминологија од времето на СФРЈ кога сите тие нешта ги препишувавме од Белград. На македонски е „работи“. државни работи VS  државне ствари


Јас цело време ти објаснувам дека зборот ствар и работа во правото не е исто, ти пак се повторуваш. Работата е определено чинење, додека стварта не е чинење. Работата може да биде и предмет на облигационите односи, потоа работата може да означува работен однос. Стварите се нешто сосема различно, па не случајно постои и стварни права. Сите права кои се засноваат на стварите, не може да се засноваат и на работата.

Патем, дури и државните работи не се исто со стварите во државна сопственост. Државните работи може да асоцираат на функциите на државата, што секако не се ствари. Да не говорам дека стварите од општа употреба, како што се гробишта, патишта би било смешно да ги нарекуваме работи од општа употреба.
Кон врв
Pat Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 1334
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pat Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Декември.2010 во 19:01
Ти кажав, тебе ти е природно да го употребуваш тој збор затоа што така си  учел. Мене ми е сосема природно да кажам работи од општа употреба, додека зборот „ствар“ ми звучи туѓо. Дури и во жаргонскиот говор ми звучи туѓо, а пак да не зборуваме за официјалниот, или литературниот говор. Зборот „работа“ може да означува и дејство, т.е. да биде глаголска именка, но може да биде и општа, т.е. апстрактна именка означувајќи нешто, предмет итн. 
Zero Tolerance For Silence
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Декември.2010 во 19:11
Originally posted by Pat Pat напиша:

Ти кажав, тебе ти е природно да го употребуваш тој збор затоа што така си  учел. Мене ми е сосема природно да кажам работи од општа употреба, додека зборот „ствар“ ми звучи туѓо. Дури и во жаргонскиот говор ми звучи туѓо, а пак да не зборуваме за официјалниот, или литературниот говор. Зборот „работа“ може да означува и дејство, т.е. да биде глаголска именка, но може да биде и општа, т.е. апстрактна именка означувајќи нешто, предмет итн. 


Може да означува предмет, но не може да означува ствар како што се импулсите, како што се стварите од општа употреба и други слични на нешта.
Мене не ми е природно, но тој збор во себе поседува прецизност, што особено е значајна во правото и затоа е прифатен.
Кон врв
Pat Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 1334
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pat Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Декември.2010 во 19:15
А може ли да се каже добра од (во) општа употреба?
Zero Tolerance For Silence
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Декември.2010 во 19:19
Originally posted by Pat Pat напиша:

А може ли да се каже добра од (во) општа употреба?


Не, затоа што добрата не се патишта и гробишта и добрата се во промет, а стварите од општа употреба не се во промет. Истотака, ниту органите не можеме да ги наречеме добра.

Изменето од Македон - 16.Декември.2010 во 19:21
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 122123124125126 146>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,188 секунди.