|
Мејк ап-во слики и коментари |
Внеси реплика | страница <1 45678 29> |
Автор | |
sneska_v
Сениор Регистриран: 05.Јуни.2009 Статус: Офлајн Поени: 3455 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Kolku sminkata moze da go promeni izgledot:
Изменето од sneska_v - 04.Август.2010 во 20:15 |
|
sneska_v
Сениор Регистриран: 05.Јуни.2009 Статус: Офлајн Поени: 3455 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Очите имаат огромна улога во целосниот изглед. Нема подобар начин да ги истакнете вашите очи, од употребата на убави сенки, кои да си одговараат со бојата на очите. Потрагата по идеалната боја на сенки за очи е долга и мачна, особено ако не знаете во која насока да тргнете. Каква боја на сенки за очи треба да изберете, зависи како од бојата на вашите очи, така и од тенот. Еве неколку совети кои ќе ве упатат кон вистинските бои, со кои вашите очи ќе ја покажат целата своја убавина. Сини очиТоплите нијанси на кафеавата боја и прасковата боја се идеални за да ги истакнете вашите очи. Исто така можете да користите сенки со розови нијанси. Тие ја истакнуваат убавината на сините очи. Избегнувајте сенки во сина боја. Зелени очиЗа да ги истакнете, користете топли портокалово-кафеави нијанси. Силен ефект ќе постигнете и ако употребувате виолетови и пурпурни нијанси на сенки. Кафеави очиАко имате кафеави очи, бидете среќни. Можеби не се толку уникатни како зелените или сините очи, но имаат и свои предности. Добрата страна на кафеавите очи е тоа што можете да користите било какви бои. Избегнувајте бела и жолта боја, затоа што тие прават вашите очи да изгледаат помали. Сите останати бои почнувајќи од лилава, сива, златна, кафеава и стигнувајќи до сина и зелена, ќе стојат прекрасно на вашите очи. Независно од бојата на вашите очи, внимавајте кога употребувате розови сенки. Тие ги прават очите да изгледаат како потечени. Сообразувајте ја нијансата на сенките со вашиот тен. Ако имате потемен тен, користете потемни нијанси, а ако имате светол тен – светли нијанси. |
|
sanja-a
Сениор Only God Can Judge Me! Регистриран: 12.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 13457 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
побрзо и полесно здравје
|
|
Обожавам луѓе кои ме смеат.
Искрено, мислам дека смеењето е нешто што го сакам најмногу. Тоа лечи многу болести. Можеби тоа е најважното нешто кај човекот. Одри Хепберн |
|
sanja-a
Сениор Only God Can Judge Me! Регистриран: 12.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 13457 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
Обожавам луѓе кои ме смеат.
Искрено, мислам дека смеењето е нешто што го сакам најмногу. Тоа лечи многу болести. Можеби тоа е најважното нешто кај човекот. Одри Хепберн |
|
sneska_v
Сениор Регистриран: 05.Јуни.2009 Статус: Офлајн Поени: 3455 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
Renatax
Сениор Регистриран: 27.Декември.2008 Статус: Офлајн Поени: 11613 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.
|
|
sanja-a
Сениор Only God Can Judge Me! Регистриран: 12.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 13457 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
Обожавам луѓе кои ме смеат.
Искрено, мислам дека смеењето е нешто што го сакам најмногу. Тоа лечи многу болести. Можеби тоа е најважното нешто кај човекот. Одри Хепберн |
|
Schatzii
Сениор Регистриран: 04.Мај.2010 Локација: Germany Статус: Офлајн Поени: 10600 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Шминка за кафени очи
Знаете ли дека бојата на очите не е единственото нешто за кое треба да се грижите кога се шминкате? Исто така, треба да забележите дали сенката на очи се совпаѓа со бојата на кожата. Темна кожа Одличен избор на сенка за оние девојки со кафени очи и темен тен на кожата е темната зелена, сина или сино - сива нијанса. Секако секогаш ставајте само една нијанса и не експериментирајте. Еден слој кафена или црна маскара одлично ќе им прилега на вашите очи. Усните ќе изгледаат одлично со светло кафен или темно црвен кармин. Ни светла, ни темна кожа Средните нијанси на зелената боја ќе бидат одлични за вашите кафени очи и бојата на кожата која се наоѓа во златната средина - ниту темна, ниту премногу светла. Кон списокот на бои може да ги додадете виолетовата, сивата, сината и сино - сивата нијанса. Секако и овој пат не смеете да експериментирате со боите. Сенката нанесете ја на целиот капак, се до веѓата. Еден слој кафена маскара е доволен за истакнување на очите. Провидниот сјај сосема одлично ќе им прилегаат на вашите усни и ќе им дадат прекрасен сјај. Светла кожа Идеална сенка за бојата на вашите очи и кожата е нијанса на зелена боја. Најдобра зелена е онаа која потсетува на тревата, интензивна, светла, потемна... Сенката се нанесува врз целото око и запомнете никогаш дека не треба да мешате две нијанси во исто време. Откако ќе ја нанесете сенката, најдобро е да ставите еден или евентуално два слоја на маскара. Безбојниот балсам за усни или сјај ќе ви ја даде потребната свежина на целиот израз. |
|
Dream what you want to dream;
Go where you want to go; Be what you want to be, because you have only one life and one chance to do all the things you want to do. |
|
Schatzii
Сениор Регистриран: 04.Мај.2010 Локација: Germany Статус: Офлајн Поени: 10600 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Совети за шминкање на зелените очи
Секој шминкер ќе ви потврди дека со зелените очи е навистина забавно да се работи. Зошто? Изборот на сенки е неограничен, а што е најинтересно добро им стојат сите нијанси на зелено што не е случај со сините очи. Овие совети се наменети скоро за сите нијанси на зелени очи. Но нема подобро од тоа сами да се уверите и да му верувате на сопствениот вкус. Не сте должни да ставате нешто само поради тоа што некој стилист кажал дека е екстра. Предлог сенки за зелени очи! За вечерен гламурозен изглед: Пробајте со повеќе нијанси на кафено, особено со чоколадните сенки. Ставете од чоколадната сенка на капакот, на краевите засенете со темно зелена сенка, а на долниот дел од окото повлечете линија со златно моливче. За дневен, но уникатен изглед: Зелените очи потсетуваат на камелеон. Ги менуваат нијансите според добата на денот. Преку ден се нежни и прозрачни. За да ги направите уште понежни ставете сенка со боја на кајсија, јака портокалова, а може и беж. Комбинација на сенки која не смеете да ја пропуштите е портокалова сенка со азурно зелено моливче. За специјални и незаборавни моменти: Темно виолетовата сенка, металик виолетова или онаа со боја на зелена слива се одлични за стемнување на зеленото око. Очите добиваат неприродна нијанса или боја на маслинка. Навистина изгледаат неповторливо. Останатите ќе помислат дека носите леќи. Сенки кои треба да ги избегнувате! Кога веќе сме тука, можеме да спомнеме и кои бои се неприфатливи за зеленото око. Да почнеме со сината. Сите нијанси на сино, без разлика дали е темно или светло, па дури и виолетовите и сивите сенки со син прелив, се неприфатливи за зелените очи. Розовата. Розовата сенка навистина ретко добро стои на девојка со зелени очи. Најчесто им стои на оние девојки кај кои е тешко да процените дали бојата е сина или зелена. Но ако зборуваме за јасно зелени очи тогаш розовата сенка не доаѓа во предвид. Сребрена. Заборавете и на сребрената сенка,оставете им ја на сините очи. Препорачливи креони! Црното моливче не се препорачува, но ако не можете да му одолеете, користете го. Најмногу ќе ви се најдат кафените, златните, а може и белите моливи. |
|
Dream what you want to dream;
Go where you want to go; Be what you want to be, because you have only one life and one chance to do all the things you want to do. |
|
Schatzii
Сениор Регистриран: 04.Мај.2010 Локација: Germany Статус: Офлајн Поени: 10600 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Совети за шминкање на сините очи
Без разлика дали бојата е светла како небото или темна како морското дно, сините очи секогаш имаат потенцијал да сјаат фабулозно. Тајната лежи во соодветната шминка која треба да ги истакне, а не да ги засени очите. Основното правило во шминкањето беше дека не смеете да користите сенка со боја на вашите очи. Со креонот се истакнува линијата на окото, но сенката најмногу влијае за истакнување на бојата на очите. Ова особено се забележува кај сините очи бидејќи најлесно може да се игра со нивните нијанси. За небесносини очи... За синото око да биде поотворено и светло, употребете сребрена или светлосива сенка. За да не изгледате болежливо, на краевите засенете со темна сенка. Со четката нанесете малку црна сенка или кафена и затемнувајте директно на крајниот дел од капакот и малку под него. За морски сини очи... Ако сакате сините очи да бидат затемнети, а со тоа и мистични, употребете виолетова сенка. Нека биде потемна, а може и со нијанса на модра слива. Речиси сите виолетови тонови добро прилегаат на сините очи. А за оваа сезона дефинитивно во тренд се виолетовите смоки-очи. За живи и секси сини очи... Нијансите на кафено, со гаранција овозможуваат секси сини очи. Сините очи и онака повеќе се забележуваат, но живоста на бојата уште толку доаѓа до израз кога ќе дојдат во допир со кафено. Земјената кафена влијае да се истакнат сите сини дамки на окото. Со темната кафена ќе постигнете да имате мачкини очи. |
|
Dream what you want to dream;
Go where you want to go; Be what you want to be, because you have only one life and one chance to do all the things you want to do. |
|
sneska_v
Сениор Регистриран: 05.Јуни.2009 Статус: Офлајн Поени: 3455 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
sneska_v
Сениор Регистриран: 05.Јуни.2009 Статус: Офлајн Поени: 3455 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
sneska_v
Сениор Регистриран: 05.Јуни.2009 Статус: Офлајн Поени: 3455 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
sneska_v
Сениор Регистриран: 05.Јуни.2009 Статус: Офлајн Поени: 3455 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Внеси реплика | страница <1 45678 29> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |