|
Македонскиот јазик и македонската азбука |
Внеси реплика | страница <1 122123124125126 146> |
Автор | |||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Многу зависи од самата ствар дали ќе се употреби зборот употребувам или користам. Доколку станува збор за потрошна ствар, поприкладен е зборот користење, затоа што со тоа се искористува стварта. Додека, доколку станува збор за непотрошна, подобро е да се употреби зборот употребување. Или ако станува збор за плодови од стварта, тогаш, секако ќе се говори за искористување на стварта*. * Да не се мешаат поимите имот, предмет и ствар. Тие имаат сосема различно значење, барем во правото, затоа што истите потекнуваат од латински термини. |
|||
Pat
Сениор Регистриран: 18.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 1334 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Јас колку што знам зборот „ствар“ го нема во македонскиот јазик, исто како што нема и „створење“ меѓутоа е навлезен преку учените кои што претежно се образувале во Белград или пак преку српски книги, а исто така и преку обилните медиумски содржини на српски јазик со кои што и до ден денес сме опсипувани е навлезен во македонскиот јазик заедно со другите србизми. Наместо тој збор во нашиот јазик се употребува „работа“ или „нешто“ или „предмет“ зависно од контекстот.
Ти ги објасни нештата од правен аспект (за кој што исто така имаме македонски збор, само што е во женски род), јас само ќе дополнам со следниот пример: Дали ќе биде исто ако од некој човек сакам да извлечам некаква корист, и ако од некој човек сакам да извлечам некаква полза? Тоа се некои многу убави финеси во нашиот јазик за кои што самите ние упорно работиме на тоа да ги изгубиме, и наместо како што вели Платеникот дека нашиот јазик е збогатен, всушност тој се осиромашува се повеќе од ден на ден. Изменето од Pat - 16.Декември.2010 во 16:39 |
|||
Zero Tolerance For Silence
|
|||
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Одговорот е у стилот кој е постар - јајцето или кокошката - еееее !!!!!
|
|||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Ствар е буквален превод на латинскиот збор res кој не може да се преведе како нешто, ниту како предмет, особено не од правна гледна точка, поради тоа што ќе се појават многу дупки, кои, не е ниту место, ниту време, да ги објаснувам на овој подфорум. Во однос на твојот пример, можеби, кога станува збор за човек, донекаде ти би бил и во право, но, кога станува збор за ствар, особено потрошна ствар, тогаш не би бил во право. Во однос на финесите, да, сите тие треба да се знаат. Јас истотака мислев дека корист не е наш збор, но, ете, Чоли, а и самиот факт дека се употребува во Егејска Македонија, ме демантираа. |
|||
чоли
Сениор Регистриран: 15.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 2973 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Всушност "фаjда" (или "фаjде") е турцизам. Веке ретко се използва - например во изразот "Кел фаjда" (каква е ползата). Инаку за "корист"-а: по библиските текстови буквално означава "пљачка" |
|||
Мунгос - цензорот на Мисирков
|
|||
Pat
Сениор Регистриран: 18.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 1334 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Македон, точно е дека „ствар“ е буквален превод на латинскиот збор res, меѓутоа, тоа е српски превод, не наш. Еве како ти би го превел изразот res publicae на македонски јазик? Државни ствари? На Мисирков книгата како гласи, За македонцките ствари? Не сум знаел....
|
|||
Zero Tolerance For Silence
|
|||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Чоли, донекаде и тоа е своевидна пљачка, односно некаква корист која се постигнува со одделување, односно некакво стекнување на нешто. Затоа стекнување со право на сопственост на плодовите на една ствар се нарекува искористување на стварта, бидејќи истите се одделуваат од стварта. Со тоа стварта се искористува во случајот, а не се употребува. |
|||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Ствари во јавна сопственост е најточен превод на таквото нешто, односно тоа се ствари во сопственост на државата или единиците на локалната самоуправа. |
|||
Pat
Сениор Регистриран: 18.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 1334 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Така велиш затоа што се уште не е прочистена правно-техничката терминологија од времето на СФРЈ кога сите тие нешта ги препишувавме од Белград. На македонски е „работи“.
државни работи VS државне ствари |
|||
Zero Tolerance For Silence
|
|||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Јас цело време ти објаснувам дека зборот ствар и работа во правото не е исто, ти пак се повторуваш. Работата е определено чинење, додека стварта не е чинење. Работата може да биде и предмет на облигационите односи, потоа работата може да означува работен однос. Стварите се нешто сосема различно, па не случајно постои и стварни права. Сите права кои се засноваат на стварите, не може да се засноваат и на работата. Патем, дури и државните работи не се исто со стварите во државна сопственост. Државните работи може да асоцираат на функциите на државата, што секако не се ствари. Да не говорам дека стварите од општа употреба, како што се гробишта, патишта би било смешно да ги нарекуваме работи од општа употреба. |
|||
Pat
Сениор Регистриран: 18.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 1334 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Ти кажав, тебе ти е природно да го употребуваш тој збор затоа што така си учел. Мене ми е сосема природно да кажам работи од општа употреба, додека зборот „ствар“ ми звучи туѓо. Дури и во жаргонскиот говор ми звучи туѓо, а пак да не зборуваме за официјалниот, или литературниот говор. Зборот „работа“ може да означува и дејство, т.е. да биде глаголска именка, но може да биде и општа, т.е. апстрактна именка означувајќи нешто, предмет итн.
|
|||
Zero Tolerance For Silence
|
|||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Може да означува предмет, но не може да означува ствар како што се импулсите, како што се стварите од општа употреба и други слични на нешта. Мене не ми е природно, но тој збор во себе поседува прецизност, што особено е значајна во правото и затоа е прифатен. |
|||
Pat
Сениор Регистриран: 18.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 1334 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
А може ли да се каже добра од (во) општа употреба?
|
|||
Zero Tolerance For Silence
|
|||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Не, затоа што добрата не се патишта и гробишта и добрата се во промет, а стварите од општа употреба не се во промет. Истотака, ниту органите не можеме да ги наречеме добра. Изменето од Македон - 16.Декември.2010 во 19:21 |
|||
Внеси реплика | страница <1 122123124125126 146> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |