IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Политика и вести
  Активни теми Активни теми RSS - Социјализам или капитализам?
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Социјализам или капитализам?

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 4748495051 61>
Автор
Порака
marsovec Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Април.2010
Статус: Офлајн
Поени: 3378
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај marsovec Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Декември.2010 во 19:56
Originally posted by Македон Македон напиша:

Originally posted by marsovec marsovec напиша:

Имаше и Хитлер и Мусолини и Сталин и Пиноче и Буш...и....иииии Никој не кашува како требе да се свати капитализмот кој го има во разни стадиуми и форми како и социјализмот...кој всушност не доби шанса за развој...и тука имало диктатура на пролетаријатот...но седумдесетите години ние не сме знаеле за тоа...значи се случила демократизација...А денес имаме помалку права од оние во осумдесеттите години...проверете и ќе се уверите...ама токму во се...и во сите свери....дададададада


Teшко на социјалистите со аргументи како твоите!

Еднаш поназад велиш дека Тито и Сталин биле диктатори и не поддржуваш такви системи и ги осудуваш жртвите, сега пак говориш дека социјализмот не добил шанса да се развие.

Од друга страна говориш дека денес имаме помалку права од тогаш, а говориш дека поради слободоумноста си страдал во тој систем, си бил етикетиран и сл.

Убаво кажа Messenger, кога треба да се плука, не се гледаат сопственисте ставови, важно е да се критикува, иако контрадикторноста на ставовите е јасна за секој што ги читал твоите коментари на оваа тема.
КАДЕ тоа виде дека сум го кудел ТИТО...Па тој прв во светот воведе самоуправен социјализам и социјализам кој беше понапреден од сите познати дотогаш...Па дел од тој систем е преземен од многу демократски и развиени држави...но импровизаторите и наметнувачите...си се тоа што мсе...Инмаку свеста е основа на се...И племенската свест е причина за ЗАОСТАНАТОСТ на НЕКОИ држави...ако можат така да се наречат...сршено%20срце
Јас сум имал проблеми поради настапи како и сега на форумов што им пречам...но денес има многууууу повеќе малтретирани и под притисок...и натерани на ВЛАСТИТУИРАЊЕ...Тогаш имав шанси да се карам и борам...денес ниту тоа го нема...ДИКТАТУРА од посебен вид...Кој не сваке ќе му дообјаснам...понатаму....Затоа и со анкетата...Македонците повеќе го ценат претходниот систем....Тоа кажува многу...можеби и доволно...дадада


Изменето од marsovec - 06.Декември.2010 во 19:59
СЕ Е КОНЕЧНО САМО ГЛУПОСТА Е БЕСКОНЕЧНА - САМО КАЈ НАС
Кон врв
DragancoLeskoec Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 01.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 984
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DragancoLeskoec Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Декември.2010 во 20:21
Originally posted by marsovec marsovec напиша:

Македонците повеќе го ценат претходниот систем....Тоа кажува многу...можеби и доволно...


Ехее, то кажва се !И за нашиот менталитет и нивото на развој на нацијата.Зато сме до овај степен дојдени денес.

Изменето од DragancoLeskoec - 06.Декември.2010 во 20:24
Кон врв
marsovec Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Април.2010
Статус: Офлајн
Поени: 3378
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај marsovec Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Декември.2010 во 20:25
E pa toa e toa...povolno ili ne...TAKA E!дадададада
СЕ Е КОНЕЧНО САМО ГЛУПОСТА Е БЕСКОНЕЧНА - САМО КАЈ НАС
Кон врв
DragancoLeskoec Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 01.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 984
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DragancoLeskoec Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Декември.2010 во 20:36
Да, ако имаш залутано во некој пензионерски клуб .Двајца на тројца србојугословени се останати, а за непоќе од 5 год ќе се најдат сите св.Недела или Бутел.
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Декември.2010 во 13:19
Originally posted by marsovec marsovec напиша:

Originally posted by Македон Македон напиша:

Originally posted by marsovec marsovec напиша:

Имаше и Хитлер и Мусолини и Сталин и Пиноче и Буш...и....иииии Никој не кашува како требе да се свати капитализмот кој го има во разни стадиуми и форми како и социјализмот...кој всушност не доби шанса за развој...и тука имало диктатура на пролетаријатот...но седумдесетите години ние не сме знаеле за тоа...значи се случила демократизација...А денес имаме помалку права од оние во осумдесеттите години...проверете и ќе се уверите...ама токму во се...и во сите свери....
Teшко на социјалистите со аргументи како твоите! Еднаш поназад велиш дека Тито и Сталин биле диктатори и не поддржуваш такви системи и ги осудуваш жртвите, сега пак говориш дека социјализмот не добил шанса да се развие. Од друга страна говориш дека денес имаме помалку права од тогаш, а говориш дека поради слободоумноста си страдал во тој систем, си бил етикетиран и сл. Убаво кажа Messenger, кога треба да се плука, не се гледаат сопственисте ставови, важно е да се критикува, иако контрадикторноста на ставовите е јасна за секој што ги читал твоите коментари на оваа тема.

КАДЕ тоа виде дека сум го кудел ТИТО...Па тој прв во светот воведе самоуправен социјализам и социјализам кој беше понапреден од сите познати дотогаш...Па дел од тој систем е преземен од многу демократски и развиени држави...но импровизаторите и наметнувачите...си се тоа што мсе...Инмаку свеста е основа на се...И племенската свест е причина за ЗАОСТАНАТОСТ на НЕКОИ држави...ако можат така да се наречат...


На стр.29 од оваа тема ти си го напишал ова:

Originally posted by marsovec marsovec напиша:

Точно е тоа...па и јас не зборувам за социјализам или комунизам под Сталин,Кастро,Тито...и слино...Но некој сака да ги претстави почетните неуспешни обиди па и диктатури дека се одлики на социјализмот...Па тука во старт е недоразбирањето...Тоа е диктатура со лага за кумунистичко општество ...пред се...Инаку социолошки да се разгледа што е се потребно за похумано и понапредно опѓтество...е тука МОРА со време да се престане со односот кон експлоатацијата поради поголем прохит...Сега на запад почнаа да ги дигаат границите за одење во пензија?????Да можат би ги ликвидирале работниците на крајот од работоспособноата...или се малку подобри:????да


Ако ти самиот си контрадикторен, не очекувај дека некој ќе ти поверува дека тој систем бил убав, ако самиот не знаеш да пренесеш дали бил убав или диктаторски. Со ваква одбрана, не само народот што ќе се смее, туку и врапците на дрво!

Originally posted by marsovec marsovec напиша:


Јас сум имал проблеми поради настапи како и сега на форумов што им пречам...но денес има многууууу повеќе малтретирани и под притисок...и натерани на ВЛАСТИТУИРАЊЕ...Тогаш имав шанси да се карам и борам...денес ниту тоа го нема...ДИКТАТУРА од посебен вид...Кој не сваке ќе му дообјаснам...понатаму....Затоа и со анкетата...Македонците повеќе го ценат претходниот систем....Тоа кажува многу...можеби и доволно...дадада


Ако анкетата се однесувала на испитаници кои имаат над 50 години, јасно ми е зошто се резултатите такви какви што се. За жал, не сите се живи од оние кои можат да говорат како било во почетоците на тој систем. Тоа мошне би ги сменило работите.

П.С. Мене воопшто не ми пречиш, напротив, забавно ми е да те читам. Самиот си противречиш, од друга страна отвораш теми каде критикуваш нешто за кое и не знаеш како се вика, критикуваш нешто, потоа го прифаќаш, од сето тоа правиш симбиоза. Тоа не ми пречи, барем мене.

Изменето од Македон - 07.Декември.2010 во 13:19
Кон врв
marsovec Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Април.2010
Статус: Офлајн
Поени: 3378
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај marsovec Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Декември.2010 во 13:30
Овде капитализмот е и м,подолу од ФЕУДАЛИЗАМ...Народот тѕоа најдобро го чувстува...и се чуди....што ни се случува????
СЕ Е КОНЕЧНО САМО ГЛУПОСТА Е БЕСКОНЕЧНА - САМО КАЈ НАС
Кон врв
Platenik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Platenik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Декември.2010 во 13:52
Македоне,

Реков луѓе над 3о години. Сепак тие го имаат почувстувано тој живот, барем во раните детски години или во годините кога можеле да бидат под силно влијание на родителите и вредносниот ситем кој важел во тоа време.
Во секој случај, сакал некој да признае или не тој систем оставил трајни последици. Системот и неговите вреднсоти не изумреле преку ноќ. Legacy!

Нејсе, нетреба некој да го живее тој систем за да може да го засака истиот. Верувам дека ќе има такви кои денеска сеуште не се родени, а ќе го сакаат тој систем.

За да нема такви кои ќе го бараат социјализмот, рековем треба да се исполнат 2 улова:

- младите и неродените да се образуваат во духот на новото време, односно дека сегашниот демократски систем е подобар и единствениoт исправен,

- и да не се создадат улови од кои ќе произлезе некој нов вид на лумпен пролетеријат кои ќе бараат рамноправност.

Што се оденсува до системската рамка, критериумите и стандардите кои владееле во секој еден домен од општествениот живот, може само да се консултираш со тие кои можат објективно да направат споредба помеѓу она кое го живееле и она што денес го живеат.

Убеден сум дека системските решенија во областа на образованието, културата, здравството, спортот, новинарството и јавното информирање....па и во стопанството биле базирани на повисоки стандарди и критериуми, во однос на она што денес го имаме.

Кога зборувам за бившиот систем, пред се во предвид ја имам СФРЈ, а не СССР, Полска, Чешка или било која друг земја од источниот блок. Значи и мало социјализам и социјализам и секој различно си го толкувал и имплентирал. Кој вели дека советскато толкување и примена на социјализмот е онај кон кое општеството треба да се стреми?! Ниту Маркс, ниту Ленин во своите трудови така не го дефинираат социјализмот. Тоа што Чаушеску, Мао или Сталин го спроведувале во пракса е само девијација од теоретските трудови.

Тие на кои им било забранувано да патуваат од град во град, а патувањата во странство била само мислена именка, нормално е кај нив да постои поголем антагнизам према тој систем. Да незборувам за тоа дека биле спремни да дадат се’ за едни хулахопки, мастики, ролки или пар фармерки.

Македонија не е исклучок од светските збиднувања. Генерациска промена мора да настане дури и во Чешка и Полска, а за тоа е потребно време. Не е се’ розово во тие земји, далеку е од тоа дека демократијата е на задоволително рамниште, дека стопанството беспрекорно функционире или дека нема и таму луѓе кои не се задоволни или не го бараат стариот систем. Колку јазот меѓу сиромашните и богатите е поголем, толку повеќе ќе има незадовлни. И тоа е ралтивно, се разбира под услов точно да дефинираме што подразбираме по сиромашен или богат. Сиромашен или богат во САД и сиромашен или богат во Македонија или Сомалија не е исто.

Кога зборуваш за некаква си ампутација, мислам дека тоа се коси со основите на демократските вредности. Плурализмот на ставови, идеи и мислења се основата на новиот систем, нели? Ако некого го ампутираме ради неговите политчки убедувања, ние му го оспоруваме неговот право да има различно менение.

Ради информација, во 55 милионската Италија има)ло) 8 милиона комунисти. Тоа е 4 пати повеќе од бројот на комунисти кои ги имала СФРЈ во нејзините најдобри времиња.

Целта е иста, односно како да се стигне до иделаното општество! Меѓутоа за да ни биде животот поинтересен, луѓето одбираат различни патишта како да стигнат до целта. Кој пат е правиот? По кој пат да се тргне секогаш ќе се најде некој кој ќе мисли дека има подобар начин од онај кој во дадениот момент го нуди владеачката политчка опција.



Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“

Кон врв
marsovec Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Април.2010
Статус: Офлајн
Поени: 3378
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај marsovec Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Декември.2010 во 14:25
Па ова образувањето ( перењето на мозоци) дека овој систем е најдемократскиот е единствено исправниот не се разликува од учењето на било кој диктаторски и  тоталитарен режим....Зошто да не се прикажат варијантите и да се образкожи фалинка на едниот и на другиот систем...па да се има можност на избор но и вклучување на МОЗОКОТ....
Или управувањето со масите е она пожелното на секоја власдт...Трагедија која не знам кога ќе се надмине ( во светски размери...со чесни исклучоци)...Гадост за самосвоите и вистинските хуманитарци и алтруисти....се разбира и ДЕМОКРАТИ...дадада
СЕ Е КОНЕЧНО САМО ГЛУПОСТА Е БЕСКОНЕЧНА - САМО КАЈ НАС
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Декември.2010 во 14:38
Originally posted by Platenik Platenik напиша:

Македоне,

Реков луѓе над 3о години. Сепак тие го имаат почувстувано тој живот, барем во раните детски години или во годините кога можеле да бидат под силно влијание на родителите и вредносниот ситем кој важел во тоа време.
Во секој случај, сакал некој да признае или не тој систем оставил трајни последици. Системот и неговите вреднсоти не изумреле преку ноќ. Legacy!

Нејсе, нетреба некој да го живее тој систем за да може да го засака истиот. Верувам дека ќе има такви кои денеска сеуште не се родени, а ќе го сакаат тој систем.

За да нема такви кои ќе го бараат социјализмот, рековем треба да се исполнат 2 улова:

- младите и неродените да се образуваат во духот на новото време, односно дека сегашниот демократски систем е подобар и единствениoт исправен,

- и да не се создадат улови од кои ќе произлезе некој нов вид на лумпен пролетеријат кои ќе бараат рамноправност.



Се сложувам дека има и такви луѓе кои ќе веруваат во еден таков систем, како и дека треба да постои социјална правда за да избледат сликите кои ги создаде тој систем. Но, стремеж кон тоа треба да биде реформацијата на самиот себе, а не на сите околу себе. Не е можно некој да бара социјализам и еднаквост, а да ги има сите можности за образование и успех, но да не сака да се потруди да придонесе во изградбата и одржувањето на системот. Тоа едноставно е злоупотреба на истиот, па независно каков и да е тој, нема начин да донесе просперитет или нешто слично.

Originally posted by Platenik Platenik напиша:


Што се оденсува до системската рамка, критериумите и стандардите кои владееле во секој еден домен од општествениот живот, може само да се консултираш со тие кои можат објективно да направат споредба помеѓу она кое го живееле и она што денес го живеат.


Убеден сум дека системските решенија во областа на образованието, културата, здравството, спортот, новинарството и јавното информирање....па и во стопанството биле базирани на повисоки стандарди и критериуми, во однос на она што денес го имаме.



Да, но повисоки биле благодарение и на помошта и соработката со западниот свет, како и постепеното отворање на економијата. Дали беше така во останатите социјалистички земји? Всушност, дури и изградбата на земјата се случи со помошта од Западот.

Originally posted by Platenik Platenik напиша:


Кога зборувам за бившиот систем, пред се во предвид ја имам СФРЈ, а не СССР, Полска, Чешка или било која друг земја од источниот блок. Значи и мало социјализам и социјализам и секој различно си го толкувал и имплентирал. Кој вели дека советскато толкување и примена на социјализмот е онај кон кое општеството треба да се стреми?! Ниту Маркс, ниту Ленин во своите трудови така не го дефинираат социјализмот. Тоа што Чаушеску, Мао или Сталин го спроведувале во пракса е само девијација од теоретските трудови.


СФРЈ сепак не беше исто што и СССР, таква стега немаше врз населението, како што имаше во Полска, Чешка, Унгарија. Во Унгарија во 1956 година знаеме што се случи. Секако, тоа не важи за првите години. Тогаш и СФРЈ се развива како и СССР.

Originally posted by Platenik Platenik напиша:


Тие на кои им било забранувано да патуваат од град во град, а патувањата во странство била само мислена именка, нормално е кај нив да постои поголем антагнизам према тој систем. Да незборувам за тоа дека биле спремни да дадат се’ за едни хулахопки, мастики, ролки или пар фармерки.


Не само тоа, многу други работи им биле забранувани. Верувам си ја читал книгата Тихиот Дон. Дали знаеш дека истата не смеела да биде испечатена без многу поправки? Дали знаеш за Михаил Булгаков? Неговите дела беа објавени дури по реформите на Хрушчов за намалување на тие стеги. Дали сметаш дека во таков систем може да се развива нормално една личност? Јас искрено, дури и денес не можам да разберам зошто да се забрануваат нешта за читање. Јас сметам дека и Капиталот на Маркс, како и сите други книги, треба да бидат достапни, без цензура или нешто слично.

Originally posted by Platenik Platenik напиша:


Македонија не е исклучок од светските збиднувања. Генерациска промена мора да настане дури и во Чешка и Полска, а за тоа е потребно време. Не е се’ розово во тие земји, далеку е од тоа дека демократијата е на задоволително рамниште, дека стопанството беспрекорно функционире или дека нема и таму луѓе кои не се задоволни или не го бараат стариот систем. Колку јазот меѓу сиромашните и богатите е поголем, толку повеќе ќе има незадовлни. И тоа е ралтивно, се разбира под услов точно да дефинираме што подразбираме по сиромашен или богат. Сиромашен или богат во САД и сиромашен или богат во Македонија или Сомалија не е исто.

Кога зборуваш за некаква си ампутација, мислам дека тоа се коси со основите на демократските вредности. Плурализмот на ставови, идеи и мислења се основата на новиот систем, нели? Ако некого го ампутираме ради неговите политчки убедувања, ние му го оспоруваме неговот право да има различно менение.


Кога говорам за ампутација, не мислам на физичка елиминација, туку на политичка. Тоа значи, токму она што се случи в Чешка и Полска, забрана на сите оние функционери кои народот го држеа онака како што го држеа. Тоа е нормално и не е никакво оспорено право. Тој може сеуште да верува во успех на системот, но не смее да има јавна функција, затоа што во периодот кога имал, го сторил тоа што го сторил. Зарем треба на оние кои во име на бранење на системот сторија злосторства во Полска, Унгарија и Чешка, да им се дозволи да ги повторат?

Originally posted by Platenik Platenik напиша:


Ради информација, во 55 милионската Италија има)ло) 8 милиона комунисти. Тоа е 4 пати повеќе од бројот на комунисти кои ги имала СФРЈ во нејзините најдобри времиња.


Дали знаеш дека во Италија комунистите имале рејтинг и повисок, но благодарение на Пиj XII Италија се спасила од нив. Со неговата политика, со спасувањето на градот Рим и управувањето со него за време на крајот на Втората Светска војна,а подоцна и со екскомуникацијата на сите комунисти, тој го урнал сиот рејгинт на комунистичката партија. Не случајно кога заминале Германците, демократите и комунистите, прво заминале во Ватикан да се заблагодарат на Пиј XII за управувањето и спасувањето на градот. На овој настан дури и лидерот на комунистичката партија се поклонил пред Папата. Токму во тој момент станало јасно дека со државата ќе управува оној кој нема да ја нападне Црквата онака како што се напаѓаше на Исток. Дури и институциите на системот не креирале проблеми и ја спроведувале одлуката во сета Италија. Со тоа се спасила Италија од комунистите. Ако најдам видеа од Италија од тој период, ќе ги постирам овде. Народот му остана благодарен затоа што благодарение на неговата политика и влијание, Италија успеа да се стекне со сите благодети од она што го имаше тогашниот западен свет.

Originally posted by Platenik Platenik напиша:


Целта е иста, односно како да се стигне до иделаното општество! Меѓутоа за да ни биде животот поинтересен, луѓето одбираат различни патишта како да стигнат до целта. Кој пат е правиот? По кој пат да се тргне секогаш ќе се најде некој кој ќе мисли дека има подобар начин од онај кој во дадениот момент го нуди владеачката политчка опција.


Се додека нечиј пат не загрозува животи, не ги ограничува луѓето во својот развој, се додека се почитуваат основните човекови права и слободи, се даваат приближни можности на сето население, се дотогаш не е проблем секој да размислува поинаку.




Изменето од Македон - 07.Декември.2010 во 14:39
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Декември.2010 во 15:26
Originally posted by marsovec marsovec напиша:

Па ова образувањето ( перењето на мозоци) дека овој систем е најдемократскиот е единствено исправниот не се разликува од учењето на било кој диктаторски и  тоталитарен режим....Зошто да не се прикажат варијантите и да се образкожи фалинка на едниот и на другиот систем...па да се има можност на избор но и вклучување на МОЗОКОТ....
Или управувањето со масите е она пожелното на секоја власдт...Трагедија која не знам кога ќе се надмине ( во светски размери...со чесни исклучоци)...Гадост за самосвоите и вистинските хуманитарци и алтруисти....се разбира и ДЕМОКРАТИ...дадада


Кога говориш за перење мозоци, немој да заборавиш дека секој втор пост ти е контрадикторен со претходниот. Еднаш го кудиш Тито, дургпат го браниш. Тоа доволно говори.
Кон врв
Platenik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Platenik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Декември.2010 во 15:41
Македон,

Кога зборувам за системските решенија во областа на образоанието, културата, спортот, новинарстовото, стопанството..... и стандардите врз кои биле базирани, зборувам за политчката волја и разбирање кои го имале носителите на тој систем. Тоа нема никаква врска со материјалната подршка која доаѓала од запад.

Едноставно имало политчка волја во СФРЈ социјализмот да се толкува на поразличен начин од начинот на кој се толкувал од страна на Сталин или Чаушеску.

Ако зборуваме објективно, мислам дека дури и во СССР нивото на едукација или здравствена заштита била на повисоко ниво од она која руските граѓани ја имаат денес. Произведувале и тие интелектуаци, научници, спортисти. Произведувале од игли до ракети. Добро, дизајнот не бил на највисоко ниво, но денеска во многу индустриски гранки нема ниту производсто ниту дизајн. За жал денес Русија претежно живее од експлоатација на природните ресурси. Мислам дека писмненоста е во опѓање, посебно во азиските делови.

Кога зборуваме за ампутација и јас немислем на физичка ампутација, туку на политчка. Во демократските општества несмее да се дозволи ниту политичка ампутација. Тоа се коси со начелата на демократијата. На демократските избори граѓаните ќе го кажат својот збор, а меѓу другото дали соодветната политичка алтерантива ќе добие мандат.

Јас би рекол, ако тие, ете ќе ги наречам комунисти, политчки се организраат и добијат на избори, зошто не би можеле да формираат влада и ја водат државата? Кој вели дека либералната, демористијанската, конзервативната, републиканската, демократската, лабуристичката или незнам каква друга политчка алтерантива е поприфатлива од да речеме некоја лево ориентирана палтформа?

Не е ова САД и Хувер од 50тите години каде ќе се инсинуира некаков си комунизам, спорведува лов на вештерки и кривично гонат негови “симпатизери“.

До душа денес модерно е да се ловат терористи? Комунистите не се веќе опсаност број еден.



Изменето од Platenik - 07.Декември.2010 во 15:43
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“

Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Декември.2010 во 16:20
Originally posted by Platenik Platenik напиша:

Македон,

Кога зборувам за системските решенија во областа на образоанието, културата, спортот, новинарстовото, стопанството..... и стандардите врз кои биле базирани, зборувам за политчката волја и разбирање кои го имале носителите на тој систем. Тоа нема никаква врска со материјалната подршка која доаѓала од запад.

Да, се сложувам дека постоеја стандарди. Но, сепак, барем кога станува збор за образованието, литературата и културата, ниту денес не може да говориме дека нема стандарди. Спортот, новинарството, стопанството во целост, да, се наоѓаат во критична состојба, благодарение на транзицијата.


Platenik, сепак, не смееме да заборавиме, дека каков и да беше, системот беше заокружен, имаше вредности. Денес ги нема, или барем не се дефинирани правилно.

Какви и да беа кризите, независно што и да се случуваше позади вратите на ЦК и другите ситуации, независно дали Тито и Лазар Колишевски беа во добри или лоши односи, тоа не се рефлектираше на стабилноста на општеството во Македонија и немаше брза и постојана промена на вредностите. Тие беа дефинирани, стабилни и не се менуваа молскавично.

Дали денес е така во Македонија, или пак односите на едната и другата партија прават турбуленции какви што и не смее да дозволиме. Зарем не сме сведоци на тоа? Зарем не сме сведоци на неизградена политичка култура. Дали ја гледаше дебатата пред изборите за Претседател?

Originally posted by Platenik Platenik напиша:


Едноставно имало политчка волја во СФРЈ социјализмот да се толкува на поразличен начин од начинот на кој се толкувал од страна на Сталин или Чаушеску.


Да, постоела таква волја меѓу раководството, а и тука вмешала прсти политиката. Сепак, Тито знаел добро дека, ако не го толкува социјализмот онака како што се толкувал насекаде, Сталин бргу ќе го сменел, како што стори со раководствата во другите земји. А тоа не му одговара на ниту едно политичко раководство. Тито и во текот на војната имал допир со Западот, па самиот знаел да процени како е подобро да го толкува социјализмот.

Originally posted by Platenik Platenik напиша:


Ако зборуваме објективно, мислам дека дури и во СССР нивото на едукација или здравствена заштита била на повисоко ниво од она која руските граѓани ја имаат денес. Произведувале и тие интелектуаци, научници, спортисти. Произведувале од игли до ракети. Добро, дизајнот не бил на највисоко ниво, но денеска во многу индустриски гранки нема ниту производсто ниту дизајн. За жал денес Русија претежно живее од експлоатација на природните ресурси. Мислам дека писмненоста е во опѓање, посебно во азиските делови.


Нивото на здравствена заштита, за волја на вистината, било повисоко и од она на СФРЈ. Советското здравство беше мошне напредно, многу понапредно и од југословенското. СССР произведуваше се она кое ти го кажа, ама дури и тие интелектуалци, твореле во рамки на доминантната идеологија и оние кои не се согласувале на тоа, или пребегувале, или го губеле стекнатиот успех во рамки на системот.

Во однос на индустријата, мислам дека во Русија индустријата е таква каква што е од истата причина како и во Македонија, а тоа е спроведената транзиција. Доколку СССР тогаш кога требаше не ги стимулираше загубарите, како што се правеше и овде во времето на СФРЈ, па со тоа започнеше тивка, а не радикална преобразба, поинакви ќе беа нештата.

Кога станува збор за спортот, нема разлика меѓу СССР и Русија. Како што беа тогаш успешни, така се и денес.

Originally posted by Platenik Platenik напиша:



Кога зборуваме за ампутација и јас немислем на физичка ампутација, туку на политчка. Во демократските општества несмее да се дозволи ниту политичка ампутација. Тоа се коси со начелата на демократијата. На демократските избори граѓаните ќе го кажат својот збор, а меѓу другото дали соодветната политичка алтерантива ќе добие мандат.

Јас би рекол, ако тие, ете ќе ги наречам комунисти, политчки се организраат и добијат на избори, зошто не би можеле да формираат влада и ја водат државата? Кој вели дека либералната, демористијанската, конзервативната, републиканската, демократската, лабуристичката или незнам каква друга политчка алтерантива е поприфатлива од да речеме некоја лево ориентирана палтформа?


Но, што по изборите? Што доколку таа партија не ги почитува дотогашните правила на игра и ги укине демократските придобивки, како што стори насекаде по доаѓањето на власт, во минатите системи? Дали е тоа почитување на правилата на игра. Дали инсталирање на власта за "сите векови" е почитување на демократските стандарди и граѓаните? Јас не сум против да дојде некоја лево ориентирана платформа, ама се додека, како што кажав погоре, не започне да ги напаѓа сите оние општочовечки вредности, права и слободи.


Originally posted by Platenik Platenik напиша:


Не е ова САД и Хувер од 50тите години каде ќе се инсинуира некаков си комунизам, спорведува лов на вештерки и кривично гонат негови “симпатизери“.


Во однос на САД, не би коментирал, но, тоа сепак беше одговор на сите оние нешта кои се случуваа на Исток. Во таква ситуација, двете страни пристапија кон елиминација на поддржувачите на другиот табор. Да, несомнено тоа се злоупотреби и се расчисти со неистомислениците.

Originally posted by Platenik Platenik напиша:


До душа денес модерно е да се ловат терористи? Комунистите не се веќе опсаност број еден.


Па зарем да ги оставиме така терористите? Тоа секоја држава го прави.


П.С. И уште нешто. Во однос на постот погоре, каде говориш за Ленин и Сталин. Ленин истотака е одговорен за првите полициски репресии, по револуцијата. Зарем Ленин не нареди убиство на сета фамилија Романови, дури и лица кои немаа никаква врска со власта и политиката? За ограбувањето и да не говорам. Си слушнал сигурно за Чека?

Изменето од Македон - 07.Декември.2010 во 18:05
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Декември.2010 во 19:34
Некој говореше дека во Куба било многу убаво и дека имало луѓе кои оделе да живеат таму. Да видиме дали тоа е вистина





КУБА ПРЕД КОЛАПС

Компирот доби статус на „слободњак“ и може да се купува во слободна продажба, исто како што е направено порано и со цигарите. Цената е петпати повисока, но затоа нема ограничувања и чекање во редови.

Постепеното и се уште симболично укинување на „либретата“ која е воведена на Куба пред 47 години се зема како добар знак дека на островот се   менува на подобро. Но има многу Кубанци на кои ќе им биде тешко бидејќи нивната просечна плата од 420 песози (околу 20 долари) нема да им биде доволна за новите цени за разлика до оние со „либрети“ кои не се субвенционирани.

Проблемот е сепак многу подлабок. „Либрета“ на Куба не е воведена   заради ниските цени, туку затоа што   нема доволно храна и други артикли за секојдневниот живот.

На осторовот се појавија многу безработници, шпекуланти. Реформите се сотојат во пет точки: отпуштање на вишокот вработени, отварњање врата за странскиот капитал, масовно давање лиценци за   приватниот бизнис, укинување на субвенциите на сите нивоа и давање автономија, некој вид самоуправа во претпријатијата.

Новиот кубански претседател Раул Кастро кој ја презеде власта од болниот брат Фидел пред три години, на почетокот од месецов со очајничка констатација.

- Ни истекува времето. Не може да се балансира над бездната. Или ќе ги исправиме грешките или ќе потонеме и ќе ги повлечеме со себе се што   направила нашата генерација.

Браќата Кастро, 84 годишниот Фидел и пет години помладиот Раул очигледно сфатија дека ова е последен миг да направат нешто за трансформација на системот кој е пред колапс. На Куба социјализмот почна да се јаде сам себеси. Животот на Кунаците не го загрозува само   американската економска блокада која трае 48 години, туку и   системот кој се сруши.

Неодамна и Фидел дури призна дека ваквиот модел веќе не им служи на Кубанците.

Извор на веста

Јасно е дека социјализмот откако ќе ги изеде оние кои живеат во таков режим, на крајот се јаде самиот. Тоа се случи насекаде.

Изменето од Македон - 28.Декември.2010 во 19:35
Кон врв
brza Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Декември.2010 во 21:51
aa ne,..od kuba nema,...pouba'!да
...iako nema vekje kompiri za  ...libreto!
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 4748495051 61>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,141 секунди.