IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Општо > Животински и растителен свет
  Активни теми Активни теми RSS - Кучиња
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Кучиња

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 34567 28>
Автор
Порака
 Оцена: Оцена на тема: 1 Гласови, Просечно 5,00  Тема Пребарувај Тема Пребарувај  Опции за темата Опции за темата
Renatax Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Декември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 11613
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Renatax Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Октомври.2010 во 17:05
Видете го слаткишов....куче ли е ,мече ли е....?!љубов





Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Октомври.2010 во 13:28

Кривење кај кучињата

Кривењето кај кучињата може да се јави од која било причина што предизвикува болка во нозете. Секое намалување на способноста на животното да ја носи својата тежина, односно да ја оптоварува ногата или, пак, намалување на подвижноста и функцијата на нозете претставува куцање или кривење. Куцањето може да биде исклучително суптилна, тешко забележлива појава или, пак, длабоко, јасно изразено кривење на едната или повеќе нозе. Може да биде повремена или постојана, полоша во утринските часови или прекуноќ, исто така може да се влоши по одморање или по прошетка. Кривењето на кучињата не е поврзано со расата, полот, возраста. Може да се јави како резултат на повреда или да се јавува постепено како резултат на тумор на коските или околното ткиво. Основните причини за кривењето можат да бидат опасни за животот на кучето или, пак, можат да влијаат на квалитетот на животот, кој ќе биде проследен со повремени или постојани болки, како што е случај кај дисплазијата или артритисот. Симптомите се очигледна невозможност да оди или да трча нормално, цвилење при придвижување кое укажува на болка, неволност да изведува нормална активност, движење нагоре-надолу по скали, одбивање да ја оптовари болната нога со сопствената тежина. Историјата на болеста и ортопедскиот преглед овозможуваат лоцирање на болното место и понатамошен правец на дејствување. Доколку се лоцира промената, се врши радиографски преглед. Не секое кривење претставува ортопедски проблем. Доколку ветеринарот се сомнева на 'рбетниот мозок или нервите, се врши невролошко испитување. Во зависност од причините, третманот може да биде обично неколкудневно одморање од активности или ортопедска или невролошка хируршка интервенција, како, на пример, дисплазија на колковите или акутно интервертебрално истиснување на дискот. Кривењето кај кучињата како резултат на механички повреди е честа појава и сопствениците мораат да бидат внимателни при дневните активности на своите миленици.

Кон врв
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Октомври.2010 во 15:35
http://www.cocothelovedog.com/wordpress/wp-content/uploads/2010/07/cropped-pappy-closeup.jpg
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Октомври.2010 во 16:08
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Декември.2010 во 17:41

Социјализација на кученцата

Во првите три недели од животот кучињата имаат основни животни потреби: храна, вода, загревање и рефлексна стимулација на уринирање и дефекација. И кучката инстинктивно реагира со лижење на кученцата, лежење настрана за да овозможи подобар пристап за доење, реакција при пискање на кученцата и др. Главен приоритет на сопственикот треба да биде да не ги вознемирува кучката и нејзините малечки. Во првата фаза по породувањето, кучката бара место за кое смета дека е соодветно за неа и нејзиниот пород. Тие најчесто избираат мали, затворени и топли простори, кои треба да бидат затемнети и изолирани. Со навршување на две-три недели старост, состојбата со однесувањето на кученцата се менува. Од моментот кога почнуваат да слушаат и да гледаат тие се истражуваат себеси и околината. Во овој период кучињата интензивно играат и го вежбаат инстинктивниот репертоар од социјални однесувања. Доколку кученцето се оттргне од леглото со шест недели или порано, во подоцнежниот живот може да манифестира неадекватен однос кон останатите кучиња. Ако кучето е многу поголемо или помало од останатите во леглото, може да се предизвика чуство на доминантност или покорност во понатамошниот живот кај другите кучиња, па дури и луѓе. Во периодот на социјализација мајката поминува сè помалку време со своето легло. Кученцата кои од својата трета недела старост имаат контакт со возрасни луѓе и деца, во подоцнежниот живот се многу подоверливи кон нив за разлика од оние што немаат или имаат ограничен контакт. Затоа е и важно во овој период тие да бидат дел од семејството на одгледувачот или сопственикот на кучката. Оние, пак, што се одгледувани во средина каде што не можат да ги запознаат околината и звуците и предметите што ќе ги опкружуваат во животот, обично покажуваат страв во подоцнежниот живот. Често пати ова е причина и за намалена способност за учење и примање команди. Се смета дека тенденцијата за истражување е најизразена во периодот од пет недели, па затоа е и најважно овој период на социјализација на кученцата да се искористи адекватно.

Кон врв
sanja-a Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Only God Can Judge Me!

Регистриран: 12.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 13457
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sanja-a Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Декември.2010 во 18:02
Обожавам луѓе кои ме смеат.
Искрено, мислам дека смеењето е нешто што го сакам најмногу.
Тоа лечи многу болести. Можеби тоа е најважното нешто кај човекот.
Одри Хепберн
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Декември.2010 во 21:58

Тренинг кај кученцата

Постои верување дека кученцата помлади од шеснаесет недели не треба да се вклучуваат во каква било програма за обука и во овој период би требало да се запознаат со околината и со членовите на семејството. Ставот се оправдува со верувањето дека каков било тренинг во овој период ќе има штетно влијание врз процесот на социјализација, особено кога дисциплината се користи за да се наметне кое однесување е прифатливо, а кое не. Меѓутоа, доколку тренингот на кучињата од оваа старосна група се спроведува адекватно, нема да има никакво влијание на социјализацијата. Менувањето на некои природни начини на однесување е неопходно поради потребата од приспособување на условите на живот во домот. Воспитувањето или обуката на кучето треба да започне веднаш по неговото пристигнување дома. Ова подразбира тренинг за создавање добри навики. Многу е полесно да се воспитува куче веднаш по пристигнувањето дома отколку да се остави да создаде лоши навики, па потоа да се менуваат. Кучето со старост од седум недели многу полесно и побрзо ќе се здобие со домашни навики отколку, да речеме, кучето кое има дванаесет недели и е донесено од одгледувачница, каде што веќе формирало навики да уринира и дефецира секаде. Создавањето добри навики кај кученцето со седум недели има голема предност поради фактот дека во овој период е многу лесно влијанието над него и учењето. Местото каде што ќе живее е негов нов дом, а домашните се негово ново семејство. Тоа на својот кучешки начин сака да допре до новиот сопственик барајќи љубов и сигурност. Под претпоставка дека кучето имало нормален процес на социјализација кај претходниот домаќин, потребни се само два-три дена за да побара заштита од новиот сопственик кога се плаши или кога ќе се соочи со нешто ново. Довербата и сигурноста од новиот сопственик се одлична основа за воспитување.


Кон врв
brza Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Декември.2010 во 22:59

Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Кон врв
brza Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Декември.2010 во 00:30

Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Кон врв
Renatax Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Декември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 11613
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Renatax Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Декември.2010 во 10:31
Леле Брза,па каде ги наоѓаш вакви?тага
Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.

Кон врв
brza Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Декември.2010 во 20:30
aj...eve i edno doterano ....k'o za tebe:намигнување






Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Декември.2010 во 06:38
Кученца%20и%20нотбученца
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2010 во 13:42

Праз­нич­ни со­ве­ти за ку­чи­ња­та

Си­те са­ка­ме прет­стој­ни­те праз­ни­ци да ги ми­не­ме во доб­ро рас­по­ло­же­ние, а не со ит­ни по­се­ти на ве­те­ри­нар. Хра­на­та и ук­ра­си­те што го по­доб­ру­ва­ат на­ше­то рас­по­ло­же­ние мо­жат да би­дат опас­ни за здрав­је­то и жи­во­тот на на­ши­те ми­ле­ни­ци. Хра­на­та бо­га­та со мас­но­тии, ка­ко со­ко­ви­те од пе­че­но ме­со и мас­та, мо­же да пре­диз­ви­ка раз­лич­ни проб­ле­ми, од бол­ка во сто­ма­кот до вос­па­ле­ние на пан­кре­а­сот, што, пак, пок­рај дру­го­то, пре­диз­ви­ку­ва пов­ра­ќа­ње на хра­на­та и де­хид­ра­ци­ја. Ку­чи­ња­та со се­ри­оз­на сос­тој­ба мо­жат да би­дат под­ло­же­ни на бол­нич­ки трет­ман. Ал­ко­хо­лот мо­же да пре­диз­ви­ка се­ри­оз­ни ин­ток­си­ка­ции кај ку­чи­ња­та. Ос­та­ве­ни­те по­луп­раз­ни ча­ши со ал­ко­хо­лен пи­ја­лак се нај­чес­ти­от на­чин на кон­такт. Чо­ко­ла­ди­те, ка­фе­то и ча­јот со­др­жат ксан­тин, кој во по­го­ле­ми ко­ли­че­ства е ток­си­чен за ор­га­низ­мот, пре­диз­ви­ку­вај­ќи нер­вни рас­трој­ства и сти­му­ла­ци­ја на ср­це­ви­от мус­кул. Осо­бе­но тре­ба да се обр­не вни­ма­ние на чо­ко­ла­ди­те за гот­ве­ње, кои со­др­жат нај­го­ле­ма кон­цен­тра­ци­ја на ксан­тин. Кос­ки­те од ри­ба, ме­со­то, ис­то та­ка, мо­жат да пре­диз­ви­ка­ат проб­ле­ми, осо­бе­но до­кол­ку се не­со­од­вет­но при­гот­ве­ни и со нес­раз­мер­на го­ле­ми­на. Ос­три­те де­ло­ви чес­то­па­ти мо­жат да ги ош­те­тат цре­ва­та или да пре­диз­ви­ка­ат пер­фо­ра­ци­ја. Ци­га­ри­те и до­гор­чи­ња­та, до­кол­ку се про­гол­та­ат, мо­жат да пре­диз­ви­ка­ат тру­е­ње во рок од пет­на­е­сет ми­ну­ти до еден час. Ова тру­е­ње е прид­ру­же­но со воз­бу­да, ли­га­ве­ње, пов­ра­ќа­ње и про­лив. Рас­те­ни­ја­та што се упот­ре­бу­ва­ат за ук­ра­су­ва­ње на до­мот при прет­стој­ни­те праз­ни­ци, ка­ко зе­ле­ни­ка­та или бо­жи­ко­ви­на­та, ис­то та­ка, мо­жат да пре­диз­ви­ка­ат тру­е­ња, кои по­не­ко­гаш се фа­тал­ни. До­кол­ку се про­гол­та­ат, иг­лич­ки­те од но­во­го­диш­на­та ел­ка мо­жат да пре­диз­ви­ка­ат ме­ха­нич­ки пов­ре­ди на цре­ва­та. Де­ко­ра­тив­ни­те ук­ра­си на ел­ка­та се пре­диз­вик за се­кој ми­ле­ник, та­ка што е не­оп­ход­но ел­ка­та да се изо­ли­ра од кон­такт, а на ми­ле­ни­кот да му се да­де не­го­ва­та оми­ле­на иг­рач­ка или но­ви­от по­да­рок, кој ќе му го от­трг­не вни­ма­ни­е­то од ел­ка­та.

Кон врв
bluebell Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
the craziest

Регистриран: 14.Септември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 8041
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bluebell Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2010 во 13:52
Originally posted by renatax renatax напиша:

Леле Брза,па каде ги наоѓаш вакви?тага
Гледав избор за најгдо куче, секако некаде во Америка се одржува, изгледа ова се едни од шампионите!намигнување


Изменето од bluebell - 24.Декември.2010 во 13:52
always look on the bright side of the life!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 34567 28>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,109 секунди.